Рецепти од 24 Kitchen

Дискусија во 'Рецепти' започната од tinkerbelll, 21 септември 2012.

  1. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.049
    Допаѓања:
    4.547
    Пол:
    Женски
    Како зависник од тв каналов решив да отворам тема.Не ја ставив во категорија ТВ затоа што сепак се работи за храна и рецепти,па мислам дека ова е соодветното место.
    Има премногу интересни рецепти,кои се воедно и лесни за подготовка па мислам дека би можеле каkо идеи за готвење да ги запишуваме тука.

    Јас најмногу ги следам емисиите на Рудолф -Rudolph's Bakery,Easy meals, Donna Hay со Fast, Fresh, Simple,незаменливиот Џејми Оливер и Лако може свако со Његош.
    Имам применето нивни рецепти,и одлично ми се покажале.
     
    На Peppermint и Doozy им се допаѓа ова.
  2. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    663
    Допаѓања:
    635
    дај жено кажи некој испробан рецепт :)
     
  3. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.049
    Допаѓања:
    4.547
    Пол:
    Женски
    Поховани прстени од кромид

    За смеса
    Брашно
    Јајца
    Пиво
    Масло
    Сол и бибер

    За поховање
    Презла

    Подготовка
    Се матат јајцата.Во друг сад се мати брашното со пивото и му се додава на јајцата.На смесата и се додава малку масло,сол и бибер.
    Кромидот се сече на подебели кругови.Се потопува во смесата со пиво а потоа во презлата и се пржи на загреано масло.


    Месо со јаболка

    Потребно е

    Пилешко месо
    Кромид
    Лук
    Компир
    Морков
    Печурки
    Сок од јаболка
    2,3 Јаболки

    Подготовка

    Во подлабока тава се става месото да се пржи.Му се додаваат кромидот(исецкан на полукругови) и лукот.Потоа му се додаваат исецканите компири и морков и печурките.Оставаме неколку минути да се пропржи за да се соедини смесата а потоа додаваме јаболков сок.
    Додаваме и 2/3 исецкани јаболки.Се остава варивото да се динста додека не се свари зеленчукот.
     
    На Peppermint и Mrs.Bass им се допаѓа ова.
  4. Peppermint

    Peppermint Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    3.394
    Пол:
    Женски
    Сите рецепти можете да ги најдете на http://www.24kitchen.nl/
    Пребарувањето е лесно по теми или по готвач.

    Јас за викендов му се спремам на еден колач со јаболки и маскарпоне што го правеше Рудолф, па ќе пишам за резултатот
     
  5. ines.h

    ines.h Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    3.685
    Кога сме кај овој сајт или тв ,сум се изнагледала синојќа два цели сааати :D .Предлози идеи фрчат која побрзо да ја сплеткам во кујна .
     
    На yeah му/ѝ се допаѓа ова.
  6. darcy

    darcy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    509
    Има англиска (или било која сем холандска) верзија на сајтот?
     
  7. Punkgirl

    Punkgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    1
    da ne znae nekoj recept za ona sto rudolf gi pravese kako toffee so karamela pa gi prelivase so cokalada
     
  8. dunika

    dunika Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    126
    ;( јас го немам овој канал,на близуу сме со кабловска,многу ми е криво...ај ке си читкам од тука-утешна награда..
     
  9. Peppermint

    Peppermint Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    3.394
    Пол:
    Женски
    Јас го направив колачот со јаболки и маскарпоне. Малку ја изменив рецептата на Рудолф со тоа што ја зголемив количината на кремот и го подготвував во округол сад.
    Еве го рецептот со моја адаптација
    Тесто.
    Од 250 гр брашно, 80 гр. шеќер, 150 гр. ладен путер, едно јаце и малку сол се замесува тесто. Се витка во пластична фолија и се остава во фрижидер.
    Фил.
    500 гр. маскарпоне, 150 гр. шеќер, 3 јајца, ванилин шеќер и 150 гр. брашно - се меша во сад со лажица.

