1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè од компири

Дискусија во 'Рецепти' започната од kiki-riki, 6 јануари 2010.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Јас ги варам компирите и пиперките заедно и таа вода е поубава и повкусна.
     
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Печени пица-компири


    Потребни состојки:

    8 помали компири
    2 лажици маслиново масло
    1/2 шолја доматен сос или кечап
    1 шолја рендан кашкавал
    чајна по желба
    ситно сечкан магдонос за декорација

    Подготовка:

    Загрејте ја рерната на 220 степени. Исечкајте ги на половина компирите и наредете ги на тава. Печете ги од една страна 15 минути, а потоа извадете ги од рерната, превртете ги и печете ги уште 15 минути. Со вилушка проверете дали се добро потпечени. Потоа премачкајте ги со маслиновото масло.
    Допечете ги уште 10-на минути додека не добијат златно-жолта боја.
    Потоа на секој компир нанесете дел од доматниот сос, ренданиот кашкавал и чајната.
    Печете ги уште 3 до 5 минути додека целосно не се растопи кашкавалот.
    Декорирајте ги со магдонос.
     
    На SummerGirl, donna.17, Acka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Jas mnogu go sakam pindzurot od kompiri i suseni crveni piperki..
    Eve recept
    Kompirite se varat i se pasiraat kako za pire.
    Piperkite se varat i so pomos na lazicka se grebe vnatresnosta i se dodava vo kompirite, dodavame malku vodata vo koja se varea piperkite i mesame potoa se dodava sitno seckano lukce, maslo i sol po vkus.
    Se promesuva seto ubavo, jas go matam so mikserot za da se izmesa dobro i da bide glatko.
    So sirence kako odi mh mh... :D
     
    На galapce и alisijad им се допаѓа ова.
  4. bella24

    bella24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2014
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    789
    Најнов рецепт во мојата кујна оџ компири :) се сечат на кругови потрнки. Се редат на во тава намачкана со маргарин се става сол вегета црвен пипер и палента. Се додава малку водичка и се пече на 220ц околу 30мин зависи од компирот. Ептрн крцкаво и вкусно
     
    На Teje му/ѝ се допаѓа ова.
  5. besafetested

    besafetested Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2015
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    17
    Koga sme kaj kompirite poftorno imam eden recept koj go zagubiv I ne se sekavam kako se pravese. Se stavase seckan kompir na kocki kaskaval pecurki I nz.sto uste. Na nekoj da ne mu e poznato pa da mi dade recept.
     
