Сега случјано го видов твојот пост, ми се допаѓа содржината на серијата, па би сакала да ми кажеш каде ја гледаше? дали ја има на некоја интернет страна со превод на српски?
http://www.natabanu.com/serija/princ.html http://www.movtex.net/videos?c=20 Еве со српски превод. На movtex треба да чекаш по 30 секунди за секое видео, што мене ме нервира, ама квалитетот е подобар. На натабану може и да кочат некои епизоди,па ќе видиш каде ти е подобро.
Dead of summer http://www.imdb.com/title/tt5210998/ Imdb оценка: 6,3 Моја оценка: 7,5 Натприродни случувања, убиства, мистериозна секта. Млади воспитувачи во идиличен камп, тероризирани од мрачни и застрашувачки сили, откриваат дека тие се единствените кои можат да го спречат будењето на злото. Лабава опуштена серија за тепање време. Според жанрот вистина спаѓа во тинејџерски хорор но страшните сцени се прилично ублажени па верувам дека ќе им биде интересна и на оние кои се поплашливи. Серијата брои само 10 епизоди, младите актери се повеќе убави отколку талентирани и од целата екипа мене ми беа познати само „старите“ - Elizabeth Mitchell и Tony Todd кој хорор фанатиците ќе го препознаат како култниот Candyman. Иако временски приказната се одвива во 80тите, духот на таа епоха баш и не е доловен- напротив, серијата изгледа модерно и тренди, на моменти дури и „инстаграмски“ Немојте да очекувате нешто досега невидено и страшно оригинално но мене лично Dead of summer ми направи мерак па со нетрпение ја очекував секоја наредна епизода. Навистина со уживање ја изгледав серијава. Нема да навлегувам многу, многу во приказната за да не откријам спојлери ама сепак нешто ќе издадам- епизодата бр. 9 е ЗАКОН!
Outlander Несекојдневна sci-fi историска драма базирана на серијал новели со истиот наслов, којашто со патување низ времето поврзува два историски периоди. Во 1945, англиската медицинска сестра Клер Рандал, по Втората светска војна во која била сведок на разни ужаси, оди на одмор во Шкотска со нејзиниот сопруг Френк. Таму таа еден ден мистериозно исчезнува, всушност по посетата на едно познато мистично место ќе се најде во 1743 година - во време на политички превирања, непријателство меѓу Шкотска и Англија и Јакобинското движење. Синоќа ја изгледав последната епизода, досега има 2 сезони, едната со 16, а другата со 13 епизоди. Третата ќе излезе во 2017... а по вакво финале како ли ќе ја дочекам не знам За серијава сериозно немам зборови за доволно да ја испофалам, одамна не сум била толку воодушевена од некоја серија. Од историски аспект одлично претставен тој период и политичката состојба во Шкотска, а фантастичниот елемент изобилува со предобра имагинација. Актерската екипа - совршена, Џејми и Клер ми станаа еден од омилените филмски парови, има прекрасна хемија меѓу нив. А и генералот ептен е впечатлив, шокантно изопачен негативец. Во серијата има доста шокантни и експлицитни сцени што досега не сум ги видела во сериите што сум ги гледала, и на кои малку и замижував , можеби тоа единствено малку ми пречеше - но толку добро беа изглумени, за воодушевување... Костимографијата - преубава, исто и прекрасните пејзажи и зеленило на Шкотска. А, да, и саундтракот толку е милозвучен и бајковиден, насловната песна јас во телефон си ја симнав... Sing me a song of a lass that is gone... axxxx Да не должам више, топло ја препорачувам... за сите љубители на историски серии - не смеете да ја пропуштите. Не за џабе има секаде толку високи рејтинзи, јас чиста 10ка ѝ давам.
Некоја серија како Шерлок? Воодушевена сум од серијата па ме интересира дали постои барем нешто слично на неа..
Marvel's Luke Cage Ако досега сте ги изгледале Дердевил, Џесика Џоунс, топло ви ја препорачувам и оваа серија зашто е поддеднакво добра. Не сум некој фан на Марвел ама со серииве што се на Нетфликс се оправдаа дефинитивно за ужасните филмови. И баш ми се свиѓа што ќе ја спојат приказната со Дефендерс, едвај чекам. Инаку типична - суперхеројска тематика, по еден експеримент Лук Кејџ се здобива со огромна сила и практично е bulletproof, се бори против криминалот во Харлем и полека почнува да ги разоткрива корумпираноста, нелегалните активности. И ако нешто можат да те натераат овие три серии е да ги засакаш негативците! Shades и Cottonmouth се одлични.
