Рецепти за бебешка храна

Дискусија во 'Бебе' започната од Rossana, 8 мај 2010.

  1. Rossana

    Rossana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    31
    Како што гледам на овој форум има и мајки, ајде овде да си пишуваме рецепти за нашите нЕве јас ке поставам неколку кашички од мојата архива па се надевам дека ке ви послужат. Повелете и вие ставете некои рецепти па да го збогатиме менито.
     
    На TIGARCE86 и Jakova им се допаѓа ова.
  2. Rossana

    Rossana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    31
    Млечни каши


    Млечна каша со оризови снегулки


    Потребно: 220 мл. млеко, 1 кафена лажичка шеќер, 6 супени лажици оризови снегулки.

    Подготовка: Млекото и шеќерот се варат се додека не зоврие. Штом зоврие се трга на страна, малку да се излади и се прелеваат оризовите снегулки. Се меша убаво за да се добие еднолична смеса без грутчиња.



    Млечна каша со пченкарно брашно

    Потребно: 200 мл.млеко, 4 кафени лажички пченкарно брашно, 2 кафени лажички шеќер.

    Подготовка: Млекото со шеќерот се мешаат и се варат. Во подлабока чинија растворете го пченкарното брашно со млеко. Кога млекото што се вари ќе зоврие постепено му се додава раствореното пченкарно брашно. Постојано се меша за да нема грутчиња. Се вари 15-тина минути.



    Млечна каша со ориз

    Потребно: 220-250 мл. млеко, 2 супени лажици ориз.

    Подготовка: Млекото се става да се вари. Кога ќе врие му се додава измиениот ориз. Со постојано мешање, на умерена температура, оставете оризот да се вари. Штом ќе омекне, се трга на страна. Оставете да се олади, испасирајте..
    Наместо оризови зрна, може да користите мелен ориз.



    Млечна каша со бисквити


    Потребно: 200 мл.млеко, 4-5 супени лажици мелени бисквити.
    Подготовка: Млекото се вари до зовривање. Со зовриеното млеко се прелеваат бисквитите. Убаво се меша. Оставете да се олади.



    Млечна каша со гриз

    Потребно: 250 мл. млеко, 4 кафени лажички пченкарен гриз, 2 кафени лажички шеќер.

    Подготовка: пченкарниот гриз се размешува со дел од млекото. Млекото со шеќерот се вари. Кога ќе зоврие постепено, со постојано мешање се додава разматениот пченкарен гриз. Со постојано мешање гризот се вари 15 мин. на умерена температура. Пред крај на варењето може да се додаде чоколадо во прав или ситно сецкано суво грозје претходно омекнато во млеко.
     
    На gelkaa, gorda и babyAngela им се допаѓа ова.
  3. Rossana

    Rossana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    31
    ЗЕЛЕНЧУКОВИ КАШИ

    Каша од морков и ориз

    Потребно: 50 гр. морков, 1 лажици ориз, 100 мл. млеко, 1 лажичка масло (5 мл.)

    Подготовка: Морковот се мие, се лупи, се сецка на кругчиња и со оризот се ставаат во врела вода да се вари. Кога ќе омекнат целосно, се додава млекото и маслото. Се вари уште 3-5мин. Се пасира или миксира, за поголемо доенче се ситни со вилушка.
    Оваа каша може да се приготви со ориз наместо со пченкарен гриз. Во тој случај на полусварениот морков се додава пченкарниот гриз и се вари уште 10-15мин. со постојано мешање.
    Може да комбинирате со мелено месо, бела риба или тврдо варена жолчка во зависност од возраста на доенчето.

    Каша од спанаќ или блитва


    Подготовка: 50 гр. спанаќ, 1лажица оризови снегулки или пченкарно брашно, 100 мл. млеко, 1мало лажиче маслиново масло.

    Подготовка: Спанаќот се чисти од рачките и се мие под млаз вода. Оставете да одстои 20-30мин. во вода со сол или лимонов сок, за поубаво да се измие од нечистотии. Се плакне и се става да се вари во врела вода. Кога ќе падне на дното тогаш е сварен. Се цеди, се пасира, се додава млекото и маслото или маргаринот и се вари уште малку на умерена температура. За да се згусне се додаваат оризовите снегулки.
    Доколку го подготвувате со пченкарно брашно тогаш оставете да се вари уште 10-15 мин. со повремено мешање.
    За постари доенчиња може да се додаде мелено месо, бела риба, жолчка или џигер.

