1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проодување кај детето

Дискусија во 'Бебе' започната од del-fin, 21 февруари 2011.

  1. del-fin

    del-fin Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    20
    Сакам да ве прашам на колку месеци почнаа да одат вашите деца. Сум слушнала дека некои дечиња проодувале пред годината, а некои после годината. Сестра ми одела веќе од 7 месец, а јас од 11 месеци. Моето е скоро 11 месеци и така покажува некои знаци дека сака само да оди. За разлика на другарка ми детото почна да оди од 1 година и 4 месеци. Па поделете ги искуствата со вашите деца и раскажете како било. :)
     
    На malasimba му/ѝ се допаѓа ова.
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Kерка ми заооде на годината или пред годината :) и тоа ја оставивме кај стрина ми дента,и се вративме и гледаме си оди :angel: а твоето кај и да е,ке заооди штом така прави :*
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.819
    Допаѓања:
    102.680
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми сака да стои , ја паткам сега за сега , ја оставам да се придржува за масата/каучот сега за сега сме вака. Инаку јас сум проодела на 1,5 година а и маж ми исто :D ај ке видиме нашава мала кога ке прооди :)
     
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.819
    Допаѓања:
    102.680
    Пол:
    Женски
    Женски мислам дека ќерка ми ги направи вчера вечерта првите чекори. :rofl:
    Се држеше за една столица , а јас бев од карши и држев една нејзина чевла. И викам ајде дојди и она ја виде се пушти самата и дојде до мене. При тоа направи 4-5 чекори сама. Значи ли ова дека сама ке почне да се пушта да оди или? И дека проодела?? Збунета сум :D
     
    На srcekrsacka и MacenceEna им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Браво, значи веќе проодевте! Нема зошто да си збунета, штом направила неколку чекори, значи веќе проодела. Допрва ќе учи да оди како што треба, ама штом се пуштила, супер :clap: :clap: :clap:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Со сета должна почит кон сестра ти и Вашите родители, ова не го велам како навреда кон нив, меѓутоа мислам дека ова „7 месеци“ е ептен SI. Мислам дека нашите родители многу од податоците не ги ни паметат, па често ги фрлаат од „ракав“ надевајќи се дека ја погодиле точната бројка.

    НЕ МОЖЕ ДЕТЕ ДА ПРООДИ НА 7 МЕСЕЦИ, едноставно е физички и ментално НЕСПОСОБНО за тоа. Си има редослед на фази кои мора да ги помине за да преминува на секое следно ниво. Тоа е чиста природа, не е „Еј вие млади мајки сега се` знаете од интернет, ко ние да не сме ве израснале“.

    Без лична навреда, и од мајка ми имам слушнато муабет првичен „брат ти почна да кажува за мочкање и какање уште на 9 месеци“ ( |( ), за некни да ми каже „брат ти почна со кажување на година и 2 месеци“. Не паметат точно, тоа е, ама страшното е што со тоа прават забуни кај младите мајки, иако кажано со најдобра намера.

    На темава - секое дете ќе прооди кога ќе му дојде денот за тоа....секое форсирање и присилено паткање може само лошо да му направи, никогаш добро. Оставете го детето да си ја развие мускулатурата на торзото и нозете како што треба, и нормално, давајте му неизмерна поддршка на неговата личност - се` друго ќе си дојде кога треба :l:
     
    На Xana1318, Sara.C, irenadaniel и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да пишам тука... син ми се пушти токму на Први Мај (има скоро 14 месеци), ко да го чекаше празникот специјално :D Прооде бос (по чорапчиња де), ама после му облековме патики да биде постабилен. Сега сака да трча, уште незаоден како што треба. Деца 8)
     
