1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Производи од кои сте задоволни, а од кои не сте

Дискусија во 'Тело' започната од lily-prune, 10 јануари 2011.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Мојата кожа нема осетено поубаво нешто од пудрава на Еуцерин. Не е баш пудра пудра, многу е течна и има нежна боја, нешто како подлога му доаѓа, за заштита од сонце е. Бидејќи имам чисто лице и немам што да покривам мене ми прилега одлично, лесна е и лесно се нанесува. Вреди за сите пари. Околу 700 ден е по аптекиве.
    [​IMG]


    Angell ќе ти одговорам тука затоа што си ставила забрана за праќање на лични пораки. Мислам дека има само една нијанса кремава, но се приспособува на тенот и прикрива недостатоци, но е многу лесна како млеко за лице да си ставила. Се упива во кожата и дава изедначен тен и мат ефект, не свети, не е мрсна. Најубаво оди во аптека ќе ти дадат тестер и испоробај ја, јас од една аптека во Буњаковец ја земав, но ја имам гледано и во другиве аптеки.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ivana-J

    Ivana-J Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Јас лично сум задоволна од целата линија на Vichy производите, ја користам норма дерм линијата за проблематична кожа, зошто имам акни...и пудрите им се топ...ги препорачувам на сите...Еуцерин не ми се допаѓа уште толку ми се исфрли лицето...бљак...

    А да и обоена крема со пудра на ова време НИКАКО НЕ...кој пробал знае....ужас е целата линија...во Германија ако си била ќе видиш дека во маркети се продава...бљак, бљак,бљак
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте



    Не можам да опишам колку сум задоволна од маскиве на Aldo Vandini. Првпат ги користам, а беа со некоја промотивна цена во ДМ од 76 ден. Лицето ми беше суво и некако грубо после одмор, а сега ми е како ново. Особено задоволна од маската за прочистување со лековита кал и магнезиум. Прави чуда со порите и црнките. Купив и регенеративна за позрела кожа.
    Единствен недостаток е тоа што амбалажата не е поделена во два дела како што се обично спакувани маските за лице. Јас направив помал отвор и после убаво го затварам со спајалица. 15 мл има за најмалку 4 употреби.
     

    Прикачени фајлови:

    • inhalt_2-3.jpg
      inhalt_2-3.jpg
      Големина на фајлот:
      42,3 KB
      Прегледи:
      794
  4. simce11

    simce11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Коректорот од есенсе за тие пари супер си ја врши работа,имам претежно чисто лице но мрсна кожа и ми одговара коректорот
    Целата колекција на garnier pure за мрсна кожа,неа не ја менувам,они кои имаат мрсна кожа на лице топло им ја предлагам
    И маскарата one by one na maybeline,пак си се вратив на нејзе,неодолива ми е
     

    Прикачени фајлови:

  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.262
    Допаѓања:
    8.666
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Производ на сите времиња ми е Seventeen руменилото. Дава ептен природен изглед, ми трае веќе година дена. Не се впива, останува цел ден на лицето. Одбрав некоја нежна розевникава боја. Прилично сум бледа, па кога ќе го нанесам ми дава свежина на лицето.

    Пофални зборови имам и за светките за очи на Seventeen. Во мали количини ептен софистицирано изгледаат. Ги купив заедно со лепак/подлога за нив. Ама видов дека далеку поприродно изгледаат само така нанесени.
     

    Прикачени фајлови:

    • default.jpeg
      default.jpeg
      Големина на фајлот:
      7,3 KB
      Прегледи:
      637
    • imaggg5es.jpeg
      imaggg5es.jpeg
      Големина на фајлот:
      4,7 KB
      Прегледи:
      637
  6. Heidy

    Heidy Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Ивана а ти vichy ги рекламираш или што? Од 3 мислења што си ги постирала-3те ги испофали vichy. Антиреклама на eucerin,реклама на vichy,молим те :tmi: И јас сум презадоволна од еуцерин, од се буквално,крема,тоник,млеко,лабелото немам зборови..........ама не отварам профил само за да ги фалам ;)
    Оваа новава крема не сум ја користела со боја што е,ама за на лето супер работа ке заврши-ем убав тен, ем заштита. Исто така многу сум задоволна од производите на балеа-си купив фактори за тело преубаво мирисаат,и не изгорев што е добар знак.
     
