Сè од компири

Дискусија во 'Рецепти' започната од kiki-riki, 6 јануари 2010.

  1. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Женски
    До сега не прочитав ваков рецепт за компири, многу е лесен, бргу се прави а е многу вкусен
    1. Компирите се варат ама се внимава да не се преварат , да не се распаѓаат кога ќе ги лупите, значи се варат и се лупат а потоа се сечат на коцки отприлика големина 2-3 цм ,
    2. во тавче се загрева путер а може и маргарин ама со путер се повкусни и покалорични и се додава малку масло колку да се разреди маргаринот ,
    3. во врелиот маргарин се додаваат неколку лажици презла и сусам и се пржат додека не заруменат но внимавајте да не ви изгори,
    4. потоа се додава малку сол и се додаваат компирите , со две лажици се се промешуваат за да на компирите се залепи смесата од масло , презла и сусам.
    Компирите се многу вкусни , како поховани .Пробајте го и чекам коментар :D

    П.С да не се прави повеќе од еден кг компири бидејќи смесата нема добро да се залепи на компирите а останатите состојки се ставаат по желба.
     
    На DeepRed и analia13 им се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    2.780
    Допаѓања:
    10.948
    Логорски компир:
    Измијте килограм компири (не многу големи), избоцкајте ги со вилушка, замотајте ги во фолија (еден по еден) во која сте капнале малку масло и сте ставиле морска сол. Печете во фурна, логорски оган или едноставно во рерна(иако на логорски оган е врвот). Се служи со еден мој измислен сос: половина тегличка мајонез, лажица оригано, лажиче копар и 100гр рендан тврд кашкавал. Кога се топли компирите, исечете ги на половина ( со се лушпата) и додајте им од сосот по две лажички.

    Компир салата - класика:
    Половина кг варен компир се сече на коцкички, му се додава една главица кромид, ситно исечкана, бибер, сол, масло и лимонов сок. По желба додајте две лажици мајонез и малку кари, го дополнува вкусот. Јас обично сечкам и маслинки и во прилог со риба е прекрасно.

    Компиров леб: 500 гр бело брашно се меша со 2 јајца, неколку добро изгмечени сварени компири, лажичка вегета, две лажици путер и топла вода во која сте растопиле половина пакетче квасец (по проценка околу 200мл топла вода), добро месејќи да добиете мазно тесто. Печете го во врела рерна, додека да добие крцкава корка. Малку е потежок од класичниот леб, но е добар како залчиња за гулаш или супа.
     
  3. Saraa

    Saraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    140
    КОМПИРИИИИИИИИИИИИИИИИ обожавам, инаку мојот рецепт е следниот

    Си земате компири колку сакате, ги ставате да се сварат ама не скроз, потоа се лупат и во зависност кој како сака или на полозина или цели (јас ги правам на половинки) се стават во тава одоздола премацкана со путер - маргарин, одозгора врз секој компир ставате маргарин, сол, вегета, оригано, буковска, бибер, кечап и се печат од прилика 20 минути во убаво загреана рерна инаку зависи до шпоретот може и за пократко или подолго време да се готови сами ке забелезите кога се готови :D
     
  4. BlueEye

    BlueEye Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    19
    ushe malce ke mi porasnat vo stomako kompirite :lol:
    vaka poarno pomali kompiri a ako se golemi gi secite na 4-5 parcinja gi lupite vo edeno pajnce prezla videta sol i posle gi prpelkata i gi klavate vo tava so maslo i od prilika za 40 min se gotovi ama se prevkusni probajte :)))
     
  5. anastasija19

    anastasija19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    32
    и јас обожавам компири посебно компир салата со кромид мммммммм и малку повеќе оцет :P :P :P
     
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.574
    Допаѓања:
    6.589
    Ја правев денеска рецептата на Irenna и морам да признаам дека се одлични !
    Фала многу :)
     
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Женски
    FallenAngel мило ми е што ти се допаднал рецептот.

    За сите што сакаат компири еве уште еден брз и лесен рецепт
    -1кг тврдо варени млади компири
    -малку маслиново масло а може и путер
    -неколку лажички крупна морска сол во зависност од големината на тавчето
    -2-3 лажички ким

    Рерната се загрева на 200степени , плехот се премачкува со масло , солта и кимот рамномерно се распоредуваат.
    Компирите се сечат на половина и со рамната страна надоле се ставаат врз солта и кимот.Место ким може да се стават семки од копар и неколку гранчиња рузмарин. Се печат 20-25 мин на 180 степени а најубаво е ако рерната има вентилатор да се уклучи.
     