    На iki26, Mikako, Moira и 3 други им се допаѓа ова.
  8. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Сите дечиња прво почнуваат да трчаат ,па потоа почнуваат да одат. Мислам дека тоа има врска со рамнотежата и полесно се справуваат кога трчкаат .Инаку честитки за синчето и му посакувам што помалку паѓања :) .
    Мојот син протрча :D на 14,5 месеци ,а сакаше да патка или како и да се вика од 9-9,5 па така 5 месеци грбов ме болеше до лудило.Се надевам дека ќеркичката ќе ме поштеди малку зошто не знам дали повторно би издржала :^) .
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.605
    Допаѓања:
    250.863
    Пол:
    Женски
    Овде ми се чини е најсоодветно да прашам...какви беа првите чевличиња на вашите деца?
    Патичиња, ортопедски, анатомски, бренд, обични...баш сум во дилема а сакам да и купам на ќерка ми. Доаѓа есен да не шета само по чорапи, а гледам сака да пробува и да оди. Вчера мајка ми одма се изјасни Цицибан требало, а јас не знам дали сеуште постојат :$
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Има Цицибан, има и ако не се лажам само во Пеко. Додека не почне да оди бебушот и да биде стабилен треба да се земаат лесни патичиња во стил од оние со рака да ги згмечиш т.е да имаат еластичен ѓон ( :tmi: ама сум сликовита :) ).
    Јас му земав од Пума оние патичиња за бебиња што се. вакви
    [​IMG]
    Oдат до бр.18-22 ако не се лажам a не им се лизга ѓонот, лесни се и стабилно им е нокчето во нив.
    Nе мора да се оваа марка, може било која друга само да им е таков ѓонот-еластичен и да се лесни. Oва од ортопед што ми има кажано.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Мојата прооди зимно време, па дома само по чорапчиња беше (од оние со кожа долу, за да не се лизга) и толку. И ден денес ја имам боса дома, не планирам да купувам топлинки и слични обувки.
    Иначе треба да се меки и рамни, да може да се превиткуваат :)
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.819
    Допаѓања:
    102.680
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    еве ги првите кондурчиња на ќерка ми , ортопедски се , лесни како што кажа славица , можеш да ги свиткаш со една рака , значи да се еластични да може ноџето полесно да го движи :)
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Ортопедски т.е. анатомски не се препорачуваат за деца под 3 години бидејќи сеуште се оформува стапалото т.е. бебињата се раѓаат со рамни стапала. Треба да се користат рамни и меки кондурки кои може во рака да се "згужваат". Повеќе ниту цицибан не прави ортопедски обувки, а исто и другите познати производители. Ова е информација од ортопед.
     
    На Moira и AIT им се допаѓа ова.
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Само да разграничиме:

    - ортопедски се едни, и се користат за „корегирање“ на било каква неправилност кај стапалата на детето, и
    - анатомски се други, тие можат да ги носат сите деца (како што кажа гирл, над 3 години) затоа што ја следат линијата на стапалото.

    Босо најубаво, и рамно обавезно :)
     
    На Mikako, AIT, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Супер, убаво што ме корегираше да стане појасно.
     
  16. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Минатата недела ја носев мојата малечка на ортопед (9месеци) и препорака на ортопедот е за заодување да носи или чорапчиња со гумени топчиња доле или со кожичка ,се со цел да се избегне неконтролирано лизгање на ноџињата. Значи за заодување не се потребни никакви кондури ! Дуури откако убаво ќе заоди детето тогаш треба да му се облекуваат кондурчиња кои се лесно свитливи и тоа нешто налик на нашите балеринки.
     
    На Bozica1980 и Moira им се допаѓа ова.
  17. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    пред 4-5 дена на мајтап го ставив син ми на земја и како да трчаше в место и од тогаш цело врема ммммка за на земја.
    го оставам вдубаче ама не му е исто сака да патка и веќе почнавме да ја вртиме масата......
    преѓе мм го имаше оставено покреј креветот си играше со влажните марамчиња и не го држеше никој сам стоеше..... ^_^ ^_^
     
    На 1mama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    И ова моево сака да стои , се држи за креветот ..уште и горда е дека сама стои :lol: смешки живи е
    Иначе сака да ја држам за рачиња и да оди ,али ме чуди тоа што уште не почнала да лази а сака веќе да оди :^)
     
    На zoketo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Педијатрите велат дека се што децата сами го прават е исправно,па така и мојава малечка некаде на 7,5 месеци почна сама да цупка во место кога ја држев исправена и од тогаш се учиме да одиме ;) Инаку не мора прво да лази ,па да прооди ,секое дете си прави како му е полесно.Син ми прооде на 16 месеци,а почна да лази на 2 години :)
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.404
    Пол:
    Женски
    АИТ ќе се сложам со тебе, почитуваниот меѓу ортопедите Видоески вели исто така, дете кога ќе застане на нозе и ќе тупне на газе а не напред е спремно да оди. Он има една филозофија, која во реалност е точна и проверена, вика вака, бебе до 6 месеци има рефлекси да оди, и да го оставиш на земја, секако да го држиш под мишки кај градичките, ќе тргне тоа, ќе патка со ноџињата, ова проверено, од 6 месеци до 9 месеци го заборава рефлексот на одење, и ако детето е вежбано до 6 месеци да “оди“, потоа проодува многу бргу. Ова и во пракса е покажано како вистина, односно колешката ги следела неговите инструкции и малата прооде на 10 месеци, оди ко старо бабе ама оди битно. Најважно, кога ќе тумне на газе, па дури и нанапред ако тумне, не е страшно, немојте да заикнете и да се испаничите, ќе го преплашите и со тоа ќе се вратите еден чекор наназад.