1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за торти

Дискусија во 'Рецепти' започната од white-chocolate, 25 март 2010.

  1. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Сакам да прашам...?

    Кувертира, во бутел е слаткарницата ;)
    јас пред некое време за на работа земав, ми ја препорачаа, и супер беше тортата а башка и имаат достава 50 ден....нарачај си нестле од 400 ден, има 25 парчиња, и екстра е...
     
  2. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    307
    Женски дајте рецепт за некоја чоколадна торта со банани ?
     
  3. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    1.868
    Девојки дај кажете некој рецепт за торта со јаболка ве молам :)
     
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Не сум ја пробала, но добро излгеда 8)

    Чоколадна торта со банани

    Состојки за тестото:
    200гр путер, растопен
    100гр шеќер
    2 јајца
    1 лажица ванилин шеќер
    100гр слатка павлака
    околу 20гр брашно
    1/2 лажиче сода бикарбона
    1 чоколадо за готвење, изрендано
    2-3 изгрмечени банани

    Состојќи за филот:
    1/2гр растопен путер
    200гр шеќер во прав
    1 чоколадо за готвење, растопено

    Приготовка на тестото:

    1. Рерната претходно се загрева на 150-200°C. Подмачкајте го тавчето со путер.
    2. Со миксер добро изработете го путерот и шеќерот.
    3. Додадете ги јајцата, едно по едно, во ванилата и слатката павлака.
    4. Измешајте ги брашното, содата бикарбоната и чоколадото. Полека додадете ги во смесата со путер и банани. Мешајте додека смесата не се изедначи.
    5. Истурете ја во тавчето и печете околу 30 минути. Проверете со чепкалка за заби дали тестото е печено, доколку не се лепи значи дека е готово.

    Приготовка на филот:
    1. Обработете го маргаринот до течна состојба.
    2. Постепено додавајте го шеќерот во прав и растопеното чоколадо, мешајте додека не се изедначи.
    3. Истурете го филот врз разладеното тесто и нежно размачкајте го. Украсете ја тортата со парчиња банана.

    Еве уште еден рецепт за торта со банани:
    И со јаболка:
    Девојки рецептиве се од поназад од истава тема, побарајте малку ;)
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    мојата омилена и многу е лесна за правење:
    -6 јаболка рендани
    -6 филџани шекер(филџаните да бидат од тие поголемите како за капучино :$ )
    -1 лажица сода бикарбона
    -3 филџани масло
    -6 филџани брашно
    -1 лажица какао
    - 2-3 лажици мелени ореви
    се мешаме заедно со лажица, и ја ставаме во тепсија бр 30, па ја оставаме да одстои така околу еден час и потоа ја печеме.откако ке се испече и олади ја премачкуваме со мармалад и јас лично најпосле и ставам и растопена чоколада :D а може и мелени ореви :)
     
    На sweetgirl92 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    ооо си налетала на правиот човек
    Штрудел со јаболко:
    4 јајца
    чаша чаена и пол шекер
    чаша и пол чаена брашно
    пола чаша чаена масло
    пола чаша чаена ореви (ако сакаш)
    една чаена чаша рендена јаболка
    едно пакетче прашок за пециво
    една супена лажица цимет

    Сето тоа се меша во една купа, смесата се залива во тепсија и се пече на 250 степени за 15-20 мин. Уште жешко се поросува со шекер во прав.
    Супер вкусна, лесна, едноставна и евтина!!!!
    Наздравје :*
     
    На sweetgirl92 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    307
    Фала Ким, немаше поназад ги прегледав сите имаше или само чоколадна или само со банани, затоа прашав. Инаку во меѓувреме направив една од торти што не се печат го видов рецептот, имаше се што барам бисквити, банани и чоколадо, со хопла малку сува ми беше. И мене рецептот што ми го пишаубаво ми изгледа, ќе пробам па ќе пишам каква испаднала. :)
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  8. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    259
    Овој е еден од рецептите за торти кој најчесто си го практицирам :)
    торта со бисквити ви требе :


    2 кутији бисквити ( ја сакам да си ја припремам со бамби кекс :) )
    6 јајца ( ако е можно домашни од пазарче )
    2 кесиња шлаг крем.
    200 гр путер.
    200гр шекер
    300 гр чоколада
    300 мл бело кафе
    Е како се спрема сега : Бисквитие ги натопувам во белото кафе, и потоа ги редам во круг, Послем го спремам филот : матам 6 жолчки со 100 гр шекер,морате да ги матите на пареја.
    кога ке се излади тоа ги додавам белките предходно измучкани со 100 гр шекер.
    путерот треба да се измучка со 300 гр чоколоадо ( стопено) Све заедно се измешува док не се помешаат сите состојки. И почнувам, со мачкање врз бисквитите ( ако останат бисквити се ставаат во филот) кога ке се направи премазот одозгора се редат бисквити, послем се остава во фрижидер да се олади. послем ладењето се премачкува со крем шлагот
    На здравје Тортичката :)
     
