Малку ке бидам оф топик @Mrs. Diva , но оваа е тема за споделување рецепти, секој да го види не само оној што го побарал затоа пишувајте ги тука, а не во лп.Па тоа е и сврха на темата споделување рецепти.
Грчка мусака со модар патлиџан Состојци (за 6 особа) - 2 модри патлиџани - 400 грама мелено јунешко месо - 2 главици кромид - 4 патлиџани - мала лажица оригано - половина мала лажица бибер - сол, магданос - масло - 2 лажици маслиново масло - малку брашно За бешамел сос: - 120 гр. путер -120 гр.. брашно - 1,2 л. млеко - половина мала лажица бибер - половина мала лажица мускатно оревче - сол Подготовка: 1. Модар патлиџан се мие и му се одрезува врвот со петељка, а потоа се сечка на кругови големина околу 1-2 цм ( не се лупи). Патлиџанот се посолува и се остава да отстои околу саат време. За тоа време се припрема фил од мелено месо: 2. Се пропржува на масло ситно сецкан кромид, потоа се додава месо и се заедно се пропржува. Патлиџанот се мие и се пресекува на половина, па секоја половина се ренда на крупно ренде, така да на крајот остане само љушпа во рака, која се фрла. Ренданите патлиџани се додаваат во месо и веднаш се додава оригано, бибер и сол. Се се динста заедно додека течноста не испари, а пред самиот крај се додава сечкан лук, магданос и 2 лажици маслиново масло. Филот се трга од огинот и се припрема модар патлиџан. 3. Модар патлиџан прво се цеди од течноста, а потоа секое кругче се ваља во брашно. На загрејана тефлонска тава се става малку масло и се пече патлиџанот кратко, од двете страни по минут-два. Не се става многу масло оддеднаш бидејќи патлиџанот ќе го впие сето масло веднаш па ќе биде мрсно, туку пред секое ставање патлиџанот во тава, тавчето се наросува со маслото. Испечениот патлиџан се реди на папирнат убрус за да впие вишок мрснотија. 4. Во ватросталниот сад се реди испечен модар патлиџан така да целото дно биде покриено. Садот не мора да се подмачкува бидејќи веќе ќе биде доволно мрсно од модар патлиџан. Преку патлиџанот рамномерно се распоредува филот и благо се тапка со лажица ( не се притиска да не се згмечи патлиџан) Сега се прави бешамел сос: 5. Во тенџере се загрева путер, се додава брашно и се пропржува. Тавчето се трга од огинот и се додава отприлика шолја млеко притоа бргу промешувајќи да не се создадат грудчиња. Температата на ринглата се намалува и се враќа повторно на огин се време промешувајќи и додавајќи по малку млеко додека целото не се додаде. Пред да го додадеме целото млеко во сосот, го зачинуваме со сол, бибер и мускатно оревче. Бешамелот се насипува преку филот и се пече во претходно загреана рерна на 175 степени околу 30-35 минути.
@Winter Lady ona Penarlija ke mu dojde nesto kako solena torta? So urda e? Aj ako moze recept da go probame. Onie sitnite kolaci stalno ti gi zagleduvam i lajkuvam bidejki istite najcesto gi pravime i nie po doma so majka mi. Najcesto pravime pogolena doza od site i zamrznuvame pa si imame podolgo vreme.
