Да, да во врска со документите има и на нивната страна. Само не сум најсигурна дали за било која професија да станува збор доколку имаш најдено фирма и работодавец кој е спремен да испрати документи одобруваат виза?
Здраво Дали и како може да се замини за работа во Германија ако не си студент и немаш бугарски пасош?
Може доколку ти одобрат Сина карта со која добиваш работна довола од 5 год.но таа важи само за оние професии со дефицитарен карактер на пр.доктори,медицински сестри,негователки електро и машински инжињери ,ИТ сектор и сл.Секако ти треба и сертификат за германски јазик,минимум познавање Б2.
Како можам како студент да заминам на work and travel во германија? Предности со аплицирање преку агенција? дали може да изберам град во кој би сакал да работам? Кај треба одпрво да се обратам, како оди сето тоа со визата? фала ви однапред.
Има некој овде што бил на интервју во контекст? Ме интересира какви прашања поставуваат, дали брзо поставуваат прашања. Јас имам ниско познавање на германскиот јазик, основни работи знам само. Пример како се викаш, од каде си, колку години имаш, кој јазик го зборуваш, што работиш/студираш.. поедноставни работи знам.. свесна сум дека тоа е многу малку но сепак зошто да не се пробал.. Некој ако има искуство нека кажи што како..
Ќе те примат, ама ќе ти речат да одиш на курс и при крај на декември ќе одиш на уште едно интервју за да видат дали си научила. Инаку таков вид на прашања поставуваат. Има некој што бил во Köln?
Дали некој ќе може да ме информира во врска за раб во германија(инаку сум студентка)сакам деновиве да отидам во некоја агенција да прашам...инаку сме во план 3ца да аплицираме.. Може ли да ми споделете искуства...?колку пари ми се потребни за таму?дали е потребно познавање на јазик ако си собарка и слично?колкава е платата? некој други информации би ми биле од голема корист.. Ви благодарам..
Оди во Контекст ќе ти објаснат се...треба да имаш барем основни познавања од јазикот, освен ако не работиш нешто земјоделие. И за собарка мора да имаш познавања од германскиот јазик. За пари рачунај ќе ти требаат за посредување, за пат, за ќирија таму. Инаку јас лично не сум одела и не би одела никогаш преку агенција, ама доста мои поранешни колеги од факултет одеа преку таа агенција и беа задоволни.
Вкупно сите трошоци рачунајќи агенција, превоз, кирија за прв месец, пари за трошоци додека стигне првата плата ќе ти бидат потребни од 800 до 1000 евра. Еден работен саат се плаќа 8.5 еур, во кои има данок, а за тебе чисти се 7.07 еур. Платата се движи од 1.000 до 1.400еур, зависно од тоа колку саати ќе ти даваат. Основно ниво на јазикот секаде е потребно. Како инаку ќе се разбираш со работодавачот или муштериите? Избегнувај да работиш на автопат и железничка зошто ќе треба да се утепаш (бувално) од работа, а како за прво одење не ти е потребно тоа. Во мало градче според мене е најдобро како за прв пат.
Аха..ти благодарам..:/ ама незнам дали ќе можам да го научам јазикот тежок е..ќе видам шо ќе направам..
Dali nekoj ima podnesuvano baranje za rabotna viza vo germanija so mak pasos? ili dali ima zakazuvano termin za vo ambasada? i kako odi procedurata? od koga ke se javis po kolku vreme ti zakazuvaat termin? itn... ???
Јас го чекам договорот за работа да ми стигне, па ќе закажувам термин. Знам дека за работна виза треба да имаш веќе договор потпишан со некоја компанија. И знам дека за да ја добиеш визата треба профилот во договорот да биде еден од оние кои се на листата на Германија како дефицитарни кадри. А и мене ме интересира како оди со термини и за колку време обично закажуваат.