    Каша од карфиол

    Потребно: 70 гр. карфиол, 1 кафена лажица ориз, 1 кафена лажица масло или маргарин.

    Подготовка: Карфиолот се мие, се разделува на поситни парчиња и се става да се вари во врела вода. Кога малку ќе омекне, се додава измиениот ориз и се остава да вари поклопено на умерена температура. Штом ќе се свари, се цеди од водата, се додава млекото и маслото и се вари уште 3 мин.
    Може да се дополни со месо, бела риба или тврдо варена жолчка, при што се изостава млекото.

    Каша од тиквичка со ориз

    Потребно: 80 гр. тиквичка, 1кафена лажичка ориз или пченкарен гриз, 100 мл. млеко 1 кафена лажичка масло или маргарин.

    Подготовка:Тиквичката се лупи, се сецка на ситни коцки и се вари на умерена температура. Кога ќе омекне малку, се додава оризот или пченкарниот гриз. Пред да го додадете во тиквичките, гризот измешајтего во малку вода за да се добие изедначена каша (како при подготовка на пудинг). Така растворен гризот, со постојано мешање се додава кај тиквицата. Се остава да вари 10-15 мин. Потоа се додава млекото и маслото и се вари уште 3-5 мин. Пасирано се послужува.

    Каша од ориз

    Потребно: 3 кафени лажички ориз (мелен), 150 мл. млеко, 100 мл. вода,1мала лажичка шеќер, 2 гр.сол

    Подготовка: Мелениот ориз се разматува со малку вода. Во тенџерче ставаме вода да зоврие и во неа се додава разматениот ориз. Се меша непрекинато. Се додава солта, шеќерот и млекото и се вари уште 5 мин.
    Може да се додаде сварен морков, тиквичка или јаболко.

    Каша од млади тиквички

    Потребно: 150 гр. млада тиквичка, 50 мл. млеко, 2кафени лажички шеќер.

    Подготовка: Тиквичката се лупи и се чисти од семки. Се сече на мали коцкички и се прелева со малку вода. Се вари на умерена температура се додека не омекне. Потоа се додава млекото и шеќерот, се меша додека не се добие изедначена каша.

    Каша од печена тиква

    Потребно: 200 гр.тиква, малку жолт шеќер, малку лимонов сок.

    Подготовка: Тиквата се мие, се сече на парчиња, се одстрануваат семките, се реди во тава и се печете. Кога ќе биде готова, се зема само мекиот средишен дел и се пасира, се додава шеќерот и лимоновиот сок и се меша.
    Кашата се препорачува за доенчиња што имаат проблем со варењето.

    Каша од карфиол и спанаќ

    Потребно: 50 гр. спанаќ, 50 гр.карфиол. 30 гр.компир, 50 мл.млеко, 1 кафена лажичка масло или маргарин.

    Подготовка: Спанаќот се мие под млаз вода, се одстрануваат гранчињата и се остава да одстои 20-30 мин. во вода (солена или со лимонов сок). Се мие и се сецка на ситни парчиња. Компирот се мие, лупи и се сецка на ситни парчиња. Карфиолот се мие и се ситни. Компирот и карфиолот се ставаат во вода да се варат. Кога ќе омекнат се додава спанаќот и се остава да се варат. Кога е готово се одстранува вишокот вода, се додава млекото и маслото и се вари уште 3-5 мин.
    При варењето на зеленчукот може да се додадат 1-2 лажички пченкарно брашно.

    Каша од карфиол, компир и тестенини


    Потребно:70 гр. карфиол, 30 гр.компир. 10 гр.тестенини (тарана, јувки, фиде), 50 мл.млеко, 1 кафена лажичка масло.

    Подготовка: Компирот се мие, се лупи, се сецка на ситни парчиња, а карфиолот се мие и се ситни на мали парчиња. Заедно се ставаат во врела вода и се варат, поклопени, на умерена температура. Кога ќе омекнат, се додава тестенината и маргаринот. Се вари уште 10-15 мин. Се додава млекото и се вари уште 3-5 мин.

