1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа во Германија

Дискусија во 'Барање работа' започната од happygirl, 3 ноември 2011.

  1. one_girl

    one_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2015
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае како оди осигурувањето кога работиш во Германија? Дали ако сум осигурана таму, тоа има врска и со осигурувањето во Македонија? Заинтересирана сум да најдам работа преку Венера Кемаловски, но земаме семејна пензија бидејќи татко ми е починат, а мајка ми нема 50 години и не смеам да бидам осигурана како работник зашто ќе ни ја скратат пензијата. Студент сум и треба да носам потврда за да продолжи пензијата. Дали ако работам во странство тоа ќе влијае врз пензијата? Ве молам ако знае некој нешто повеќе за ова нека ми каже
     
  2. Mracna

    Mracna Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    112
  3. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.849
    Здраво, дали некој ќе сака да ми каже од студентите, во Контекст, за работа во Германија, на интервјуто кои прашања ги поставуваат?
     
  4. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.849
    Здраво, дали некој ќе сака да ми каже од студентите, во Контекст, за работа во Германија, на интервјуто кои прашања ги поставуваат? читав погоре.. но сакам да знам дали освен претставување и зошто сакаш да раб. во герм. и искуство...дали друго прашуваат?
     
  5. prilep4anec

    prilep4anec Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2016
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Машки
    aha plakaat raduvajtese taja e cenata od sat sakas 2h raboti sakas 15 isto 8.6
     
  6. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Здр ме интересира дали има работни позиции за интернационални работници? Односно дали има алтернатива во Германија нешто да работиш а да знаеш само англиски јазик? И ако има, какви работни места се нудат?
     
  7. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Дечки слушнав дека фирми прават работна дозвола со мк пасош во Германија без да се оди кај нас во амбасада? и тоа дури и за градежни работници, чистачи...такви некои струки. Има некој слушнато?
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    Сега кога прашував за продолжување на визата ми рекоа дека лично присуство е задолжително..
    Што значи откако ќе ти ги средат документите таму, мораш во амбасада да одиш по виза.

    А зошто не би одел? Што има страшно во тоа хмм
     
    На Tajnaotrovna, Aleksandar1212 и Petar80 им се допаѓа ова.
  9. tomtom

    tomtom Нов член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Пошо веќе имаш искуство доколку сакаш да ми помогнеш со еден одговор.

    Сам аплицирав за работа во Германија, работодавецот ги прати моите документи ЗАВ за одобрување. Одобрени ми се документите и веќе пратени кон Македонија ... препорачано писмо. Имам закажано интервју во амбасада на 25 Октомври. Откако ке ги предадам сите документи колку време ке чекам за добивање на визата?

    Ти благодарам однапред
     
  10. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    12.567
    Пол:
    Женски
    Ај ако сака некој да ми пише ЛП што знае за аплицирање за работа во Германија доколку не си студент, да ми објасни убаво, имам неколку прашања :$
     
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    Имам пишувано погоре :)
    Ако ти се ок документите за ден -два. Освен ако не те стават на список да те прочешлаат убаво :D па да те фати недела дена... ама не верувам штом ти се одобрени од Зав

    Да те прашам сега јас нешто...ако сакаш да ми одговориш.
    Една пријателка сака да си ја проба среќата, па ме интересира дали сместување ти обезбедува работодавецот?!
    Со мене на интервју имаше девојка на која и бараа документ да потврди дека има изнајмено стан/соба бидејќи работодавецот не обезбедувал (дом за стари лица)..
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. irina.007

    irina.007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    76
    Ретко кој работодавач ти обезбедува стан , станот може да го најдеш и откако ќе заминеш во Германија , во меѓувреме некој ден во хостел на пример можеш да останеш.
    Што се однесува до Контекст агенцијата некој погоре има прашано, агенцијата е сигурна а вработените буквално за се помагаат. Што се однесува до интервјуто мора да знаеш нешто германски , во агенцијата е малку полесно , со работодавач за ниво потешко .
     
