1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за торти

Дискусија во 'Рецепти' започната од white-chocolate, 25 март 2010.

  1. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Рецепт за чоколадна торта со вишни или чоколадна капри торта :?:
     
  2. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Бискоти
    хопла
    ресана
    кујско чоколадо
    суво грозје
    Еден ред редеш бискоти на фил од хопла со суво грозје па ресана па хопла и на крај бискоти а бискотите ги мачкаш огозгора со чоколадо растопено......стое неколку чаша во ладилник и може да се јаде.....
     
  3. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Еве една посна торта :)

    За тесто:
    - 500гр мелени ореви
    - 500гр брашно
    - 500гр шеќер
    1 кафена лажица сода бикарбона
    1 пакетче прашок за пециво
    1 пиво
    1 ванила

    Состојките се мешаат се додека убаво не се соединат, па се остава да отстои тестото 15 минути. Потоа од тоа се дели на две дела и се печат две кори посебно(може и една па потоа да се сече)

    за фил:
    500гр шеќер
    500гр вода
    600гр мелени ореви
    рендана кора од лимон
    2 ванили

    шеќерот и водата се остава да зовријат, се додаваат останатите состојки се меша додека се соединат и згуснат.
    Предходно оладеното тесто го премачкуваме со топол фил.
    На крај се прави глазура од 2 чоколада за готвење со малку масло и малку соино млеко.
    Целата торта се премачкува со глазурата и се посипува со дробени ореви

    П.С. Превкусна е
     
  4. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.353
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Сакам денес да направам овошна торта и ке ја правам со пудинг од ванила, па ме интересира какво овошје да ставам. Што оди со пудинг од ванила?
     
  5. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Вишни, испробано :)
     
    На Alondra му/ѝ се допаѓа ова.
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Праски. Баш ги има сега. :inlove:
     
    На Alondra му/ѝ се допаѓа ова.
  7. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    девојки ај кажете ми некоја торта чоколадна со замесено желе одозгора наместо фондан...
     
  8. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    Јаболков колач (избуричкај-испечи)

    Состојки
    Суви состојки

    1 шоља гриз
    1 шоља мелени ореви
    1 шоља шеќер
    4 лажици брашно
    1 прашок за печење
    1 лажица арома од ванила или 4 ванила шеќер
    Мокри состојки
    1 шоља млеко
    1 шоља масло
    2 јајца
    4 рендани јаболка
    Глазура
    100 гр чоколадо (можи и млечно)
    50 гр маргарин

    Подготовка
    Самото име на колачот покажува колку е лесна постапката за негово подготвување.
    Измешајте ги сувите состојки и посебно мокрите, па потоа се заедно. Истурете ја смесата во тава 28 и печете ја на 180-200 степени некој половина час.
    Растопете го чоколадото со маргаринот.
    Исечете го скоро оладениот колач на парчиња и прелијте го со глазурата.
    Колачот е едноставен за правење и многу сочен и вкусен за јадње. Уживајте!

    ***Го прочитав рецептот од moirecepti.mk, колачот ми изгледа вкусен и премногу лесен, сакам да го направам само ме буни ова со јајцата, дали треба да ги матам со миксер или со вилушка или само така да ги ставам, мене најлогично ми е со миксер некако. Ако има некој што знае нека пише. Исто и ова со шоља, на колкава се мисли незнам, ама јас ке мерам пример од 250г. Еве и слика како изгледа. Ќе ја направам деновиве, па да видам што ќе испадне :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    ај кажете ми некоја богато чоколадна торта
     
  10. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    399
    Сникерс торта
    Состојки:

    За кората:

    10 белки

    20 лажици шеќер

    5 лажици брашно

    1 лажица какао

    1 прашок за пециво

    200 гр мелени печени кикирики

    1 лажица масло



    За филот:

    1 маргарин

    250 гр шеќер во прав

    10 жолчки

    100мл вода

    200гр шеќер

    200гр чоколадо

    400 гр мелени печени кикирики



    Глазура:

    100гр чоколадо

    10 лажици млеко

    6 лажици шеќер

    100 гр маргарин



    Изматете 10 белки со 20 лажици шеќер, па додадете 5 лажици бражно, 1 лажица какао и прашок за пециво, 200 гр кикирики и лажица масло. Ставете ја смесата во добро намастен и побрашнет плех, и ставете ја за печење.

    Добро изматете 1 маргарин со 250гр шеќер во прав, па додадете ги 10те жолчки. Сварете 100мл вода со 200гр шеќер, па додадете 200 гр чоколадо. во изладената смеса додадете го кремот од жолчките и уште 400 гр од кикирики, па филувајте ги корите.

