1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за торти

Дискусија во 'Рецепти' започната од white-chocolate, 25 март 2010.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158

    Па не треба да се пече, пудингот е сварен и готов е. Е сега, незнам тие тестата готови дали се печени или полупечени?
    Никогаш не сум купувала. Ако се полупечени прво нив ќе си ги испечеш па после ќе мачкаш пудинг. И не, пудингот не се мати со миксер, додека се вари се меша со лажица.

    А за шлагот ќе ти треба миксер :)
    Најдобро е да си купиш хопла, само ја матиш со миксерот и се згуснува и готово.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mim

    mim Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Роденденска торта :)

    Во среда ми е роденден, па се мислам што торта да направам, не сум љубител на тешките торти со многу кори и не обожавам овошје. Може ли еден рецепт за лесна, брза и поефтина торта, благодарам, цмок
     
  3. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Ќе ви дадам рецепт за Чоколадна торта ама многу е вкусна :P
    Црн фил:
    450гр. чоколадо
    150гр. млеко
    250гр шеќер
    Сето тоа се растопува и се остава да се излади.
    Потоа посебно се изработува
    250гр. маргарин
    100гр.шеќер
    и во тоа се додаваат 10 жолчки
    Потоа се меша се заедно со претходната смеса

    2кори исто се прават
    10 белки со 10 лажици шеќер,
    се додава 12 бисквити мелени
    3 лажици брашно, 1 пециво
    и за секоја кора се зема по 4 лажици од филот за да и корите бидат црни


    Се надевам дека ќе ви биде од корист овој рецепт :)
     
    На mim му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Сакам да споделам со вас еден прелесен рецет за овошен колач.

    5 јајца
    2 шолји (поголеми за млеко или чај) шеќер
    3/4 од шолјата млеко
    1/4 шолја масло
    2 шолји брашно
    1/2 прашок за печиво

    овошје по избор (мене најубаво ми е со малини или вишни)

    се матат сите состојки, и се пече во подмачкан и набрашнет плех бр32. Кога само малку ќе се запече се става овошјето низ целата површина на колачот (ако се стави веднаш тоа пропаѓа на дното, а ако е многу запечена кога се стави останува на површината, значи доволно е само 1 минутка колку да се створи како коричка на површината). Кога се испече се става шеќер во прав одозгора.

    Прелесен рецепт. Јас го направив пред 2 часа, пред да излезам на кафе и веќе пола исчезнал.
     
  5. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.017
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам...?

    Девојки кога ја матите шлаг пената во фрижидер ја ставате да се олади па потоа ја ставате на тортата? прв пат правам торта што да правам кога незнам :lol:
     
  6. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам...?

    Не јас одма ја матам и ја филувам тортата. Па потоа ја ставам тортата во длабоко (обично ден два порано ја правам тортата за роденден или сл,)
     
  7. RodenaSoGreska

    RodenaSoGreska Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    49
    Сакам да прашам...?

    Првен ке ја нашлапаш тортата после со се торта ќе ја ставиш во фрижидер така е поубаво а можиш и да ја изладиш малку па после да ја ставишна тортата.
     
  8. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.017
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам...?


    аха а тоа ќе се стврдне баеѓи или..? :tmi:
     
  9. RodenaSoGreska

    RodenaSoGreska Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    49
    Сакам да прашам...?

    Па зависи колку време ќе ја оставиш во фрижидерот јас ја ставам во длабоко подолго времне и после ми иде како сладолет.
     
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Раванија

    Рецептов е од храна и вино..ми се виде вкусна тортата и ја правев, мене ми се допадна, а посебно мм ептен ја бендиса (инаку ептен е терсене за благо и ретко-ретко нешто да му се допадне)

    -4 јајца се матат со 9 лаж. шеќер. Потоа во изматените јајца се додаваат:
    -6 поголеми рендани моркови (на крупната страна од рендето)
    -2 лажици какао
    -1 ќесичка прашок за пудинг од чоколадо
    -1 пециво
    -9 лажици зејтин
    -9 лажици млеко
    -100 гр. мелени или сецкани ореви
    -9 лажици брашно.
    -Се` се меша со жица за матење и се пече ( подобро е во округло тавче)

    Шербет
    -3 чаши шеќер (200 ml.)
    -2 чаши вода (200 ml.)
    -1 лимон цеден
    -рендана ( на ситната стара од рендето) кора од лимон.