    Округлиот огноотпорен сад го премачкав со путер. Тестото треба да се сука, но јас го развлеков со раце и го истапкав директно во садот за печење. Убаво треба да се обложи внатрешноста на целиот сад до ивиците, а вишокот тесто исечете го со нож. Тестото треба да се издупчи со виљушка на повеќе места. Потоа се нанесува филот. Врз филот се редат јаболките исечени на тенки кришки. Јас прво ги редев убаво (како Рудолф :)) па после го исгубив редот, па ги изнаредив безвезе.
    Се пече во загреана рерна на 180 (јас 40 мин. а Рудолф за 50мин.). Внимавајте само јаболките лесно подгоруваат, па не е лошо првите 20 минути да го печете покриен со фолија.
    По печењето треба да се подолади и лесно се превртува во друг соодветен тањир. Одозгора јаболките со четкичка се премачкуваат со малку загреан мармалад од кајсии.

    Вкусот на колачот би го оценила со 4. Значи не е вкус на кој ние сме навикнати. Колачот е многу калоричен, па ако го правите -јадете мали парченца. Јас синоќа стрвна, огромно парче изедов па уште и топло, па ноќеска ми беше тешко во желудникот.
    Рецептот ќе го најдете на нивната веб стана, а што се однесува до преводот јас вклучив преку гугл транслејт од холански на англиски.

    За разлика од совршенството на Рудолф, мојот изгледаше вака
     

    Прикачени фајлови:

    • P9225104.JPG
      P9225104.JPG
      Големина на фајлот:
      62,4 KB
      Прегледи:
      1.770
    • P9225107.JPG
      P9225107.JPG
      Големина на фајлот:
      74,8 KB
      Прегледи:
      1.770
    На tinkerbelll, ines.h, Shelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Emma89

    Emma89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    412
    Абе луѓе од кај го гледате каналов??
     
  11. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    893
    Го има на тв. :)
     
  12. Emma89

    Emma89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    412
    ^ Хахаха Знам дека на тв го има, но колку што знам на кабелска каналот го нема, гледав канали на max tv исто така не го најдов. Јас сум на кабелска инаку. Затоа прашав.
     
  13. An-na

    An-na Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    Да бе, навистина го нема на Макс ТВ :( Јас на Боом ТВ го гледам.
    Инаку, да прашам дали имаат англиска верзија на странава? Барав, ама не успеав да најдам.
     
  14. Annath

    Annath Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    5.460
    Допаѓања:
    6.219
    Пол:
    Женски
    Нема англиска верзија, можеш да си уклучиш Google translate, па ќе ти преведе доволно за да можеш да се снајдеш. Инаку, и јас го гледам на Boom TV, знам дека некои кабелски оператори го имаат, ама не сите.
    Како и да е, си го пуштам секогаш кога ќе најдам време да седнам пред тв преку ден.
    Ми се допаѓаат доста емисии, ама дефинитивно, омилени ми се Easy Meals, Rudolph's Bakery и Donna Hay Fast Fresh Simple. Borderless cooking понекогаш ми фаќа око, a Taste of cooking ми е малку повеќе комплицирана.

    Како и да е, си правев некои од рецептчињата, малку ги модифицирав, претежно слатките на Рудолф ги правам, ама знам да искористам некоја идеја од Easy Meals кога не ми текнува што да правам за ручек.

    Еве некој рецепт од мене :)
    Speculaas (првото што направив, за да видам дали ќе ги биде рецептите или не)

    Оригиналниот рецепт оди вака:

    Лажица млеко - ставив две
    100г шеќер - јас дупло, 200г
    150г брашно - пак дупло 300г, поточно, помалку сум ставила, дел заменив со крупно мелени лешници (150г)
    75г путер - 150г во мојот рецепт, ама ставив Кристал маргарин
    лажичка прашок за пециво - ставив две
    75г кафеав шеќер - 100г обичен шеќер
    5г сода бикарбона - не ставив
    clove powder (немам поим што е ова) - наместо ова ставив какао, една лажица
    морско оревче - наместо ова ставив цимет

