1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од 24 Kitchen

Дискусија во 'Рецепти' започната од tinkerbelll, 21 септември 2012.

  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Нема во Мк од саморастечкото брашно, барав секаде кога бев во Мк, им порачав да бараат родниниве и во Грција, немаше ни таму :doh:
    Скоро сите рецепти што ги знам за благо ми се со такво брашно, пробав и јас само со прашак со пециво, пак нешто му фалеше, вториот пат го измешав прашакот за пециво, пола лажица сол (битно било да има сол низ брашното, зошто незнам ) и го сеев брашното двапати и беше скоро исто како тука кога купувам selfraising flour.
     
    На Peppermint и Annath им се допаѓа ова.
  2. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Генерално мерката за замена на саморастечко брашно отприлика оди:
    3/4 шоља брашно
    1 лажичка прашок за пециво
    1/4 лажичка сол
     
    На Peppermint и Annath им се допаѓа ова.
  3. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Јас сум на Теле кабел и го има каналов.А инаку можеш да се регистрираш на странава и да ги гледаш рецептите http://www.24kitchen.nl/
     
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.721
    Пол:
    Женски
    Јас пак уживам во -Без резервација на Entoni Burden.Му завидувам како ги запознава културите преку храната.Иако понекогаш знае да ме изнервира со некои изјави сепак го гледам.И јас сакам така, други да готват јас да конзумирам :P
    Рудолф ,нормално дека одлично готви ,само има нешто кај него,некоја одбојност...
    Го сакам и Ненад зашто готви едноставно со продукти кои ми се познати...
     
  5. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Џејми Оливер е ѕвер. Само него го следам. Имаше и еден од Холандија мислам, и тој интересни работи прави ама Џејми си е Џејми.
     
  6. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Јас како што сум по слаткиве, печење торти, колачи и такви ствари кога видов дека Rudolph's Bakery е само за тоа ќе си приумрев. А и навечер кога ќе го начекам 5 епизоди по ред леле леле, скокам од радост! Немам ништо зготвено од таму, ама мајке ми треба да си почнам!

    Ама што има една, ух ама ми е одбивна боже господе!
    Ја заборавив како и беше емисијата, ќе ви ја опишам, можеби исто мислење делиме. Една постара жена, пет-шеесет години. Кратка црвенкаста коса, ист јазик ко Рудолф, има една монотона сива кујна,ко стерилизирана, и праи рецепти без врска. Прави благо, става и купус изрендан со оцет и што не, и по минијатурни количини, ко за еден залак. Тоа нешто во стил за во фенси ресторани, колку да го пробаш, не да се најадеш. Во еден рецепт, за една салата сите можни видови на печурки ги спржи, па некои тревки кои ќе ги најдете само во Индија, само таму, само ваму, па и се наредени сите на едно тркалце и си го врти и си зема. Е убаво е така, ама ние смртниците што немаме свои шоуа кај да ти ги најдеме тие работи? Тоа најмногу ме нервира :emo:

    Исто сакам да ја фатам и емисијава Јулисимо, ептен интересно ми изгледа, во таква слатка кујничка, а и преслатки работи прави како што забележувам по рекламата. Едино што ме нервира е она - Научи да готвиш по ноти! :^)

    Се друго е супер, ама Rudolph's Bakery ми е фаворит. Уживанција е каналов!
     
  7. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Овошно crumble
    Интересов околу овој десерт ми се пројави гледајќи го Рудолф како го приготвува. Потоа малку истражував и дојдов до заклучок дека има безброј варијации во подготвувањето.
    Основно е дека ви треба овошје според избор (праски, круши, сливи, јаболки, бобичасто овошје). Инаку десертов е погоден ако имате омекнато овошје по дома. Конкретно денешново crumble го правев со сливи кои стоеја подолго време и беа веќе омекнати. Значи имав околу 1/2кг. сливи, ставив 1 јаболко, 1 праска - се тоа исецкано на коцкички и 2-3 лажици слатко од капини. Овошјето го наредив во подмачкан огноотпорен сад. Шеќер се става зависно од тоа колку е благо овошјет. Јас ставив 3-4 лажици мед, ванила, цимет, малку рум и 2 лаж. гриз. Место гриз се става и густин, прашок за пудинг од ванила или овошен.

    Трошките ги правев од 200г. брашно, 100г. шекер, 100г. овесни снегулки (јас ставив помалку), 100 г ладен путер исечен на коцки. Од ова се прават трошки и се нанесува врз овошјето. И за трошкиве ќе најдете бројни варијации во составот. Некои ставаат и ореви, бадеми, а од Annath добив интересна идеја за смеса како за ванилици.

