1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлика помеѓу девојка за една ноќ и девојка за озбилно

Дискусија во 'Сингл' започната од MaceMacee, 22 ноември 2014.

  1. MaceMacee

    MaceMacee Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    нека има машко мислење на оваа тема баш би ме интересирало и какви девојки сакаат :D
     
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Девојка за една ноќ ја гледаш само таа ноќ, а можда и никогаш повеќе, додека девојката за озбилно ја гледаш поголемиот дел од времето и не можеш да се правиш нешто што не си пред неа, додека со првата можеш и да и глумиш додека не ја однесеш во кревет зошто нели, после тоа прашање дали ќе ја видиш пак.
     
  3. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Нема разлика....Добро има разлика одпосле, но првично кога ја запознаваш нема разлика. Освен во случаи кога знаеш дека не сакаш врска. Ама тоа нема врска со девојката што штотуку си ја запознал. Тоа е поврзано со тебе како личност и твоите потреби.
    Јас ќе си одговорам како женско. Како прашањето да е разлика помеѓу, дечко за една вечер или дечко за озбилно...
    Она што првично јас го перципирам е дечко што ми се допаѓа. Значи првично ми е физичката привлечност. Е после доаѓа муабетот што ќе ми го направи...односно колку толку да имам претстава за каков карактер се работи ...Ако муабтетот односно неговата интелигенција не се совпаѓа според мене, со мојата, се прашувам себе си, што барам од него....И ете ти го одговорот....
    Е сега ако се покаже дека муабетот држи вода, ми е интересен, и ја буди мојата љубопитност за повторно да се видам со дечкото ...ќе одржувам контакт со него. Па ќе видиме што ќе биде....Може пак ништо да не биде...
    А тоа дека јас, па и, кој и да било друг не веерувам, дека може од прва да дознае дали некој ти прави филмови или не, освен ако не се работи за некој ужасно лош лажго.
    Значи цврсто верувам дека и момчињата не се ништо поразлични од нас ...Ти даваат шанса ...Освен ако не си позната по тоа дека си само за една вечер...Или ако и сама не се претставиш како девојка за една вечер.
    Значи се е до муабетот...
     
    На crazylady и Madam-A им се допаѓа ова.
  4. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Хаха, еднаш во живот решив да пробам Ван најт стенд и таа идеја ми пропадна. Прејде во врска. Вајда таков ми е суратот 8-| Јас си викав ај на одмор сум, у мои 26 год никад не сум пробала да имам авантура...и ете го...во вторникот го испратив за дома, веќе 4 месеци сме заедно.
    Мислам дека у задње време жените почесто од мажите почнаа да бираат за една ноќ него ли самите мажи.. ние сме тие што сега ни се прај кариера и сл....може и грешам, не знам.
     
    На crazylady, okcenzi, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.208
    Допаѓања:
    124.086
    Нема некоја разлика. И двете може да се и паметни и убави и секси. Разликата е во тоа дали следниот ден некој ке има желба да продолжи или не.

    Моја теорија е дека женската не е лесна ако спиела со некој само еднаш, туку дека типот е лош во кревет, лошо бакнува, лошо се однесува или се однесува спротивно на она што замислила девојката и нормално, решила дека не сака да си губи време со него. Решила дека тој не е за неа и со отишла.

    И да имаш врска од 3 месеци, и да си го однел партнерот на клиника за преоверка на сите болести пред секс и да си го однел на психијатар за да утврдиш дали е способен за долга врска и ги поминал сите тестирања, ако е ужас во кревет, уште следниот ден се вика, ариведерчи. Или можда вториот пат, ако сакаш да му дадеш шанса да се поправи (мажите и нивните треми).

    Гледано од женска страна, разлика помеѓу маж кој ми е за една вечер или за долга врска, нема. Исто мора да се убави и паметни и секси. Само после ке размислам дали интересите, идеите и желбите ни се совпаѓаат или не. Дали патиштата ни се судираат. Не е помалку вреден оној за една ноќ, ниту нешто посупериорен од другиот. Аналогно на тоа, така треба да се гледаат и жените.
     
    На crazylady, Snowbell, Lilit и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    Здраво !!

    На мене прилично ми е сеедно дали женa ќе ми даде порано или покасно - не ми влијае врз перцепцијата на тоа дали ќе ја гледам како соодветна за врска или не.

    Никоја не се нашла за one night stand, не дека не сум пробал туку ваљда сум по биолошки несоодветен. Ми викаат луѓе дека сум доста убав, паметен, јака работа, ама имам хумор како исушен гуштер. По цел ден зборам за пневатмици и сунѓери, така да...

