Раничка на грлото на матката

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Mireto, 16 ноември 2009.

  1. Mireto

    Mireto Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2009
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    15
    :( :( :( денес бев на гинеколог и ми открија раничка на грлото на матката. Гинекологот ми рече дека не е ништо опасно и прво да напрам Папаниколау тест па да видиме какви се резултатите. Секаква информација поврзана со ова ќе ми е корисна.
     
  2. angel

    angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2009
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    42
    многу ми е жал. еден мал совет: немој да читаш на интернет се и сешто пред да ти излезат резултатите од тестот. има различни стадиуми и може да прочиташ многу лоши работи што може да не важат за тебе. не си стварај нерви без потреба, може и да не е ништо страшно. почекај ги резултатите
     
  3. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    33
    Најголемиот дел од дијагностицираните „ранички“ се нешто нормално. Најчесто со терминот „раничка на грлото на матката“ се опишуваат некои варијации во развојот на лигавицата. Сама по себе оваа состојба не крие ризик ниту од рак, ниту од некои други заболоувања. Со „голо око“ може да се констатира само дали има раничка, но не може да се каже дали има промена на клетките. За да се открие тоа се прави Папаниколау тест, колпоскопија и биопсија.

    Папаниколау тест

    Прегледот треба да го направите во време кога немате менструација. Тоа е безболна процедура на земање на секрет, т.е. примерок од клетките од грлото на матката со мала шпатула или четкичка. Потоа тој секрет се испитува во лабораторија, со цел да се открие дали има некаква промена во клетките. Според класичната цитолошка класификација на Папаниколау можен е еден од следните наоди:

    Нормален наод. Тестот е негативен и не се најдени абнормални клетки. Не се потребни дополнителни третмани и испитувања до следниот гинеколошки преглед.

    Атипични сквамозни клетки. Оваа дијагноза укажува на присуство на абнормални клетки кои може да бидат резултат на инфекција, воспаление или на цервикална дисплазија. Препорака: втор ПАПА тест.

    Атипични жлездени клетки. Жлездените клетки создаваат слуз и растат во каналот на грлото на матката, како и во внатрешната слузница на матката. Препорака: дополителни испитувања.

    Ендоцервикален аденокарцином in situ. Клетките кои се со голема веројатност канцерозни се наоѓаат во жлезденото ткиво, во внатрешната половина на маткиното грло. Препорака: дополителни тестови.

    Сквамозна интраепителна лезија. Ваквиот наод покажува дека клетките видени на ПАП тестот укажуваат на преканцерозна состојба, позната како цервикална дисплазија. Препорака: дополителни дијагностички тестови.

    Според таканаречената CIN класификација, резултатите се поделени во следните групи:

    Група 1 - нормален наод;

    Група 2 – инфекција;

    Група 3:

    CIN 1 - низок степен на интраепителијална промена, лесна дисплазија само во долната третина на епителот. Препорака: повторување на тестот за неколку месеци.

    CIN 2 - висок степен на интраепителна промена, дисплазија во долната и средната третина на епителот. Препорака: дополително испитување или повторување на ПАПА тестот.

    CIN 3 - тешка дисплазија со абнормални клетки по целата висина на епителот. Неопходна е биопсија на промената.

    Ако се откриени абнормални клетки следниот чекор е колпоскопија, а потоа биопсија.
     
    На RedWine и damaskop им се допаѓа ова.
  4. Mireto

    Mireto Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2009
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    15
    Фала за информацијата денес бев на гинеколог за Папаниколау тест. Малку ми е страв ама ќе ги почекам резултатите. Се надевам не е ништо сериозно. Ќе пишам ко ќе има резулатати.
     
  5. leniang

    leniang Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Ne znam kako funkcionira, napisav veke eden odgovor, no ne go gledam na ekran. Eve povtorno. Ti sovetuvam da primenis vagitorii so propolis, ehinacea i aloe Cydonia, gi ima vo aptekite, vednas po pap testot, ako vi trebaat poveke informacii pisete mi.
     