    Каша од проќељ


    Потребно: 70 гр. проќељ, 30 гр. компир, 10 гр.морков, 1 голема лажица оризови снегулки, 1 кафена лажичка маслиново масло.

    Подготовка: Компирот и морковот се мијат, лупат, се сечат на коцки. Проќељот се чисти од тврдите листови, се мие и се чисти. Се заедно се става во врела вода и се вари поклопено на умерена температура. Варениот зеленчук се вади од водата и се пасира. Повторно му се додава од сварената течност до добивање на саканата густина.

    Каша од домати

    Потребно: 1 домат.

    Подготовка: Доматот се мие, нелупен се прелева со топла вода и кратко време се остава да проврие околу 3-5мин.. Се вади од водата , се лупи и се пасира.

    Каша (пире) од спанаќ

    Потребно: 300 гр.спанаќ, 300 мл.вода, 1 мала чаша млеко (околу 100-150 мл.) 1 кафена лажица павлака, 1 варена жолчка.

    Подготовка: Спанаќот се мие убаво, се одстрануваа гранчињата. Се остава да одстои во вода (со сол или лимонов сок) околу 20-30 мин. Се мие, се вари во солена вода. Кога ќе падне на дното значи е готово. Се вади од водата, се цеди и се сецка на ситни парчиња. Се додава млекото во кое е растворена пола лажичка брашно. Се става пак да се вари додека да згусне. Се меша постојано. Пирето се зачинува со павлаката или кисело млеко и пасирана тврдо варена жолчка.

    Каша (пире)од компир и блитва

    Потребно: 200 гр. млад кромид, 150 мл. млеко, 4-5 листови млада блитва, 2 гр.сол, 1 варена жолчка, 1 супена лажица кисело млеко или павлака.
    Подготовка: Компирот се мие, се лупи и се става во млеко да се вари. На полусварениот компир му се додава и ситно исецкана блитва. Се вари уште 15 мин. додека да се свари убаво. Се посолува и пасира. На крај се додава киселото млеко (павлака) и пасираната жолчка.
     
    На gelkaa, gorda и Jakova им се допаѓа ова.
  4. Rossana

    Rossana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    31
    РЕЦЕПТИ ЗА ОВОШНИ КАШИ

    По воведувањето на овошните сокови, следен чекор во исхраната на доенчето е воведување на овошните каши.
    При подготовката на овошните каши при воведувањето е препорачливо овошјето да биде малку сварено, а подоцна настојувајте кашите да ги подготвувате од свежо овошје.

    Овошна каша од јаболко

    Потребно: едно поголемо јаболко.

    Подготвување: Јаболкото се мие, се лупи и сецка на парчиња. Во вода, на умерена температура, се остава малку да се вари колку да омекне. Се пасира. Се остава да се олади и се послужува.
    На доенче со навршени 5 месеци во кашата може да се додаде една кафена лажичка лимонов сок и шеќер (жолт), а подоцна и мед,

    Овошна каша од јаболко и житарки


    Потребно: едно јаболко со средна големина, 15-20 гр. пченкарни или оризови снегулки, 100 мл.млеко и 50 мл. вода.

    Подготовка: Млекото и водата се мешаат и се варат на умерена температура да зовријат. Се прелеваат снегулките. Јаболкото се лупи се блендира или се ренда на ситно и се додава во млекото и снегулките. Ова убаво се мати за да нема грутчиња.
    Кашата се служи веднаш и истата не смее да се дава подоцна или да се пригрева.
    На доенчиња со навршени 6 месеци истата каша може да се приготвува само со млеко, без вода, наместо пченични или оризови снегулки може да се стави бисквити или двопек.

    Овошна каша од печено јаболко

    Потребно: 2-зрели јаболка, 1кафена лажичка лимонов сок и 1 кафена лажичка шеќер или мед.

    Подготовка: Јаболката се мијат, се ставаат во тавче и се додава 2 лажици вода. Се печат. Кога ке се омекнати и доволно испечени се вадат од рерна и се остава да се изладат. Се лупи и се пасира, се додава шеќерот или медот и лимоновиот сок. Добро се меша и се служи.

    Овошна каша од печено јаболко и двопек

    Потребно: 1 поголемо зрело јаболко, 1 парче млечен двопек (околу 15 гр.) и 100 мл. млеко.