    Сум се помирил одамна, не се секирајте за мене ;) Во главно се снаоѓам со тоа што зимам број, па демек правам дејтови (доста ми оди на дејтови за разлика од ставање, само што не добивам многу дејтови) за да добијам нешо +

    МЕЃУТОА. Искуството во главно ми покажало дека ако некоја ми даде порано, во главно лошо завршува тој однос - таа ќе ме остави, вара, итн. итн. Ваљда таквите жени немаат страв дека ќе останат сами или слично, па на машките гледаат како на интра-променливи објекти - затоа ти дава полесно. Не кажувам дека со сите е така, туку со околу 80% од тие што даваат порано. Значи 1 у 5 од тие како вас се уствари океј цури и треба да им се даде шанса за врска. На 4 од 5 треба човек и те како да пази дека ќе заврши емоционално повреден.

    Имаше една статистика од пред некое време, која покажа дека има голема корелација помеѓу стапката на развод и бројот на сексуални партнери на жена. Погледнете ја графата:

    [​IMG]

    Кога жена ќе надмине 5 сексуални партнери, стапката за развод доаѓа на околу 70%. Веќе на над 15 партнери, стапката доаѓа на преку 80% шанса за развод. Додека таа која што се омажила за првиот, има стапка на развод од околу 20%.

    Не сум тука да солам памет или верување, па да ви викам да останете со првиот. Чисто материјал за разговор.
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.208
    Допаѓања:
    124.086
    Логика брат. Кога ке имаш секс со повеќе, знаеш дека има подобар. Кога се мажиш за едниствениот со кој си имала секс, не знаеш дека има побори, живееш во незнаење и се тешиш дека сите сексот ти е супер и дека сите сексови и со други би биле исти :)

    Ама...сексот не е основа за развод во голема мера, други работи се подобри основи и причини.
     
    На LaraSolare, okcenzi, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    Мхм, има смисла. Ваљда до кај 4-5 партнери е океј, а над таа цифра веќе влагаме во територијата на жени без способност за емоционално поврзување. Бројот на партнери е само симптом на некоја внатрешна затвореност.

    Ваљда совет за машки (ипак тоа е дел од прашањето на темата), е ако имаат доволно статус и моќ, да си дупат што било како што е, ама кога ќе дојде време за врзување (над 30 години), да си најдат некоја која што била со до 4 или 5 души. Така ем си иживеале, ем нема да завршат со жена што ќе им збори нешто го тоа што горе го пиша Cka и на крај да ги разведе и да им земе пола богатство затоа што таа има проблем со себе.

    Онака го замислувам бракот со некоја таква, "ејјј Играта, ја толку многу сум пробала така што знам дека има бољи од тебе и немој ти мене многу да ми мрчиш" Аааааааааааааааааа. Женооо, не те земав за да се карам со тебе!! Ти треба да ми бидеш темелот на бракот, треба пари да правиме, треба да живееме, да шетаме, не да се борам секој ден со твојот ID и либидо!! Бољи во тој случај ич да не ми дава, ќе си играм кантер у маало или слично.

    Тоа е ко некој да ме убедува волксваген или матиз да имам. Не брат, бољи пешки ќе одам, не го возам тоа.
     
    На ccca му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Па што знам, у мојава кариера имам чуено и за такви случаеви каде после бурната ноќ станувала врската сериозна после одредено време. Еве, познавам два пара кои токму со таков почеток имаат стапено во брак и тврдат дека се среќни. Инаку, јас искрено не би продолжувала врска после секс за еднаш.
    Ако планирам да ја терам врската за озбилно ќе чекам неколку месеци до односот, а ако ми е само за на поминување се дешавало на партнерот да му раскажам лажни приказни, да му оставам погрешен број, и неточни податоци од типот име презиме итн.
     
  10. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Не е се само до сексот, јесте дека без него не може да опстои ни една врска, но она клучното е дека доколку карактерите ви се уклопат , и ако во сексот си парирате , може да терате и на долги стази со таа личност.
    па и оној секс за една ноќ, доколку се повтори уште еднаш, сигурно ќе се повтори уште неколку пати.
    Она што е лепо се тражи пак, тако то иде.

    и точно е дека жената , (зборувам за жената зошто само со жени сум разговарала за ова) што повеќе фак френдови мењава... тоа повеќе ќе пребира во иднина.

    а мислам дека многу ретко го има тој секс САМО за ЕДНА ноќ.. секогаш има и реприза.
     
    На julie77 и Ana3567 им се допаѓа ова.
  11. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Па баш супрутно мислам. Која се омажила со првиот сака и друг да проба. А што? Ако и дознае мажот и нема да ја разведе??? Кое куче е побесно? тоа цел живот на ланец што било или тоа што правело што сака во животот??
     
