1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од турската кујна

Дискусија во 'Рецепти' започната од CaperucitaRoja, 27 мај 2012.

  1. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    :rofl: шок е името на фирмата што ја пишува на булгурот :rofl: се пресмеав....
    а инаку булгур имаш во рамсторе околу 100денари-1кг ...барај кај оризот и пченицата...булгурот всушност претставува кршена пченица...се приготвува на начин прикажан претходно :inlove: и се јаде во прилог со гравче тавче или со некое месо или зеленчук...превкуснооо!!!
     
  2. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Јас ја знам портокаловата леќа како типична турска храна па оставам рецепт тука. Еден период портокалова леќа имаше само на едно-две места, ама во последно време секаде може да се најде.

    Се готви многу брзо, за 15-20 минути е готова, и со мајка ми ни е фаворит. Ние правиме нешто како чорба-супа. Во вода се става леќата со малку масло, се додаваат зачини (посебно ставете црвен пипер убав шмек дава) и така се вари некои 15-тина минути. На крај ставаме многу зечкан магдонос и изволте здрав ручек. Мене ми е повкусна од обичната леќа, а и бојата и е поубава. Иако изгледа како чорбичка, најадува бре.

    Неодамна видов еден рецепт за ќофтиња од портокалова леќа морам да ги пробам. :)
     
    На SunnyGirl2 и kikikikirika им се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јадев лахмаџун без месо (вегетаријански) и беше вкусен, интересен.. Дали знае некој рецепт за таков ???

    А, црвената леќа не ми е повкусна, и многу се раскашкува (не останува зрното цело) и таа обичната наводно била поздрава.
     
  4. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Ја сакам Турција и сум била неколку пати на одмор таму, турците се многу гостопримливи луѓе, меѓутоа освен нивната баклава, ништо од нивната кујна не ми се допаѓа. Храната ја прават со многу јак вкус и зачини на кои ние не сме навикнати. Телешкото месо не ми се допаѓа, ама може да се каже дека ми беше убав нивниот телешки кебап, или можеби само бев прееемногу гладна. :D Но најчесто се хранев со печена кокошка, тоа мислам дека беше единственото нешто што има ист вкус како кај нас. :wasntme:
     
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Сум била во Истанбул се ми се допадна со исклучок на храната, ви кршам атер може тука ама не не храната не ја можам ;( да живеам таму ке се направам 20 кила, ништо не јадев тие денови додека бев само на чај бев и чоколадо, а чајот ми е преубав си купив и за дома ама не можам да го погодам како нив :inlove:
     
  6. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    да ја активираме малку темата а девојчици:)

    во прилог испробан рецепт за турски погачици

    За тесто

    800 гр брашно
    400 мл млеко
    50 гр свеж квасец
    70 гр путер
    2 јајца
    1 лажичка сол
    1 лажичка шеќер

    За фил
    250 гр сирење
    1 жолчка
    прстофат сол
    70 гр путер за премачкување

    За премачкување
    1 белка
    сусам и семки од сончоглед

    1. Млекото затоплете го млако. Во него ставете ги путерот, шеќерот и квасецот. Во брашното додатете ја солта и јајцата. Со млекото и растворените состојки во него, замесете средно меко тесто и оставете го да стаса.
    2. За филот изрендајте го сирењето и во него разматете ја жолчката. Сол ставете по желба.
    3. Откако тестото ќе стаса поделете го на повеќе топки. Го делите на онолку топки колку што сакате погачки да имате.
    4. Секоја топка ја развлекуваме со сукало овално, ја премачкуваме со путер и со фил, па ја сечеме по должина на 1 см растојание, ама не до крај. Започнуваме со виткање на погачката, од долниот дел и дијагонално, па ја завиткуваме во круг.
    5. Ги ставаме во намаслена тава или пак на хартија за печење.
    6. Секоја погачка ја премачкуваме со разматена белка и ги посипуваме со сусам и семки од сончоглед.
    7. Печеме во загреана рерна на 200 степени.
     