    Подготовка: Јаболкото се мие, се става во тавче, се додава 2 лажици вода и се пече. Кога ќе омекне и е доволно испечено се вади од рерна и се остава да се изладат. Млекото се вари, да зоврие. Се прелева двопекот. Се остава да се излади. Јаболкото се лупи и се пасира. Се меша со двопекот и се служи.
    Кашата може да ја подготвите со свежо јаболко, наместо печено.

    Овошна каша од јаболко и тиква

    Потребно: 100 гр.тиква, едно зрело јаболко, 1 кафена лажичка лимонов сок и 300 мл. вода.

    Подготовка: Тиквата и јаболкото се мијат, лупат и им се одстрануваат семките. Се ставаат во водата и на умерена температура се варат (поклопени). Штом ќе омекнат, се вадат, се пасираат. По потреба (ако сакате поретка каша) се додава од водата во која се вареле. Се додава лимоновиот сок.
    Јаболкото може да го дадете и свежо.

    Овошна каша од јаболки и кајсии

    Потребно: 100 гр.кајсии и 100 гр.јаболка,

    Подготовка: Овошјето се мие, лупи и се одстрануваат семките. Во сад со малку вода се става јаболкото и на умерена температура се вари кратко време. Во истиот сад се додаваат кајсиите. Се вари додека да омекне овошјето. Се вадат од садот , се бледира. Се додава од водата во која се варело овошјето се додека не ја добиете посакуваната густина на кашата. Се лади и се служи.
    Истата каша може да ја подготвите со свежо овошје. Внимавајте на киселоста на кајсиите, затоа што кашата може да биде прилично кисела.

    Овошна каша со јаболко и морков

    Потребно: 1 јаболко, 1морков, 1лажичка ориз и 200 мл.вода.

    Подготовка: Оризот се мие и се вари. На полусварениот ориз се додава измиен и рендан морков. Кога морковот е полусварен, се додава лупеното и сецкано јаболко. Кога сите продукти ќе омекнат, се остава да се излади и се пасира.
    Кашата може да ја подготвите и со свежо јаболко и морков.

    Овошна каша од банана

    Подготовка: Бананата се лупи и пасира. Се служи веднаш.

    Овошна каша од банана и пченкарни снегулки

    Потребно: 100 мл. вода, 50 мл. вода, 4 лажици (околу 15 гр.) пченкарни снегулки и 80 гр.банана.

    Подготовка: Млекото и водата да зовриат и веднаш се прелеваат пченкарните снегулки. Бананате се лупи, пасира и се додава во топлата кашичка. Се меша убаво и се служи.

    Овошна каша од банана и јаболко

    Потребно: пола јаболко и пола банана.

    Подготовка: Овошјето се мие и се лупи. Се пасира.
    Може да се додаде малко лимонов сок или сок од портокал.

    Овошна каша од банана и двопек

    Потребно: 100 мл.млеко, едно парче двопек или бисквита и една банана

    Подготовка: Млекото се вари да зоврие. Се прелева двопекот или бисквитата за да омекнат. Кога ке се олади се додава бананата и се пасира за да нема грутчиња. Бананата може да се пасира со вилушка или сите продукти да се стават во блендер. Се служи веднаш, не смее да се подгрева.

    Овошна каша од банана и портокал

    Потребно: една банана и пола портокал.

    Подготовка: Бананата се лупи и пасира. Се додава цеден сок од пола портокал. Се меша убаво.

    Овошна каша од банана и рибизли

    Потребно: една банана, 100 гр. рибизла и една кафена лажичка шеќер (жолт) или мед.

    Подготовка: Бананата се пасира, се додава сокот од рибизла (види рецепт за приготвување сок од рибизли) и се додава шеќер или мед.

    Овошна каша од круша и млеко

    Потребно: 100 мл. млеко, 50 мл. вода 20 гр. пченкарни снегулки и 80 гр.круша.

    Подготовка: млекото и водата се варат за да зовриат. Веднаш се прелеваат пченкарните снегулки. Се остава да се излади. Крушата се лупи, се отстрануваат семките и се пасира. Се меша со снегулките и се служи.

    Овошна каша од круша

    Потребно: 150 гр. круша, 2-3 супени лажици пченкарни или оризови снегулки.

    Подготовка: крушата се пасира или блендира, се додаваат снегулките и се меша убаво за да нема грутки. Може да наместо снегулки да ставите мелени бисквити или мелен двопек. По желба може да засладите со мед.

