Риба - начини на приготвување

Дискусија во 'Рецепти' започната од EmCeee, 20 март 2010.

  1. EmCeee

    EmCeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    3
    RIBATA MI E OMILENO JADENJEI ZA SREKA VO DIETATA STO JA DRZAM IMAM 3 DENA SAMO RIBA I ZELENCUK.NELI NE TREBA PRZENA PA ME INTERESIRA DRUG NACIN NA PRIGOTVUVANJE.ZENSKI POMAGAJTE DA SE IZDRZI DIETAVA SO VKUSNI JADENJA :D
     
  2. Ariel

    Ariel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    5.795
    Јас многу често приготвувам печена пастрмка. И ставам сол и зачини по желба, малку маслиново масло, и сосема малку вода, а може и без вода. Многу е вкусна ако и додадеш и малку малку вино - ако смееш поради диетата, а ако не, тогаш и без вино е добра. Ја печам во стаклено тавче, од оние со капак од горе, или со алуминиумска фолија, со тоа што последните 10 минути ја вадам фолијата. Инаку се пече околу 40 минути на 200 степени, ама веројатно ова зависи и од рерната.

    Исто така има и едни кесички за печење - се става внатре, се става малку масло, се затвора од двете страни и се пече во тавче. Вака може да испадне малку посува.

    Кога ја печеш рибата многу повеќе можеш да експериментираш со зачини, и многу ми се допаѓа тоа. Сум ја правела само со сол, со вегета, со рузмарин и лук - оваа ми е омилена, ама малку е тежок мирисот, ако не си љубител на јаки зачини подбро не пробувај :D , со оригано, со моркови и компири од страна, со сланина од горе, со лимон ...

    И за пастрмката многу е важно да е свежа, да не биде претходно замрзната. Тоа многу го менува вкусот.

    Други риби не сум печела многу, ама мајка ми има печено различни, и вика дека биле ок. Не знам ослич како ви изгледал печен, ама мислам дека во кесичките за печење, со маслиново масло внатре супер ќе излезе.
     
  3. Annath

    Annath Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    5.466
    Допаѓања:
    6.260
    Пол:
    Женски
    Јс обожавам риба, ама само печена и пржена... варена освен во чорба, не ја сакам...

    мој предлог ти се плашици извалкани во брашно, сол и црвен пипер, ги редиш на фолија во плех и ставаш малку масло одозгора, па ги печеш во рерна... како чипс се и можеш да си ги комбинираш и со пиво, ама пошто си на диета, не ја бива така :D а можеш и да си направиш салата од туна во конзерва или слична конзервирана риба, со млад кромид, марула и краставица, измешано со маслинки, оцет и маслиново масло... прсти да си изедеш!
     
  4. EmCeee

    EmCeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    3
    Ariel fala mnogu bas ke probam a ova so lukot mislam deka ne ;) jas sum goooolem gurman ama so pripremata na jadenjata malku poslabo samo za jadenje sum zatoa i mi e potrebna dieta :D ama ok kako velat nema slab gurman ;) fala za pomosta pozzdravce
     
  5. EmCeee

    EmCeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    3
    Annath fala i na tebe i sakam da te prasam za plasicite zs nemam jadeno do sega.Dali ke mozam da gi najdam vo posnabdenite marketi?I dali lososot e najmrsnata riba zs taa mi e omilena i koja e najnemrsna za da si kupam?Fala za pomosta i mnogu mi e milo sto postoi ovaa web strana i pisi se sto me interesira a ako ne pisi mozis vaka da si postavis tema i da ti odgovorat ljubezni lugje :D Pozzdravce :)
     
  6. Annath

    Annath Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    5.466
    Допаѓања:
    6.260
    Пол:
    Женски
    Искрено, мислам дека не може да се најдат во маркетите, само во рибарници, ама не знам колку ги има по другиве градови од Македонија... јас сум од Охрид, и кај нас многу често може да се најдат да се купат, особено во лето...