  9. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Утре и е роденден на мајка ми и сакам да и направам торта чоколадна. Ама како што прочитав сите чоколадни торти беа со мнооогу маргарин. Е тоа не ми се свиѓа. Ако знаете некоја рецепта за убаво чоколадно тортиче без мн маргарин, супер, ептен ке ми помогнете. Поздравче
     
  10. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Торта со гриз
    6 јајца се матат со 300гр. шеќер, потоа се додава 100гр. зејтин, 1 пециво и 200гр. брашно. Се пече на 200 степени (целозујсови :D ) и тава број 28.
    Потоа се сече на три дела и се филува.
    Фил:
    1 маргарин се мати со 120гр. шеќер во прав. 600гр. мелко се вари со 150гр. шеќер и 6лаж. гриз. Да се свари убаво и да се излади па се меша со маргаринот.

    Ролат од кокос
    500гр. локум и 300гр. кокос се меси убаво исе додава сок од 1 лимон. Се расукува кора и во средина се става желе и се витка во ролат.


    Салама кокос ролат
    35 бисквити
    2 ипол филџани вода
    10лаж. шеќер
    2-3 лаж. какао
    Водата, шеќерот и какаото се ставаат да зовријат и се додаваат на бисквитите. Целата смеса се меси убаво и се расукува кора, а потоа се додава филот врз неа.
    Фил:
    5лаж. супени млеко
    5лаж. шеќер
    1/2 маргарин
    Сето ова се става на оган додека се стопи маргаринот и се додава 100гр. кокос.


    Пирамида ролат

    Црн дел: (се дели на две)
    300гр. бисквити мелени
    259 гр. шеќер во прав
    1 жолчка
    100гр. маргарин
    ораси мелени
    4лаж. какао
    Се замесува со малку млеко.

    Бел дел:
    200гр. кокосово брашно
    250 гр. шеќер во прав
    1 белка
    150гр. маргарин
    1ванила

    За понатаму снајди се сам. :) Го нема остатокот од рецептот. Ваљда не го запишала мајка ми. По се изгледа двете теста ќе се спојат, едно врз друго и фигури само да си наравите.
     
  11. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Да не знаете некој рецепт за торта што несе пече? :)
     
    На sofijacasas му/ѝ се допаѓа ова.
  12. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    recepti/torti-sto-ne-se-pecat-t3033/
     
    На Barbie-mwa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nita

    Nita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2009
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    31

    бисквитите треба да се топат на ладно млеко или...
    б
     
  14. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    еве ја мојата торта со кокос:
    3јајца
    9лажици шекер
    9лажици брашно
    9лажици масло
    9лажици млеко или вода
    едно пакетче кокос
    1 пециво
    се ова мешаме со миксер, и печиме во набрашнета тепсија,јас користам бр 30.
    откако ке ја испечеме ја оставаме да олади, а во меѓувреме го правиме шербетот
    1 чаша вода,1чаша шекер, малку маргарин и 2 лажици какао, се тоа да зоврие и ја потураме тортата која е ладна со врелиот шербет ;)
     
    На beticka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    а оваа е пак уште поекономична, моето медено срце, така си ја имам наречено оваа торта :lol:
    2,5 чаши брашно, оние за чај ;)
    1,5 чаша вода ладна
    1,5 чаша шекер
    4 лажици мармалад
    1 пакетче цимет
    1 пакетче сода бикарбона
    сето ова го мешаме со лажица, и смесата ја ставаме во набрашнета тепсија да отстои 10-на минути додека се направат меурчиња на површината, и печиме.откако е готова и ке се олади ја премачкуваме со мармалад, а може и со чоколада истопена, и изгледа вака ;)
     

    Прикачени фајлови:

    • SDC13001.JPG
      SDC13001.JPG
      Големина на фајлот:
      114,2 KB
      Прегледи:
      1.074
    • SDC13003.JPG
      SDC13003.JPG
      Големина на фајлот:
      116,3 KB
      Прегледи:
      1.072
    На Sm.real, Klaudi и beticka им се допаѓа ова.
  16. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам...?

    Знаете ли некој сајт каде може да се најде торта украсена со фигури од цртаниот филм Аладин.Барав на Google некои слики,ама некако не ми се допаѓаат тие што ги најдов.
     
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам...?

    Еве најдов неколку :)

    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  19. milce

    milce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    22
    Kade da najdam fondan za ukrasuvanje torta i znaete li kolku kosta?????????????
    [mod-kirilica:tghd0gj6][/mod-kirilica:tghd0gj6]
     
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Девојки,како да направам обланди?
    Ги обожавам,и сакам и сама да научам да ги правам :)