Ми се чини дека никој ја нема спомнато серијава, а мислам дека вреди да се погледне – Westworld. Серијава е од HBO и има еден куп познати глумци – Ентони Хопкинс, Ед Харис, Џефри Рајт, Лук Хемсфорт и Танди Њутн. Замислата на серијава е следнава – у иднината, една од главните атракции е забавниот тематски парк Вестворд, чија тема е, погодивте, Дивиот запад. Освен преку реалистичните сценографии, животот на Дивиот запад е доловен и преку неговите „жители“ – андроиди, кои по све се налик на луѓето и нивна единствена цел е исполнување на секоја желба и хир на гостите. А желбите на гостите се – како што можевте да претпоставите – силување, убивање и изживување врз роботските жители на Вестворлд. Приказната се замрсува по најновиот „апдејт“ на софтверот на андроидите, чија цел е да ги направи уште почовечки во секој аспект.После ова, некои од „жителите“ на градот започнуваат да се однесуваат невообичаено и навидум, во спротивност со директивите кои се програмирани во нив. А една од директивите е да не можат да повредат ниту едно живо суштество. Освен што е празник за очи, а и за уши, Westworld, нуди интересна и несекојдневна приказна, која ви го задржува вниманието во целост, а исто така, и поставува некои длабоки етички и морални прашања поврзани со вештачката интелигенција и андроидите, како „Што кога вештачката интелигенција ќе стане поинтелигентна од интелигенцијата која ја создала?“ или „Дали е во ред да се злоупотребуваат и малтретираат облици на живот кои се свесни, интелигентни и чувствуваат страв, болка и тага, само затоа што се вештачки создадени?“ За да уживате у серијава не мора да сте сф-гик или фан на вестерни – овие два елементи воопшто не се пренападни и се одлично избалансирани со драма, мистерија и неизвесност. Засега се излезени само 2 епизоди, така да е одличен момент да се вклучите во приказната. Сериозно препорачувам!
Од сериски филмови што ги даваат на Fox Life ги гледам скоро сите. Али би ги издвоила: 1. Jane the virgin (ја даваат сега одново, али мислам дека ја најавиа третата сезона да почне кај и да е) 2. Devious maids (имаат четири сезони, но мислам дека се снима сега нова сезона, иначе ги има сите четири сезони на serial.com) 3. Ugly Betty (ја даваат втората сезона во 12:00 часот од понеделник до петок, за викенди незнам) 4. Sex and the city (секоја вечер кога не сум испадната ја гледам во 23:25 часот) 5. Ghost whisperep( исто така ја обожавам серијава сега ја даваат четвртата сезона мислам) 6. И за на крај серијата која што ми е секојдневио и одново и одново ги прегледувам сите сезони и епизоди е Grey's anatomy (ја даваат 13 сезона на serijal.com во четврток испаќаат новите епизоди но тие ги прикачуваат петок или пак сабота.
Ја гледа некој The young pope? http://www.imdb.com/title/tt3655448/ Се мислам дали да ја почнам. Ако некој ја ѕирнал нека каже збор-два.
Lethal Weapon (2016) Кога чув за серијава, самото нејзино постоење го навреди мојот сензибилитет и чувства како фан на оригиналните филмови. Какво богохулие, какво светогрдие, и како некој воопшто си помислил дека има право да ги сквернави ремек-делата на Мел Гибсон и Дени Гловер?!? Едноставно, ја мразев уште и пред да ја видам. Арно ама, у момент кога немав попаметна работа, ме совлада љубопитноста и желбата да мрчам за тоа колку е ужасна серијата, седнав и изгледав една епизода. И како поминуваше времето, ми минуваа ствари низ глава – „Океј, ова не е толку ужасно како што мислев,“ „Хмм, серијава не е толку лоша,“ „Еј, ова им беше смешно,“ итн., за на крај – на мое огромно чудење, да заклучам дека серијава уствари е добра. Занемарете ја не толку добрата оцена на IMDB – таа најверојатно се должи на големиот број фанови на филмовите и хејтери на самиот концепт за серија насловена Lethal Weapon, ограничени луѓе, кои не можат да поминат преку своите предрасуди. Ако уште на почетокот се помирите со фактот дека Ригс и Муртог се некои други фаци, а не Гибсон и Гловер, you’re in for a treat. Ми се свиѓа што одбрале глумци кои се физички различни од оригиналните, а што одлучиле да ги задржат само нивните карактерни особини. Серијава е омаж на цајканските филмови од ’80-ите и изобилува со „стереотипи“ од тоа време – двајца цајкани, партнери и пријатели, кои работат спротив правилата, капетан кој постојано им се дере, бркотници со коли, престрелки и експлозии на секој чекор – и, што е најважно, здрава доза на хумор вметната во целата приказна. Она што Stranger Things го направи за сф/хорор/мистерија жанрот, т.е. ги извади најдобрите елементи од ’80-ите и ги модернизираше за 21-иот век, Lethal Weapon го прави за cop shows/procedurals/buddy comedies – ги вади најјаките елементи од филмовите од тие времиња (т.е. од серијалот Lethal Weapon поконкретно), оние за кои многумина носталгишеме, и ги става на екраните во 2016-та. Наспроти денешниов тренд на gritty, реалистични и мрачни серии, Lethal Weapon е breath of fresh air на сцената, серија на која верувам дека треба да и се даде шанса, ако ништо друго. Препорачувам!
