1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Одбивање од цицање

    мислам дека масленоста му е многу јака и го спотерува детето или земи послаба масленост или помесај му го со вода инаку незнам како си му го давала одпочеток али од почеток се дава разредено млекото со водичка не скроз чисто баш од оваа причина што спотерува
     
  2. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.199
    Пол:
    Женски
    Одбивање од цицање

    И ние го имавме истиот проблем пред два месеци, само што мојот син уште цицаше а во исхраната му имав воведено павлака.
    Педијатарот се сомневаше во бактерија, но наодот од копрокултурата беше негативен - не беа изолирани патогени бактерии кои може да се причинители за појава на зачестена столица.
    Следен чекор беше укинувањето на павлаката и се среди :)
    Сега пак му давам, поумерено и нема реакција.
    Направи испитување за секој случај, а со цицањето не би требало да е поврзано.
    До пет пати какање на ден било во ред, така ни кажаа нас.
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.003
    Пол:
    Женски
    Јас на дете не би дала тетрапак млеко. Инаку, ползела, млекото не му одговара. Нема потреба да биде со помала масленост, напротив. За деца не е препорачливо млеко во light верзија, само полномасно. Пробај, смени го млекото, дај свежо млеко или пак од некој друг производител ако сакаш тетрапак да даваш.
     
  4. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    (Мала шала)

    Моментот кога ќе му кажете на детето дека нема више доење
    [​IMG]
     
    На Meredit, Bozica1980, gothchick и 5 други им се допаѓа ова.
  5. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Мојава малечка исто вака почнува да плаче :rofl:
     
    На Moira и Annath им се допаѓа ова.
  6. steal

    steal Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    26
    здраво на сите еве и јас да споделам искуство може ке му помогнам некому.керка ми цицаше 20 месеци.ама бев млекара непресушна.видовме голема мака и јас и таа,пиев тавлети па ставав зелка и ореови листови во градникот страшно веше.а со син ми кој сега е една годинка цицасе 10 месеци дене и ноке,ама и се друго си јадеше.почнав прво дене да не му давам едно месец дена теравме така само за спиене цицаше.е сега месец дена како и ноке не му давам.добро поминав и јас со градите и тој ниту таблети ниту нисто,е сега само имаме малку мака со буденето ноке ми се буди и плаче,ама давам сокче или вода и заспива засо млеко од шише не сака.
     
  7. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Претходната тема отиде во канта, па еве ќе прашам пак овде..
    Има ли некој негативно искуство кога почнавте да им давате на децата сок/вода во шише. Слушнав дека некои бебиња се одбиле од доење. Ваше искуство?
     
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.055
    Пол:
    Женски


    мислиш за давање на вода/сок додека детето се уште цица?

    јас на керка ми до 11 месец не и давав ни чај ни вода ниту сокови , ни капка ,педијатарот рече дека млекото е замена за сите други течности ( јас имав премногу млеко и по цел ден само ја доев) :) потоа кога отидовме на еден друг педијатар се чудеше како тоа не и давам чај да пие. И сега изгледа секој педијатар има различно мислење. Ама јас го послушав првиот. Ако имаш доволно млеко , нели ако градите постојано се полнат , мислам дека немора да даваш вода , чајче итн. :)
     
  9. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    да, на тоа мислев. дека сега почнавме со кашички, па сакав и сокчиња да му воведам, ама имав резерва, затоа што слушав дека некои бебиња после тоа одбивале да цицаат(затоа што полесно им е да влечат од цуцлата).

    Убаво што спомна, баш сакав да прашам и за чајчето, затоа што ми е некако поздрава варијанта од сокот. Кога почнавте да давате и каков чај?
     
  10. kristijana88

    kristijana88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    10
    Доење

    Моето девојче има 2 години и се уште ја дојам, но мислам дека веќе доволно е дека треба да ја одбијам. Но незнам како, ако знаете кажетеми некој начин :) поздрав до сите ;)
     