    Се пече околу 30 мин. Јас имам некој проблем со рерната така што многу брзо ми се потпекуваат јадењата одозгора, па затоа првите 15 мин. го печев покриено со хартија.

    Ептен испадна вкусно, го бендисаа сите - маж ми, син ми, па и свекрва ми. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • P9305114.JPG
      P9305114.JPG
      Големина на фајлот:
      43,7 KB
      Прегледи:
      728
    На joy1, slavica999 и Annath им се допаѓа ова.
  8. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Женски јас ја немам оваа програма,ама прееска кај другарка ми гледав,таа црнкињата правеше некој диетален десерт со кори,со јогурт и со овошје...каде можам да ги најдам рецептите од неа,незнам ни како се викаше типкава,барем на јутуб да побарав.
    Ај некоја ако го знае точниот рецепт,или па видео,нека остави линк :)
     
  9. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Mислиш на Andrea van Lieshout?
    ...
    [​IMG]
     
  10. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    На Lorraine Pascale да не мислиш?
    [​IMG]
    Всушност да не е овој рецептот што го бараш?
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    ^ Да да,на оваа мислев,и овој е рецептот што го барав,фала многу. :)
     
    На TheKiketoo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Уф,читам овака ама не ми е мн јасно,а видео барав на јутуб нема...да не има некаде каде што можам да го изгледам видеово?
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Денес ги направив овие колачиња и со еден збор фантастични се. Одев со дупла доза со тоа што ставив 100гр сецкани лешници (толку имав :) ) и 100гр сецкано чоколадо со цели лешници (онаа од Кам на Алпико со цели лешници). Не ставив ѓумбир и анис :( зашто немав само цимет. Малку бев скептик зошто нема пециво во рецептот а малку сол, ама преубави се. Додека се печеа целата куќа мирисаше на цимет.
    Не ми се баш расукуваше кората али плескав и правев топчиња а потоа вадев форми со модлици - срце, цветче и елка :$ . Тоа со отисок од прстот мислам дека го сватив :D , кога ги извадив од релна колачињата беа бели и остануваше отисок од прст а веќе кога постоеја малку стануваа бисквитно колаче ( :lol: ама сум сликовита). И некои одозгора ги посолив со прав шеќер :angel: чисто за разнобојност и декорација


    за доручек го правев она со лепче ставено во модлица за мафин со јајце сланина....го имаше постирано тука некаде и знаете што, многууу е убаво. Си сакаме ние по дома сланинка и мрсничко така малку :$
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Омилената програма на мајка ми.
    По цел ден може да седи и да си ја прати со мерак.
    Имаат одлична и колоритна програма, со најразлични готвачи од цел свет со оригинални рецепти од сите кујни на светот.
    Најинтересни за гледање ни се Рудолф(бејкери) и Џејми Оливер-посебно тие малите проекти што ги имаше, кога им го смени начиот на јадење на училиштата во САД итн..
    Мене омилена ми Дона Хеј, зашто готви наједноставно а највкусни работи, што и јас можам да ги зготвам.
    На мајка ми омилена и е Јулисима(бугарката) многу милозвучен глас и имала и детелно објаснувала за секој чекор :D
    Интересен ми е и оној кој готви за мали деца, австралијанецот, многу слатки му се дечињата.
    Многи рецепти сме направиле од тука посебно од Дона Хеј, во следна прилика ќе постирам некој што ми фатил за око најмногу.
    П.С за жал од 01.01 на телекабел нема да ја има програмава, ќе ми ја заменат со некои други :( Абре срам да им е, ќе дадат нешто асално на 100 години и ќе го укинат :devil:
     
  15. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    47.735
    Пол:
    Женски
    Mаж ми ми вика пред некој ден ,дека сакал да го посвои Рудолф.

    Нема да ми падне лошо ,многу е педантен,ништо не фрла ,се си искористува,за другото да не збориме.
    Кога го гледам,имам зголемено лачење на плунковни жлезди. :lol:
     
    На Espadrila, mims-89, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  16. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Го обожавам каналот :D
    Нај нај ми се DONA H. и LORAINE P. :rock
     
  17. SheBunny1

    SheBunny1 Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Вие што го имате каналов на макс тв сте ? Затоа што јас појма немам кај ми е тој канал.. :^)
     
  18. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Ја нема на Макс тв
     
  19. Optimistic

    Optimistic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    14
    Го гледам каналов, не редовно ама секогач кога нема нешто интересно на другите :lol: :lol: хахаха Инаку и мене Рудолф ми е омилен
     
  20. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Многу ми е интересна програмата.Омилен ми е Џејми,а акцентот што го има :inlove:
    Исто и Рудолф.Доста интересни готвачи има,а и рецептите не им се лоши,само некои од намирниците ги нема кај нас.