  6. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Еве нешто брзо и лесно
    Компири со презла
    Компирите спремени на овој начин ми се највкусни и најбрзи.
    Се лупат компирите, се сечат на кругови, се ставаат во длабок сад и се додава масло, презла, оригано, мешан сув зачин и се се меша со раце.
    Во тавче обложено со мрсна хартија се ставаат компирите и над нив се наросува уште презла. Се печат на 250 степени околу 15мин (проверете дали се омекнати) Ќе добиете прекрасни крцкави компири со мека внатрешност.
    Уштипци од компири
    Компирите излупете ги и рендајте ги на ренде во вода за да не поцрнат.
    Потоа убаво исцедете ги да нема вода,тоа е многу важно.
    Зачинете ги и додадете ги јајцата,брашното ,гризот,ситно сечканите шунка и кашкавал,дробеното сирење,убаво соединете со лажица.На загреано масло во тавче со супена лажица ставајте од смесата и убаво расплескајте ја само немојте многу тенко.Пржете од двете страни додека да заруменат.Ставајте ги на кујнска салафетка да се исцеди вишокот масло.
    Послужете ги по желба.
    Пирошки со компири
    Компирите се лупат и се варат. Кога ќе се сварат се цедат и се пасираат.
    Во друг сад се става брашното, се додава солта, квасецот и се промешува. Се додаваат жолчките, маслото, пасираните компири и заедно со млакото млеко се замесува хомогено тестото и се обликува во топка. Се покрива со крпа и се остава на топло место 45 мин.да стасува.
    На набрашнета работна маса се става тестото и се премесува. Се расукува кора со големина од 8 мм. и се сечат правоаголници 12 х 8 см. Се филува секој правоаголник и се витка во ролат по должина. Страните од пирошката треба добро да се затворат за филот да не излезе за време на пржењето. Во подлабок сад се става масло и се пржат пирошките рамномерно со постојано превртување. Се служат топли со јогурт или кисело млеко. )
    Пченкарен леб со компири
    Се варат компирите, а потоа се лупат и пасираат. Во помал сад се става малку брашно, шеќер, квасец и се меша со вода. Се остава да стаса на топло. Во сад за мешање се става пченкарното брашно, ‘ржаното или обичното брашно, се мешаат и се додава сол. Потоа се додаваат испасираните компири и квасецот и сè се меша заедно. Тестото се меси со постепено додавање вода додека не се направи компактна маса и се остава да стаса. Откако ќе стаса се додаваат сецкани маслинки, ким, кориандер, босилек, копар или други зачини по избор и се остава уште еднаш да стаса. Потоа може да го поделите на два дела кој се обликуваат, се посипуваат со малку брашно и се ставаат во набрашнето тавче да се пече на 250 степени четириесетина минути додека не се вцрвени. Треба да се има предвид дека од компирот тестото е полепливо, а има можност да биде и поретко па ќе треба дополнително да се додаде брашно. Лебот е потежок и повлажен од обичниот, но е сосема посен и секако повкусен.
    Плескавици со компири и кашкавал
    Кромидот се сецка на ситни коцкички и малку се пропржува, колку да омекне. Компирите убаво се пасираат и се додава ренданиот кашкавал, 1 јајце, кромидот и сето тоа добро се меша со рака. Потоа кон оваа смеса се додава околу 50 гр презла, ќе видите како ќе ви биде смесата, ако ви лепи слободно можете да додавате уште презла. Од добиената смеса се прават мали плескавици, се валкаат во јајца и презла и се пржат на врело масло додека да заруменат од двете страни.
    Македонска пита со компири
    1. Најпрво во тава со загреано масло се пржи кромидот и потоа се додава ренданиот компир.
    2. Откога заедно ќе се пропржат се додава солта и биберот.
    3. Кога ќе се олади малку филот земаме две кори и двете ги мачкаме со четка со претходно припременото масло вода и маргарин.
    4. На втората кора ставаме дел од филот и ги виткаме корите како палачинка.
    5. Ги премачкуваме повторно филуваните кори и ги редиме во намастена округла тава од центарот према надвор како на сликата.Така правиме со сите преостанати кори.
    6. Ја печеме питата во загреана рерна на 220ст. од 25-30мин. или додека убаво не се испече од двете страни.
    7. Кога ќе ја извадиме од рерна ја попрскуваме со малку вода.
    Кралски компири-компир пуслици
    Сварете ги компирите и потоа убаво испасирајте ги. Оставете 5-10 минути да подоладат, па додадете ги жолчките, омекнатиот путер, солта и зачините. Спрема вкусот, проверете за сол и јачина на зачините.
    Ставете ја смесата во шприц за шлаг и со спирални кружни движења правете „пуслици“ на намастен плех.
    Премачкајте ги со смесата од жолчка и павлака и печете го во рерна 20на мин., односно додека рабовите не доб
    Пикантен помфрит во рерна
    Потребно е:
    • 8 компири, излупени и исечени како за помфрит
    • 2 белки
    • 1 1/2 лажиче чили во прав
    • 1 1/4 лажиче мелен црвен пипер
    • 1 лажиче лук во прав
    • 1 лажиче оригано
    • 1 лажиче мајчина душичка
    • 1 1/2 лажиче сол
    • 1/2 лажиче бибер
    • масло за јадење
    Подготовка: Компирите исечете ги на парчиња по должина, па потоа на помали парчиња како за помфрит.Белките изматете ги малку со миксер. Во мал сад измешајте си сите зачини.Белките претурете ги врз компирите и измешајте.Ставете ги зачините и убаво измешајте за да се обложи секое парче компир. Во тавче за печење ставете масло и претурете ги компирите. Врз нив уште малку ставете масло.Печете во рерна загреана на 220 целзиусови степени, околу 40 минути, односно додека да бидат меки и печени.
    Печени компири со лукче (без масло)
    Комбинацијата на лукче со компир е одлична, па еве еден рецепт прилагоден на постот.
    1. Лукчето се ренда на ситната страна од рендете, додавате ситно сецкан свеж магдонос, лажица сенф и зачините и убаво промешувате да се добие компактна смеса.
    2. Компирите се лупат и со нож се прават 3-4 засеци (во зависност од големината) малку повеќе од половина компир. Потоа со помош на ножето внимателно (и трпеливо) наполнете ги засеците со смесата од лукчето. (Во зависност за колку луѓе приготвувате ќе си ги прилагодите количините на состојките).
    3. Потоа секој компир посебно се завиткува во алуминиумска фолија. Додадов и по 1 лажица вода пред да ги завиткам компирите. Ги ставате во тава со малку вода и ставате во добро загреана рерна да се печат.
    Доколку користите масло не е потребно да се виткаат во фолија, туку убаво ги намрсувате ги ставате во пекач (или тава со капак) и ставате во рерна.
    4. Времето на печење зависи од рерната и големината на компирите. Доколку водата од тавата испари ќе дотурите уште малку. Пред крај се одвиткуваат од фолиите и се ставаат во тавата за да се запечат и да фатат боја.
    Послужете како прилог или со свежа салата.
    Компири со црвен пипер (исто како на баба)
    1. Во поголем сад за пржење ставете зејтин да се загрее, а потоа ставете го ситно исецканиот кромид да се пржи. Кога ќе омекне малку додадете го и протиснатото лукче. Пиперките исечете ги на парчиња и додадете ги и нив.
    2. Компирите излупете ги и исечете ги на кругови со дебелина 4-5мм (како за мусака) па додадете ги и нив во садот. Зачинете по вкус и додадете го црвениот пипер. Промешајте убаво да се изедначи па целата содржина префрлете ја во тава за печење. Во садот додадете ја водата, промешајте за да се “измие“ тенџерето и оставете да зоврие. Ставете ја водата во тавата и ставете да се пече во претходно загреана рерна. Првите 15тина мин. печете со капак/алу фолија, а потоа без за да добијат убава боја.
    Оставете да се изладат, па послужете. Одлични се и како прилог и како ручек.

