1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од 24 Kitchen

Дискусија во 'Рецепти' започната од tinkerbelll, 21 септември 2012.

  1. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Само мене ми ја снема 24 кичн? :?:
     
  2. billyy

    billyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    15
    Неееее на сите на Телекабел што се... веќе ја нема, за жал :(
     
  3. yeah

    yeah Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    64
    Jac ja имам ама на Boom Tv
     
  4. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
    Каналот е прекрасен... Даваат многу убави рецепти а може и многу корисни работи да се научат од овде. Мене посебно ми остави впечаток и оттогаш стално го го применувам , еден рецепт кој го правеше Рудолф со печени компири.Пред да ги стави да се печат прво ги сецка а потоа им става сенф и оригано и ги меша за да се распореди убаво . Вака испечени компирите се превкусни :inlove:
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Ај да ја активирам малку темава... послабо го следам каналот овој период, ама Lorraine не ја испуштам кога ќе ја начекам, супер ми се нејзините рецепти. Пред некое време решив да ја направам crouching tiger hidden zebra cake...





    Рецептот го имате тука:
    http://www.lorrainepascale.com/news/201 ... unday/6069

    Ако е нешто нејасно, слободно прашајте ;)
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC03227.JPG
      DSC03227.JPG
      Големина на фајлот:
      308,9 KB
      Прегледи:
      710
    • DSC03228.JPG
      DSC03228.JPG
      Големина на фајлот:
      235,1 KB
      Прегледи:
      710
    На Espadrila, AnaKarenina, mims-89 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Ќе ја замолам Аннатх да објасни што, како се прави кај претходниот рецепт.
    Јас сум невиден антиталент во однос на готвењето, се' мора да ми биде изџвакано, за да направам колку толку како што треба :tmi:
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Еве ме, ќе ти објаснам како јас го правев.
    Вака, рецептот е ова:
    250мл сончогледово (или друго растително масло по избор - битно е да не мириса)
    250г caster sugar - овој го нема кај нас, јас ставив 200г кафеав шеќер (дарк мусковадо) - ако ставиш повеќе може да ти е многу благо, оти овој кастер шугар не е толку благ како обичниов шеќер
    100мл млеко
    4 средно големи јајца (на собна температура, ги вадиш од фрижидер 15 минути пред да го правиш колачот)
    ванила екстракт
    300г брашно (во рецептот е саморастечко, а такво нема кај нас, но и обично врши работа)
    лажиче прашок за пециво
    25г какао, нешто повеќе од една супена лажица,
    кора од портокал (не ставив, избегнувам да ги користам, полни се пестициди, ставив ванилин шеќер со мирис на портокал).

    Во длабок сад ги ставаш маслото, јајцата, млекото и ванилата и матиш. Јас користев миксер иако во упатството вели дека е подобро рачно. Го делиш на два дела, и во едниот дел додаваш 175г брашно со пола лажиче прашок за пециво и го мешаш, а во другиот дел додаваш 125г брашно, пола лажиче прашок за пециво и какаото, па и кората од портокал, ако ставаш. Доби две смеси, една жолта, една кафеава.

    Ако имаш од оние калапи за торта што се вади обрачот, супер, но ќе ти заврши работа и обично тавче. Барем бр.30 да биде. Го подмачкуваш, ставаш хартија и неа ја подмачкуваш, и почнуваш да редиш од смесите така што прво ќе земеш со лажиче од жолтата смеса и ја ставаш на средина на калапот. Потоа во неа ставаш од кафеавата смеса, па пак од жолтата - во средината, а рабовите на тестото ќе се шират кон крајот на тавчето како што ќе додаваш смеса. Значи, ставаш жолта смеса со лажичето, се прави поголем круг, во неговиот центар ставаш кафеава смеса, пак се прави круг, па жолта итн, додека да се потрошат смесите. Се пече во претходно загреана рерна на 180 степени минимум 35 минути. Ако го извадиш порано, внатре нема да е печено, ќе ти спласне средината. Ако нешто е нејасно, слободно прашај ;)
     
    На Espadrila, tigerlady и rainlover им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Пред петнаесетина минути изгледав страшно добар рецепт за пица, но навистина здрава пица и во план ми е да ја приготвам во текот на неделата. Ќе пишам секако, прелесен е рецептот, ниту се меси тесто, ниту ништо, само си сецкате и си сецкате. :D
    Мислам дека и некое кружно наше лепче би завршило работа како тесто или ? :)

    Еве сликичка и линк од видеото во споилер. :)
    [​IMG]
     
  9. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Многу добар канал е .. постојано си го гледам ..
    Инаку јас би ги издвоила Donna Hay и Annabel Langbein.. :)
     