    Откако тортата убаво ќе се излади, се попарува со шербетот.
    Добар апетит :)
     
  11. Evellyn

    Evellyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    137
    Разработена сум деновиве во кујна,баш сега ставив еден колач да се пече,па ќе видиме како ќе испадне. Лесен ми е многу за правење,и зима и лето со сезонско овошје. Најубав е со вишни ама јас имав праски дома и го направив со праски. Еве го рецептот

    2 јајца
    10-12 супени лажици шеќер
    шоља за кафе зејтин
    250 мл јогурт
    1 пециво
    12 супени лажици брашно (јас ставам 10)
    3 супени лажици гриз (јас ставам 5,така ми е поубаво тестото)

    Сето тоа се миксира,се става во подмачкан плех и одозгора се става сезонско овошје и се става да се пече.Јас кога го сервирам ставам шеќер во прав,а може и ванилин шеќер.
    Добар апетит !!!!
     
  12. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.084
    Допаѓања:
    6.784
    Пол:
    Женски
    Може ли рецепт за некоја брза и лесна роденденска торта,по можност чоколадна,а не овошна?
    И ве молам сите постапки на правење на тортата,без прескокнувања. :D
     
  13. mops

    mops Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    119
    еве еден лесен рецепт за чоколадо со ориз
    1 еурокрем
    3 чоколади за готвење
    1 пакување оризови снегулки
    во тенџере загреано се става малку масло за јадење потоа се додаваат 3 чоколади а откако ке се растопат се става и еурокремот откако се заедно ке се растопи се трга тенџерето од оган и се ставаат снегулките, убаво се промешува за да се измешаат снегулките со кремот и се става во тавче и се рамни, откако ке се стави ви тавче препорачливо е да поседи 5 минути на собна температура а потоа да се стави во фрижидер за поубаво да се сече да не се распаѓа :P
     
  14. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335


    ммм ова може да се измени и да се прават како колачиња, во корпички за бомбици да се ставаат со лажичка!!!! :D
     
  15. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Торта со рум

    Девојки итно ми треба рецепт за торта со рум. :)
     
  16. Miss.Love

    Miss.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Девојки мии требаа помош.. Најдов една тортаа на Интернет .. многу ми се допагаа но не ми е јасно како да ја направам, бидејки немаа дадено точно колкава коли4ина од состојките треба да се стави. Може Хелп?. :)

    ***За тесто е потребно:

    2 чаши јогурт, 2 лажици шеќер, 2 лажици какао, 2 чаши брашно, 2 лажици сода бикарбона и половина шолја масло.

    За прелив: 10 лажици шеќер, 100 гр путер, 10 лажици млеко и 100 гр чоколадо за готвење.

    Подготовка:

    Истурете го брашното во голем сад и додадете сода бикарбона и какао, додадете го шеќерот и измешајте. Постепено додавајте јогурт и мешајте, потоа додадете масло и мешајте додека масата не стане хомогена.

    Намачкајте го тавчето со масло или путер и истурете го брашното. Додадете ја подготвената смеса и заедно со измешаното брашно печете 40 минути на 220 степени. Најдобро е да најдете калап кој ќе биде во форма на срце.

    Растопете ги чоколадото, путерот и млекото. Чоколадото секогаш растопувајте го на мала температура за да не го изгуби сјајот. Додадете шеќер, измешајте и чекајте да се стопи.

    Откако ќе се испече колачот, оставете го да се излади, а потоа пресечете ги краевите за да можете да го додадете чоколадниот прелив. :D :)
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.993
    Пол:
    Женски
    ^^И што не е јасно тука?! Јас не гледам проблем.
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    ДА не сакаш да не повикаш дома да ти го направиме или немаш лажици :lol:
    Еј ако немаш калап срце тогаш може и округло тавче :$
     
    На eutixismena и Annath им се допаѓа ова.
  19. BlackSwam

    BlackSwam Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Торта Детско царство

    Ми се ближи роденденот и сакам мајка ми да ми ја направи детското царство. Ја имам јадено некаде ама не се сеќавам каде. Многу ми се допадна. Но за жал не го знам рецептот. Ќе може ли некој да ми го каже. Благодарам :)
     
  20. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам...?

    Каде да најдам/купам ваква торта? Колку пари би можела да биде? Некој? :^)
     

    Прикачени фајлови: