И јас исто така сакав да аплицирам преку оваа агенција,има некој што мозе да ми кази како оди целата процедура,кога се уплакаат парите значи пред да ти казат дека ја добиваш работата или од кога ке ја добиеш работа уплакаш(тоа е многу битно оти што ако уплатиш пари а на крајот нема да ја добиеш работата,дали парите се повратни?);и би сакала да знам дали оваа агенција нуди и други понуди освен за келенрки?
Како што кажав , тоа го прочитав овде http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=387920, немам лично искуство со агенцијата или некој познат кој е изигран, само не ми се допаѓа давање пари однапред за нешто што не го знаеш и во туѓа земја а поебно Грција. Не верувам дека ќе ти даде фискална за 100 -те евра. Сите ние што сакаме да одиме во Грција леово на работа да пробаме сами да си помогнеме, еве на пример за почеток со постирање на линкови со објави за работа во Грција. Еве јас ќе започнам со овој: http://www.greeka.com/greece/greece-jobs.htm
леле ме загриживте со ова од реклама5 зашто само оваа агенција слушнав за годинава дека нуди за во грција работа, и сакав преку неа да идам... али со ова незнам со да правам
Џебе ви се мејлови до хотели и огласи, без бугарски пасош ништо не правите. Последниве два месеци имам пратено преку 200 мејла и позитивен повратен одговор не добив. Така да баталете преку нет, само на лице место.
во грција имам одено две години по ред со родителите приватно на едно островче во близина на сан торини, се вика иос. планирам да одам и годинава. на почетокот се мислев дали да одам поради проблемите во атина но ми кажаа дека заинтересираноста за тој остров годинава била голема и се решив конечно преубаво е местото и за работа и за одмор.
еии што така? од што поточно не си задоволна? мене супер ми беше, годинава ќе одам пак. ми недостига островчето многу
еии што така? од што поточно не си задоволна? мене супер ми беше, годинава ќе одам пак. ми недостига островчето многу [/quot малце офф ќе отидам,цени за смештај на Иос? има ли преку некоја агенција или у сопствена резија? е да и плус дали е островцето за млади,постари или како?
Барам друштво за работа во Грција Сакам да прошетам до Грција летово и во меѓувреме да побарам работа, но никој од другарите и другарките не сака да остане и да бара работа! Има ли некој кој сака да се дружиме и да најдеме работа за летниов период, јуни-септември? Поздрав ПС: Не ми се дава пари на агенцииве,некако не ми се сигурни
Барам друштво за работа во Грција barem vo grcija mozte da se snajdete samo vi treba malo poznavanje od angliski imate ceni vo lidal slicni na onie kako i vo nasite prodavnici pozz
а зошто баш во грција?!една моја роднина одеше во црна гора за работа за собарка и земаше по 300-400 евра плата.одеше преку агенција и не плати многу,мислам дека пеестина евра или така некако.работеше по 8 сати а останатото време си одеше на плажа барем ке знајш колку време ке работиш и си имаш фиксна плата.таа беше многу задоволна.а грците се гнаси.ем ке те малтретира по цел ден ем ке се прави на мутав за платата.и јас сакам да одам да работам ама ке видам
мене ми е потребн аработа за да продолжам со факултето т.е мастер студии! некој ако знае некоа агенција или сл нека ми пише во пп!! благодарам!!!
Ке те замолам ако може да ја пишеш агенцијата преку која била братучетка ми, затоашто јас мн сакам да oдам да работам во црна гора ама неможам да најдам или тие што ќе ги најдам ми се некако несигурни
а некој да каже нешто за островиве, скијатос на пример е убаво... мислите дека мозе да се заработи ? а и ова кризава со им е у грција некако
Внимавајте со агенциите,прво убаво и сигурно си проверете кај ке одите.Вчера слушнав еден муабет поврзано за работа во грција,па подобро да ви пишам да бидете претпазливи. Точно е дека се оди на работа во хотел и сл.но подоцна ги уценувале девојките да работат по пониска плата од договорената а на некои и да даваат сексуални услуги. Таа агенција е од Скопје и колку што разбрав таткото на едно девојче ги пријавил кога видел за што се работи. Е сега немојте да ме сватите погрешно дека ве разубедувам или слично,секој си знае за себе,едноставно слушнав и сакав да ви кажам. Поздрав!
И ете уште ова фалеше ...дајте луѓе , знае ли некој некоја сигурна агенција, што бил преку истата , да ни каже нешто повеќе...драга Mermaid90,дај те молам кажи ни која агенција е таа , кога веќе ја знаеш, и други девојки можеш да спасиш да куртулат од таа беља, има луѓе кои сакаат само чесно да работат таму , зошто и тие да бидат изгорени, и така форумов е анонимен,можеш добрина голема да направиш.поздравче до сите феминки....