Веќе неколку дена по ред син ми постојано кака. Најмалку 2 пати во денот ќе се искака. Си јаде нормално како и претходно. Порано се празнеше во просек еднаш во два дена. Дали можеби причината за променетата столица е Ферум лекот? Да напоменам дека и бојата е изменета (мислам сепак дека тоа е од Ферум лекот). Колку често би требало да какаат бебињата?
2 пати мислам дека е во ред. Не е во ред ако е 4-5-6 пати и е течна столицата, значи има пролив и не му одговара лекот. Моето кога беше бебе така ми направи од Амоксиклав сируп и веднаш го прекинав во консултација со педијатар. Од ферум лекот најверојатно му е забрзан метаболизмот и столицата му е со многу темна боја, што е ок, а можеби и не му одговара лекот. Ако те толку мачи сугестија направи му копро испитувања, ама мислам дека нема потреба, подобро консултирај се со педијатар. Тие најубаво ги знаат реакциите кај бебињата од сирупи -лекови.
Блонд и јас на трајче кога му давав мукоплант ширупче какаше по три пати на ден,кога го прекинав му се стабилизира и столицата е сега пак ни е премногу тврда пак не знам од што,и јаболко давав и слива не знам што да дадам да му омекне а го хранам со тоа што го хранев до сега
Мојата кака 2 до 3 пати дневно, кога вади запче се случува и 4 пати, ама не е течна. Сега пак овие два дена и како брбувчиња кака и по малку.Така два пати а еднаш во денот пообилно и потечно (ама не како проливче).Сега мене ме бунат брбувчињава. Дали се од храната ?
^ Сигурно и` се од храната, најверојатно не внела доволно течности, па столицата и` е посува Пробај со повеќе вода и јогурт измеѓу оброците.
мамички моето бебе е 4 месеци и сега поцнавме со дохрана со сок и каша од јаболко но забележав дека столицата му е потврда и зелена дали може да е сокчето и кашичката има ли некој вакво искуство.
Јас мислам дека од јаболкото би требало да омекне столицата. А за променетата боја, можеби е измрзнато малку или пак е од јаболката. Понатаму ќе забележиш, кога ќе даваш само морковче, каката ќе е портокалова
mama 23 мене 2 деца ми беа со дохрана и со секоја нова храна што ке им ја внесев тие имаа потврда столица без разлика што ке им дадев неколку дена и ке се нормализира е сега зеленкаста боја незнам од што би било зелено незнам а нормално е да има промена и во бојата зависно од тоа што јадело.
мамички, моето бебе од време на време има зелени какушки. претпоставувам дека тоа е кога ќе поднаситне малку, ќе почне да кива и слично. дали треба да се засеќирам? не прима никакви лекови, за да има промена на бојата
ако му даваш адаптирано млеко од тоа е од железото. на син ми многу често му е на зеленкаста а сум цело време со вештачко.патронажната ко дојде ко ја прашав таа така ми рече е сега незнам како зелена кај моето синче е како зеленкасти линии.
Мајки,моето бебе има 6 недели,а веќе околу 2-3 недели кака еднаш на 2 дена и кога ќе се покака тотално цела се шлака,и на мешето и на грбот,а и бодито или што и да носи го кака од толку многу што искакала. Педијатарот вели дека тоа е нормално ама мене ми е некако шубе да кака така. Имала некоја сличен проблем?
моето бебче е само 10 дена,,,,кака на секое менување пелена,,има барем по малку...сега му е зелена боја како спанак,,а исто и со жолто мешано,,дали е нормално?..и му е по течна столицата...течно како повратено да опишам...далие во ред?
Девоjки, малиот вчераж6 пати се искака, што мислам дека е многу за еден ден...до кога е нормално тоа прочистуване на цревца?
Сноу колку му воља нека кака. На почесто јади, почесто че кака, сепак мало меше имаат. И не се водете по глупави бројки и статистика вака треба онолку треба. Да е во граница на нормала, секако според вашето бебе оти секое е различно. Честитки и нека си прави принцот како му воља, само нека е здрав и жив.
На нас сеуште секоја пелена ни е какана, така да Сноу не се плаши. Туку еве неколку дена, некогаш столицата ни е чисто жолта, а некогаш ни е помешана со зелена столица. Знае ли некоја мамичка зошто би било тоа, за 5-6 дена сме на педијатар ќе прашам и таму, ама мене ми е страв да не ми е гладно детето. . Инаку се будиме на 2-3 саати за цицање, повесели сме (не сме толку намуртени како првите денови ), ама пусти страв.
Нема правила во какањето, до 7-8м мојата какаше на секое јадење и тоа чекаше да ја променам , да почне да јаде и да се искака на раат.
Кај бебиња кои се само на млеко по правило треба да е златна,односно жолто-зелена. Наводно тие кои цицаат повеќе какаат,а тие на АД помалку па некои имаат проблем со запек. Ние 1 до 2 пати во ден регулар, а до сега скоро 5 месеци, само на 3 пати по 1 ден не бил какан па надокнадувал
Ние сме на АД и еве мака мачиме неколку дена со запек ...има 3 недели точно и и давам чај(бекутан од анасон) заради грчевите и демек за да и подомекни столицата..ама џабе се..исто така заприметувам и дека столицата и оди накај зеленкасто...совет?
Хм незнам совет пробај повеќе вода и чај да пие .Мора вода да пие,а зелена столица не секогаш означува глад.Истото после 40мин -1 саат обавезно вода.Колку месеци сте и по колку дневно течност пие? Јас сеуште водам дневник,ем што за заборавам ем ради тоа како се движи пиењето.Пишувам кога млеко,колку мл чај,колку вода.Така се има евиденција дали е доволно одприлика, па ќе знаеш дали столицата е зелена од глад
3недели сме а пие по отприлика 100 мл а може и повеќе чај во текот на цел ден..а млеко пија по 100мл на 3 саати..