Не постои посебен рецепт. Зденките се похуваат на ист начин како и месото. Значи, спреми си сад со матени јајца, сад со брашно, сад со презла и сад со сусам. Зденката првин ја валкаш во брашно и јајца и постапката ја повторуваш уште еднаш, а потоа во презла и сусам. Значи, два пати во брашно и јајца, еднаш во презла и сусам. И ставаш да се пржи во врел зејтин и пржењето трае доста кратко, а притоа ќе внимаваш зденката да не почне да се растекува. Тоа е се. А како прилог со зденките, извонредно оди и тартар сос.
дома неодамна имавме семејна прослава и една пријателка на мајка ми се понуди да ни помогне за поховани работи. Полни чинии со похована зденка, кашкавал, сирење, јајца, тиквички, маслинки и кромид. Повкусни не сум пробала. Жената ги прави така што најпрво ги валка во јајце, брашно и презла...ги пропржува 2 мин и потоа во замрзнувач да се оладат. По некое време се враќаат во зејтин и се пржат уште онолку колку што е потребно. Не се распаѓаат, не се топан и имаат прекрасен крцкав вкус
Јас често правам поховани пиперки Прво ги печам во рерна , кога ке се испечат се ставаат во најлонска кеса да се оладат. Потоа се лупат , се отвараат како шницла да дојде , и се ставаат во брашно , матено јајце и презла. И се пржат. Тоа е, едноставно и вкусно. Македонско месо
Многу се нервиам кога не успевам да направам поховано сирење , значи го правам според стандардниот рецепт, сечам подебело парче го валкам во брашно, па во јајце и на крај во презла (сусам не ставам затоа што не го сакам во ваквите работи, многу ретко ставам и на кифлички).. и никогаш, ама никогаш не ми успеало.. секогаш на крај сирењето се разлева кое сирење е нај убаво за поховање, какво користите вие? Инаку не сум правела зденки или кашкавал затоа што не ги јадам сакам да ги пробам рецептите со карфиол и со печурки
Чадорче мила, секогаш барај поцврсто сирење. Нешто како биеното или слично на него, да биде премногу цврсто. Важно е маслото да ти биде убаво загреано, па кога ќе го ставиш веднаш да ја добие коричката, за потоа да не ти се разлее внатрешноста. Се надевам дека помогнав некако .
Јас похувам исклучиво жолто сирење. Го сечам на парчиња-дебелина одприлика 1,5 см и ги ставам во вода 15 мин.(да се одсоли малку)потоа го цедам на цедалка(вишокот вода)валкам во брашно,па јајца и на крај презла. Фантастично е....
го имаш на предходната страна читни малку а мене лиги ми потекоа кај ми требаше да читам во никое време
Се сеќаваш на една реклама што беше пред некое време од млекарата Маестро, како се прави поховано топено сирење? Е па мислам дека тој готвачот најпрво ги валкаше парчињата во јајце, па во брашно, пак во јајце и на крај во презла, не сум сигурна за редоследот, ја барав рекламата ама не можам да ја најдам, а на тв не сум ја видела одамна... има некој штос со тоа два пати во јајце, најверојатнол за да не се разлева, барем така си мислам, ама не сум пробала да правам
Да, во тоа е тајната, штом мене зденката не ми се разлева што е многу по мека од сирењето значи во тоа е штосот. Прво во брашно, па во јајце, па во презла па пак јајце и пак презла. Пробај така.
Јас кога правам зденка и кашкавал ги ставам само по еднаш во веќе познатиот редослед- брашно, јајце и на крај презла, и не ми се разлеваат бидејќи ги пржам во загреана, поголема количина масло. Само што ќе ги ставам во маслото фаќаат кафеава убава боја и одма ги вадам. Такада, загреаното масло е решение, според моето искуство.
Како успешно да направам поховано сирење ? Да не ми се растури парчето додека го пржам и да не ми се разлее ? Чекор по чекор сакам да ми кажете (ваш пробан рецепт) И какво сирење да купам,мешано,кравјо,овчо ...
За поховано сирење ќе си купиш кравјо, што потврдо тоа подобро. Ќе похуваш стандард, брашно, јајце, презла, ама дупло, значи брашно, јајце, презла, пак јајце и пак презла и така ќе пржиш, таа е постапката за топливите храни, како сирење, зденка, кашкавал...
За поховано сирење најдобро ти е да си земаш козјо, зошто е најсуво и најтврдо. Постапката за поховање сите ја знаеме, брашно, јајце, презла и во тавче.