1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приготвување на брокула...Се јаде ли свежа?

Дискусија во 'Рецепти' започната од kikuuus25, 8 декември 2009.

  1. bella.gk

    bella.gk Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    685
    Пол:
    Женски
    Има ли некој рецепт за кисела брокула во тегли?
     
  2. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Јас вчера направив една салата во која има и брокула.......е сега прв пат ставам брокула и не знам како ќе испадни.Ако е добро ќе ти пишам рецепт ;)
     
    На bella.gk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Салатата ми испадна многу добро,а ова е рецептот
    250мл ексенција
    400гр.шеќер
    400гр сол јадра тузланска
    2пак. винобран
    1пак. конзерванс
    2пак. црн бибер во зрно.......ова е за 12кг зеленчук,а ти можеш да си ги намалиш сразмерно за колку што ќе ставаш зеленчук.
     
    На bella.gk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Јас ја јадам варена со томатело (кечап или нешто слично што ми се наоѓа при рака) и туна...си ги редам така едно над друго :D ...Нема нешто повкусно :) Имам и читано дека брокулата има негативни калории (ако уопште постои такво нешто ко негативни калории) :^)
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.544
    Допаѓања:
    95.413
    Пол:
    Женски
    Имав еден период кога јадев брокули со се и сешто, ми се случуваше да си направам салата со брокула, супа со брокула и плус да ставам во оривче малку брокула. Е сеа малку изретчив, ама пак ја јадам. Најмногу ја сакам во оривче потпечена, со пченка. Или во прочуената чорба, улалаа...
     
  6. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Јас само си ја варам во солена вода едно 5 минути да проврие.. многу ми е убава. Исто така си правам и супа од брокула..
     
  7. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    218
    Jас ја варам во солена вода едно 10 минути и потоа ја ставам во сад со ладна вода така си ја задрзува природната зелена боја не потемнува :)
     
  8. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    салата со брокула

    се вари брокулата 4-5 минути во солена вода и после се плакни со ладна вода за да ја задржи бојата.
    настрана се прави прелив од балсамико оцет, 4 лажички маслиново, 2 лажички мед, 2 лажички сенф. брокулата се крши на листови, се прелива со сосот и се додава ситно сечкан кромид, пропржени бадеми, сува брусница и коцки фета :)

    [​IMG]
     
    На Giovanna, Domakica и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  9. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.614
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Мајками ја вари малку, па ја цеди, и после ја става во миксер/блендер.
    Откако ќе се направи на ситни парталчиња, ренда сирење, става павлака и сол и доаѓа како крем салата со брокула, и само така ја јадееме, бидејки за наш вкус има силен мирис, посебно ако остане некое време или ден.
    Може и некој крем сир место павлака, битно да се спои.

    Ја сакам и во супа, претходно сварени зеленчуци, испасирани, и малку тарана. Со лимон е милина супа.
     
    На andreina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AliceInWonderland

    AliceInWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    10
    Обожавам брокула :) Ја јадам во супа, салата, похована... :mm:
     
    На andreina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Многу ми е вкусна брокулата,без разлика дали свежа или многу малку обарена.
    Полна е со витамини и вистински избор за време на диета.
     
    На andreina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Нас дома броклута ни е присутна скоро во секој главен оброк.Здрава е вкусна е и ја јадеме во различно:чорба (комбинирана со карфиол),салата,со шпагети,пилешко...во многу комбинации
     
  13. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Ние ја јадеме од тегла, подготвена исто како краставички во тегла. Превкусна е.
     
  14. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Брокулата ја јадам варена како додаток со било кое јадење,но во последно време ја јадам како салатка.Брокулата ја делам на неколку парчиња,ја ставам во сад и плус додавам една цела павлака.Друго ништо не додавам.Може да се додаде и бибер и сол по вкус кој како си сака.
     
  15. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Свежа еднаш ја јадев како салата, само поради специфичниот вкус не ми се допадна.
    Инаку многу ја сакам во супа, или приготвена на било кој начин. Најчесто обарена ја јадам, со маслиново, сосем малку оцет(или по желба неколку капки лимонов сок), бибер и лукче колку за вкус.
     
  16. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Брокулата е мојот омилен додаток во секое јадење.
    Моите дома многу не ја сакаат. Па затоа често самата си ја приготвувам како салата, или пак ја правам похована. Прекрасна е.
    А и содржи многу витамини и минерали. Поздраво нешто, амин.
     
  17. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    обожавам брокула,најчесто ја користам во супи или како салата (малку колку да омекне ја динстам потоа и ставам павлака лукче малку сол и бибер) превкусноо
     
  18. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Не ја сакам баш многу брокулата и свежа нема шанси да ја јадам. Имам пробано и не ми се допаѓа така воопшто.

    Најчесто, кога немам избор :rofl: ја јадам во супа, а мајка ми често знае да ја прави и похувана. Знам дека е здрава, ама ја јадам само кога морам зошто не ми е нешто посебно вкусна, што да правам :D
     
  19. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Многу ја сакам и често ја применувам во исхраната.
    И сопругот ја сака, па се погодуваме. :)
    Обично знам да направам крем супа од брокула, ја правам похувана, ја ставам во солена смеса во тавите со дупки, ја ставам во проја, ја правам во сос со моркови, ја јадеме и свежа во салата, ја ставам во лазањите.....
    Има многу начини на подготовка. Ќе напишам и некој рецепт.
     
  20. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Мој омилен начин е на пареа. Ставам многу малку вода да зоврие, лажичка маслиново масло и малку сол. Кога водата ке почне да врие ја додавам брокулата, покривам со капак и ја оставам три минути така. Доага некако обарена ама сеуште си има малку крцкавост :)