Најчесто прашуваат дали знаеш германски доколку да,колку време имаш учено,што студираш,зошто сакаш да одиш во Германија,кај би сакала да работиш дали гастрономија или во хотел,најчесто прашањата се од тој тип
Здраво, дали има некој некакви искуства со агенцијата Венера Кемаловски во Штип ако може да споделите искуства??
Здраво, дали некој беше на интервју за познавања на германски јазик оваа година во Kонтехт и како поминавте? Кои прашања ви беа поставени, односно колку познавања се потребни од јазикот? Дали доколку не се задоволни од познавањето на јазик на интервјуто даваат повторно шанса откако ке се потрудиш да научиш повеќе гермаски јазик? Колку изнесува цената на интервју, дали се одвива исклучиво во Скопје или може и на Scype? Ви благодарам!
со мк пасош можеш 3 месеца да работиш, а за 6 месеци ти е со виза, али тешко дека некој ќе се нафани да ти направи, бидејќи за работодавците е многу процедура да направат така да освен да се омажиш и бг пасош друго чаре нема......
Здраво сакам да одам другото лето во Германија но прв пат и кои градови ми ги препорачувате?Дали во помали градови е подобро како за прв пат?И не познавам некој кој ќе оди другото лето. Доколку некој сака да работи може да пише да се искомбинираме. Ви благодарам
Интервјутоо се врши исклучиво во Контекст, мора да аплицираш онлајн прво за да закажеш термин кога да отидеш на интервју. Е сеа, прашањата се основни, како се викаш, кога си родена, колку години имаш, шо студираш, зошто сакаш да одиш во Германија и слично