    На okcenzi и LivingGlam им се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Девојки дајте рецепт за турски лепчиња
     
  8. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Имам јадено нешто како плескавици како мекици незнам ама превкусно беше со кромид компир и имаше уште нешто.Ако некој знае нека пише.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Мусака-типично турско јадење.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Во Турција јадев некое турско ќофте, месото и се внатре беше некако изблендирано, но беше ептен вкусно.
    Некоја да не знае рецепт таков?
    @mssuniquee ти вака си по овие работи
     
  11. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    10.627
    Пол:
    Женски
    Кога Џејми Оливер беше во Грција да снима емисија, и пробуваше локални специјалитети, му дадоа да јаде мусака, и тоа онаа нашата' мусака, месо, компир, јајце од горе..
    Тетката што му правеше мусака му кажа дека тоа е нивно традиционално јадење..
     
    На ArtemisSs му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    52.101
    Пол:
    Женски
    @Emotional123
    Вака беше? Icli kofte, омилено ми е во турската кујна, но уште не сум пробала да го направам дома:worried: Овие денови обавезно и ако успеам ќе ти пратам и рецепт и постапка:l:
    B0B02C79-4B5F-413A-B061-27FD6E0C3C60.jpeg
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    На изглед не ми текнува баш најдобро.
    Хотелска храна беше, но знаеш како е кај нив, претежно традиционална кујна имаат. Мислам дека беше вака нешто, само може потемно
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ArtemisSs

    ArtemisSs Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2021
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    И јас имам јадено мусака во Грција традиционална шо би рекле и знам дела се состои од црн патлиџан компир тикве мелено месо и бешамел сос.. мислам дела оваа е таа традиционалната грчка..
     
  15. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    10.627
    Пол:
    Женски
    Они ваква му понудија, и баш коментарот на Џејми Оливер беше дека на овие простори храната е многу едноставна и тоа е така затоа што на овие простори секогаш живеело посиромашно население, но дека и покрај малкуте состојки кој се користат, храната е превкусна.
     
    На ArtemisSs му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Имам лахмаџун јадено и убаво е.
     
  17. ArtemisSs

    ArtemisSs Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2021
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да споделам еден рецепт турски што ми е омилен:
    1 црн домат
    2 лажици мајонез
    Мало лажиче павлака
    3 чешниња лук
    Маслиново масло
    Малце буковец
    Оревчиња мелени
    Се пече црниот домат,се лупи се толчи и се потпржува со врело маслиново,се меша со мајонезот павлаката лукот(толчен) оревите и буковец,се става сол по вкус и бибер.
     
    На Salome му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.488
    Допаѓања:
    41.854
    Пол:
    Женски
    Од солени работи кумпир ми е дефинитивно омилено. Исто и пиде со кашкавал. Не јадам месо па нема многу избор за вегетаријанци. Еве кумпир:

    Од благо сакам се', само баклава не.
     
    Последна измена: 27 декември 2021
    На hermosa и mssuniquee им се допаѓа ова.
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    @mssuniquee може помош? Само 3 состојки разбирам, другово ми е непознато.
    Screenshot_20220124-162135_Instagram.jpg
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    17.756
    Не сум @mssuniquee ама еве :) ( ако сум направила утка во нешто со преводот нека ме поправи 8-| уште учам:lol: )

    1,8 кг тиква
    1 кг. шеќер
    1 стапче цимет
    3 каранфилчиња

    Исечкај ја тиквата на парчиња со големина колкава што сакаш. Стави ја во тенџере и додади од горе 700гр шеќер, стапчето цимет и каранфилчето. Остави половина час.
    После додади пола чаша вода и готви на ниска температура со затворен капак.
    Направи карамел со останатите 300 гр. откако ќе се истопи шеќерот додади половина шољичка вода. Почекај да зоврие за да се отпушти карамелот .
    Додади го карамелот на тиквата и печи на претходно загреана рерна на 175 степени додека добијат златно кафена боја.
     
    На Emotional123 и mssuniquee им се допаѓа ова.