    Млекото се става на оган со шеќерот да зоврие (да се стопи). Во подлабок сад се става брашното, останатиот шеќер, какаото, циметот, прашокот за пециво, се меша убаво и се додава маргаринот. Потоа се додава врелото млеко и се замесува тесто. Треба да биде како бисквитно тесто за ванилици - мене ми излезе како тесто за бомбици. Се става во фрижидер да се стврдне малку маргаринот. После треба да се сука како кора и со модли да се вадат колачи, ама бидејќи мене не ми беше доволно цврсто за сукање, направив топчиња и ги плескав со чаша, што не мора, оти ќе се шират во плехот, па да не ви се спојат. Се печат 10-15 минути на 175 степени и меки се кога ќе се извадат, со ладењето се стврднуваат и стануваат крцкави колчаиња. Превкусни се, за со млеко, за со кафе или така за грицкање.
    Слика немам, не стигнав да ги сликам :$ ај нареден пат.

    Друго:
    Fryske Dumkess

    110г лешници
    250г брашно
    малку сол
    150г шеќер
    150г омекнат путер
    лажиче цимет
    лажиче ѓумбир
    лажиче анис
    2 јајца
    Крупно мелените или сечкани лешници се мешаат со брашното и солта. Се додаваат шеќерот, путерот, зачините и јајцата. Се меси убаво меко тесто, се остава во фрижидер барем половина час.
    Се сука кора и се сечат коцки од тестото (големина по избор, може и со модли). Се редат на хартија во плех, се печат 15-20 минути на 180 степени.
    Треба да се втисне отисок од прстот кога малку ќе се оладат :^) не ми беше сфатливо, па не го направив тоа.
    Колачите се супер, јас сакам вакви да имам по дома за секој случај, затоа што стојат подолго време без проблем. Е сега, овие дозите се мали, може да ги дуплирате, триплирате... колку сакате :)

    Coffee caramel truffles
    20г инстант кафе
    200мл слатка павлака
    150г шеќер (во оригиналот има 100г шеќер и 100г мед, ама јас ставив 150 г шеќер, да не се многу благи од медот)
    200г млечна чоколада (во рецептот е 500г :tmi: )
    200г црна чоколада (исто и ова во рецептот е 500г, ама многу е)
    Се меша кафето со павлаката и се загрева, а од шеќерот се прави карамел. Се истура топлата павлака во карамелата и се чека да се истопи. Се додава млечната чоколада и се меша убаво да се стопи.
    Оставаме да се олади, формираме топчиња и ги натопуваме во црната чоколада претходно растопена со малку масло. Може топчињата да се замрзнат, па така замрзнати да се потопат во чоколадо, тоа веднаш ќе се стврдне.

    Ај доста е за денес... нареден пат повеќе ;)
     
    На tinkerbelll, An-na, Katerinceee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.945
    Допаѓања:
    26.848
    Ама сте биле вредни, и рецепти сте напишале, :) јас досега немам испробано ниту еден рецепт, ама уживам да гледам 24 Kitchen, празник за очињата ми е.
    Омилен ми е Рудолф, n.1, човекот работи толку прецизно, како хирург е, и рецептите не му се прекомплицирани, објаснува фино, навистина човекот ми е срце. Џејми Оливер, неприкосновено добар, само многу плука додека готви бре. Say it, don't spray it. :?:
    А најсмотан ми е Лако може свако, |( многу ми е утепан, ко втор братучед на Дени-4 сезони.
    Врска нема реално.
    И една црнкиња, со разделени предни запчиња, ја даваат ли уште, ја имам начекано неколкупати, грдичка е вака, ама пријатна за гледање, едноставни и лесни рецепти за реализација. :)

    Ќе испробам наскоро некој рецепт и ќе напишам, со фото-документација ;)
    И поздрав до сите зависници од каналчето, многу пријатно освежување, поубаво ми е од гледање филмче некогаш. :lol:
     
    На mims-89, kate21, tinkerbelll и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Shelea

    Shelea Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    2.780
    Допаѓања:
    10.950
    Аааа темава. Ќумрам :)

    Гледам, следам, и имам една маана - ништо не запишувам. Рудолф и неговата пекарница, плус лесните оброци, мерак за душа. Ко што рече Тренди, едноставно објаснува, секогаш е иновативен, лесни му се за правење работите, чисто и практично изгледа се’ што готви и е душа да го гледаш.

