Јас ја имам оваа и ја зедов 255 пред нова година. ми се допаѓа како ми стои, ја препорачувам за дневен изглед, покривност средна кон послаба, повеќе средна, и е за мрсна кожа ми се допаѓа, за преку ден е супер
Некое мислење? Видов на реклама дека во Космо е на попуст.. [/quote] Според мене пудрата е убава јас ја користев, дава минимална покривност и природен изглед,мислам дека имаше само 3 нијанси, за изедначување на тенот е супер, доста лесна пудра, мојата кожа е комбинирана издржуваше без да ми светне до 6, 7 часа, е сега мене од секоја пудра ми светнува т зоната така да пред се барам само лесна пудра за изедначување на тенот. Доколку имаш сува и нормална кожа мислам дека би ти издржала повеке од 6 часа
Јас по грешка е зедов таа за сува кожа, а јас имам комбинирана и многу лупешки ми прави. За покривна-хмм не е многу покривна, али ако бараш за изедначување на тенот однак е океј. Еве оваа ја имав
Јас не можам и не можам да си најдам убава пудра. Па ве молам да препорачате нешто за комбинирана кожа ( значи ни сува, ни мрсна ). Порано го немав проблемот со пудрите, ми се погодуваа повеќето. Сега не можам и не можам да најдам погодна. Помош молам?
^^^ Зависи до која цена сакаш . Менхетен е околу 450 ден,покривна е ,меѓутоа потешко се размачкува и има слаб избор на нијанси. Ревлон и Дебора Колор копи се број 1 за комбинирана кожа.Ревлон околу 800ден,Дебора-650 ден Најнакрај,нешто последно пробано,Римел,за 320 ден од ДМ. Бев скептик,ама откако сите ме прашаа што сум ставила на лицето та толку убаво изгледам ,заклучив дека е ок .Всушност треба малку време додека се адаптира на лицето,во почеток се осеќа ко да имаш залепено нешто на него Потоа се фиксира убаво и трае цело работно време. Од сите наведени,пробај прво со Дебора,како златна средина.Лесна е а и покривна доста.Еве оваа зелената.
Конечно ја најдов совршената за мене, малку покрива, хидратира, го изедначува тенот... баш по моја мерка
Моментално ја користам на MAYBELLINE Dream Satin и од сите пудри до сеа што сум ги користела оваа ми е најпогодена .
Еве јас да кажам, по препорака на Марамка наша си ја купив пудрава Денес првпат ја пробав, за на работа, и можам да кажам дека ми се допаѓа. Земав нијанса 30 (sand) и совршено ми одговара на бојата на кожата. Значи Maybelline иако имаат најмал избор на нијанси од сите можни пудри, јас си ја најдов совршената за мене. Баш ми е погодена. Покривна е таман колку што треба, ни премалку ни премногу. Убаво го изедначува тенот, и најважно - јас не светнав 8 часа колку што бев на работа, и тоа бев БЕЗ камена пудра, бидејќи не користам. И уште нешто - не создава ефект на маска воопшто, мене ми е многу лесна на лицето и дури се зачудив што се смета за доста тешка пудра Дополнителен плус и’ е тоа што има SPF 19, што е прилично висока заштита, за разлика од Ревлонот за масна/комбинирана кожа, која има SPF 6. Само пофални зборови за имам за пудрава, што искрено не очекував. Имам кажано дека од Maybelline ја имав користено само Dream Satin и воопшто не ми се погоди (ама тоа бидејќи не беше наменета за мојот тип на кожа), па мислев дека и оваа ќе ме разочара, ама за среќа, не. Од мене има :up:
Кога веќе ја спомнуваш SPF заштитата треба да имаш на ум дека ако идеш на некоја прослава или настан на кој што ќе има сликање лицето ќе ти свети. Пудрите со заштита од сончевите зраци го прават ова. Затоа ако ви треба пудра за некоја свадба, матура или сл. гледајте да ја нема оваа заштита Ова е тој сјај кој го предизвикуваат...
Да, знам за ова и се согласувам целосно Баш затоа ме зачуди како не засвети пудрава на мене 8 часа, а има толкава SPF заштита Бидејќи обично пудрите со SPF се помасни и не се препорачуваат за масна кожа. Затоа ретко која пудра за комбинирана/масна кожа содржи SPF, или содржи многу мала заштита, како Ревлонот на пример. Е ме нас’ска сега, во понеделник сабајле пред работа ќе се сликнам со пудрава и ќе видам како ќе излезе, чисто од љубопитност Се шалам Како и да е, јас оваа ќе ја користам за на работа, каде фала Богу не се сликам А може и за дневна варијанта. За посебни прилики и фотографирање се согласувам дека треба да се внимава при изборот на пудра, односно да се внимава да не содржи заштитен фактор, или пак да содржи многу мал, за да не излеземе блескави како цурава
Баш да се сликнеш и да ни кажеш Инаку јас само што ја дотрошив пудрава, не е лоша, ама ми фалеше Боржуа. Долго време користам само Боржуа и незаменливи ми се, не знам зашто се залетав тогаш по оваа, на некоја акција беше со кармин . Тешка ми беше, не дека е тешка самата пудра, туку јас на полесна сум навикната дека Хелти миксот ја користев пред оваа. Сега ќе ја земам таа новата 1,2,3. Читам задоволни се девојкиве, веројатно и јас ќе бидам.
Ова не е пудра, туку сјај за лице, и не покрива скоро ништо.За сува кожа може да се погоди, ама за мрсна и комбинирана јок...
Ќе може ли некој да ми каже за каква кожа е пудрава и колку чини отприлика..Имам многу сува кожа никако да ми се погоди некоја пудра,нанесувам хидратантна крема пред да ставам пудра и убаво стои можеби 1-2 часа и после пак почнат како лушпички да ми се прават .Ако знаете чаре кажувајте за оваа прашувам
Девојки каква пудра би ми препорачале за масна кожа, само со пристојна цела зошто ставам секој ден Моментално користам Miss Sporty од антибактериската, ама не покрива воопшто и зато над неа ставам Young Derm посветлата и ми се совпаѓа на лицето ама работата е што се мрсни и не ми одговараат баш, ми се прават акни.. не сум сигурна дали е до пудрата или до кремот, инаку подлога ставам крем за сунчање.. имав читано дека тој подобро го впивала пудрата ама ми викаат дека тој е мрсен и прави повеќе акни. Не знам што подлога и пудра најповеќе би ми одговарале???
Денес ја купив оваа пудра на Flormar: Мат е, 500 денари е и као има витамин Е. Ја пробав таму и бев изненадена од тоа како ми го покри црвенилото на лицето. Не користам некое време пудра ради тоа што многу ми е нафрлано ама потребна ми е. Се сликав и еве ви подоле сликички како изгледа без пудра и со пудра.
Дами,долго време ја меркам пудрата на Ревлон бидејќи другарка ми ја имаше и е чиста перфекција! Имав прилика да ја истестирам но не и да ја купам Сега баш за неа собрав пари и деновиве одам да си се почастам со нешто квалитетно само не знам која нијанса да ја одберам...имам бел тен ама со жолта основа... не порцелан...нешто малку потемно од тоа...може некој да ми препорача за да не направам погрешен избор?
СПФ не предизвикува сјај на лицето на слики, туку предизвикува така наречен white cast и тенот ти изгледа дупло поблед поради тоа што спфто одбива зраци