@Petra777 Баш сакав да прашам и како си задоволна од истата, покрај што истото го праша @oblace1, да не биде портокалово И колку темно испаѓа?
Значи ни една крема не е како сонце ,факт Јас и онака кога ќе се исончам имам бронзен тен амаа по жолтеникав од другите. Флеки не остава , треба добро да се нанесе. Маана ете околу рацете и ноктите ,меѓу прстите се познаваат линии. За неколку дена ќе се изедначат ,не е страшно тоа. Исто и кога се отсранува бојата ,си паѓаа рамномерно. @Summerlover зависи колку пати ќе нанесеш,4 е веќе премногу мислам.
@oblace1 & @Summerlover, да ви доловам од прилика каква боја ама не ми текна пред да сликнам... За нијанса посветлаа ете сум , камерава малце затемнела . Инаку природно не сум бела мн , ама од едно мачкаање еве. п.с од каамерава испаднало од светлината шарно.
Иако бев скептик за спрејчево дека може да направи чуда, го променив мислењето. Мислам дека е најдобро нешто што сум го користела до сега. Случајно пребарував во темата за дезодоранси и видов дека една членка ептен го пофали спрејов. Следниот ден кога се шприцнав од Давот и пробав да се избришам за да не ми се познава белиот прав се шокирав. Прстите со сапун и топла вода не можев да ги измијам. Ми „пукна филмот“ и се решив да го купам и пробам. Кога прв пат го мириснав мислев дека синусите ми ги отвори, многу ми беше јак мирисот. Но по некое време не можев да му се изнадивам бидејќи не е како другите спрејови. Буквално како билки да мачкам под пазуви. Кога ќе се прснам мислам дека белите дробови ми се отвараат. Нема боја и не остава траги на облеката. Пред некој ден носев црна кошула на +30 степени и трчав по шалтери, кога се вратив дома не мирисав на пот. Апсолутно ништо. Дефинитивно ќе продолжам да го користам, ова ми е откритие на векот. Единствено негативно нешто е што содржи алкохол, набрзина на суво морав да се избричам и кога ставив од спрејот имав црвенила како на пегла да сум се изгорела. Ова ми е памет за друг пат.
Еве и јас да пофалам нешто од ДМ. Balea Micellar Wipes Makeup Remover ептен ми се погодија. Имам сува/чуствителна кожа И Бидејќи не сакам да се замрам со млека за чистење, па тупфери или памукчиња, па миење, ова е прекрасно. Целосно ја вади шминката, а лицето ми е свежо и хидрирано... како да има некаков афтер ефект. Супер за користење и повеќе пати во денот, а и цената е достапна за сите. Единствена маана е што има лепенка која после некое време не лепи и ако ги заборавите подолго време влажните марамчиња ќе се исушат.
мал пријателски совет никогаш ама никогаш да не ставаш деодоранс по бричење. Никаков деодоранс дури и најнежниот дури и оној на кој пишува може веднаш по депилација. Бричи се навечер пред легнување и испрскај дури наутро. Поздрав.
Одамна не го имам видено (не знам дали го носат сеуште), јас го имав купено, околу 140 денари беше, ама воопшто не даваше гел-изглед. Изгледаше како да имам обичен гел лак, ама во два слоја. Го дадов и на другарки од мерак да го пробаат, ама никоја не беше задоволна дека е нешто посебен. Како обичен гел лак беше супер, ама не даваше никаков гел изглед.
@koritsaki Мислам дека ти имаше земено мицеларна вода ByPhasse, се утепав од барање на сликата и не можам да ја најдам. Ме интересира како си задоволна од нејзе? Зашто го имам јас тоникот и засега задоволна сум..
@Antolinaa , да јас ја користев мицеларната вода на Byphasse , но не бев задоволна зашто тешко ја вадеше шминката , поготово маскарата. Требаше милион памукчиња да потрошам и поради тоа што постојано ставав се потроши многу брзо водата. Цената е ок , но ме нервираше секогаш кога ги чистев очите мораше да има останато маскара на трепките. барем ова е моето мислење , ти ако сакаш можеш да ја пробаш
Intensive Repair Avocado Cream Од времево кожата ми е многу, многу сува па ја земав кремава за лице. Лицето после еден ден ми се направи лом, ама за секој случај ја користев уште два-три дена за да се убедам дека е од неа. Ми беше жал да ја фрлам, па почнав да ја користам како крема за раце и кожата на рацете почна да ми се лупи. Исто така ја користев неколку дена, а откако ја заменив со друга, кожата бргу ми се врати во нормала. Дефинитивно има нешто што воопшто не ми одговара, така да повторно од оваа колекција не би купила.