    Ја сакам и онаа Анџелик, што прави мини фјужн оброци со интересни додатоци, ма да неа секогаш јадењата и се за висока класа и порции за дипломатски кор и протоколи :)

    Имам запамтено само еден сјаен оброк на Рудолф, пире од компир со кељ во него и крцкаво пилешко пржено со сос од павлака, шафран и грашок. Многу едноставно и вкусно изгледаше, и го пробав и дома, и според мерките што ги имав во домашни услови еве што ви треба:

    За пирето:
    1 кг црвен компир
    300 гр кељ (мали зелчиња)
    100 гр путер
    100дл слабо згреано млеко
    сол
    млад лук

    За пилешкото:
    2 парчиња пилешки стек од по 200 гр.
    1 павлака
    100 дл млеко
    1 лажица брашно
    малку шафран
    200 гр. смрзнат грашак.


    Сварените црвени компири треба да ги испасирате, но како што вели Рудолф, не до таа мера да бидат како крем, туку да се чувствува вкус на компир. Кељот исто така сварен, се додава во смесата од компир и се гмечи. Стопен путер му стави на крај, а и млекото слабо згреано, за да не ја смени густината на пирето. Стави свежо сечкано лукче и сол. Пирето не треба да има конзистентна боја, туку да се прелева во зелено и жолто. Така и изгледаше!

    Пилешкото полесно здравје. Исчистените две парчиња (за двајца) ги посоли само и ги пржеше на грил тава, без масло. Треба да бидат крцкави и румени озгора.
    Во тава стопи малку путер, додаде лажица брашно, и млекото полека, за да се направи бешамел сос, малку поводлест од вообичаено. Се додаваше бибер мислам, и на крај павлаката, да добие густина. Стави шафран за да добие црвеникава боја сосот. Грашокот го вареше кратко, и го процеди и стави во сосот. На крај во таа негова сјајна шарена чинија со црвено бели коцки стави топка пире, парче стек и го прели сосот.

    Дур го напишав ова, подголтнав едно 3546464 пати :lol:
     
    На kate21, Mrs.Bass, Trendafilka и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Emma89

    Emma89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    412
    Е баш ми е криво. И тоа многу. :devil: Да не случајно некоја од вас знае линк на интернет да го гледам?
     
  18. Annath

    Annath Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    5.460
    Допаѓања:
    6.219
    Пол:
    Женски
    Има на YouTube, еве на пример, пиши Rudolph's bakery, и ќе ти излезе. И на официјалната страница ги има клиповите, ама збори холандски, нема превод. И плус треба да се регистрираш.

    Јас обично го барам рецептот на официјалната страница откако сум го видела на тв, бидејќи може да заборавам некоја состојка. А фала му на Гугл Транслејт, доволно добро ми ги преведува.

    ЕДИТ: еве овие ги препорачувам. Fryske Dumkess ми се правени, а Rudolph's candy bars не... ама ги меркам... вкусни изгледаат :)
    http://www.youtube.com/watch?v=a3zjW5-p2MU
     
    На Emma89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Peppermint

    Peppermint Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    3.394
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира околу саморастечково брашно, во многу рецепти го употребуваат. Јас го заменувам со обично, но чувствувам дека нешто недостига.
    Нити сум купила, нити пак знам дали кај нас може да се најде вакво брашно. Дали со додавање на пециво во обичното брашно ќе се добие истиот ефект?
     
  20. ines.h

    ines.h Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    3.685
    Се дрогирав од гледање :D дека ми го немаше извесен период каналот , надохнадувам .....инаку DONNA HAY ми е омилена засега......
    а преѓе господин Рудолф тоа што го нарави со овошјето во голема прозирна чинија ....е не мозев да му се изнагледам.
     

Сподели ја оваа страница