    Овошна каша од цреши или вишни

    Потребно:50 мл. млеко, 100 мл. вода, 1 лажичка шеќер, 5 супени лажици (20 гр.) пченкарни или оризови снегулки, 80-100 гр.цреши или вишни.

    Подготовка: Млекото и водата се варат за да зовриат и веднаш се прелеваат снегулките. Црешите или вишните се мијат, се одстрануваат семките и се пасираат. Се мешаат со снегулките и се служи. Кашата не смее да стои подолго време.

    Овошна каша од цреши (вишни) и јаболко

    Потребно: 1 јаболко, 100 гр. цреши или вишни.

    Подготовка: Овошјето се мие. Јаболкото се лупи, се одстрануваат семките, се сече на парчиња и се става во блендер. На црешите им се одстрануваат семките. Така исчистени се додаваат во блендерот. Сето се меша убаво. Ако кашата е ретка може да ја згуснете со додавање на оризови или пченкатни снегулки, бисквити. Може да ја засладите со мед или шеќер.

    Овошна каша малина (капина) со оризови снегулки

    Потребно: 100 мл. млеко, 30 мл. вода, 20 гр. оризови снегулки, 80 гр. малини или капини.

    Подготовка: Млекото и водата се варат за да зовриат, па се става врз оризовите снегулки. Малините убаво се мијат. Се блендираат. Така изблендираната каша порцедете ја низ цедалка за да ги одстраните ситните семчиња од малината. Измешајте со оризовите снегулки и послужете.

    Овошна каша малина (капина) со јаболко

    Потребно: 1 јаболка и 100 гр. малина или капина

    Подготовка: Овошјето темелно измијте го. Малината изблендирајте ја, а потоа кашата процедете ја низ цедалка за да се одстранат ситните семчиња (можат да бидат непријатни за доенчето). Во истиот сад ставетеј ја излупената и на парчиња исецкана јаболка. Повторно изблендирајте. Послужете.

    Овошна каша од суви сливи

    Потребно: 100 гр. суви сливи, 300 мл. вода, една кафена лажичка мед и една кафена лажичка сок од лимон.

    Подготовка: Сувите сливи се мијат со топла вода и се оставаат во вода да одстојат околу 30-тина минути. Се цедат и повторно се мијат. Се вадат семките и се ставаат да се варат во 300 мл. вода. Штом ќе омекнат се пасираат, се додава медот и лимоновиот сок.
    Кашата се препорачува кога доенчето има опстипација (затвор).

    Овошна каша од суво овошје

    Потребно:200мл.вода, 6 супени лажици оризови снегулки, 30гр. свежо кравјо сирење, 20гр.сушено овошје ( грозје, кајсии смокви).

    Подготовка: Водата се вари до зовривање. Се остава малку да се излади и се става врз оризовите снегулки. Сувото овошје се мие, ситно се сецка и се прелева со млако до топло млеко за да омекне. Се пасираат и се додаваат во оризовите снегулки заедно со кравјото сирење. Се меша и се слуши

    Овошна каша со ориз и варена дуња

    Потребно: 1лажичка ориз, 200 мл. вода и ½ дуња.

    Подготовка: Оризот се мие и се вари. На полусварениот ориз се додава исчистената и исецкана дуња. Штом ќе омекне се пасира.
    Се препорачува кога доенчето има слаб пролив.

    Овошна каша ЈУЖЕН МИКС

    Потребно: ¼ банана, ½ јаболко, 1 резне манго и 1 кругче свеж ананас.

    Подготовка: Ананасот и мангото се бледираат, се процедуваат низ цедалка за да се одстранат крупните овошни влакна, кои може да бидат непријатни при јадење. Потоа во блендерот се додаваат јаболкото, бананата, мангото и ананасот и сето тоа се меша заедно. Се послужува.
     
    На gelkaa, gorda и Jakova им се допаѓа ова.
  5. Rossana

    Rossana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    31
    Еве овие и уште многу други вкусни рецепти се наоѓаат во мојата архива со рецепти па чекам Сара да ми порасне и да почнам да и ги приготвувам. Ајде надополнете со уште рецепти
     
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    1.783
    росана фала за рецептите,керка ми е 9месеци и давам кашички купени,ама одсега ке почнам да ги правам овие што ги напиша ;) за жал незнам некој рецепт да напишам :( сепак фала :)
     
  7. Ariel

    Ariel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.164
    Допаѓања:
    5.621
    Јас немав некои посебни рецепти за бебешка храна.