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Moже ќе наидам на осуда, ама морам да си се олеснам.
    Јас се соочувам со криза во доење.
    Значи имам многу млеко, малиов добро си напредува, има неполни 5 месеци, а веќе 8200 гр. е тежок и кога бевме на педијатар последниов пат д-рката ме советуваше да не го дохранувам туку до 6-ти месец само на доење да биде.
    Искрено се разочарав :( ....едвај чекав да почнеме со дохрана и полека, полека да почнам да го одбивам од доење. Ова ми е второ дете и знам колку е корисно мајчиното млеко, ама јас веќе не можам :( , не можам постојано да бидам испотена (еве сега и болна сум од тоа потење), не можам веќе нон стоп со градата надвор....и ноќе колку пати ми се случило да заспијам, а не сум се прибрала, па истекло млеко :tmi: , па гола половина...веќе ми се здосади и се нервирам кога ме тегне, сега е поголем и прета целиот и ме влече за блуза и се врти итн. еве ваква сум понекогаш :@
    И не можам никаде да мрднам без него, нон стоп сум во трчање да не случајно огладне, па да плаче, да не може да се смири. Имам потреба да тркнам докај ќерка ми во школо, чисто колку да видам како се снаоѓа на училиште, да бидам во тек со настаните и јас постојано трчам и сум на штрек... Еве сега се спремаат за приредба и најверојатно јас ќе ја пропуштам :( , а ова е нејзина прва приредба...и ќе излажам ако речам дека не ми е криво. Инаку му давам само водичка затоа што чај не сака, а ќерка ми кога беше оваа возраст како тој сега, веќе и` имав воведено овошна кашичка.

    На неколку пријателки кои имаат нешто помали бебиња од моето кога им реков дека планирам на пролет да го одбијам (најкасно април кога ќе има некои 8-9 месеци) ме погледнаа :fubar:, па дали си нормална, зошто толку мало бебе да го одбиваш и сл. муабети.

    Мм ме разбира, т.е. мислам дека ме разбира иако и тој во почетокот негодуваше кога му реков дека не планирам да го дојам повеќе од 9 месеци, ама некако сега ме гледа дека се нервирам и препотувам и ми вика -ајде, ајде уште малку ќе издржиш и еве тука си се олеснив и очекувам виртуелни шамари за освестување малку да приберам. :P
     
    На marchi-cool и Espadrila им се допаѓа ова.
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Јас почнав со дохрана на малата некаде пред 5-тиот месец, намалив со доење и за некое време сама се одби...Ниту чувствував вина, ниту некој прашав дали може, дали смеам, дали е рано...ти си знаеш, а и не гледам ништо страшно да не сакаш да доиш после 9 месеци, по колку доите мајки по година, две?
    i'm a bed, bed mother ]:)
    Не поднесувам осудувања за тоа дали некој доел и колку доел, па дури и кон оние кои не сакаат да дојат за да не им виснат ци**ите :D
    Извини што од мене немаш шамар, ај белки ќе се јави некој друг...
     
    На Espadrila и lolyta777 им се допаѓа ова.
  13. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    Лолита никој нема право да ти даде виртуелен шамар. обично ако имаш млеко треба да продолжиш,барем јас така направив и неполна година го доев,на крај само два пати на ден,и уште сакав ама сам се одби. АМА ако ти така се осеќаш тогаш може треба да го одбиеш,џабе му е мајчиното млеко ако има нервозна мама (ова малце претерано ама знаеш што мислам) .мојот педијатар ми рече дека се препорачува 4 месеци на ексклузивно да биде.размисли уште еднаш,посебно ако не јаде ништо друго стварно ќе треба да се стрпиш уште некој месец
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Лолита, свеки моја си рекла до 10 месеци доста му е доење и за чудо мм сам се одбил на 10 месеци неполни и млекото само и престанало. И според мене ок е сосем, а и доволно толку време. Некои до 2 и кусур дојат што без навреда, е премногу за мене и мајчиното млеко веќе ја губи нутриционата вредност. А за потење ти се молам немој оти како свиња некоја бев не почетокот, сега сум колку толку стабилизирана. Маици не знам колку не менувам, лом се правам.Дои од една, тече ли тече млеко од друга.Ајде купив чашки за собирање млеко па решивме проблем некако. А пак она чувство кога надојдува млеко, уф уф само колку ме боли бе, ме боли, како со игли да ме боцкаат од внатре, особено во левата града. Така од мене имаш напред. А за ексклузивно доење до 6 месеци, е богме не зум за.Едвај чекам малиот да направи полни 3 во 4 месеци за да полека почнеме со кашички и сокчиња, оти испити уште некои ме чекаат, работа и морам. А и еве го на неполни 2 месеци 6 кг маже високо стројно, тоа и ова не му стигнува не да го тинтрам до 6 месеци само со цице в уста.
    Секое добро и прави како што си намислила, сепак секоја мама најубаво си знае.А и самото дете ти диктира што и како.
    Со малата кога и како почна со дохрана?
    И нека и со успех приредбата,најдобра да биде од сите
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    :D :D Не бе за да не ми виснат, и онака сега сум како милка :D , огромна сум, не ни мислам дека ќе бидам нешто поразлична од минатиот пат, нели веќе знам како изгледав. ;)