    За рибите не е важно колку се мрсни ако си на диета, затоа што кога сакаш да ослабнеш, треба да внесуваш повеќе протеини и масти во организмот, отколку јаглени хидрати - се разбира да не се претерува со ништо - рибата во секој случај е многу добра за оние што се на диета, ама не во претерани количини - и важи правилото дека оние риби што живеат во поладни води се обично помрсни од оние што живеат во потопли води... лососот е мрсен, ама тој содржи незаситени есенцијални масни киселини кои му се потребни на организмот, така да не си го ускратувај... исто може да пробаш и скуша, па и ослиќ - тоа се добри риби ;)
    Ете скушата може да ја чуваш во маринада од лук, оцет и маслиново масло 24 часа па да ја печеш на скара, ама од оние со тефлонска плотна, па нема потреба од масло - таква е многу убава! ;)
     
  7. Ariel

    Ariel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    5.795
    Анат, браво за рецептиве, ми прошири видици ;) Многу сакам риба, а не сум ги пробала рецептиве. Скуша на скара многу имам јадено, ама без маринада, само сол и на скара. Малку силен мирис ма, ама многу е вкусна. Ќе ја пробам и по твојава рецепта.
    Инаку кога немам време да подготвам риба, а треба да јадам ако сум на диета, си купувам туна без масло, и си правам салата со марула, маслиново масло и сок од лимон, а може да ставам и домат, пченка, млад кромид, оригано, и се што ќе ми текне во моментот :D
    Е ова секој ден да го јадам нема да ми здосади.

    А сакам и чорба, ама не сум правела никогаш. Не знам кои врсти риба се најпогодни за чорба, а знам дека е убаво да се мешани.
     
  8. Annath

    Annath Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    5.466
    Допаѓања:
    6.260
    Пол:
    Женски
    Мило ми е ако сум ви помогнала со рецептите ;)
    Ариел, скушата баш заради мирисот ја чувам во маринадата, ама така е и повкусна, од лукот... и не мора 24 часа да се држи, ама ја ставаш во маринадата ден пред да ја правиш...
    Ако сакаш и рецепт за рибја чорба ќе ти дадам, еве тука ќе го напишам... порано ја правевме од оваа наша охридска пастрмка, од икрата, ама сега ја правиме или од ослиќ или од белвици, сепак тие полесно се наоѓаат :D мислам дека може од било која риба да се прави, ама знам дека кога мајка ми прави ваква чорба, ги избегнува мрсните риби...

    Ја вариш рибата во вода со сол, бибер во зрна, ловорови листови и малку лимон. Кога ќе се свари, се цеди водата и во неа ја ставаш добро исчистената риба иситнета на парчиња (големина на парчињата по желба). Се запржува кромид и брашно на масло, и кога ќе потемни брашното се додава лажица салца од домати, па се додава во водата со рибата. Се остава да вари, а кога ќе зоврие се зачинува со сол, мелен бибер, вегета, изрендан и испржен морков. Ако има икра, се пасира и се става да вари во чорбата.

    Ваква чорба е посна, меѓутоа може да направиш и легир (како каша е тоа) од жолчки, лимон, кисела павлака, путер и сецкан магдонос и да и ја додадеш на чорбата... ама искрено, многу е поубава без ова ;) и помалку калорична :lol:

    На здравје! ;)
     
  9. Ariel

    Ariel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    5.795
    Фала многу за рецептава Анат. Баш се прашував дали може од ослич, нема коски, па наједноставно е. Ќе ја пробам рецептава обавезно.

    Исто така сакам да пробам и нешто како бродет, занчи како манџа, со компири и се и сешто внатре. Сигурно ќе биде и тоа вкусно. Имаше некоја рецепта за бродет на храна и вино, ама таму со неколку вида риба го правеа, и некои од тие се со многу коски, па затоа никогаш не ја пробав. Шубе ми е заради децата, па затоа гледам да приготвувам риби со помалку коски, како пастрмка, скуша и ослич.
     
  10. Annath

    Annath Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    5.466
    Допаѓања:
    6.260
    Пол:
    Женски
    Нема зошто Ариел ;) повели и другпат... за бродет немам рецепт, ама оваа чорбава ако ја правиш од ослиќ децата сигурно ќе ја јадат без проблем... имам и рецепт за рибја паштета ако сакаш :D
     
  11. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    1.586
    Пол:
    Женски
    Јас имам печено крап, лесно се прави, компири моркови и кромид, покрупно исечени и зачинети се ставаат во тавче, рибата се посолува, ако ја солите само од надвор нема шанси да ја пресолите, се полни со ситно сецкано морковче, лукче и магдонос. Наполнетата риба се легнува во тавчето врз зеленчукот , ако многу се отвара рибата тогаш може да ја затворите со стапчиња за скара или со чепкалки за заби. Прво ја печам под фолија околу пола саат зависи колкава е рибата а после кога ќе ја извадам фолијата уште 15-20 минути, пак ќе кажам зависи колку кила е крапот.
    Вака може секоја риба да се пече освен скушата, многу мириса и јас јадам само димена скуша многу ми е убава а е евтина, парче димана скуша од околу 300 грама не е повеќе од 30-40 денари.
     
