1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Риба - начини на приготвување

Дискусија во 'Рецепти' започната од EmCeee, 20 март 2010.

  1. Negreva

    Negreva Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    8
    Ма океј али имам купено ракчиња и школки али незнам некој рецепт за да ги направам :)
     
  2. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    со кромид ,ловоров лист,лук,морков се варат.Зејтин може но, и не мора.Откако ќе сварат јас малку ке ги пропржам.На овој начин ги правиме школките.
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Е сега не знам каква риба, ама јас претежно јадам од тие кои се без коски а немам поим какви риби се тие - слатководни се тоа сигурно и бели се :lol:

    И имам само еден едноставен рецепт. Филетите ги мијам, ги тријам со сол. Посебно ставам исецкан магдонос, истолчено лукче, вегета, црн бибер, малку буковец и маслинест зејтин и со овој сос ги полевам целите филети.

    Ги ставам во рерна да се печат а посебно правам компирчиња на четвртинки најобично со зачини и со зејтин.

    Сега братучетка ми ме научи многу едноставен рецепт за компири како гарнир со риба - се сечат исто на четвртинки, се солат, се посипуваат со копар, малку масло и маслинест зејтин. Прсти да излижеш! :)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Компирите се печат ,варат?(на форумов има и бремени кои кога ќе прочитаат некој рецепт одма се спремаат да го прават) :D
    Јас во последно време многу правам филети од Панга и тоа одкако ќе се одмрзнат ги валкам во презла во која имам измешано вегета и ги пржам во тава со зејтин.Доброто кај оваа риба е што не упива зејтин и иако пржена таа не е мрсна.
     
  5. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    Девојки нејкам да солам памет и знам дека сум офф топик ама јас после ова не се осудив да купам уште еднаш Панга :|

    http://www.whytraveltofrance.com/2008/0 ... at-matter/

    Инаку риба како риба јадам многу. Не сакам полнети риби :x
    Најголема слабост ми е скушата. Измиена, исчистена, посолена, со мноооогуу лук, лимон и магдонос, малку бело вино и така се пече во рерна. Подобро -здравје :)
     
  6. All-that

    All-that Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    67
    Начин да се подготви риба: Згодна девојка, со убаво лице, ја oблекуваш во тренди облека, по можност Little black dress, со сјаен накит, убава коса и и` даваш штикла од штикла од 18 cm. :D

    Инаку, он топик, мама ја чисти рибата од коски, ја полни со зеленчук, става зачини и моите сетила за вкус играат од среќа :)
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    AIT, компирите на плехче по можност на мрсна хартија за печење, за да не ти се залепат, и за половина час се готови ;) Одлично идат со риба!
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Девојки ми треба некој полесен начин ,но повкоусен за приготвување на филети?И каква салата би одела со нив.Поздрав
     
  9. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Aх денес си научив нов специјалитет 8)

    Bо саботата имав пржена риба (бела) но не ми се допадна :puke:
    пола ми остана неподготвена и ја замрзнав,денес ја одмрзнав и решив да ја печам,но немав никаква идеја,и ја исеков на 4 парчина,исеков 2 главици кромид и в тепсија со масло,па рибите ги насолив малку,па малку ги извалкав в брашно,ги ставив в тепсија,па уште малку додадов магдонос,црн бибер и сол,се испече за помалку од 30 минути(мислам)и беше превкусна,плус си направив ориз со бело винце :angel: :angel:

    Kристи мене рибата најмногу ми оди со марула,или компир со младо кромитче :P
     
  10. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Еден СОС може да е плус ...
    Сос за риба( за печење)
    1 лимун истискан
    200 мл масло да зоврие и се става малку црн пипер.
    Посебно се ренда кромид и 2 лукчиња ситно исецкани и повеке магдонос, малку вино и лимунов сок.
    Ова се меша и се попарува со врелото масло, а потоа целата смеса се пече во добро загреана рерна.
     
  11. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    рибата панга не е природна риба тоа е риба која што вештачки се одгледува само за месо ..и не е вооопшто здрава за јадење , ги хранат со хормони за да направат месо :!:
     
    На joy1 и Peppermint им се допаѓа ова.
  12. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Имам слушнато дека пастрмка може да се подготви само со сол и да се пече,само не го знам рецептот.Доколку некој знае точно како се подготвува нека пише.Да пробаме нешто ново.
     