    Прикачени фајлови:

    • img409.jpg
      img409.jpg
      Големина на фајлот:
      506,6 KB
      Прегледи:
      3.008
  8. Saraa

    Saraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    140
    Jas denes go pravev ovoj recept ama nekako mn mrsni mi se, i ne mi se nesto posebno ali sepak gi izediv :DDDD, maja da ne se navredis ne deka ne se ubavi ama ne mi se nesto posebno pozzzzz
     
  9. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Женски

    Крокетите се многу убави , незнам зошто мрсни ти излегле, се пржат во фритеза на многу врел зејтин за да не го упијат.
     
  10. julie77

    julie77 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    10.458
    najmnogu si sakam vareni kompiri,posle toa malku proprzeni so zacin..moze i da se dodade mlado kromidce prethodno zaprzeno...a sakam i kompir salata... :)
     
  11. Saraa

    Saraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    140
    Pa neznam kaj bese problemot, moze i do mene da e, gi przev vo mn vrel zejtin ama nekako mrsni mi bea, pa poradi toa i ne mi bea naj naj, ama ke probam i dr da gi napravam pa ke vi kazam kako mi izlegle po vtor pat ;) , moze ke se upravam naredniot pat :lol:
     
  12. angelinatodorovska

    angelinatodorovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2009
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    eve eden recept
    1 kg kompir izlupe i isecen na dolzina
    se stavaat vo tava se dodavaat zacini po vkus, se naleva zejtin i mleko, se stavaat vo rerna , koga se peceni na kraj im se dodava 250 gr kajmak, se vrakaat vo isklucena rerna uste nekoja minuta, mnogu se vkusni
     
  13. EmCeee

    EmCeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    3
    FALA MNOGU ZA RECEPTOV :D JAS SUM NA DIETA I IMAM DVA DENA SAMO KOMPIRI I SE MISLEV KAKO KE GI JADAM OSVEN VARENI( PRZENI SEKAKO NE).KOGA KE MI BIDE DENOT ZA KOMPIRI KE GI NAPRAVAM I KE TI KAZAM DALI ME BENDISALE :D POZZDRAVCE
     
  14. Berliner

    Berliner Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    jas pak,prvo gi podvaruvam malku so zacin vo vodata,potoa ubavo gi isceduvam i gi ovalkuvam vo prezla ,susam i kari,i gi proprzuvam,so malku maslo.imaat prekrasen vkus,probajte ;)
     
    На d.Darla му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Saraa

    Saraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    140
    Ова ми звуци вкуснооо, ке го пробам, ти ветувам, па ке ти кажам
     
  16. strangewoman

    strangewoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    693
    Допаѓања:
    221
    значи си ги ставаш во караванче сечени на покрупни прачиња, со оригано, сол, путер и БЕЛО ВИНО значи повкусни немам јадено,дури се печат се мешаат еднаш-двапати и после ајде да си јадеме.јас му ставам и кечап и сирење одозгора ама мама вика вкусот му го губиш :roll: а белото винце му дава некоја посебна арома а за друго да речиш не се нешто посебно.ама многу повкусно е од обично печен компиррр :)
     
  17. likix

    likix Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Јас ке ви го препорачам следниов рецепт:компирите се сечат на поголеми парчиња,се додаваат зачини,масло и вода и се печат.Кога ќе е при крај се става одозгора ситно сечкан лук се прелива со хопла и се враќа во рерна да се потпечи.Пробајте многу се убави.
     
  18. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    2.775
    Допаѓања:
    920
    Од копирчиња кај мене се прави:пинџур со пиперки и се друго,пире,се печат,се пржат,се прави салата од варени компири,се затвараат полнетите пиперки од кога ќе им се набута мефце и за друго не ми текнува сега ..
     
  19. maried

    maried Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    mene kompirite na vakov nacin mi se najubavi...

    Se varat kompirite celi,se lupat,se secat na polovina i so malo lazice se vdlabnuvaat(da se napravi dupka vo sredinata,znaci kompirov da lici na brodce :) )Potoa se redat na namstena tava,se posoluvaat i se stava vnatre vo dupkata iseckana sunka,kaskaval i pecurki.Se stavaat da se pecat na 150-180 stepeni okolu 30 min.Potoa se vadat i vrz sekoj kompir se stava podebelo parce kaskaval da se pokrie cel.Se vrakaat uste 5-10 minuti.Prethodno se mati edno jajce so edna mala pavlaka i otkako ke se rastopi kaskavalot se vadat se posipuva sekoj kompir so pavlakata i se pecat uste 5 min..Se sluzat topli i se prevkusni.Probajte!!!
     
  20. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    63
    Повеке ги сакам пржени и ги јадам најчесто со растопен кашкавал одозгора ммммммм... највкусно ми е ова :D :D
     

Сподели ја оваа страница