    Соединете 100гр чоколадо, 10 лажици млеко, 6 лажици шеќер и 100 гр маргарин, па прелијте ја оваа смеса преку филот.

    Дали некој ја има пробано, и ако да, колку отприлика испаѓа? Во кој број тавче печете? :)
     
  11. lusi17

    lusi17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Вака на мајками утре му е роденден и сакам да му направам некоја торта :) Некоја полесна :lol: ама да е вкусна фала однапред
     
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Реформ торта


    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    500 грама Шеќер
    50 грама Чоколадо
    250 грама Путер
    300 грама Ореви
    30 грама Кафе
    10 Жолчка/ки
    30 грама Брашно
    10 Белка/ки


    Време за подготовка: 30 мин.
    Време за готвење: 60 мин.


    ПОДГОТОВКА:
    Белките матете ги со 300 гр. шеќер во цврст снег, па постепено додавајте ги мелените ореви наизменично со брашното.

    Добиената смеса поделете ја на 5 еднакви округли дела, па секој дел испечете го во рерна загреана на 180 степени, 15 минути или додека не добие златна боја, така што ќе добиете 5 кори, па оставете ги да се оладат.

    За кремот измешајте ги жолчките со 200 гр. шеќер, додадете ја изренданата чоколада, ставете на пареа и варете додека смесата не почне да се згуснува.

    Потоа тргнете го кремот од огнот, додадете го кафето, убаво измешајте, па оставете да се олади.

    Потоа, пенесто изматениот путер, вмешајте го во кремот и уште еднаш убаво измешајте.

    Испечените и оладени кори премачкајте ги со кремот, наредете ги една врз друга, па тортата целосно повторно премачкајте ја со кремот.




    Jа има некој правено? убава е? :)

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SimonaTino и 17mart им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Реформ тортата е торта од моето детство, заедно со Тунел, Бомба и Виндзор торта.
    Лудо, нема да згрешиш ако ја направиш... само не штеди на состојките (иако може на шеќер да скратиш малку) - тестото убаво е да се пече во плех од рерна и се сече на три ленти, секоја се мачка со фил и одозгора со ореви, лешници или шлаг ;)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Не штедам јас на храна при готвење :rofl: . Или правам мерачки или не. :)
    Па сподели ги твоите торти, сигурно дека би сакале многу девојки да ги пробаат :hai: .Твоите рецепти се без утка :)
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Не се мои, на мајка ми се... јас само си ги преземам од неа ;)
    Ај ќе споделам некој рецепт деновиве :)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Реформ тортата е многу убава. Слободно наптави ја и чувај парче троа поголемко. Ако сакаш рецепт, зашто овој некако ми е ко варијанта на тортава, слободно кажи,лп. ;)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.599
    Пол:
    Женски
    Киндер Торта, е една од моите нај милени торти,има различни рецепти за оваа торта ама јас овој рецепт си го сакам нај многу,рецептот е од списанието храна и вино.и сакав да го споделам со вас :)
     

    Прикачени фајлови:

    • kinder torta.jpg
      kinder torta.jpg
      Големина на фајлот:
      155,6 KB
      Прегледи:
      1.072
    На La.Reina.Del.Sur, Anna-Banana и ludoto19 им се допаѓа ова.
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Домаќинки, дајте некој рецепт за некое благо со калинки :wasntme:
     
  19. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Чоколадна торта

    Потребно

    10 јајца,1 маргарин,100гр шеќер во прав,100гр обичен шеќер,5 чоколада за готвење,1 пециво,3 лажици брашно,100гр млеко.

    Подготовка

    Фил

    Чоколадата се топат на пареа на тивок оган заедно со млекото.Откако ќе се стопат чоколадата се матат 10 жолчки.Настрана се бие маргаринот со шеќерот во прав.Откако ке се избијат жолчките се додава маргаринот заедно се мешаат и се бијат и потоа го додаваме растопеното чоколадо и матиме додека да се соединат.

    Пандишпан

    10 белки се бијат со обичен шеќер.Откако убаво ќе се избијат му се додаваат пецивото и 3 лажици брашно и половина од филот.Сето тоа се бие и печиме во плех на 200 степени 20 минути потоа се сечи на три дела и потоа филоваме.
    :)
     
  20. i-v-a-n-4-e

    i-v-a-n-4-e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    феминки кажете ми некој бел фил за торта ама да е без пудинг и без кокос :)