    Добар апетит =)
     
    На Feminka22, simoncelicius, galapce и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.936
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа што темава е сѐ од компири, а овој рецепт е баш од компири ќе го објавам овде. Можеби повеќето од вас веќе го приготвуваат и знаат дека е прсти да си излижеш :)

    Вкусни домашни њоки од компир

    [​IMG]

    Типичен специјалитет на италијанската гастрономија, домашно проготвените њоки се обавезен дел од неделниот ручек во скоро сите италијански домови. Во продажба може да се најдат и веќе готови њоки, меѓутоа верувејте ми вкусот и квалитетот не може ни оддалеку да се спореди со оние кои сами ќе си ги направиме дома (како впрочем и со сѐ што е домашно нели). Овој специјалитет е лесен за подготовка (иако одзема малку време), а може да го зачините со она што имате на располадање, или со сос според ваш сопствен вкус.

    Во денешнава статија заедно ќе подготвиме домашни њоки од компир и ќе ги потпечеме во рерна со прелив од домашен доматен сос, пармезан и босилек. За тестото односно њоките потребно е:

    - 1 кг. компир;
    - 250 до 300 гр. брашно по ваш избор;
    - малку сол

    Во оригиналниот рецепт има и јајца, меѓутоа мене лично ми се многу поубави без јајца. Доколку сакате да ја направите верзијата со јајца додадете едно цело јајце.