  12. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    1.337
    Рибарница во Скопје има во населба Маџари, ако ти е блиску... :D
     
  13. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    36
    Денес прв пат ке правам риба со овој рецепт,уствари ке и ставам компири,морков,кисели краставички од тегла,а габички може ли? Инаку сакав да прашам,кога да знам кога е рибата испечена?
    Доколку знае некој друг рецепт за риба е добредојден...
     
  14. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.820
    Допаѓања:
    1.625
    Jas obozavam polnet LOSOS :mm: :mm: :mm: Lososot go polnam so zelenuk(koj prethodno kje go isprzam vo tava)-znaci -kompir varen,morkov,piperce,grasok,kromid ,pecurki,i otkako kje go napolnam so ova stavam parcinja luk niz lososot taka da navlezat vo ribata odozgora.koga kje se servira stavam mnogu limon i so da vi kazam :x i nekolku casi belo vino -ubavini :mm:
     
  15. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    2.682
    Пол:
    Женски
    * ослич во павлака

    - 500 гр филети од ослич
    - 400 гр свежи шампињони
    - 1 главица кромид
    - сок од 1 портокал
    - брашно
    - 200 гр растителна неутрална павлака
    - 75 мл бело вино
    - магдонос
    - 1/2 кафена лажица густин
    - масло, сол и бибер

    најпрво филетите од ослич измијте ги, исушете ги си кујнска крпа и исечкајте ги на поголеми парчиња.
    парчињата риба свалкајте ги во брашното (во кое претходно беа додадени солта и биберот) и пржете ги во тенџере со загреано масло. испржените парчиња ставете ги во чинија и полијте ги со половина од сокот од портокал.
    во истото тенџере на преостанатото масло испржете ја ситно исечканата главица кромид. кога кромидот ќе омекне додајте ги шампињоните исечкани на тенки листови, покријте го тенџерето со капак и оставете печурките да пуштат течност. потоа отворете го капакот и на средна температура пржете повремено мешајќи, додека половината од течноста не испари. додадете го виното и преостанатиот сок од портокал и кога поголемиот дел од течноста ќе испари додадете ја растителната павлака. кога содржината ќе зоврие, додадете го ситно исечканиот магдонос и парчињата испржена риба, промешајте и тргенете го тенџерето од оган.

    (ако сосот е премногу редок, згуснете го со густинот размешан во малку ладна вода)

    бон апетит :)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.725
    Допаѓања:
    3.541
    Пред некој ден печев полнет крап
    Смеса за полнење
    - ситно исецкани 2-3 моркови
    -ситно исецкани 2 лукчиња
    -магданос, сол, вегета
    -1 сецкана на кругови пиперка
    -1 сецкан на коцки патлиџан
    -1 компир исецкан на коцки
    Крапот се засече на 4-5 места колку да се стави чешне лукче
    Наполнетиот крап се затвори со чепкалки и се стави во подмачкана фолија. Се налева 1 чаша бело вино и пола филџан вода. Целиот се затвори во фолија и така се пече половина час а потоа само се тргне фолијата за да рибата убаво се допече.
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pepelashka.20

    pepelashka.20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    17
    2кг риба исечени на парчиња се ставаат во тавче и врз нив се става лукче и магдонос. Потоа се става вегета, 1 чаша зејтин и пиво :)
     
  18. kankus

    kankus Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    277
    и мајками вака нешто ја спрема ама мислам дека не става густин
     
  19. Negreva

    Negreva Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    7
    Девојки некој рецепт за ракчиња и школки???
     
  20. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    166
    Јас би ти препорачала риба - панга печена во шпорет... Мајка ми ја приготвува со многу лук и магодонос и ја пече, едноставно превкусна е, не мириса, и нема коски...фантастично
     

Сподели ја оваа страница