1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за похувана храна

Дискусија во 'Рецепти' започната од feemina, 9 ноември 2011.

  1. feemina

    feemina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    12
    Правите ли паниран кашкавал или сирење и како???
    Ако може некој рецепт и со што може да се комбинира ?
    Видов дека нема ваква тема, па затоа и ја поставив.
     
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Paniran kaskaval ili sirenje

    Претпоставувам дека мислиш на поховано сирење и кашкавал (незнам дали панирано и поховано е збор за истото, ама веројатно е).

    Го сечеш кашкавалот или сирењето на нели подебелко и поголемо парче, го валкаш во брашно, па јајце, па во презла со сусам, и ставаш да се пржи.
    Не би знаела каков кашкавал да ти препорачам, веројатно ќе треба некој што не се топи многу лесно.

    Инаку на ист начин се похуваат и зденки, и не се топат, многу се вкусни.
     
    На tigarche1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. feemina

    feemina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    12
    Paniran kaskaval ili sirenje

    Да, на истото мислиме,
    а ова со зденките е идеја плус и ми изгледа многу вкусно
    ке пробам,па што ке излезе не знам,а многу сакам да експериментирам ;)
    поздрав
     
  4. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Paniran kaskaval ili sirenje

    Инаку обично похованите работи убаво одат во комбинација со тартар сос, и со сос од мед и сенф.
     
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Обожавам поховани јадења посебно зденки и пилешки прсти и најчесто ги послужувам со овој сос незнам точно како се викаше: толчен лук, ситно рендани кисели краставички, малку сенф, малку павлака и малку мајонез и сето тоа се меша.
    Исто така го сакам и похованиот кромид, не се ни чувствува дека е кромид.
     
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Всушност, се што е поховано се прави на ист начин, се валка во брашно, јајце и презела, и се јаде најчесто со тартар сос. Може да се похува сирење, кашкавал, зденка, солени палачинки, месо, тиквички, печурки, маслинки, пиперки....
     
  7. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Лиги ми појдоа, посебно за похована зденка :$
    Инаку јас често правам и похован карфиол.Начинот на подготовка е истиот, со јајца, брашно и презла, само претходно карфиолот го ставам во врела вода, малку само да омекне.
    Прекрасно нешто!
     
    На Umbrella22 и sesilija им се допаѓа ова.
  8. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Кога ја видов темава си викам да прашам. Како ви успева да приготвите похован кашкавал, дали има некој посебен или може да се искористи било каков кашкавал. Јас досега имам неколку обиди со кравји и со мешан кашкавал, но безуспешни беа, кашкавалот ми сте топи и никако да успеам. Со друго немам проблеми ама кашкавал никако да направам похован.
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Јас кога поховам кашкавал го користам мешаниот кашкавал на идеал шипка, најубав ми е за похување.
    Се сечат подебели парчиња и се свалкуваат во брашно, па во изматено јајце, па во презла помешана со сусам, па уште едннаш ја повторувам постапката за да не ми се разлева кашкавалот. Се пржи во врел зејтин во поголема количина. И сум приметила дека кога пржам во тенџере помалку ми се растекува одколку кога се пржи во тавче, причината претпоставувам е поголемата количина на зејтин.

    Похувани печурки со сусам:
    500 гр свежи шампињони
    100 гр брашно
    2 јајца
    50 гр сусам
    100 мл млеко
    зејтин
    сол и црн пипер
    Во сад се матат јајцата и се додава млекото и брашното. Во свесата се потопуваат шампињоните а потоа се валкаат во сусам и се пржат во заегран зејтин.
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    да ви ги споделам моите омилени ,денес ќе ги правам ,сигурно ги знаете ама...
    значи се рендат кашкавал или сирење ,шунка ,сецкани печурки ,се додава трошки леб и јајце 2-3 зависи од смесата колку че е потребно ...потоа ги овалувам во презла и ги пржам ...прекрасни крокети ...со тартар сос или томатело мх...мх ...мх
    а исто експериментирав и со компирот...варен го сечам на округли парчиња ,во брашно па во јајца и презла и го запржувам..:)
    инаку похован кашкавал не ми успева...така да си поховам сирење :D

    случајно некој да не знае ,како да направам поховани маслинки...ги јадам по ресторани ептен ми се вкусни ,но незнам како дома да ги направам :/
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Онаков похован кашкавал како во рестораните, значи да не се разлее и растопи се добива само со растителен кашкавал. Проверено ;) :D
    Многу е вкусен кога е похован, не се приметува воопшто во вкусот некаква разлика, мислам со обичен додека вака за јадење ми е многу :puke: .
    Исто во јајцата за поховање е убаво да се сипе малку пиво, многу подобро излагаат похованите работи.
     
    На Annath и slavica999 им се допаѓа ова.
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Стандардна рецептура за поховање презла, сусам и јајце (брашно не додавам).
    Што може да се похува- пилешко (пилешки прсти), кашкавал, сирење, карфиол, кромид, октопод, тиквички, модар патлиџан, црвени меснати пиперки...
    Најубаво се пржи похованата храна во фритеза (кој има по дома) ама и тавче ќе заврши работа
     
  13. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Енца и мене со млечен никако не ми успева, ама 100% сум сигурна дека во еден ресторан јадев млечен кашкавал похован и стварно се чудам како им успева постапката (мене не а многу ми е вкусен)
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Јас правам со млечен, правам и со ајдамер и секогаш ми успева :^)
     
  15. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Поховани прстени од кромид

    -Тесто:Се матат 2 белки и се тргаат на страна.
    Се мати 200мл пиво со 200мл брашно,се додава масло,и едно јајце.
    Кога ќе се размати смесата(немора со миксер)се додаваат предходно изматените белки.Се соединува смесата и и се додава сол и бибер.

    Престените од кромид ги валкаме во брашно,па во тестото па во презла.Се пржат во загреано масло.

    Се служи со тартар сос(рендани кисели краставички,лук,павлака и мајонез)
     
    На referentka, Dreamer, Ariel и 2 други им се допаѓа ова.
  16. feferona

    feferona Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    94
    Тинкер браво за рецептов, го барав два месеца.
    Пробував да направам, прво прстенчињата во брашно, па во јајце, па во презла, ама пусто, се распаѓаше презлата додека ги пржев.
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Да така се распаѓа презлата,а кромидот гори и ништо не излегува на крај.Си имало финта тоа :lol:
    Пробај вака со тестово,треба да ти излезат супер,и маслото врело (повеќе масло да пливаат внатре)
     
  18. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Мимс пошо веројатно си ми колешка, ќе треба да ме викаш да ме научиш како :P
    Шала настрана незнам како ти успева, ама мене не ми успева. Се можам да испоховам, ама кашкавал никако. :tmi:
    Дали грешам негде незнам, со која постапка ти успева? :?:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Сечам подебело парче од прилика помалце од 2 сантима.
    Го валкам во брашно, па во јајце па во презла со сусам, па повторно во јајце, па повторно во презла и пржам на загреан зејтин во поголема количина.
    Немој да го превртуваш додека не забележиш убаво дека е одлепен од другата страна.
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    се што е поховано кај мене е добредојдено :inlove: хаха нај омилени јадења се ми баш похованите сама си проготвувам сирење, кашкавал и пилешки прсти за сите овие постапката е иста на пр за кашкавалот
    сечеш подебело парче, го валкаш во брашно па во јајце па во презла и ајде во тавата на добро загреано масло (зејтин ) немора многу доволни се неколку секунди ( од прилика20 сек) за да не се растече по тавата потоа го превтруваш од другата страна и готово е бон апетит