  10. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Ах..како не сум ја видела темава.. :)
    Доколку има некој рецепт од Бил, слободно нека сподели.. :)
     
  11. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Ја пробав crouching tiger hidden zebra cake, сестра ми ја направи, баш интересен колач и супер десерт :)
     
  12. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    една бугарка мислам и еден србин имаше па ме интересира имиња :$

    ми го снема каналот па на нет може ќе погледнам нешто од нив :)
     
  13. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Ненад Величкович и Љубомир Станишич и Йоланта Делибозова-Йоли
     
  14. mace4545

    mace4545 Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    3
    Јас понекогаш гледам 24 кичен имаат убави рецепти,само
    повеќето од нивните состојќи ги нема кај нас
     
  15. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Баш мајка ми вчера правеше фритата од тиквички, со малку патлиџан и рендано сирење. Го гледала рецептот од Џејми, и јадењето беше супер.
     
  16. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Чув на МТВ во една емисија, дека македонка ке има свое шоу на 24Кitchen! Не ми текнува како се викаше типката али свака и част што успеала да се пласира толку далеку од земјичкава наша :D
    Башка што има уникатен начин на готвење со состојки што не ги употребуваат останатите готвачи на каналот, а се комплетно органски и здрави!
    Едвај чекам да почне со епизоди!
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Не само што состојките се органски, туку јадењата не се термички обработени, таа е проблематиката со која се занимава. Мислам дека се викаше Маја, ама не ми текнува на презимето.
     
  18. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=qP2EqvZmRq8

    Мора да ја правам оваа торта со путер од кикирики ..
    Само што го гледав на телевизија и сега веднаш го најдов на youtube. :geek:
    Прекраснаа е, што побрзо да ја направам, подобро :D
     
  19. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ја направив тигар/зебра тортата и мислам повеќе време треба името да и се каже отколку да се изеде. :D

    Навистина убав и лесен десерт, и за јадење и за правење, а со тоа круговите многу личен ми излезе, да видите што убаво ми ја краси масата.

    Јас направив само една диверзија, немав и не сакав да ставам рендан портокал, што вика Annath има пестициди, ќе се потруеме. Дома ми се најдоа некои екстракти и ставив сосем малку екстракт од портокал и ликер од портокал (случајно го видов и него во шкаф па викам зошто да не). Супер излезе, има баш фина арома на портокал без да го упропасти чоколадниот дел.

    Рецептот дефинитивно ми иде во тефтер.
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Еве уште два рецепти на темава, направени од мене, само овојпат ќе оди без слика, бидејќи колачите се изедоа уште пред да се оладат (гости имавме).
    Првиов рецепт е од Bill Granger, peanut butter and chocolate chip cookies.

    2/3 шолја кафеав шеќер
    1/3 шолја путер од кикирики
    2 лажици путер
    1 1/3 шолја брашно
    1 лажиче прашок за пециво
    100г крупно исечено чоколадо
    1 големо јајце
    1 лажиче ванила

    Ја загреваме рерната на 180 степени.
    ВО длабок сад се мешаат шеќерот, путерот, ванилата, јајцето и путерот од кикирики. Прашокот за пециво и чоколадото се додавааат во брашното и убаво се меша. Се додава во длабокиот сад и се меси да се добие еднолична смеса.
    Со лажица за сладолед се формираат колачи и се ставаат на хартија за печење во плех. Се пече 10-12 минути на 180 степени.
    (дозата е за 15 парчиња).


    Ставив помалку брашно и затоа не ми излегоа распукани како што се во емисијата, ама наредниот пат ќе ставам точно. Инаку, мразам путер од кикирики, ама за атер на мали мој, му направив вакви колачи, оти детето си го сака путерот. Не дека се осеќа во колачите многу, ама вкусни се. И како и секогаш, мора да напоменам оти штедев на шеќер, иако ставам кафеав.

    Вториот рецепт е од Donna Hay, брзи браунис (standby brownies).

    150г путер
    200г кафеав шеќер
    75г какао
    лажиче екстракт од ванила
    3 јајца
    75г сенаменско брашно

    Се загрева рерната на 160 степени. Путерот, шеќерот и какаото се мешаат на пареа да се растопи шеќерот. Се остава да се олади, или се префрла во друг длабок сад (по желба), и се додаваат јајцата и ванилата, при што убаво се меша. На крај се додава просеаното брашно и кога убаво ќе се изедначи, смесата се става во правоаголно или тркалезно тавче со хартија за печење. Се пече 30-35 минути. Се лади во тавчето, а потоа се вади.


    Овој колач ми е превкусен, исто како да сум употребила чоколадо. Нема да зажалите ако го правите, брзо и лесно е. А богами и за јадење е лесно :D
     
    На Trendafilka, AnaKarenina и tigerlady им се допаѓа ова.