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.777
    Допаѓања:
    131.191
    ^ Може, само некако сува е без масло, и плус се лепи за тавче, кеса за печење, што и да е.
    Нема рецепт, ја печеш и ја јадеш :D
    Јас без масло ја подготвувам во кеса за печење, ама пак ќе кажам - кога ќе ставам малку маслиново масло е мноооогу подобра!
    Јас главно ја печам во тавче покриено со фолија, со малку масло и малку вода, и зачини со кои секогаш си играм како ми дојде.
     
    На femina11 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    http://www.youtube.com/watch?v=a08p77I9 ... re=related
    На ваквиот рецепт мислев,денес го пробав со пастрмка,ризикував,но испадна многу вкусно и лесно за подготовка.Мислев дека ќе биде малку посолено,но супер беше.
     
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Крапот го правиме со зеленчук, полнет, и го печеме под фолија. Превкусен е, нормално и со лимон одозгора.
    Пастрмката ја печеме само со зачин, масло и лимон, исто под фолија, а пржена со многу малку масло
    Лососот печен, намачкан со маслиново и со малку лимон, зачинет (не е мн вкусен вака, ама здрав е)
    Ослиќот, котлети, пржен, а во филети, печен и е превкусен. Кој не пробал печен ослиќ многу пропуштил.
    Секоја риба совршено иде со лимон, а зеленчукот кој е готвен во истата тава има мн убав вкус

    За пангата имам читано дека се одгледува во најзагадените води во светот.
     
    На slavica999 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Некое рецептче за димен лосос???
    Знам за полнети канелоти со димен лосос и маскарпоне сирење ама сакам нешто друго. Знае некој нешто?
     
  17. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Овој рецепт е стар го научив од мојата баба,но е мојот омилен па решив да го споделам со вас: РИБА СО КРОМИД
    Потребно е
    1кг.кромид,
    1китка магдонос,
    малку зејтин,
    брашно,
    црвен пипер и
    вода
    Подготовка
    Кромидот се сече на големи тркаца,се динствувасосем малкусе додава магдоносот и убаво чистената риба се валка во брашно во кое има сол и веѓета и се става во тавчето во кој се динствувал кромидот се полева со вода да се покрие рибата,потоа се става да се пече еден час и се остава 15 мин исклуцена да кршка
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.825
    Пол:
    Женски
    Овој лососов во фолија што го спремив денес за малиот (а и неколку пати претходно), ми омиле, ептен вкусен ми стана. Па решив рецептот да го споделам со вас, малку го прилагодив за деца под две годинки, ама и возрасни може така да го јадат.

    Парчињата лосос се редат во огноотпорен сад. Секое парче се посолува по желба (јас кога правам за малиов, ставам многу малку сол), се попрскува со маслиново масло и се додава сок од лимон (за едно парче, ставам сок од цел лимон). Потоа рибите се зачинуваат со копар, се сече кромид и лук и се става врз рибата. Од околу се реди мешан зеленчук, малку компири и се посипуваат со сусам. Се додава вода во висина на рибата и се покрива со алуминиумска фолија. Се пече во загреана рерна на 200 степени, а пред крајот се вади фолијата малку да се потпече одозгора. Копарот и лимонот во комбинација со лукот му даваат убав шмек на лососот.
     
    На Eli23, lunicka, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  19. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Еве го и наједноставниот начин на спремање ослич. :lol:
    На фолија во рерна го ставаш осличот, го посолуваш со вегета, рендаш многу малце лук колку арома да добие некоја, и ставаш неколку кругови морков одозгора. Без зејтин, без ништо.
    Вкусот е прајслес, стварно.
     
    На Divajn и Annath им се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Ние дома најмногу јадеме скуша. :)
    Откако ќе се исчисти убаво, во средината нормално засечена, мајка ми прави
    смеса од рендан морков, многу магдонос и лукче. Зачини - сол и бибер, по желба. И малку маслинов зејтин.
    Потоа ја пика смесата во рибата. Убаво ќе ги наполни. Однадвор ставаме крупна морска сол, уште малку магдонос и зејтин - капка до две.
    Потоа ги мотаме убаво во фолија и некои 15-20 минути на скара.
    И да ги заборавите нема шанси да се препечат.
    Рибата доаѓа нешто помеѓу варена и печена, со лимон е многу вкусна и лесна за јадење.
    :)
     
    На LivingGlam, Serafima, Peppermint и 1 друга личност им се допаѓа ова.