    Истото ми се случи и мене со ќерка ми, почнав да ја дохранувам на 4.5 месеци и со полни 6 месеци самата се одби, па продолживме со АД...и овој пат не мислев дека ќе е поинаку....ајде ќе се стрпам уште некој месец ваљда :?:

    Ноел, баш поради тоа што е крупен и напреден д-рката ми рече дека ако го дохранувам уште повеќе ќе го згојам и здебелам, затоа само да го дојам. А за потење, надоаѓање млеко, се` се тоа го поминувам и понекогаш чурам. :(
     
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Знаеш дека ќе те советувам обратно од женчињата погоре :lol:

    Имаш млеко за извоз и имаш прекрасно дете кое напредува само од тебе и тој природен дар. Знам дека ти фалат моменти кога ќе си послободна и посамостојна, ама за неколку месеци се работи....издржи :hug:

    Јас ни под точка разно не би ја пропуштила приредбата на ќеркичката....ако треба бабата надвор ќе седи и ќе го чува, ако случајно треба да цица (ако не успеам да му протнам АД млеко за да е мирен), ама јас ќе бидам внатре и ќе си ја гледам ќерката ;)

    Издржи уште малце, не му го крати ова задоволство на ѕверчето...ќе имаш време после за се`, цел живот, овие моменти се сега и тука, после ќе е друго од кое пак ќе немаш време за себе :f:
     
    На Kaetana, lolyta777, friendy и 4 други им се допаѓа ова.
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас ќе ти залепам шамар :$ :D и ќе ти кажам дека таа поврзаност со бебушот не се купува со никакви пари а и плус имунитет е во прашање. Да не се лажеме дека е ист имунитет кај бебуши што цицаат и што не цицаат (сега ок, стицај околности ако мајката нема млеко и сл.).
    Јас малиот го доев до точно 1год, а со дополнување на исхрана почнав од 7,5-8 месеци. Бидејќи имаше дерматитис еден дерматолог така ми кажа, колку повеќе го доиш толку подобро за него. Супер си напредуваше и затоа ја одложував исхраната. Веднаш почнав со овошје, зеленчук, месо...млеко кравјо а и АД никогаш не му давав да пие.
     
    На lolyta777, friendy и Moira им се допаѓа ова.
  18. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Моето има годинка и пред месец дека почнав ноќните подои да му ги заменувам со вода (сок воопшто не му давам). Се буди неколку пати, ќе почне да прокенка, ќе се напие вода и си продолжува да си спие. Обшчно овој период ми беше тежок за одбивање. Сега кога го решив ночниот период, го проретчив дневното доење и еве веќе една недела воопшто не цица. Без никакви маки го одбив
     
  19. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Еве и јас се спремам за одбивање така да не си сама на форумов;
    Прво негледам никаква посебна желба да дои дури и повеќе се радува на шишето
    Второ лето иде топлини, пот, неможе да искочиш без дете значи не
    Сега само се прашувам како да намалам број на подои без да ме болат градите.
     
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    ќе пренесам искуство од две другарки.

    Првата има 6 и 4 годишни дечиња. Досега никогаш ниту настинале, а не па нешто посериозно. Немаат примено никакви инекции, антибиотици ни сирупи.
    Мајка им поучена да се дои детето и да ја избегнува дохраната, ги доеше бебињата до 2 год. едното, а второто до 3 год.
    Можеби на прв поглед изгледа тешко, чудно и невообичаено, ама мајчиното млеко за нив е храна број 1, им го јакне имунитетот многу, децата се здрави, не се дебели и тромави.
    Нејзе најважни и беа децата, иначе зошто би ги раѓала и доењето не го гледаше како жртва, мачење, напор, туку како природна и најнормална обврска, за да им се даде најдоброто на децата.

    Втората другарка има малечко од 1 год. и 2 месеци и уште го дои. Не му дава никакви вештачки сокови, само природни, кои сама си ги прави во соковник и блендер.
    Во почетокот и одеше потешко доењето, сестрите не и покажаа, и рекоа ќе немаш многу млеко, ама еве таа нема никакви проблеми, има млеко во изобилие, а нејзиното детенце засега е здраво, весело и без никакви проблеми.
    (Големината на градите немаат врска, ама да потенцирам сепак дека другарка ми има премали гради, речиси и нема гради, ама млеко има за извоз).
    И не планира да престани со доење. Зошто да го труе со хемии...?
     
    На marchi-cool и koritsaki им се допаѓа ова.