Еве кој сака тинејџерска серија. Skam или Shame. Има 3 сезони досега и секоја сезона се фокусира на одреден лик. Супер е за релаксација, а и допира некои битни ствари
Дојдов да фалам серија! The OA(2016)/Netflix Прво серијава е многу зборувана дека е слична на Stranger Things, мислам дека најмногу поради жанрот и дека се излезени во иста година. Јас ја обожавам Stranger Things, и морав да и дадам шанса и на оваа. Со мајка ми ја изгледавме цела сезона од 8 епизоди во еден ден. На кратко се работи за млада слепа девојка која исчезнува во период од 7 години. Серијата почнува со нејзиното враќање и откривањето дека сега девојката гледа. Нејзиното враќање предизвикува озборувања и е главна тема во малото гратче каде што живее. Не сака да зборува со никого за периодот додека била исчезната, се додека не одлучува да се довери на 5 личности и започнува да ја раскажува својата приказна. Мене страшно многу ми се допадна целата приказна, а крајот на сезоната ми беше mindblowing. Aко сте љубители на мистерија must watch е. И за крај еве едно кратко промо:
Девојки каде ја гледате серијава? Јас само прва сезона ја најдов со превод за симнување... Инаку да не бидам оф топик уште еден предлог од мене. The Exorcist(2016)/Fox Доколку сте фан на хорор и мистерија, must watch. Серијава му доаѓа како продолжение на култниот филм, се работи за навлегување на демон во една девојка, борбата на два попа при извршувањето на егзорцизмот и навлезеноста на црквата во погрешни води. Има многу експлицитни сцени, не е за луѓе со слабо срце, ама приказната не ми даваше да ја прекинам и ја изгледав брзо. Има 10 епизоди и една сезона за сега. Солидна глума има, посебно делот со егзорцизмот, а и добар рејтинг и гледаност.
Nikita. Акција, главни ликови се Maggie Q,Shane West и Lyndsy Fonseca.Никита (Maggie Q) е дел од една организација која работи за американската влада.Тие ги убиваат сите кои гја попречуваат нивната работа.Таа таму го запознава Мајкл (Shane West) кој е пред нејзе во Девизија.Никита излегува од организацијата, но Мајкл останува.Она самата пробува да ја падне Девизија, но набрзо ја запознава нејзината партнерка Александра (Lyndsy Fonseca).... *има тема на форумов за серијава.
Неколку луѓе веќе ја спомнаа, ама сакам и ја да напишам збор-два за Taboo. Нова серија, со Том Харди во главната улога, сценарио напишано од Харди и неговиот татко, во продукција на Ридли Скот и режија на Данецот кој ја режираше успешната Forbrydelsen. Освен тоа, имаме и еден куп актери од Game of Thrones. На хартија, делува како win. Сместена во 19-иот век, централната приказна е борбата за превласт помеѓу Британската влада, новоформираните САД и East India Trading Company (првата глобална evil корпорација на светот ) за стратешки поставено парче земја, кое Харди го наследува од својот татко. Сплетки, интриги, предавства, убиства. Повторно, на хартија делува како win. Сепак, по изгледани 4 епизоди, има нешто што ме спречува да ја препорачам серијава со безрезервна поддршка. Епизодите воопшто не се досадни, иако траат по 50-ина минути, но имам впечаток дека настаните се одвиваат премногу бавно како за мој вкус. Освен тоа, барем засега, серијава не може да се одлучи дали ќе биде реалистична или ќе има и елементи на натриродното. И ако веќе ќе ги има, до кој степен ќе биде тоа? Мотивите на повеќето од ликовите, нивната позадина и минато, исто така се засега нејасни. Иако сме веќе на, практично, половина од првата сезона, ми фалат доста работи за да можам со мирно срце да кажам „Серијава е одлична“, „Серијава е добра“ или „Серијава е океј“. Да се разбереме, лоша не е во никој случај, само сеуште не можам да одлучам колку е добра. Во секој случај – интересна е, несекојдневна, фино снимена и со одлична актерска екипа – препорачувам барем да и дадете шанса.