    Овошните кашички ги купував, претежно од Хип, и многу ги сакаа тие.

    Зеленчуковите ги подготвувавме дома бидејќи купечките не ми ги јадеа. Главно ги подготвував со мешање неколку зеленчуци - компир, ориз, морков, брокула, некогаш блитва, и месо. Правев разни комбинации од овие зеленчуци. Месо ставав по малку, бидејќи инаку не ги јадеда кашите.

    Ниту каши од житарки не правев. Им давав инстант житарки од хип, лино итн. Тие многу ги сакаа, и уште ги јадат.
     
    На Vetruska му/ѝ се допаѓа ова.
  8. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    587
    И ние овошните кашички претежно ги купувавме, ама си јадеше и пасирана банана, крушка, печена јаболка со бисквити, сега ретко му купувам (ако треба некаде да одиме) инаку си јаде свежо овошје.

    Зеленчуковите каши му ги приготвувам од компир, тиква, морков, брокула, ориз, риба, јајце, месо, леќа, грашок, боранија, а ако може да јаде од нашиот ручек тој ден не готвам посебно за него.

    Житарици му имам давано од оние на Виталија, кога беше помал повеќе ги јадеше, а сега не ги обожава нешто посебно, па му давам Нестле житарици со мед, со какао, Лино, на Хипп.
     
  9. filipo

    filipo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    моето срценце обожава да ги јаде овосните а за зеленЧук не сака да слусне..купуваме и овосни и зеленЧукови.какво млеко користите за касиЧките??ние сме усте мали сега за сега цица не му давам друго млеко а Читам тука има добри каси ама повеќето се млеЧни..
     
  10. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.565
    Еве неколку од мене.

    Јадењево е за 5+
    3-4 плазма бисквити
    100мл врела вода
    пола банана

    Во чинија ставете ги бисквитите, прелијте ги со врела вода. Тие ќе омекнат. Кога ќе станат кашести, додадете ја бананата и испасирајте. Мммм преслатко е.


    Препорачана возраст 6+
    1 рендан морков во супата.
    Кога приготвувате домашна супа, пред да ставете фиде и сите зачини, извадете пет филџана вода. Еден од филџаните искористете го за супичка, во која ќе надробете малку лепче.
    Останатите филџани со вода искористете ги за подготвување на ориз. На 4 филџани вода-пола филџан ориз. Сето ова врие/се пече на тивок оган околу 40 мин.

    Препорачана возраст 6+
    Палента и кисело млеко
    Рецептов ми е од една феминка земен.
    Еден филџан кравјо млеко, пола филџан вода и помалку од пола филџан палента. Кога ќе е готова палентата, јас ја преливам со малку кисело млеко. Преслатко.
     
    На saseiefi, gorda, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. koritsaki

    koritsaki Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    6.956
    Допаѓања:
    4.978
    Пол:
    Женски
    Бебешки рецепти

    еве и јас ке пишам рецепти, јадења што ги подготвувам за керка ми

    1. Пилешко/телешко месо со макарони за 7+

    70 гр. пилешко или телешко месо
    пола морков
    пола компир
    макарони без јајца
    малку лимон и м.масло
    се вари месото околу 40 мин. (телешкото малку повеке) заедно со морковот и компирот. одкога ке се свари зеленчукот и месото во истата вода се додаваат и макароните. потоа се миксираат месото и зеленчукот и се додаваат макароните. се додава и 1 лажиче маслиново масло и неколку капки лимонов сок.

    2. Мусли со банана за 8+
    муслите (јас ставам овесни снегулки) се потопуваат за да омекнат во зовриена вода. се миксира 1 банана и муслите се мешаат со бананата. По желба може да се додаде и неколку лажички к.млеко.
     
  12. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    93
    Бебешки рецепти

    Не е некој посебен рецепт, ама еве да споделам што ручкаше вчера моето бебенце :)
    Со 100 мл вода се прелеваат 3 цели бизквити. ДОдека тие омекнуваат, изрендајте јаболко и круша. Заедно измешајте се’.
    Тука има значи какви сакате комбинации, можи да се искористи и мелен ориз, или пак малку и банана ..
     
