Колку сте расеани? Јас сум многу. :geek: :geek: Врвот на мојата расеаност беше кога го барав ќесето по опремата за ФЗО, и ете така го отворив фрижидерот, се ѕверев во него, се додека не ми текна дека ја барам опремата. А многу често ми се случува сакајќи да земам нешто од фрижидерот одам во ВЦ-то и се мислам што требаше да правам.. ц ц ц Кога вие сте биле најрасеани досега? Спојлер Се извинувам ако веќе постои ваква тема..
Туф мислам дека од мене порасеана личност нема како мува без глава сум еден момент знам со сум сакала да направам другиот веке сум заборавила...за мене само билобил хахах
Понекогаш ми се случува да бидам расеана. На пример, барам нешто и без размислување го отварам фрижидерот, стојам неколку секунди и потоа ми текнува дека она што го барам не се наоѓа во фрижидерот.
па,богами и јас сум расеана на моменти и тоа многу...моливот го држев во рака и се дерам низ дома МОЛИИИВООООТ КААААДЕЕЕ МИИИ ЕЕЕ?! како некој орангутан звучев ...денес неможев хеланките да си ги најдам,а јас сум ги пикнала во просторчето каде што ги чувам ролките е ај сеа? и уште и се јавувам на мама:мамооооо ама хеланките неможам да ги нааајдааам...а мајка ми ги нема ни допрено хеланките,јас си го средував плакарот пред 2 дена,перната колку сум.
Многу сум расеана Сакам да си направам сендвич, ќе влезам во тоалет и ќе заборавам што сум сакала да направам а успат ќе си ја подместам косата на огледало Сендвичот може да почека додека не ми се пријаде или да ми текне што сум сакала да направам
На моменти и јас сум расеана. Еднаш мајка ми ми вели да го донесам маргаринот од фрижидерот,а јас и го носам млекото.Кога ќе ми текне се газам од смеење.
Тато ме пража да му направам чај. Јас одам во кујна, земам чоколада, се враќам по 5 минути. Тато ме прашува каде е чајот, а јас: „Кој чај?“
Aбе кажвајте вие колку сте расеани ама 10000000000000000% не сте повеќе од мене.Секој ден одам по нешто и заборавам шо треба.Кога треба да купам нешто по 1111111100000000000000 пати си го повторвам до породавницата за да ни го заборам и пак ќе заборам нешто .Вчера ми вели купи хулакопки 4 црни јас и зема 2 дим цццц.
Сестра ми ме прати да земам крпа и сапун од вц,јас отидов го земав сапунот отворив прозор и отидов доле..И таа ме прашува,а крпата , а јас и крпа требаше.??? А еднаш отидов до продавница и требаше да купам леб,кисело млеко,чоколада и сок.Кога отидов таму заборавив на се и се врткав 2 саати за да ми текне
Врв на расеаност е кога ја раштимуваш гитарата наместо басот,и после двете ги враќаш во првобитно стање...за на крај да ти текне дека требало да учиш Holy wars да ја свириш.
-јас сум ептен расеана другарките нешто си зборат таму а јас на сосем трета страна сум забајдена, ко од небо падната (а уствари сум под седмо небо ) -ако ме пратиш на дуќан да земам нешто ќе треба два пати да отидам дека од прв пат не се памти по што си отишоллл КОЈ НЕМА ВО ГЛАВАТА - ИМА ВО НОЗЕТЕ (јассс ) -а врв ми е на школото на тестот наместо своето име да го напишам името на школото после класот ми се смееше ама со правоо..
Телефонот во рака, а јас паничам, викам, го барам на сите страни.. Еднаш со другарка ми бевме во вц, а со нас карминот од друго девојче. И дур се мочавме, го ставивме во џебот од кошулата на другарка ми. Леле едни паники.. Девојчето многу си го сакаше карминот.. Паники, паники, ја викнавме надвор и кажавме дека сме го изгубиле, дека ни е жал и дека ист ќе и купиме. И после 2 саати, се појави карминот од џебот..
Ми се дешавало многу пати упорно да барам нешто, кое е тука негде до мене, а јас не го регистрирам и упорно барам. Или, да појдам во друга соба за да земам нешто и кога ќе влезам, заборавам за што сум тргнала да земам.