  6. leniang

    leniang Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Imam prekrasno iskustvo klinicki dokazani za dejstvoto na ranickite na grloto na matkata.
    Eve nesto poveke:
    Препаратот содржи екстракт од прополис 5%, со повеќе од 180 идентификувани состојки, од кои повеќето се биолошки активни. Прополис, као природен антибиотик, делува активно против голем број на бактерии ( Clostridium spp., Escherihia coli, Staphylococcus spp., Streptococcus spp.), габички и вируси, а особено е значајно дејството против херпес вирусот (Herpes simplex). Антрахиноните кои ги има во алоето го помагаат ова дејство. Противвоспалителното дејство на овој препарат се должи на ефикасната комбинација на повеќе активни состојки, од кои особено значајна е фенетил естер на кафеинска киселина (CAPE) од прополисот, кој истотака има и антитуморно дејство. Противвоспалителното и антитуморно дејство на состојките од прополисот, е зголемено со идентичното дејство на состојките во алое, ехинацеа и невен. Забрзаната епителизација и зараснувањето на раните, како и учествувањето во процесот на обновувањето на оштетеното ткиво, се најважните дејства на овој препарат. Поедини состојки во прополисот имаат анестетично дејство, додека состојките на алое и невен делуваат како аналгетици (ги намалуваат болките), што може да резултира со намалување на чувството на пецкање и болка во случаи на цервицитис (воспаление на грлото на матката), вагинози, како и други воспалителни состојби пропратени со зголемен вагинален секрет (leucorrhoea).
     
  7. Dona

    Dona Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    12
    jas go imav istiot problem, mi najdoa rana na grloto na matkata i pap testot mi ispadna pozitiven so displazija od prv stepen shto znaci prvicna faza na razvoj na rak na grlo na matka. sepak so ogled na toa shto beshe vo rana faza mi napravija laserska intervencija (ti gi gorat smenetite kletki) i spored ginekologot sega za sega se e super. rabotata e shto mora cesto da se odi na ginekolog, duri i ako e nekoja devojka e se ushte nevina. ne mozeme da deluvame vo odnos na toa da ne se pojavi neshto, ama mozeme da bideme dovolno medicinski obrazovani i cesto da odime na pregledi so toa shto dokolku neshto se najde, vednash ke se spreci :)
    kako i da e, ne se sekiraj, se ke se sredi:) zadrzi go vedroto raspolozeni i optimizmot :)
     
  8. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    152
    Moram da ja popravam Dana i da vi objasnam,displazija od prv stepen ili CIN 1 znaci deka postoi promene na kletkite od lesen stepen koja nemora nikako da se intervenira osven redovni kontroli i vitamini,znaci da se ojakne imunitetot,toa ne e pocetok na karcinom,daleku e od toa,znaci redovni kontroli i vitamini,,,moze i laser ,znaci so laserot se unistuvaat tie kletki koi se promeneti najcesto pod dejstvo na virus-HPV,posle laserskiot tretman eden mesec nema seksualni odnosi ,narednite dva so prezervativ i soodvetna terapija koja e socineta od vitamini za da se zastitat oklonite kletki,I pak redovni kontrola koja posle laserot treba da e tretiot mesec,,,,,,, pozdrav
     
  9. taska

    taska Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    2
    zdravo devojki :)
    i jas go imam istiot problem . So pap test mi najdoa hpv virus i cin 1 , primav ravensara vaginaleti i beta caroten ,za imunitet , ama posle 6 meseci kontrola pak imam promena . Zemav aloe i si ubrizguvam , pijam caj od neven . Ginekologot mi zakaza da idam vo vtrnik da napravam pak briz za da napravime hpv tipizacija (znae nekoj stoe toa ?)
    i kade treba da go nosam vo sk na klinika (ja sum od kumanovo ) ? nekoj so slicno iskustvo ?
    vi blagoaram pozdrav
     