    Најнапред компирот сварете го во едно тенџере. Откако ќе биде готов и додека сеуште е топол, излупете го компирот и со помош на еден толчник за правење пире згмечете го. Во таа смеса додадете го брашното (и јајцето доколку го користите) и направете еден вид на тесто. Контролирајте ја сами количината на брашно. Може да користите бело или интегрално брашно, по ваш вкус. Јас користев брашно од ориз кое сакав да го завршам. Од добиенотот тесто направете долги резанки и со помош на еден нож сечете ги на еднакви делови (убавината на домашните њоки е во тоа што секоја њока е различна и рачно изработена, за разлика од купечките кои се сите исти).

    [​IMG]

    Добиените њоки ставете ги во еден тањир. Во меѓувреме ставете да врие едно тенџере со солена вода (на средно тивок оган) и откако ќе почне да врие ставете ги њоките (не сите одеднаш, од три до пет заедно) во тенџерето да се сварат околу минутка две.

    [​IMG]

    Кога самата њока ќе исплива на површината на тенџерето значи дека е готова.

    [​IMG]

    Њоките се вака готови за јадење и треба само да ги зачините по ваш вкус со сос или сирење. Меѓутоа, мене многу повеќе ми се допаѓаат доколку малку ги потпечам во рерна, така да откако ќе ги извадам од тенџерето ги редам во едно тавче во кое како подлога имам ставено рендан пармезан (понекогаш го правам и со моцарела ама дента кога ги правев сликите немаше во продавница). За овој рецепт користев рендан пармезан, домашен сос од домати кој го направи мајка ми и свеж босилек.

    [​IMG]

    Врз пармезанот ставам ред од њоките, па повторно врз нив ставам пармезан, малку сос од домати и овојпат ставив и малку власец (еден вид на кромидче). Откако го наредив едниот слој ја повторив процедурата.

    [​IMG]

    Потоа тавчето се става во загреана рерна на 180 степени околу 20 мин. односно додека њоките малку поруменат и додека пармезанот се стопи. Откако ќе ја извадите тавата од рерна додајте го босилекот, затоа што со термичка обработка се губи добар дел од неговиот вкус и станува малку горчлив.

    [​IMG]

    Толку едноставно за правење, а премногу вкусно. Овој рецепт е идеален за да ги фасцинирате гостите или пак со сопственото семејство да уживате во еден прекрасен мирен неделен ручек.

    [​IMG]

    Се надевам дека рецептот ви се допадна, а вие доколку го испробате, пишете коментар под самиот текст. Секако постојат и други варијанти на њоки на пример од жолта тиква или спанаќ, па доколку има желба ќе ви покажам како се приготвуваат.

    Добар апетит
    Вики
     
    На Feminka22, hermosa, galapce и 10 други им се допаѓа ова.
  8. mama89

    mama89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    9.331
    Пол:
    Женски
    А дали може без пармезан? на хартија за печење само?
     
  9. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.936
    Пол:
    Женски
    Да да секако. Може и да не ги печеш само сварени да ги јадеш со сос од домат. А може и да ги потпечеш без пармезан (во тој случај стави малку сол во компирот кога ќе го гмечеш како пире). Поздрав.
     
    На zhap4e и mama89 им се допаѓа ова.
  10. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    АЈДЕ ДОМАКИНКИ =)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka може ли рецепт за доматниот сос
     
    На Biodevojka и Gerbera им се допаѓа ова.
  12. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    772
    Полуварени ги редам во тава за печење, одозгора ставам малку путер и откако ќе се испечат, уште жешки им проросувам некоја миризлива мешавина од зачини, зависи што имам на лагер. Посебен шмек ми имаат ако ги јадам што потопли. И може комотно да отидам со тепсијата на пуст остров. :wasntme:

    Убава идеја ми даде @Biodevojka , досега само од палента сум правела њоки, време е нешто ново да се испроба.
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    МОЖЕШ СИГУРНО СО МОЦАРЕЛА, дозволена е таа.
     
