1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Професионални шминкери

Дискусија во 'Лице' започната од Lizalka, 15 март 2010.

  1. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Мене ме средуваше за свадба, и вистина си ја знае работата,и најбитното за мене, нема шаблон, те гледа упорно едно 5 мин, ти прави муабет, и му светнува што може баш на тебе да ти изведе, а што не е веќе видено...алал да му е...
    Јас само неможам да му простам што ме разубеди да не го ставам велот, ќе сум ја стуткала фризурата, али тоа е...требаше повеќе да инсистирам, и не му дадов да ми стави кармин како он што реши туку сама инсистирав на една боја, и гес уат :( ...утнав... :@
    Си знае човекот, стварно си знае, да не зборам дека пред мене ги шминкаше оние 2 девојчици у врска што се, Миа и незнам како беше другата, менаџерките во Парадизо, тие и онака се убави, ама јас останав без здив од тоа како ги имаше направено за отварањето на Парадизо лани... :x
     
    На jarec6 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. At.ena

    At.ena Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    32
    Според мене во последно време Зоран Шурбевски шминка најдобро,порано мислев дека за Дадар нема замена, но во последно време се повеќе утки прави.
     
  3. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505

    Се шминкав кај Влатко во Лептокарија викендов и сум задоволна. Барав и добив јака шминка и фризура како што му покажав на слика. Момчето е талентирано, дефинитивно.
     
  4. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352
    Мене за свадби и за некои посвечени работи ме шминка Дадар и јас сум презадоволна, никогаш не ме утнал пу пу :D
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Најголемата грешка што ја направив за таблото за матура, бев да ме шминкаат.

    Значи јас стварно не сум од тие што се срамат, или да не знаат што сакаат па да ја остават да прави што знае со нив. Прво влегување и веднаш, ама веднаш и објаснив како сакам да ме нашминка. Кажав дека сакам само горниот капак да ми биде исцртан, долниот никако затоа што изгледам како ТЕПАЧ така. Дека сакам туш, а не моливче и сенки во што е можно понеприметни бои. Нормална, секојдневна шминка, за една пристојна фотографија.

    Ама не. Јас изгледа на друг јазик и зборував. Кога се видов ме мавна дамла, имав тешка вечерна шминка за слика која е ретуширана, осветлена и што ти знам не. Дома се подзабришав, ама не беше тоа тоа. Сликата од матура - тотална, тотална утка. Иако другите ми викаат дека не е така, си знам како сакав јас да изгледам и како можам да изгледам најдобро. А тоа што испадна е од лошо полошо. На личната карта сум поарна. :fubar:

    За матурата пак имав кај неа закажано, затоа што немаше време кај друг. Е тогаш и реков - или шминкај ме јас како што сакам или воопшто не се мачи затоа што се избришав минатиот пат. Па тогаш почна да ме прави како што треба, така да за матурата бев добро нашминкана. Значи не одлично, туку добро.

    Краен заклучок - не сум мејкап гуру, ама дефинитивно сама подобро си се бендисувам.
     
  6. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Сте слушнале за шминкерот Даниел Николовски, порано работел кај Дадар а сега во некој салон во центар. Ја шминка Елена Ристевска за сите настапи, ми го препорачуваат за свадба па ме интересира мислење на феминките од форумов :)
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Единствено искуство имав за матура со Владо Ѓеорѓиев, добар е ме нашминка онака како што сакав и плус да ми одговара на облеката. пријатен човек се изасмеавме :P Единствено не ми се допадна карминот, т.е сјајот не ми траеше мн, но затоа очите ми беа WOW 8) ИСто сум чула Љупка Арсовска дека е меѓу најдобрите.Дадар за матура сите девојки ги шминка идентично и плус доплаќаш екстра за кармин :fubar: Поскап е а не добиваш екстра услуга. За исти пари можеш да отидеш кај друг и да добиеш подобар ефект. Муштерии му носи името и шминка на стара слава.
     