  7. detelinkaa

    detelinkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    60
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Задоволна од:
    -бекутан кремата со цинк оксид
    -клиндамицинот на галафарм
    -вазелинот на галафарм (идеално нешто за нега на усните)
    -мерц дражеите кои придонесуваат за подобрување на текстурата на лицето
    -seventeen natural velvet пудрата
    -речиси сите лабела на нивеа

    Не сум задоволна од:
    -еуцерин кремата Ph5
    -дебора пилингот за лице
    -хлорамфениколот на галафарм
    -артдеко коректорот (многу прекрива но воопшто не дава природен изглед а и претежок е за мојата кожа)
    -nivea oxygen power за миење на лице (пред неколку години го пробав и до денес не можам да го заборавам катастрофалниот квалитет)
     
  8. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Ај и тука да прашам пошто е повеќе посетувана темава. Знаете ли за што се овие производи, ги имам дома ама не им го разбирам упатството на германски. :$
     

    Прикачени фајлови:

    • tpicture_45.jpg
      tpicture_45.jpg
      Големина на фајлот:
      37,7 KB
      Прегледи:
      482
    • niveaaa.jpg
      niveaaa.jpg
      Големина на фајлот:
      29 KB
      Прегледи:
      482
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Задоволна од млекото за чистење лице
    [​IMG]

    Задоволна од оваа крема за раце, фантастична хидратација
    [​IMG]

    И почнав со добри зборови за Нивеа витаминшејк лабелата зашто се залетав на одличниот вкус и мирис. Ама сваќам дека влажноста која ја даваат е речиси никаква. А за тоа зимам лабело хидратантно да е, а не по 5 минути да ми е устата барут сува. Се враќам на Росал, уааа за Нивеа мислев се подобриле, ама сваќам дека НИШТО од оваа фирма не ме бендисало и продолжува тоа и во иднина со нови производи :Down:
    [​IMG]
     
  10. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Сум заборавила еден производ да го ставам тука, а дефинитивно заслужува почесно место овде во оние од кои НЕ сум задоволна. Освен сладок мирис лабелово уствари нема врска, нит ја омекнува устата нит ја штити. Најлошо од се е што не ни се задржува на усните па после 20тина минути се ко да не си ставил ништо на нив. Гумена бомбона и строго непрепорачливо, првото разочарување од Росал.
    :Down:
    [​IMG]
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    [​IMG][​IMG]
    Морам да ги спомнам, зашто комбинацијата од лосионов и кремот за длабински третман на акни на Јанг Дерм ми го вратија лицето во живот. :D

    А морам да го додадам и лабелцево - порано бев многу скептична кога се работеше за мирисот на мед и млеко, ама летово дефинитивно ми е хит.
    [​IMG]
    Прекрасно ми е - хидратира, опива со мирисот и трае. :mm:
     
  12. Sofija18

    Sofija18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    36
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Презадоволна сум од производите на Мax Factor и Gosh... калајот за очи на Max Factor и 2000 calories маскарата се прекрасни и долготрајни! [​IMG]
    Од нивните пудри ја користев Lasting performance, малку сува за мојата кожа ама многу убаво се изедначува со лицето и не ни се познава дека си ставила пудра!
    Што се однесува до Gosh, кармините и сјаевите им се топ. Го имам ова [​IMG] како и сјај во иста боја која е супер за на лето! Многу долго траат.
    Единствено не сум задоволна од пилинг лосионот од Clean&Clear [​IMG] ... Имам многу чисто лице, со многу малку мрсна Т-зона. Го користев онака, да исчистам некоја непостоечка црнка :D Проблемот е што чувствував горење на лицето и престанав да го употребувам. Исто така забележав и екстремна сувост. И го дадов на сестра ми која има мрсна кожа и таа нема никаков проблем. Исто така, не сум задоволна од пудрите на Miss Sporty... воопшто не покриваат и воопшто не трајат од кога ќе ги нанесеш.
     
  13. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте


    Да не беа позитивните коментари на форумов, овој производ немаше ни да го погледнам, најмногу затоа што течната пудра на Јанг Дерм, мене лично ми е грозна.
    Е подлогова или тонираната крема е сосема друга приказна. Нешто најпријатно и најнежно што осетило моево лице во последниве години. Го дава она што е најпотребно - изедначен и свеж тен. Според мене, оние што имаат чисто лице може комотно да ја користат без пудра, особено на овие 40 степени.
     

    Прикачени фајлови:

  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    ^ Kаде може да се купе подлогава?
     
  15. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Јас ја купив во Веро, околу 90 и нешто денари.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Нивеата е гел-крема за мрсна кожа, има матифицирачки ефект.
    А втората е крема за нормална или комбинирана кожа, има фактор 6. Само толку можам да видам од сликата. Се надевам помогнав.
     
  17. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
  18. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    [​IMG]

    Rimmel London 140 - суперзадоволна! Сенката е бебешко розево и изгледа многу нежно. :up:
     
  19. fashion98

    fashion98 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Јас сум задоволна од овие прoизводи:






    :)










    А не сум задоволна од:
    многу ми е мрсна а пак кога ќе се намачкам на лице целата светам :@
     

    Прикачени фајлови:

    • gesichtstonic.jpg
      gesichtstonic.jpg
      Големина на фајлот:
      7,8 KB
      Прегледи:
      210
    • 06600610l.gif
      06600610l.gif
      Големина на фајлот:
      153,1 KB
      Прегледи:
      210
    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      5,7 KB
      Прегледи:
      208
  20. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    [​IMG][​IMG]