Рецепт за тиганици

Дискусија во 'Рецепти' започната од Vik4e, 20 април 2011.

  1. Vik4e

    Vik4e Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    255
    Пол:
    Женски
    Здраво на ситеее.. Па вака би сакала да ве замолам сите ако може некои да ми помогне рецепт за тиганици да го напишее...

    Однапред ви благодарам :) :* :* :* :)










    Човекот никогаш не е толку несреќен колку што мисли дека е, ниту толку среќен колку што се надева дека ќе биде.
     
  2. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    316
    Рецепт за ТИГАНИЦИ

    [​IMG]



    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

    * 10 грама Шеќер
    * малку Сол
    * 100 милилитри Масло
    * 1 Квасец
    * 1 килограм/и Брашно

    ПОДГОТОВКА:
    Квасецот се раствора во една чаша млака вода.

    Потоа во длабок сад се меси тестото додавајќи 900 гр. брашно и водата од чашата со квасецот (доколку оваа вода е малку, додаваме само топла вода).

    Откако тестото добро ќе се измеси се остава да отстои на топло за да нарасне.

    Откако тестото ќе нарасне, во тава на оган се загрева поголема количина на масло.

    А потоа од тестото се кинат парчиња и со раце се обликуваат кори во форма на тавата и една по една се пржат.

    Откако ќе се испржат ставете ги во една чинија да се исцеди маслото.

    http://www.kulinar.mk/recepti/Mekici.html
     
    На xoxo.Martina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    538
    ние во ох ги правиме од истото тесто кое го месиме лебот, мајками секогаш има навика кога има месено леб, да ни направи, значи брашно, квасец, вода, малку сол, и се замесуваш, и го оставаш да скисне, па правиш топчиња колку сакаш големи и ги растегнуваш со рака па ги пржиш во загреано масло :D
    ех како би каснала сега некоја :lol:
     
    На malecko87 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    А солта, шеќерот и маслото кога се додаваат? :lol:
     
  5. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    338
    ги обожавам :lol: :lol: ама незнам да ги направам :$ :$
     
  6. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    962
    Допаѓања:
    2.818
    Пол:
    Женски
    Јас пред некој ден правев и излегоа превкусни, а ги правев без рецепт односно го модифицирав рецептот:

    -половина кг. брашно
    -3 јајца
    -половинка квасец
    -малку млака вода за да се замеси тестото.

    Се меси, се остава да кисне и се пржат во загреано масло. Од оваа смеса излегуваат околу 10-ина тиганици.
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.878
    Допаѓања:
    3.949

    Во брашно додадеш сол, шеќер, масло, квасец, вода и месииииш ;)
     
  8. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    157
    овие кај нас мекици ги викаат :D
     
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    1.683
    Јас ги знам како питуличиња :D
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    410
    Пол:
    Женски
    Рецептов го пишав и во темата Мекици, па нека биде и тука. :)
    1кг брашно;
    1 квасец;
    1 лажица сол;
    1 лажица шеќер;
    400мл млеко (млако);
    200мл јогурт;
    2 јајца;
    1 пак. прашок за пециво;
    2 лажици ракија (за да не прима масло).

    Квасецот се прави со малку млеко, шеќер и брашно (на страна), и се замесува тестото со сите намирници, средно меко, па по потреба се додава млеко или брашно. Се остава околу половина час да отстои, па се прават мекиците и се пржат во врело масло.
     
    На DVAANGELA му/ѝ се допаѓа ова.
  11. belisima88

    belisima88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    ммм April87 овие сум ги правела супер се и многу испагаат.
    еве еден рецепт и од мене Често ги правам бидејки се брзи ставам од око :)
    пола кг.брашно,две јајца,малку зејтин,малку сол,малку шекер,пола пециво,една мала лаж.сода бикарбона и се месат со јогурт.
    Тестото со сите намирници се замесува,средно меко,па по потреба се додава млеко или брашно.Се остава 5 мин.па се прават мекиците и се пржат во врело масло.
     
    На DVAANGELA му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    7.079
    Допаѓања:
    3.955
    Пол:
    Женски
    Јас го имам овој рецепт за тиганици:

    1 јајце
    пола квасец
    сол
    шеќер
    зејтин
    млако млеко
    млака вода
    брашно

    Кога ги правам тиганиците, ставам кило брашно, 2 и пол лажички сол, 1 лажичка шеќер, 1 голем филџан млеко. Водата ја ставам по потреба. Тестото треба да биде меко (да не се лепи за рацете) и да стасува 1 час (на топло).
     
    На DVAANGELA му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    2.848
    Допаѓања:
    1.409
    тиганици,мекици,пишии - ги правиме од тестото за леб ;)
    сол,шеќер,вода,брашно, квасец
     
  14. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    715
    Допаѓања:
    7.126
    Пол:
    Женски
    јас тиганиците ги месам со брашно,вода,2 до 3 јајца квасец зависи колку ке правиш,шекер малку сол и зејтин и ги оставам да стасаат на топло не гледам на саат додека стасаат,и ги размесувам и пак ги покривам уште еднаш да стасаат,и кога ке стасаат правам мали топчиња намачкани со зејтин и после ги правам на загреано масло и додека се пржи едната страна јас цело време горната страна ја попрскувам со зејтинот топол
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.615
    Пол:
    Женски
    1 лаж. Сув квасец (инстант)
    2 лаж. Шеќер
    2 чаши вода
    4 чаши брашно
    Квасецот и шеќерот ги ставам прво во вангла 5 мин да отстојат со млака вода , после ги додавам брашното и солта и месам со лажица бидејќи тестото е по лепливо и оставам да стаса околу 45 мин. Рацете ги намрсувам и вадам од тестото растегнувам и пржам . Ако ви остане може да го ставите во кеса за замрзнување или само да ја покриете ванглата со фолија и да си ги допржите утре уште повкусни ќе се :)
     
    На bella.s му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели ја оваа страница