1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Совет: обидете се да мислите барем некогаш out of the box. И тоа што е пласирано и така лесно видливо најчесто не е целосната слика на нештата. Ѕирнете во заднината на нештата. Уклучете си ја и имагинацијата ако можете. А и 6_то сетило.

    Пренежно, чинам успева да наежи секакво срце. Чинам :?: :?: :?:
    http://www.youtube.com/watch?v=fs5vUC0Ir-E
     
  3. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Дог вредна посабајлечки, си легнав вчера кај 1 станав кај 10 сабајле,убаво се наспав, па се симнав доле во дворот со татко ми компот од праски и кечап правиме, па праските сум ги дробела, сум миела тегли сум мешала кечапот, па неколку пати до продавница по шеќер, зејтин сум била.. :lol: Абе мераци денес денов одвај чекам да го пробам кечапот,преубаво мириса ми иде да се удавам во шерпата :rofl: утре правиме слатко од смокви моето омилено :wasntme: абе деновите ги бројам кога ќе треба ајвар да правиме :sun:

    Едвај чекам ^_^
     
    На Someonespecial и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  5. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Во Македонија патриотизмот изгледа се мери единствено на трибини. Гледам и Фиром сте вмешале :D Да беа Македонците за се во државава како што се за вакви безбедни работи како навивање пред телевизор и пред компјутер, ќе беше друга приказната, а не криви биле хејтерите. Ниту ја следам кошаркава ниту пак некогаш ме интересирала, без разлика кој игра, досаден спорт ми е досаден спорт, не можам да застанам и да се дерам како будала само за да привлечам нечие внимание, си преферирам други спортови и за разлика од некој друг, барем искрено си ги бодрам фаворитите во тој еден спорт, што буди милион пати повеќе сатисфакции од 20 лајкови на лажен пост на фејсбук...или тука.

    И да, деновиве преферирам друг муабет наместо цело време празни зборови за кошарка, исто како што на пример во време на избори преферирам било каков друг муабет што не е политички.
     
    На Hipster, kravce и anabel-a им се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Кога бев второ одделение, наставничката ни даде тест на кој меѓу другото, требаше да ги напишеме спротивностите на дадените зборови.
    Добар - лош, голем - мал, среќен - тажен...
    Самоуверено ги решив сите прашања, освен едно. Линијата до зборот љубов, ми остана празна.
    Не знаев што да напишам, затоа што не знаев која е спротивноста на љубовта. Во мојата детска глава, таква информација не постоеше. Дури и си помислив дека е некое трик прашање, па на линијата напишав: не постои спротивност на љубовта.
    По неколку дена ни ги дадоа тестовите, а под мојот одговор на тоа прашање пишуваше: омраза. Но, она што најмногу ме зачуди, беше фактот што наставничката ми го признала поенот за мојот одговор.

    Ако утре на улица сретнете девојка што дели колачи во форма на срце на случајните минувачи, да знаете дека сум јас. Во последно време, луѓето ретко подаруваат безусловна љубов. Се чини како на оваа придавка да ѝ се изгуби значењето.
    Не бидете себични. Љубовта не е потрошна ствар.
    Барем мене така ме учеа.

    [​IMG]
     
    На Kristina..., cresa-jagoda, Lella и 35 други им се допаѓа ова.
  7. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Во врска со муабетот за спортот.

    Јас стварно незнам што сакате вие? Од каде никој не слушнал за Македонија незнае ни на карта да ја најде, што треба да правиме? Да се затвориме дома ниту да играме кошарка ниту фудбал ништо. А знаете ако вас не ве интересира спорт мене ама ич не ме интересира Калиопи и уште некој што квичи таму затоа што имал убав глас па ја претставувал Македонија на карневалот Евровизија. Тоа за вас е успех, е извинете не ги сакам ама ги почитувам и имам скокано многу пати за тој карневал, секогаш кога пеела Македонија гласот бил пуштен до крај (порано, сега нема таков што вреди да го пуштам гласот до крај). Секоја професија е еден вид професија, тој пее овие се борат на терен, се е за да се промовира Македонија, се е за да се дознае за оваа мала земја, се е за да видат дека стварно постоиме.