  8. Arris

    Arris Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    22
    Мене за матура ми ја препорачаа Љупка Арсовска и таму отидов. Девојката шминка ненормално добро. Јас бев презадоволна од нејзе. Си ја знае работата, кажуваш како сакаш одприлика и ја покажуваш облеката и она на све тоа добива некоја замисла. Фризурата ми ја правеше сестра и Мила, значи и од нејзе неможам да се пожалам стварно ги бива и двете, ме направија супер. Шминката и фризурата не ми мрднаа цела вечер. Мене ми земаа 4000ден. за шминка+вештачки трепки+фризура. За изгледот што го имав би дала и 10 000ден. :D :D ама ги испофалив... :D :D
    Идам таму и за дипломска и за свадба!!
     
  9. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски

    Многу касно ти одговарам на мислењето, но сепак еве да кажам нешто во врска со него.
    Даниел мислам дека сега работи во Empire.
    Мене досега ме има еднаш шминкано и можам да кажам дека сум задоволна.
    Од Македонија што ги има шминкано никоја ја нема утнато, а особено Елена Ристеска.
    Еве некои слики од неа каде ја има тој шминкано.


    [​IMG]


    [​IMG]


    [​IMG]


    [​IMG]
     
  10. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Се согласувам со Шана во врска со Сергеј.Мене за свадбата требаше да ме средува прва му бев од сабајле и немаше никој друг.Типчето може си ја знае работата, но е крано непрофисонален.Кај каснеше едно саат време прво отиде до кафулето кафе да си пие додека едно од девојчината косата ми ја средуваше а за целокупниот стајлинг ( и фризура и шминка требше да се погрижи он).Фризурата ништо спешл дома поубаво сама ке си ја направев, барав брановидно да ми ја извиткаат со некој интересно деталче дали некое плетенче од напред или што знам ја, а испадна многу аматерски, за шминката ок беше али јас му нагласив како сакам.И уште еднаш нема демонче што ке ме натерада идам!Цела свадба ради него ми каснше, матичарите ке ми замина од ресторан ради неговото доцнење.Крајно непрофесионално! :envy:
     
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    На саемот на жената, имав шанса да видам како шминка Владимир (алијас владимирка :lol: )на 2 девојки
    малку беше посилна шминката,ама сепак крајниот резултат беше екстра.
     
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Mи треба професионална шминка за свеченост ама не сакам никој од познативе што се преценети и бараат илјадници денари за на крај пак да не си се свиѓам, а верувам дека има не толку познати шминкери што добро знаат да си ја завршат работата. Ако познавате и сте задоволни од некој таков/таква што шминка убаво и поефтинко пратете ми контакт во порака :)
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Star19

    Star19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    70
    Мене за матура ме шминкаше Дадар и сум презадоволна платив 4700 за шминка фризура и трепки и секој следен пат кога ке имам потреба од професионална шминка ке одам кај него. Буквално ме остави без зборови. За квалитетот на шминкните нема потреба да правиме муабет. А за тоа што викате дека сите ги шминка исто, ако вие му кажете како сакате, така ке ве нашминка. А и е многу пријатен така да секоја му чест, прав мајстор е :clap: :clap: :clap:
     
  14. MeniPedi

    MeniPedi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    1
    Добар шминкер во Белград?
     
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    35.938
    Љупка Арсовска е одлична,девојката навистина си ја знае работата...
     
  16. juicystar07

    juicystar07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
  17. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    40
    Девојки дали некоја од вас се шминкала или барем зане како шминка Зоран Шурбевски??
     
  18. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    Јас лично не се имам шминкано,ама сите што се имаат шминкано се презадоволни,ама колку што знам е тешко да до најдеш,зошто е скоро нонстоп надвор од земјава,а инаку шминката му е топ :D
     
  19. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    девојки дали знаете дали за матури кај владо георгиев има попусти или е стандард 1500?
     
  20. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    40