    На Name, glosipgirl, LaraSolare и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Нема разлика помегу девојка за една вечер и девојка за озбилно. Не постои девојка која е специјализирана за озбилни врски, на секоја девојка може да и се случи да преовлада страста наместо разумот и да биде девојка за една вечер. Добро, можеби постојат девојки кои се баш она за озбилно, ама тоа се девојки кои не се атрактивни и кои и едвај дечко ќе си фатат а камо ли уште да ризикуваат и тој да го изгубат. Таквите девојки ќе најдат еден и ќе се закачат за него како пијавица, и не го пуштаат се до пред олтар. Многу често девојките кои се без скруполи, кои се малку послободни и влегуваат во такви еднодневни излети, ги поистоветуваат со курвите, но тоа е сосема погрешен пристап, курва е едно, а девојки кои преферираат „врски“ за една вечер нешто сосема друго.
     
    На melissa и julie77 им се допаѓа ова.
  13. MaceMacee

    MaceMacee Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    ова е случај на моја пријателка: излезе со еден дечко очекуваше повеќе од провод за една вечер таа не очекуваше дека страста ќе ја надваледее се смуваа но потоа таа очекуваше тој да ја побара но не ја побара и остана тоа на една вечер по неколку месеци тој си фате девојка и се веќе повеќе од 1 година заедно а пријателката моја сеуште не може да го забораве влегува и проверува на неговиот профил. Инаку заборавив да кажам тој ја имаше после таа вечер блокирано на фб, откако фате девојка одблокирано. Зашто? ве молам совет да и помогнам некако!!! Благодарам,однапред. :)
     
  14. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Зар е битно кој кого блокирал, одблокирал и такви глупости? Мислиш дека ако и ја разрешиш таа дилема ќе и помогнеш? Гледај да и го избиеш дечкто од глава наместо да разрешувате некои сосема непотребни трач прашања, затоа што стварно, воопшто не е битно. Била доволно непромислена за да дозволи да биде со него одма и сега и притоа да очекува иднина со него, без да знае какви се неговите планови, каков е тој, какви се околностите..

    Иначе, во нејзиниот случај најмногу може да си помогне само таа. Дури сама не посака да се оттргне од него и да се потруди да го направи тоа (на пример за почеток нема да го манијачи на facebook), ништо не прави.

    Сакала таа или не сакала, ситуацијата е таква. Ни прва ни последна со истата прича. Крај краева, нема право да очекува нешто од него, затоа што се се случило така, никој никому ништо не ветил, никој никого не излажал (барем јас така сфатив од описот твој). Не се сите толку загрижени за чувствата на другиот па да се мислат, преиспитуваат, разгледуваат, превртуваат за да дојдат до идејно решение. А и зошто би, кога таа самата се претставила како лесна девојка.. намерно или не намерно, сега нема бегање од тоа.

    Една година е долг период.. Крајно време е да се откачи од типот. Преокупација со нешто ќе и помогне, а со што јас не знам да кажам затоа што не ја познавам. Самата таа најдобро ќе знае кога ќе сфати дека сака да премине преку тоа и да продолжи, а можеби и ти знеш да и помогнеш од тој аспект. Пробај, нема кај да згрешиш.. ;)
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Разликата е: многу сексови за една вечер со иста личност во подолг временски период. :rofl: Одговоров ми е ист ко прашањево. Секад ми идела математика.. :D :D

    Жении! Ако сте немале (потреба од) секс за една вечер, пред да влезете на темава повелеле задолжителна опрема. :rofl:

    [​IMG]

    Eиии многу генерализираш. Има поемотивни типови коишто преферираат ситуации во коишто сакаат со некого да доживеат повеќе спомени, искуства, од оние поврзани со секс, не оти се очајни, неатрактивни и пред олтар ќе ги носат да не останат сами, а овие другиве саде кукли се. И потребата за таква блискост и подолги врски е исто потреба, како и потребата за еднодневни излети. Потребата да го гледаш како спие, како го пие утринското кафе се`уште разбушавен и истуткан во суратот додека се`уште зборува неповрзано, да гледате заедно филм, потребата да му ставиш насмевка на лицето кога е тажен, едноставно само да се бакнувате... и така натака. Се` е тоа потреба да се доживее нешто. Некому водењето љубов му е многу позадоволувачко искуство. Изгледот на девојката апсолутно не игра улога. Тоа ми е подеднакво погрешен и смешен аргумент како оној дека оние што имале секс за една вечер се тииит.

    Исто така, некогаш потребите се менуваат, во зависност од многу нешта, периодот, искуствата и многу други надворешни и внатрешни фактори кои во една личност влијаат врз промена на нејзините потреби. Така што овие две може да бидат и иста личност во различни околности.
     