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    Види.. не е исто да бараш работа како студент по Мек доналси, бургер кинговци и слични на нив и да бараш работа по струка и тоа не како студент..
    За одредени позиции(и типови визи) бараат многу повеќе него ли за овие погоре споменатите. Бараат Bulats тест на ниво Б2 или повисоко и TestDaf не поминува како тест за Б2..
    Одредени позиции бараат и апробација па постапката трае со месеци..
    Контекст до пред некое време работеше само со студенти, од 01.01 кога се воведоа визните промени изникнаа еден куп "агенции" ...
    Од сите нив ќе излезат дел задоволни дел незадоволни клиенти.. Ако кажам дека на комшивка моја и цела група што беа на исто место Контекст и го направи пекол летото пред некоја година, нема да веруваш, ама твое право е. Мнозинството се задоволни, една ластовица пролет не прави. Затоа и јас не ги оцрнувам, напротив мислам дека се ок како агенција а лоши дешавки секогаш имало и ќе има..


    P.S...голем дел од работодавците им обезбедуваат сместување на студентите.. ама скоро никој не се нафаќа на истото кога станува збор за долгорочно вработување.
    Но ако вредиш, германецот знае да те задржи дури и да ги задоволи твоите потреби и побарувања

    Во мојот договор имаше член за сместувањето и во тие 3мин интервју ме прашаа во амбасада, ме праша и за конкретна адреса..не навлегуваа во детали, туку - аха, сместување обезбедено, во ред, адреса? Таа и таа.. добро..
     
    Последна измена: 16 септември 2016
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ElenaD1

    ElenaD1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2016
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,

    Сакам да ве прашам дали освен Контекст и Венера постои друга агенција за работа во Германија

    Јас бев како студент преку Венера, не сме воопшто задоволни, дури сме и разочарани, внимавајте ако аплицирате таму особено на договори, искрено не верувам и дека тоа е лиценцирана агенција за работа.

    Преку Контекст беа неколку мои познаници, некои се презадоволни, има и други со лоши коментари.

    Сега засега планирам да аплицирам преку Контекст, но во моментот немале позиции би сакала да ве замолам доколку знаете за некоја друга агенција пишете овде или во порака.

    Дали некој може да ми помогне за вракање на данок од Германија

    Ви благодарам
     
    На Tajnaotrovna и Dust им се допаѓа ова.
  15. Nita:*

    Nita:* Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    1
    Здраво! Дали некој од вас е бил за Германија летото преку агенците Венера и Контехт да сподели искуство, дали сте задоволни од агенцитее ???
     
  16. ElenaD1

    ElenaD1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2016
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Преку Венера еднаш и никогаш повеќе, сега почнав процедура преку Контекст па ќе ви пишам какво искуство ќе имам со нив, инаку во порака добив дека има и друга агенција која работи со Германија, но ќе почнела официјално од следен месец(некакви лиценци чекале), мене тоа ми е мн чекање и аплицирав во Контекст па чекам позиција од нив.
    Јас сум зачленета во овој форум само за оваа група, и се радувам на секој пост, ги имам исчитано буквално сите, знам дека мојата иднина е во Германија. Ви посакувам мн среќа на сите кои аплицирате и чекате договори, визи или слично. Ќе ве известам како ќе се заврши мојата апликација.
     
    На Tajnaotrovna, ceca-1 и Dust им се допаѓа ова.
  17. tomtom

    tomtom Нов член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Извини што доцнам со одговорот,

    работодавецотми понудисестување за некоја симболична цена од 220 евра месечно, без обврзување да потписувам некакви договори со тоа што доколку си најдам нешто што ми се допага можам веднаш да го сменам.
     
    На Dust и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  18. hekipoki

    hekipoki Нов член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дечки дали знае некој да ми одговори кога точно можам пак да влезам во Германија без виза.. Работев таму од 16ти јуни до 11ти септември, тоа се 88 дена.. Сакам повторно да одам во Декември на гости, но не знам од кој датум точно можам да влезам..
     
  19. Jule:)

    Jule:) Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Mislam kolku sto si bila tamu denovi moras tuka vo mk isto za sekoj slucaj prasaj vo Germ ambasada
     
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    90 дена можеш да седиш, проследени со 90 дена во МК

    @hekipoki
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.