@Abrakadabra рецепт зa њoките. Ми требa успешнo тестo, мaкaр билo и сo тиквa. Мoиве не јaдaт, мoже тaкa ќе прoјaдaт.
Јас немам некој конкретен рецепт за тестото. Го правам најобично по мои мерки и вкус, исто како тесто за леб. Потоа правам топки, ги ставам врз крпа, оставам да нараснат и ги растегнувам, прскам зејтин и сирење, собирам и мотам во круг. Тоа е..
@Annath , нема нешто посебно во рецептот. Тиква, едно јајце, брашно по потреба, малку путер ( не сум љубител на маргарин ) и малку сол. Го користев овој рецепт http://www.coolinarika.com/recept/njoki-od-bundeve/ со некои мали измени - тиквата ми беше испечена ( во рецептот е варена), а во тестото ставив и малку морско оревче и цимет. А сосот го направив со горгонзола и помешав кефир да се соединат. Многу едноставно и брзо.
Милка торта на мој начин Се печат 2 исти пандишпани 10 белки 12 л.шеќер 10 л.мелени ореви 4 л.брашно Двата листа се сечат на половина да се добијат 4.Се печат во поголемо тавче. Фил 10 жолчки 20 л.густин 500 гр шекер Се матат и се варат во 2 литра млеко.Сварениот фил се дели на половина.Во првиот фил (изладен)се додава 200 гр.стопена оладена бела чоколада и измиксан 250 гр путер или маргарин.Во вториот изладен фил се додава 200 гр стопена оладена црна чоколада и 250 гр. Маргарин или путер. Е сега белиот фил се дели на 3 дела.Во првиот се става 100 гр сецкана Милка чоколада во вториот 100 гр дробени лешници јас ставив ореви.Третиот дел заедно со оставен дел од црниот фил служи за мачкање од страна. Се склопува Лист Бел фил со ореви или лешници Лист Црн фил Лист бел фил со чоколада Милка Лист Се премачкува со белиот фил во кој нема додатоци измешан со црниот. Јас одозгора ставив шлаг а погодна е и за фондан зашто е доста цврста. И излегува баш голема и по должина и по височина.
Повели @Mrs.Bass рецепт за лисната погача Состојки: 1кг. брашно 1 свеж квасец 2 лажици сол 1 чаша ( 200 мл.) млеко 1 чаша јогурт 3 чаши ( 200 мл.) зејтин 3 јајца ( од кои 3 жолчки одат во тестото, а 1 белка е за премачкување ) 1 маргарин ( јас не го сакам маргаринот, а во погачава морало да се става, па ставив пола пакување путер и пола маргарин ). Маргаринот (или путерот ) треба да се растопат , за полесно премачкување на 3 –те кори. Подготовка: Се меси убаво и мазно тесто од горенаведените состојки. Се дели на три подеднакви дела. Се сука / развлекува кора и се мачка целата со еден дел од растопениот путер или маргарин. Се сука друга кора и таа се става над првата и премачкува со путерот. И последната кора исто се сука и става над втората и се премачкува со преостанатиот путер. Внимателно се виткаат премачканите кори во ролат . Ролатот се сече на парчиња кои се редат во подмачкано поголемо тенџере ( нараснува доста, па посигурно е во тенџере да се редат парчињата ). Се остава убаво да нарасне и се премачкува одозгора со малку изматена белка и се посипува со сусам или афион, кој како сака. Се става да се пече во претходно загреана рерна на 180 Ц околу 40 минути додека не се зацрвени и испече убаво во внатрешноста. Тест со чачкалица не е лошо да се направи за проверка дали е испечено тестото. Значи колку само „СЕ" изнапишав
Тортата е без глутен. Малку нејасно ќе го напишам рецептов зашто е правена од тепка и мајка ми уште не напишала јасен рецепт. Пандишпан: 11 белки се матат со 11 лажици шеќер. Настрана се мешаат 200гр сецкани урми 200 гр суво грозје (во нашата имаше мешано суво овошје - јагода, рибизла, боровинка...) 200 толчени ореви Во мешавината од суво овошје се ставаат 2 лажици (не мн. полни) безглутенско брашно. Оваа мешавина се меша со снегот од белки, многу нежно со лажица. На крај се додаваат 100 гр мелени бадеми или бадемово брашно (кај нас беше бадемово брашно). Се пече во голем плех обложен со хартија. 10 минути на 180 степени и 20тина минути на 160 степени. Ова сами ќе го одредите, секоја рерна е различна. Фил: 11 жолчки со 200 гр. шеќер се варат на пареа. Се додава 200 гр. темно чоколадо. Кога ќе олади, смесата се миксира со 250 гр. омекнат путер. Пандишпанот се сече на 3 ленти и се филува тортата. Прелив: 200 мл хопла се загрева до точка на вриење. Во друг сад - 200 гр. чоколадо се крши на парчиња. Хоплата се додава кај чоколадото, па се меша додека да се растопи. Се остава малку да олади пред да се прелие над тортата. Спојлер: Слика, за да знаеме која торта.
@irena.1 Супа од тиква Тиквата ја варам со два компира, морков и малку ѓумбир. Во водата додавам млеко, маслена павлака, вегета и др. зачини по вкус и варам. Кога ќе се свари заедно со дел од течноста миксам во миксерот, и додавам од павлаката и зачини по вкус. Ист принцип и за крем супа од брокула и тиквица.
Moze glazurata da se isturi vrz peceniot biskvit pa ozgore da se dodade i kokos..ama toa e za mrzlivite
Aha go pisuvam vo ReceKti od fem instagram Me zamati so ova temive be @Bridget za biskvitot: 3 jajca 10 laz seker 13 laz zejtin 16 laz brasni 100 ml mleko 1pecivo za glazura: 250 gr margarin (edna kocka) 200 gr kuhinjsko cokolado 200 ml mleko 200 gr seker Biskvioto se sece na kocki.Sekoja kocka se macka vo glazurata (jas ostavav i da postojat kockite oti "pijat od glaxurata) i se valka vo kokosot.
@promeneta Бидејќи ми пиша во темата, но ти го избришале коментарот, изволте рецепта за руски капи или т.н шубари. Потребни состојки: - 6 пудинга - 1кг и 200 млеко - 3 паковки ресана, од тие големите од по 500 гр. - 1 пакетче кокос - 1 кристал маргарин - 1 паковче шеќер во прав Подготовка: - Ги правиш сите 6 пудинзи настрана, и потоа ги додаваш во млекото од 1кг и 200. Ќе мешаш убаво, со цел да испадне густо. Кога ќе биде готов, го тргаш настрана, да се олади, а во меѓувреме, го матиш маргаринот и шеќерот во прав заедно. Откако ќе се олади пудингот, ќе го додадеш во смесава со маргаринот и шеќерот и матиш, се додека не се изедначи смесата. Откако ќе се изедначи, почнуваш со мачкање на ресаните. Земаш по две ресани, и на една кај што е чоколадното, ставаш од смесата колку сакаш ти и потоа ја лепиш другата од другата страна, оти чоколадото треба да се гледа. Откако ќе ја залепиш неа, отстрана мачкаш со пудинг, ама гледај да не го премачкаш чоколадното, и потоа ваљаш во кокос убаво. И да, преубави и превкусни се. Сите ми ги пофалија, па затоа во една секунда ги снема Обавезно чекам слика да постираш кога ќе ги направиш