Производите беа дел од божиќното пакетче со продукти кои беа изненадување. Најпрво да нагласам дека имам многу сува и осетлива кожа која многу лесна реагира на најразлични препарати, независно декоративни или препаративни, во вид на иритација, црвенило, првутење, печење... Ќе започнам со овие падс за подочњаци. За прв пат ги видов во кутијата, за чудо во дм маркетот ги немав предходно сретнато. Ги нанесов на предходно исчистено лице и ги оставив да делуваат околу 15 минути. Досега ги имам два пати употребено и резултатот беше идентичен. Кожата добро ми реагираше на истите, се чуствуваше свежа и го почуствував оној ефект на ладење. Немам подочњаци па не би можела да кажам како влијаат на истите, но за уморни денови како дел од неделната рутина за нега и опуштање одлично ми дојдоа. Би ги купила повторно. Пената исто за прв пат ја видов во пакетчето. Ј ас сум љубител на ванила, кокос, карамел...па беше мал предизвик оваа арома. Позитивно изненадена и позитивна отцена. Освежително и пријатно. Можеби како негативно би било што треба малку повеќе сила за да се притисне копчето за да испадне пената, но од друга страна подобро така. Во спротивно непотребно премногу пена би се испумпувала. Можеби беше и до конкретниот производ, не значи дека е правило, но не е нешто страшно. Пената конкретно е прекрасна. Густа и со малку може да се помине голема површина од телото. Кога ја нанесував на нозете помислив дека за оние кои користат брич би била идеална. Би ја набавила повторно, само од раздозналост со друг мирис. Сунѓерчето за лице е од зелен чај. Набавив две различни за лице и едно за тело, но другите сеуште не ми се испробани. Доброто е што може да се користи неколку месеци, но искуството ми е после 2 недели употреба, не би можела да кажам каков би бил ефектот на подолг временски период. Потребно е да се накваси во млака вода пред секоја употреба, а после истата да се исплакне и да се остави да се исуши. Повторно го нанесував на лицето на предходно исчистена кожа и чекав убаво да се упие пред да нанесам некаков вид на хидратантна крема. Конкретно за ефектот би рекла дека е позитивен. Чуствував како слој од некоја мекост, нежност, свежина и блага хидратација кога го плакнам лицето со него. Најважно дека е прилагодена за лица со остелива кожа и не суши. Се добива посакуваниот ефект на свежина. Се на се, задоволна од сите три.
1. Алверде дневен крем за лице Perfectеr tеint Има ситни светкави честички што даваат свеж изглед на лицето. Солидна крема, но не ми дава онолку хидратација колку што сакам за овој период од годината. И малку потешко се упива од други креми на Алверде што сум ги користела. Но сепак ќе ја дотрошам, не сум толку незадоволна. Во комбинација со маски и сл. е ок. 2.Алверде маска за лице од дива роза Кога веќе сум кај маските, долго време го заобиколував чудово и се чудам зошто толку време ми требало да го пробам, особено кога сум многу задоволна од кемата од истата линија. Топло препорачувам затоа што е одлична маска за евтини пари. Јас конкретно ја користам навече, подебел слој него крема што би ставила и постепено ја втривам во лице. Ако има потреба вишокот го бришам со туфер. Кога ќе станам лицето ми е стакло, меко и хидрирано. Една половина од маската ја користев за 4-5 пати, но ја чував убаво затворена со штипка, зошто ми беше шубе. 3. Алверде шампон и регенеатор 2во1 Ова е дефинитивно еден од најужасните производи од Алверде, а и општо што сум ги користела. Го земав за кога одам на пат од работа да не м‘кнам триста работи, ама многу гадно се зафркнав. Среќа во хотелот што имаше понормален шампон, инаку како избезумена ќе трчав да купувам. Косата ми ја направи сплескана, одвратна, како мрсна и немиена, а да е уште потрагично пред да ја измијам не изгледаше воопшто лошо. Ужас на векот! 4. Алверде пудра во прав Ја земав потемната нијанса. Пудрата е супер, многу е нежна и како кадифено го прави лицето. Има средна покривност и супер си ја врши работата. Бонус момент - има преубав мирис. Препорачувам.
Колекцијата на Балеа за сува и осетлива кожа. Пријатниот и нежен и нежен мирис беше првото кое го почуствував при користењето на оваа колекција и би дала позитивна отцена за истото. Најпрво ќе започнам со пената. Едноставно и практично паковање при што со лесно испумпување добив солидно количесто од истата. Немам замерка во однос на конзистенцијата на пената. Лесно се нанесуваше и при тоа добив пријатно чуство на нежност и нега. Кога го користев како дел од утринскиот ритуал за миење на лице без нанесување на очи впечатокот беше одличен. Како дел од вечерниот ритуал, при што требаше да отстранам дел од нежната шминка почуствував благо печење кај очите. Потребно беше и да продолжам со вториот продукт од оваа линија, односно водата за чистење на лицето за целосно отстранување на шминката. Со вториот продукт од оваа серија впечетокот е сличен како и со првиот. Пријатен и нежен мирис. Како дел од секојдневната нега за миење на лицето одличен впечаток, а при вадење на шминка одлично засилување кон пената за целосно отстранување на истата. Повторно кај делот со очите осетив благо минимално пецкање. После користење на двата продукти кожата ја осеќав свежа, негувана и немав никаква иритација, првутење, цренила или сл.. Моја препорака би било за оние со сува кожа, но не и за оние со преосетлива, во кои на жалост спаѓам и јас. Додатна крема за хидратација секако само позитивно ќе влијае на општиот впечаток. Кремата за миење ја имам користено многу одамна. Во сеќавање ми е останат сличен впачаток како предходните два производи. Нежен мирис, пријатно чуство, кремаста структура со гранули низ кремата. Препораката би била иста, сува, можеби и нормална кожа но не и за осетлива. Впечатокот поделен. Уште еден продукт од колекцијата на Балеа за нега на стапала. Прекрасен освежителен мирис. Кремаста и лесна конзистенција со ситни плавки гранули кои изгледаат одлично не само визуелно туку и даваат пријатно чуство при нанесување на кожата. Не е премногу масно и не е потребно долг период да се упие. Го препорачувам.
Ja stavam pred da si legnam zatoa sto togas kozata najubavo apsorbira. Muskulaturata e opustena i se vpivaat sostojkite i vo podkabokite sloevi. Inaku ja nanesuvam kako sto objasniv pogore. Stavam pogolemo kolicestvo nego li sto bi stavila krema i go vtrivam vo liceto. Se sto nema da se upie posle 15-20 min brisam so tufer. Inaku bas super sto ti se pogodila pisi podetalno impresii ako e te mrzi : )))
Не бев сигурна и ја ставив сега, маска на коса, маска на лице, маска на раце, ко за први април сум. Следен пат ќе ја нанесам како тебе пред спиење. Мене и соодветната ваква крема за лице ми одговараше ама мирисот не го поднесувам.
Во недела и јас не сум за пред луѓе Тогаш имам најмногу време за тинтрање. Не е грешка ни преку ден да се стави, ама вака јас најубаво осеќам резултати. Наутро стварно премеко ми е лицето. Нахрането, сјае буквално, а не осеќам вишок маснотија. Обично си имам правило маските што се за потхранување и што не ги одмивам одат навечер, а преку ден обично ставам маски за чистење и сл. Иако секоја кожа, различна приказна си е.
Здраво на двете, сакам да ви дадам еден интересен предлог во врска со маскава. Во Рим редовно одев на третмани во центарот на Др. Хаушка и една од двете естетисти ми кажа дека зимно време или ако имаш посува кожа, слободно може да се користи маската на Др. Хаушка месец дена мал слој пред да се нанесе дневниот крем на убаво исчистено лице. Го пробав тоа и навистина кожата ми беше фантастична (ја користев маската за обновубање и кремот од рози). Оваа маска на Алверде има слична структура (ја имам пробано) а и слична база (секако не се исти Хаушка има еден куп други екстракти). Она што сакам да ви го предложам е да ја користите секојдневно ептен мал слој наутро пред да нанесете дневен крем во рок од месец дена. Сами ќе забележите огромна разлика. Откако ќе поминат месец дена користете ја само како маска еднаш неделно. Пишете ми како ја чувствувате кожата. Поздрав и добра ноќ. п.с. инаку и јас во недела сум со сите маски на мене