Риба

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од Tikvi4ka, 5 февруари 2013.

  1. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    437
    Колку често јадете риба? Како ја приготвувавте? Која ви е омилена риба за јадење? Споделете рецепти!
     
  2. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    856
    Доста често :)
    Во неделата мора еден ден да имаме за ручек риба.
    Обично зимаме ослич или тие од Дојранското езеро :)
     
  3. Ani.cka

    Ani.cka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    24
    јас ја обожувам рибата, често се приготвува дома кај нас и тоа разноврсна, ослич, скуша, харинга, крап или пастрмка, а секако и тие фишфингер и туна конзерва. Мене омилена ми е скушата печена, полнета со лукче магдонос, морков, лимон..мммм, исто и крап :lol: па ај нека бидат сите овие што сум ги набројала :lol:
    А ке ви кажам за еден интересен рецепт, го јадев во ресторан Фрателис или по познато како Визијана после Куманово е натаму и Ви го препорачувам да си го нарачате-цементиран крап. Буквално е цементиран кога ке го донесат во крупна сол значи така се пече, и ога ке се испече како во оклоп е целиот и се крши тоа солта и внатре крапот има неверојатен вкус.
     
  4. vickyy90

    vickyy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    588
    Скуша на скара,ослиќ пржен....не многу често ама еднаш во две недели да
     
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.516
    риба конзерва и тоа лосос.
     
  6. Rubiii

    Rubiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.373
    Допаѓања:
    1.296
    Пол:
    Женски
    Обожувам риба!!!
    Морски плодови неможам и несакам, ми имаат специфичен мирис.
    Езерска, речна, скуша, ослич, лосос, крап, пастрмка- секоја,
    До скоро дома земавме панга, ама откако разбравме со какви ѓубриња се полни пангите и во какви услови и како воопшто се создадени и одгледувани, прекинавме.
    Најчесто приготвуваме скуша или ослич на филети чисти печени, на фолија, со лимон, зачини, магдонос, зеленчук.
    Лососот го јадеме пржен, и така ми е највкусен.
    Туна јадам барем 1 неделно, исцедена од маслото, и со многу лимон.
    Ја сакам и салатата со рендано јаболко, туна, лајт мајонез, бибер и сол.
     
  7. BubsiBlake

    BubsiBlake Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Харинга дефинитивно. Мајка ми приготвува рецепти не знам :D
     
  8. Emma89

    Emma89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.251
    Допаѓања:
    410
    Риба исклучиво свежа, најчесто панга, лосос, понекогаш јадам филети и туна. Обожавам риба и морски плодови воопшто.
    Инаку за риба на скара можам да кажам дека има фантастичен вкус. За приготовка на рибата не е потребно ништо специфично, зачини по желба и вкус, пржена во врело масло или печена во тавче со малку масло. Лесно и едноставно. Како зачин добро оди рузмаринот во комбинација. Исто така ако се пече рибата, може од страните да се засече и да се стават зачини за подобро да впие. Исто така сум видела рецепт каде се полева со бело вино, се покрива и така се пече. Има многу комбинации, по вкус и желба.
     
  9. homealone

    homealone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    312
    обожавам риба и најчесто јадам филети, лосос (најомилен) , туна и ослич.
     
  10. SummerGirl

    SummerGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    5.320
    Допаѓања:
    607
    Пол:
    Женски
    Не јадам риба. До сега не сум пробала. Не можам да ја помирисам, а камоли да ја јадам. Кога ќе ја помирисам одма ми се повраќа. Бљааааааааааак. :puke:
     
    На mynameislove му/ѝ се допаѓа ова.
  11. girl.9

    girl.9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    1.679
    Допаѓања:
    457
    Едно од омилените јадења ми е рибата. Најмногу јадам крапче ^_^ ^_^
     
  12. buterfly.fly.away

    buterfly.fly.away Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    13
    Рибата најмногу ја сакам кога е со црвено вино потурена и со кромид од страна и се тоа во рерна . :) Ова ми е омилено јадење , а посебно баба ми кога ќе го направи 8) .
    Навистина рибата помага во концентрацијата ?
     
  13. Angel.girl

    Angel.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    382
    Офф кај ја видов темава, кај се запустив. :sweat: Сеа нема цела вечер да заспијам или ќе сонувам крапчиња и пастрмки.
    Риба ми е едно од омилените јадења, и обожавам бре рипче не било кој начин подготвено :)
     
  14. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.516
    сабајлето јадев ммм ептен ја сакам
     
  15. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    113
    уф особено морските риби лососс :D
     
  16. Dog-lover

    Dog-lover Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    3.661
    Пол:
    Женски
    мм и јас истоо и ослич понекогаш.. 8)
     
  17. Flower27

    Flower27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.369
    Допаѓања:
    1.480
    Пол:
    Женски
    Од риба јадам ослич, пастрмка, крап
     
  18. tofi

    tofi Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    12
    Сакам само пржена риба.Обожавам ослич...
     
  19. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.516
    Допаѓања:
    1.808
    Ги јадам сите видови на риби скоро...
    А најубави ми се ослич,лосос,крап,пастрамка,црвеноперка...
     
  20. atala

    atala Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    255
    Пол:
    Женски
    Риба е многу здраво да се јаде и јас многу ја сакам :inlove: Многу ја сакам со моркови,ситно сечкан кромид и лук,магданос и бело вино во рерна! :* :inlove: Лососите се исто така многу вкусни! :inlove: И гириците! :inlove: Туна до сега не сум пробала,можеби ќе ми се допадне,а можеби и нема,но тоа не е ,многу битно,бидејќи постојат толку многу други вкусни риби! :^) :lol: И да не ја заборавам охридската пастрмка,многу е вкусна,навистина прекрасно нешто! :* :inlove:
     

Сподели ја оваа страница