    СРАМОТА Е БЕ, СРАМОТА.
     
    На Someonespecial, Gordana10 и Anonymous996 им се допаѓа ова.
  8. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Затоа што не си патриотка, затоа не го пушташ до крај гласот.
     
  9. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    755
    Па да, како што рече драга manja666. Неправда му е нанесена на Кили. И тоа огромна.
    Македонија во шок! Во подрумот на Кирил Поп-Христов најдени 80 саксии марихуана. Кили во затвор! Горде-брк-Јанкуловска трага по Мио(Владимир Поп-Христов-братот на Кили), а тој во Грција.
    Шок, шок, шок.
    Социјалните мрежи на страната на Кили. Е, тука си во право. Излитени мозоци. Но, зошто бе судите без да ја знаете причината?!
    Значи, Кили не дува ради забава. Тој е болен, има тумор. Неговите родители, неодамна се поминале. Зошто? Поради лековите на докторите. И тие биле болни, едниот бил болен од рак, а другиот родител од тумор. Семејството на Кили, сепак, решиле, на некој си по-друг начин да го лекуваат Маестрото.-Пишува самиот Владимир на неговиот ФБ-профил.
    А тоа, што нашиот народ мора јавно да ја каже причината, со цел да се оправда..тоа е за прашањето: ИМА ЛИ ИДНИНА ВО ОВАА ДРЖАВА?

    И да, т.н. бисерите на мудроста на Кили заслужија да бидат во центарот на вниманието. Покажа кој всушност е ставен на едно обично место на водител на емисија.

    И сега, драги читатели, верници во се` она што ќе прочитате, очекувајте ги вестите од типот:
    Во подрумот на Латас пронајдени 80 кравати. Во подрумот на Kико пронајдени 80 рингли. Во подрумот на Горде-брк-Јанкуловска пронајдени 80 ленти за депилирање. Во подрумот на БЦ пронајдени 80 шишиња виски. Кај комшијата во подрум пронајдени 80 тегли компот од сливи.

    Благодарам за вниманието! Ви посакувам убав ден.
     
  10. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Не сум знаела дека сум толку популарна бе :wasntme: Некој само чека да пишам нешто на форумов и да ми најде маана. Go girl, you have the power.
     
    На LittlePinky и Anonymous996 им се допаѓа ова.
  11. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    :D Ова најверојатно на мене се однесува, ако грешам однапред се извинувам. Меѓутоа, не знам од каде го донесе заклучоков, ако не се лажам, прв пат те цитирам, или нешто ми је промакнуло?
     
  12. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    сдк И кај мене во двор замириша на оној прекрасен есенски мирис ЗИМНИЦА !
    Ме разбуди мирисот хаха и цело време одам покрај шерпата ама вкусно мириса леле немам зборови едвај чекам да стигне до крај и со лепчето по шерпата хаха ајде ве канам сите на една кришка таман за сите ке има и ке ја испразниме шерпата :lol:
     
    На Someonespecial и Dog-lover им се допаѓа ова.
  13. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Аман бе луге од дроги, ахохол ,проституција....Растат КАКО КВАЦЕЦ а лугето стапнаа на месечината и не најдоа начин да се справат со нив .Од тука произлегуваат милиони други проблеми да не набројувам сега оти голем дел од вас веќе ги имате почувствувано на свој грб. Кога еднаш ќе се свестиме без разлика дали е синот на Трајко, на Рајко ,на Петко,или е некоја јавна личност, па ај да и прогледаме низ прсти . Штом го прекршува законот, треба да си ја добие заслужената казна.
    Оправдувања нема за никој и за ништо.Закон си е закон , мора да се почитува.
    и истиот треба да важи за сите.
     
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Абе... уффф...

    нвабгрбвх ззв бзсхб хас бФб
    Мислев да истресам нервоза за состојбава во земјичкава наша, ама знаете што... ќе земам ќе си почистам, може ќе ми помине.

    http://www.youtube.com/watch?v=bRdo7WXTVoM

    Ах бре Фреди бе, ју ду, ју вил лив форевр...така да си знаеш.
     