  13. Annath

    Annath Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    5.366
    Допаѓања:
    5.631
    Пол:
    Женски
    Бебешки рецепти

    Ај и од мене неколку рецепти.

    Оризов пудинг (го пишав и во друга тема, ама еве ќе го повторам и овде)
    100мл млеко (може и адаптирано, ама не знам каков вкус има после варењето, јас си користам кравјо)
    2 лажички мелен ориз
    Се вари додека да се згусне, па се додава две лажички кафеав шеќер или едно чоколатце животинско царство да се стопи.
    Се остава да се олади и имате супер пудинг за деца (ама и за возрасни :D )

    Спанаќ без ориз :D (за 7+)
    Се чистат неколку листа спанаќ (јас за еден оброк на син ми користам 2-3 китки спанаќ, а може и блитва), се динста малку кромид на путер со вода, па се додава спанаќот. Убаво се динста, се додава вода да го покрие спанаќот и се вари на тивко. Се додава сосем малку сол (јас користам морска сол) и се остава да се олади. Може да се додаде жолчка или кисело млеко по желба.
    Ако сакате да додадете ориз, ставете го во тенџерето пред да го додадете спанаќот, нека се подинста малку со кромидот. Може и мелен ориз, ама тогаш прво разматете го во ладна вода да нема грутки.


    Каша од мешан зеленчук (6+)
    Се варат брокула, карфиол и млада тиквица на тивок оган во покриен сад (се препорачува покриен сад за да останат хранливите состојки, бидејќи за деца под 1 година е препорачливо подолго да се варат). Се пасираат, се додава малку путер (половина лажиче), сосем малку сол и лажичка кисело млеко.
    Може да се додаде и жолчка кај поголеми деца.

    Ај пак ќе пишам рецепти некој нареден пат, вечерва толку можам.

    П.С. Блонд ма, си го заборавила путерот во палентата 8)
     
    На MacenceEna и blond им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    5.366
    Допаѓања:
    5.631
    Пол:
    Женски
    Ај сега уште некое рецептче да пишам, како што ветив (извинете за пост врз пост :) )

    Каша од банана со млеко (6+)
    Се пасира банана и се додава млеко, па се прави потечна каша. Може да си додадете неколку лажичиња кексолино, ванилино или чоколино, или пак едно лажиче мелено ленено семе (со последниве три ќе биде од 8+). Може исто и мелена плазма, ама да не биде многу густа кашата, оти бананата може да предизвика запек.


    Тестенини со доматен сос (7+) - ова важи за тестенини без јајца, а и секако доматите се даваат нешто подоцна оти се тешки за стомакот.
    Се динста малку кромид на путер, измешан со малку вода, се додаваат лупени и сецкани (или рендани домати), малку шеќер (да се наутрализира киселоста кај доматите - детето нема да јаде ако е многу кисело), па се вари густ сос. Се додава малку сол, малку оригано (колку за мирис) и се меша со сварени пасирани макарони или шпагети. Може да се додаде и несолено сирење, или несолено крем сирење (8+).

    Каша од јаболко со ориз (5+)
    Две лажици ориз се чисти, се мие и се вари, со вода или млеко (ако сте почнале да давате кравјо, подобро е со млеко). Откако ќе се свари оризот (како за сутлијаш), се додава половина или цело рендано јаболко и се остава да зоврие. Може да се направи и со друго овошје, превкусно е. Ако користите кисело овошје, може да се додаде една лажичка кафеав шеќер.

    Каша од компир, карфиол и спанаќ (7)
    Се варат компирот исечен на коцки и карфиолот (најубаво во млеко - се губи мирисот на карфиолот). Потоа се додава исчистен и исецкан спанаќ и се остава убаво да се свари. Се пасира зеленчукот, се додава малку путер и една лажица кисело млеко. Може да се вари и во вода од месо (телешко или пилешко, по желба).

    Полнети тиквички (8+)
    На малку путер со вода се динста малку кромид, половина рендан морков, 3 лажички исчистен и измиен ориз и 50гр мелено месо (телешко). Се додава малку магдонос и малку сол. Се сече и чисти една млада тиквичка и се полни со смесата. Може да се стави домат како капаче. Се вари во покриен сад со малку вода (да се свари оризот и месото). Се дава пасирана, со неколку лажички кисело млеко.