  10. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    152
    HPV tipizacija se pravi so cel da se odredi tipot na HPV virusot,postojat okolu 150tipovi na ovoj virus nekoj se visoko rizicni,onie koji mozat da predizvikaaat karcinom na grloto a ima i tipovi koi se nisko rizicni,primer sto gi predizvikuvaat kondilomite,t.e genitalnite bradavici.Tipizacija se pravi vo MANU ,ginekologot ke ti zeme briz ti mozes da go odneses vo MANU se plaka 1.500 den i za sedum rabotni dena ti e gotov,,,,POZDRAV
     
  11. ennna

    ennna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    jas imav i zin3(cervikalna intraepitalna neoplazija),toa e teska displazija za koja e neophoden hirurski zafat. pravev konizacija,zatoa od iskustvo vi kazuvam deka treba mn da se vnimava. za da ne dojdete do poseriozni situacii treba samo da go odrzite imunitetot na visoko nivo,da ne se nervirate,poredovno da posetuvate gonekolog i se razbira da imate seksualen odnos so prezervativ.
     
  12. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    152
    Tokmu taka, ojaknuvanje na imunitetot i izbegnuvanje na STRES,zatoa sto pod dejstvo na stres se namaluva krvotokot vo grloto na matkata koe moze da predizvika golemi problemi i se razbira zastiteni seksualni odnosi,,,,
     
  13. taska

    taska Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    2
    AH STRES :twisted: kako da go izbegnes :(
     
  14. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    152
    Pa polabavo gledanje na rabotite-ne stavaj se pri srce
     
  15. angel

    angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2009
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    42
    И јас имам другарка која стигна до конизација. Сега фала богу е во ред ама знам дека е многу тешко да поминеш низ сето тоа затоа што цело време бев со неа.
    Резултатите од таков тип ти носат само стрес. Но морате да бидете силни. Многу е важно да бидете посмирени и да го зајакнувате имунитетот.
    Имам читано многу за овој женски проблем и на повеќе места прочитав дека кондомот НЕ ЗАШТИТУВА од ХПВ вирусот. Тоа значи ли дека никогаш не можеме да се заштитиме?
     
  16. zobi

    zobi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    HPV e dosta zastapen virus,nazalost,no sepak koga se otkrie na vreme i redovno se kontrolira ne treba da se plasite,jas sum operirana od karcinom na matka pred pet godini,prvite tri godini bese psihicki haos,a sega koga svativ oti navremenoto lekuvanje e lek,preporacuvam redovni kontroli i hrabro.
     
  17. Mistik

    Mistik Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    21
    Pred 1 god mi otkrijaa rana na grloto na matkata..pa potoa bev na lasersko gorenje kaj dr.TASE vo BT.
    Sega seto e vo red,ranata zarasna OK.Nema komplikacii.
    Ne se sekiraj devojko!
     
  18. Amelie

    Amelie Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    3
    Vazno e sto ke pokazat rezultatite, ke bide se vo red samo treba da ne se nerviras zatoa sto sekoja stresna situacija vlijae na imunitetot. Poslusaj gi sovetite od lekar vazno e da se hranis zdravo i da vnesuvas vitamini A, C, E so Selen i Beta caroten. Nemoj da se plasis za rezultati samo hrabro, sto porano se otkrie pricinata tolku podobro. Pozdrav :|
     
  19. kleopatra11

    kleopatra11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    9
    A kje moze li nekoj da mi kaze dali tie zafati(konizacija,biopsija,lasersko goreneje i sl.) se bolni.pozzz
     
  20. Amelie

    Amelie Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    3
    Moj sovet, a i lekar sto mi ima kazano osven vo Sistina na nitu edno drugo mesto od privatnive ambulanti nemaat soodveten i specijaliziran laser za gorenje na ranicka na grloto na matkata od pricina sto e premnogu skap i pomalite ordinacii ne mozat da si go dozvolat i imaat drugi tipovi na laser nesoodveten za grloto na matkata, a za bolkata sto prasuvas sekoj individualno si ja dozivuva nemoj da razmisluvas pred vreme za toa pocekaj da vidis sto ke ti kaze tvojot maticen ginekolog. Pozdrav :*
     

Сподели ја оваа страница