    Последна измена: 23 ноември 2014
    На glosipgirl, Daydream и Tatjana95 им се допаѓа ова.
  16. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Колку си смешна... :rofl:
    Значи сите верни девојки и сите што не легнуваат со некого само еднаш се грди, а? :rofl:
    А нели зошто овие грдиве ризикуваат да го изгубат со изневерувањето, другиве убавиве можат што сакаат и колку сакаат.. Па после се, нели нема девојки што можат да бидат во озбилни врски, да делуваат промислено и да не му треба уште еден освен тој што го имаат... Не не, кај има такви.. :shake: Девојка што не му „дава“ на никого, ни под икс околности за една вечер? Што може да одолее на тоа искушение да спие со некој што ни го знае ни го познава, ама хормоните така и налагаат? :o Нема шанси... :rofl:

    И не мислиш дека ако се „закачени за дечкото ко пијавици“ можда го сакаат, а не се плашат дека ќе останат сами? Не ти текнува дека може и тој нив ги сака? И дека и двајцата немаат ПОТРЕБА од секс со друг/а? :) Не, а? Епа добро, очигледно.. На луѓето му е тешко да се соживеат со тоа што не го искусиле.. ;)

    Јас не се пронајдов ни во едната ни во другата од твоиве категории.. Ми остана само една дилема, во која се пронајдуваш ти, во грдиве или во лесните? Ако си во грдите, оти ги кудиш, а ако си во лесните.. пааа добро, секој мора да најде начин да се оправда пред себе си, нели... :)
     
    На glosipgirl, Daydream, Valerin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи, некогаш па како Тошка, комплимент може да си добиеш. :D

     
    На Igrata и Tatjana95 им се допаѓа ова.
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Нема разлика меѓу девојка за една ноќ и девојка за сериозна врска.
    Шармот, интелигенцијата и привлечноста можат да бидат карактеристика на секоја од нив.Изборот на начинот на живеење ги прави различни.Секоја го креира својот живот што е право на личен избор.Некоја има потреба од забава и авантура, некоја пак е сериозна и принципиелна во ставовите што не значи дека можноста за пронаоѓање на сопствените потреби и интереси е помала.
    Различните потреби да се доживеат ситуации во кои интимното искуството некоја ја прави посамоуверена не значи дека непромисленоста е нејзина одлика, туку стил на живот што треба да има некаква цел.
    Секој/а остава црти зад себе, помалку или повеќе. А што постигнува со тоа, секој/а има свој одговор што ги задоволува неговите/нејзините критериуми при избор на партнер.
     
    На bubac, julie77, macovska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Повеќето го доживеале ова,на ваков или таков начин.Најверојатно јас спаѓам во групата на една феминка горе што напиша,кај после прераснува во врска. Нешто слично и кај мене. Но имам доста добра другарка која на почетокот имаше многу лош став за ова. Но една вечер излеговме и се запознавме со едни дечки. Не беа од Мк. И муабет едно друго. Истата вечер јас која немав толку лош став за секс за една вечер,истата јас не направив ништо,се замуабетивме,додека другаркава имаше и тоа како убава вечер. Потоа некако и се допадна идејата. И се случи после тоа неколку пати. Не дека обвинувам ило осудувам.
    Но мислам дека се е со граница.
    Секако дека од прва (освен ако не си со ептен голем став дека не сакаш врска периодов ), тогаш на сам почеток не се прави анализа оваа за тоа ,оваа за тоа.
    И кој не ветува дека истата вечер нема да ви си погоди,од бакнување,секс,хемија и слично. Најбитен момент е дали и двајцата сте се чуствувале исто. (зборувам за убаво). Ако било така големи се шансите повторно да се видите.
    Но,некогаш сите сме во период кога коопнеме да имаме некој покрај себе кој не гушка и со ќе имаме повеќе од секс за една вечер. И тогаш настануваат врските.(ги искл. тука спонтаните).
    Сума сумарум,една постапка не ја прави девојката лоша.
    И не генерализирајте леле оваа вака таа така.
    Како бре маж што имал секс за една вечер е океј, а жена не?
    Тоа не така.
     
  20. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Мое мислење можеби не се разликуваат карактерно ниту по физичката атрактивност но има разлика во начинот на кој се третирани. Од девојките за една вечер се очекува само секс и ништо повеќе никој не е заинтересиран за тоа каква личност е и сл. додека девојките за озбилно се тие кои се запознават со пријатели, роднини, потоа партнерот се однесува со почит и заштитинички кон нив. Е сега има типови кои ги третираат како девојки за озбилно одредени девојчиња до моментот на добивање на секс па после тоа ги шутнуваат е тоа се кукавици кои очито имаат комплекси па сакаат само да се перчат пред другарите ја легнав и и раскинав ама тоае веќе друга тема.
     
    На Lotus-14 му/ѝ се допаѓа ова.