    Компир со блитва и жолчка (8+)
    Се вари еден компир исечен на коцки во малку млеко. Се додаваат неколку листа исчистена, измиена и сецкана блитва. Кога убаво ќе се свари, се меша со една тврдо варена жолчка (може и помалку, зависи колку јаде детето). Може да се додаде и кисело млеко.

    Чорба од карфиол (8+)
    Се вари околу 100гр карфиол во пола литар вода, се пасира и се враќа во водата во која се варел. Се додава половина лажичка путер. Една жолчка се мати со две лажици кисело млеко и се додава во водата со постојано мешање. Се остава убаво да изврие барем 5 минути. Може да се додаде малку магдонос. Убава е со лепче, мх, мх...

    Ај доста беше. Инаку, повеќето рецепти се 8+, затоа што порано и не се даваат многу различни продукти истовремено. Во принцип, децата после 8 месеци може да јадат скоро се', со одредени исклучоци кои се даваат после 10 месеци односно полна година. Ама и зависи од самото дете, дали повеќе сака млеко, или преферира друга храна. Бидејќи син ми не пие млеко (освен она што го цица), му давам цврста храна во која се трудам да биде застапено и млекото секогаш кога е тоа можно.
     
  15. ana05

    ana05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    25
    пробајте го ова што ке ви го напишам,загарантиран успех ке имате ви ветувам...
    земете неколку бисквити прелијте ги со топло млеко,додадете пола животинско царство и измешајте .потоа ставете една банана испасирана и спремно е за послужување.може да се стави и сок од портокал или мандарина.превкусно е :P
     
  16. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    60
    Само да прашам кој ве советуваше да давате шекер во кашичките на бебињата?
     
  17. Annath

    Annath Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    5.366
    Допаѓања:
    5.631
    Пол:
    Женски
    ^^Мене педијатар ми советуваше да му ставам шеќер во водата или млекото на малиот, наводно така повеќе ќе ги пие. Јас не сакав, не му ставав, го научив водата да ја пие чиста, или со неколку капки лимон (ама претежно чиста). А за кашите, во ниедна не ставам шеќер, освен во овошните јогурти со кисело овошје што ги правам сама (за да не ставам слатка павлака, оти не сакам такви хемии да јаде уште од сега), и понекогаш во оризовиот пудинг. И тоа секогаш кафеав шеќер, пола до цело лажиче, зависно од количината.
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.432
    Според педијатрите во Систина, цитрусите не се внесуваат во исхраната на бебињата до навршена година. Мајка ми, медицинска сестра инаку, ме чувала по книги и ми давала вода со лимон на времето, ама ете сега некои нови сознанија...
     
  19. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    60
    Нема потреба од внесување шеќер во диетата на децата воопшто. И за возрасни нема потреба ама за деца ич. Доволни му се природните шеќери. Сега немам време ама ке се вратам да ви напишам некои рецепти за кашички без шеќер и бисквити.
     
    На imelda и koritsaki им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    5.366
    Допаѓања:
    5.631
    Пол:
    Женски

    Не е само според педијатрите во Систина, сега сите така велат, дека цитрусите се силни алергени, па не се препорачуваат во исхраната на бебињата. Мене ми е малку чудно ова, и мајка ми нам ни давала вода со лимон после секој подој за да се чисти устата и да е спречи појава на соор (кандидијаза). Истите луѓе што пред десет години кажувале едно, сега кажуваат друго. Јасно ми е дека медицината оди напред, ама ми пречи тоа што педијатрите и воопшто лекарите не се унифицирани во своите ставови.
    Зборував за цитрусите со педијатар, и според она што сум го учела за појавата на алергија, не се алергени, туку само можат да предизвикаат реакција на организмот, но тоа не значи дека е алергија. Ако има реакција, се прекинува давањето на цитрусот за одреден период, па пак може да се проба - ама во принцип, нутритивните алергии траат кратко, се губат со тек на време. :)
    Ако гледаме така, и морковот е алерген (дава реакција, и тоа изразена - имам неколку примери во фамилија), а е прв зеленчук кој се препорачува во исхраната на децата. :)
     
    На meU и slavica999 им се допаѓа ова.

Сподели ја оваа страница