    На mama89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.936
    Пол:
    Женски
    Секако ќе пишам овде рецепт.

    Може и со моцарела. Јас обично секогаш ги правам со моцарела и печен модар патлиџан (alla siciliana) :) Дента кога ги правев немаше моцарела во Веро па земав пармезан.
     
    На mama89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. trixy

    trixy Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    882
    Пол:
    Женски
    Печен помфрит од бел компир, морков и сладок компир
    Количински мезе за двајца: 2 големи компири, 3 моркови, 1 среден/мал сладок компир
    Се' се сече надолжно како за обичен помфрит. На поголемо тавче ставете хартија за печење и подмачкајте до маслиново масло. Помфритот измешајте го со поголема количина вегета, оригано, куркума, коријандер, црвен пипер и др. по желба. Ставете ја смесата во тавчето и изрендајте сирење и кашкавал одозгора. Печете околу 15, ќе видите сами согласно големината. Јас ги сакам скоро препечени.
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Blazenka.G

    Blazenka.G Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2016
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Потребни ви се: компир, путер, јајца, брашно, масло, шунка, кашкавал, сол и бибер

    Компирот добро ќе го измиете и ќе го сварите со кора. Исчистете го и додајте путер, јајца, сол и малку бибер па потоа добро изматете да се соедини смесата. За смесата да се згусне додадете брашно па замесете го цврсто тестото.

    Додајте уште брашно, ако тестото ви се лепи за рацете.

    Потоа во загреана тавче ставете малку масло па пола од тестото растргнете го на дното на плехот. Преку тестото наредете шунка и кашкавал, па одозгора ставете го другиот дел од тестото.

    Оставете да се пржи на рингла 3 до 4 минути, а потоа свртете го од другата страна и допржете го додека не зацрвени.





     
    На fallenangel, joy1 и PrettyDramaQueen им се допаѓа ова.
  17. peperutche21

    peperutche21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2015
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    986
    Пол:
    Женски
    потпечени компирчиња

    Ги лупиме компирите и ги сечеме на коцки и ги ставаме да се сварат околу 15 минути во вода со вегета, потоа ја пуштаме рерната на 200 степени ги ставаме компирчињата во тава од водата што сме ги вареле ставаме малце во тавичето колку да не загорат, ставаме кристал маргарин скоро на секое парче ,рузмарин и кари (по желба како зачин) и на крај кашкавал, се печат додека не заруменат.. секогаш ги правам кога не сакам пире или пржени преубави се...
     
    На galapce, fallenangel и referentka им се допаѓа ова.
  18. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.529
    Допаѓања:
    7.421
    Пол:
    Женски
    Во тенџерче ставам компири,исечени на коцки,морков кругчиња,вода и зејтин.Тие се динстанаа додека има вода,одвреме на време ги мешам.Кога ќе останат на зејтин убаво се пропржуваат.
    На крај се и варени и пржени и многу ми се убави:D
    Подобро, него пржени во длабок зејтин:D
     
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    запржи претходно на зејтинот зачини: вегета, оригано, кари, лукче,црвен пипер.. само малку,колку да пуштат арома па стави ги компирите во тоа. Зачините мењај ги по желба:mm:
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Палачинκи ид κомпиρи
    Се сечκа ситно една главица κρомид, се ρендаат κомпиρи и се ставаат тρи- четиρи лажици бρашно. Се зема од смесата со лажица и се пρжат на масло. Ρецептот е од фемина.мκ.
    Инаκу мене најмногу ме бендисува κомпиρи толчени си везени суви пипеρκи....ммммммм...
     
    На Feminka22 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.