на барање на Феминки Пудинг со јагоди Состојки: · 1 литар млеко · 5 лажици брашно · 187 грама шеќер · 1 јајце · 100 мл хопла · 1 ванилин шеќер · 20-30 јагоди · 175 гр бисквити ( може и плазма ама јас ги правев со обични бисквити) Подкотовка: 1. Млекото се става во тенџере 2. На страна се разматува јајцето со брашното и шеќерот со неколку лажици од млекото (100 мл) да се добие убава мазна смеса 3. Се додава на млекото во тенџерето и се меша да се згусне не на најсилно. Кај мене имам до 6 на рингла го правев на 5. Пожелно е да се меша нон стоп додека да се згусне за да не се направат грутки 4. Кога ќе биде убаво згуснато (како пудинг) се додава 100мл неразматена хопла и ванила шеќер и се меша (јас го матев со миксер на најмала брзина) 5. Сомелете ги бисквитите 6. Јагодите исечете ги вертикално 7. Се реди прво еден сантиметар пудинг , па се посипува од мелените бисквити , на краевите од чашата се редат јагодите, се става пак пудинг и се повторува додека не се наполнат садовите во кои го ставате десертот. 8. Одозгора се украсува со сечени јагоди. 9. Се остава да се излади преку ноќ и се јаде. Доколку се прави со банани потребни се 2-3 големи банани. Пријатен апетит
@Tajnaotrovna јас пошто сум мρзла ги пρавам повеќе за слави, поρетκо ваκа.повеκе κолач и тоρти пρавев. ама сега годинава слабо благо пρавам. аκо саκаш ρецепт κонκρетно за неκои од ситните κолачи κажи. Пенаρлијата тоа не е κаκо тоρта туκу κаκо пица и пастρмајлија му иде тесто и одозгоρа има 3 јајца матени со сол и цρн бибеρ аκо саκаш, јас вегета ρетκо ставам, и дρобено сиρење на поситно.лесно бρзо и многу вκусно. Повисоκа стои од пица деκа повеќе тесто ставам со ρаκа диρеκт, не го суκам и затоа. Јас тедтото го пρавам κаκо за леб бρашно вода κвасец сол и малце шеќеρ.И зејтин пρи ρазмесување. Ти можеш по твоκ ρецепт да си го напρавиш тестото, и κога ќе е стасано, го ρазвлеκуваш низ цел плех од κρајот го пρавам κаκо пастρмајлијата повисоκо да не се ρазлеат јајцата, и сиρењето го ставам, поκисне15-20 минути и се пече. многу е вκусна, пρобај па κажи импρесија.
^^^ Различно име, тетка ми го прави истово и мн е вкусно, ама јас го знам како брза пица ( разликата е што тетка ми и 1 чаша јогурт става во тестото), некогаш и кечап прска, варијации. Многу меко тесто/пица,не губи од мекост, а навистина е брзо и вкусно. @pink95 може рецепт за кроасаните? Ако не е проблем по детален рецепт, кога си почетник во месење секој потег е битен.
Протеински палачинки со јагоди Состојки 1 банана (убаво изгмечена), 2 јајца, 1 дозерка протеин од чоколадо, и јас му додавам малце кокосово масло во смесата за да не ми се залепуваат. Декоративно може по желба да се додадат јагоди, вишни...
Кроасани 1 кг брашно коцка квасец 2 лаж.сол 2 лаж шеќер 2 јајца 250 мл млеко пресно 250мл млеко кисело или јогурт малку зејтин Со сите состојки cе замесува тесто и се остава да стаса два пати. Стасаното тесто се дели на 8 кравајчиња и секое се сука колку едно чинивче мало.Се зема еден маргарин и се дели на 7 дела па секое освен последното се мачка и се става едно над друго. Се суче една голема кора од која се прават 32 кроасани. Кроасаните се оставаат да стасаат па се мачкаат cо жолчки и се поросуваат со сусам.
@ph.orhideja внатре е класична чоколадна торта со два фила од кои се прави еден. Фил I - 300гр млеко,100гр какао и 200гр шеќер се варат околу 7мин. Тесто- 7 белки, 150гр шеќер се матат и се додава 1 пециво и 5големи лажици брашно или пак 150гр мелени ореви и 1лаж брашно. Значи тоа е по желба. Фил II - 7 жолчки , 250гр шеќер во прав се мати со 1 маргарин и се мешаат со првиот фил кој треба да е оладен. Мајка ми ги печеше во кружен плех. Потоа одозгора еден чоколаден шлаг крем. Ја оставивме убаво да се стегне па ја полив со 3 растопени чоколада за готвење. Ја оставив да тече надолу не ја мајкав по страните. После редев одозгора. Само оригинал големи јајца никаде кај нас нема. Па купив некои турски киндер, малите се чоколадни киндер бинбони и класични киндер чоколада.