    На ilipili, Hipster, Trnche и 7 други им се допаѓа ова.
  15. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Ахх,денес се чувствувам прекрасно. :inlove:
    Се будам околу 9 ипол,првото нешто што го правам,рипам од кревет и одам пред огледало да си ја видам тетоважата.И срцето ќе ми застане од среќа.Ахх,колку ми е убавааааа. :inlove:
    Се мијам,па по пиџамки си седам се до 12 некаде.
    Си седам на фб,фемина,гуглам зелени карти ова она и си слушам Антенна 5,а надвор времето-МИЛИНА! :inlove:
    Ми пишува другарката да идеме до паркче,да шетнеме,па набрзинка облакам тренерки и рамбовка и излавам.
    Шетајќи се низ паркчето во кое не сум била 2-3 месеци,се чувствувам прекрасно.Темата на муабетот-супер.Ја обожавам другарка ми. :inlove:
    Одиме по улица,и намирисуваме пиперки.
    Ахх,ајварче. :inlove:
    Сакам,сакам,сакам.
    Си доаѓам,комшивки сме впрочем,таа на едниот јас на другиот крај од улицата,ама неможеме да се разделиме.Стоеме и си молчиме.Се приврзавме многу многу во последно време.Многу ја сакам. :inlove:
    Конечно се разделуваме,си идам дома,си припремам ручек и седам пред ТВ.
    И еве ме пак тука,среќна,самоуверена па и по малце нарциосоидна. :D :inlove:
    П.С:Едино тетка ми ми се јави и ми се дереше пола саат на тел,слушнала за тетоважата. :D
     
    На Loritaa, Someonespecial и LittlePinky им се допаѓа ова.
  16. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Дечки ај да ве замолам,некоја ако има идеја што би можела да купам за годишнина на баба ми и дедо ми,ЛП.
    Знам дека не е соодветна тема,но итно ми е...
     
  17. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Чувството кога не те пуштаат да гледаш некое филмче на ТВ оти ТИЕ гледаат ТУРСКИ серии :swear: :swear: :swear: :@ :@ :@ :swear: :swear: :swear: :o
     
    На Dog-lover и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.405
    Пол:
    Женски
    Еве сум пресреќна станав се разбудив едноставно станав среќна :D И по правило идам во инбокс на фб и што да видам 5 пораки :o И тие уште повеќе ме расположија :D Иначе не се карајте за милионите на кошаркарите.
    Ајде ќе ги делиме :D
    П.С има за секој :D
     

    Прикачени фајлови:

    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.361
    Денсам овие денови, не знам од што ми е :^)
    Туку, времето убаво а јас сум се затворила тука дремам. Не ми е арно изгледа повеќе од што признавам. Му се дерам на маж ми прееска, треба да викнеме водоводџијааааа! Што е расипно ме прашува. Чешмата во кујна. Доаѓа, подига и ја врти на десно тече топлата вода, врти на лево нема ладна. Па стара е вика, ѓонот може е распаднат па блокира, да да, ќе треба да викнеме некој да го смени....
    Не бе, додека не пуштив чешмата надвор на двајцата не ни дојде памет дека едноставно однемало вода. Ама да е толку едноставно не е, кога досега не знам друг пат да немало вода. Кој менува цевки на сред бел ден ненормални, среќа не беше момент на бањање, јас само пола литро шише во фиждер на располагање :x

    Ај доста дремам, отидов на ибеј да си барам дајре :dance:
     
    На Hipster, Someonespecial, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.843
    Пол:
    Женски
    Немам инспирација некако да пишувам овие денови, дали дека ништо посебно немам да напишам дали дека ништо посебно не ми се има случено... Ете така... Сношти непожелни личности заприметив како поминуваат покрај мене, ама јас воопшто не обрнав внимание право си гледав, како да не постојат...
    Другарка ми ми вика добиваш погледи во смисла дали си добра, како си, жал ми е... И викам залудно е се сега, помина замина...
    Така си поминува денот, нека дојде вечер, да видиме што ќе има хахах :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.