1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС Гимназија „Никола Карев“ - ваше мислење?

Дискусија во 'Образование' започната од Night.Wish, 27 март 2011.

  1. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    A ти предавала Горица-хемија?

    Утре правам писмена македонски кај Лаљек, какви писмени дава?
     
  2. CHANEL05

    CHANEL05 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Не, само Ела ми предавала хемија сите 3год. Инаќе, супер е кај Тања, не се тешки писмените а и максимално попушта.
     
    На Valencia му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Zbuneta.01

    Zbuneta.01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Valencia, јас учам во I-7 :D :)
     
  4. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Јас сум во петката. :D

    Прва пет на тапет. :lol:
     
  5. Zbuneta.01

    Zbuneta.01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ее јас имам другари во петката. :$
     
  6. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Kakvi testovi dava Liljana francuski? (utre pravam test)
     
  7. Mademoiselle5

    Mademoiselle5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2015
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Лесни,нaјчестo имa примери штo сте ги рaбoтеле нa чaс.
     
    На Valencia му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Француски искрено супер си поминав и очекувам 4 или 5. :D

    Денес правам информатика тест кај Елеонора. Какви тестови дава?
     
  9. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Информатика беше прилично тешко. :(

    Ај кажете ми какви тестови даваат:
    Географија-Јован (утре правам)
    Физика- Гордана (задутре)
    Историја- Марица (задутре)
    Англиски- Маја (во четврток)
     
  10. Mademoiselle5

    Mademoiselle5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2015
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Јoвaн пoрaнo дaвaше тестoви сo прaшaњa oд 1,2,3 и 4 бoдa (вo зaвиснoст oд тежинaтa нa прaшaњетo,ни лесни ни тешки не му се тестoвите),зa другите не знaм.
     
    На Valencia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. iliklola

    iliklola Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Лани математика ми предаваше Сузана Арсова (циркус), а годинава Жаклина (нова е). Знае некој нешто за неа? За новава мислам?
     
  12. macka5

    macka5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    307
    @Valencia леллеле која среќа ја имаш ти Татјана да ти е класна , за мене нема пофина и помила порофесорка, незнам , немам зборови. Инаку мене Ела ми е класна ...
     
  13. Queen^^

    Queen^^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2015
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Дали сите вие што се учеле или учите во Карев сте од населба Карпош или во близина. Бидејќи јас се двоумам меѓу неколку гимназии. Карев како гимназија има убав впечаток кај мене само проблемот е што јас сум од населба Ченто а Карев е во Карпош. И имам страв дека таму повеќе ќе си се дружат тие што си се од таму одколку јас како падобранец од 50км подалеку од нив. Тие деца повеќе ќе излегуваат во населба, а не во центар (најчесто). А Корчагин е во центар има секакви деца. Но проблемот е што тоа гимназија која бара МНОГУУУ УЧЕЊЕЕ и мислам дека ако се запишам таму нема да станам од книга и ќе немам време за излегување.
     
  14. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Епа види вака... во мој клас половина деца се од Ченто, Аеродром, Лисиче итн. ги има и од Карпош, и никој не гледа од каде си.

    Инаку @macka5, да ептен е фина и прекрасна жената, за се што имаш пробем се обидува да ти помогне, ама тоа е што многумина не го ценат тоа, и и' се качуваат на глава.
     
    На macka5 и Queen^^ им се допаѓа ова.
  15. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Епа да, почнаа проблемите со Јованка-математика.

    Во секој клас по минимум 30 еденици. Бев сигурна дека ги решив задачите точно, ама професорката земала ми шкртала не знам што таму правела, и фуп 2че. :@

    Чаре???
     
  16. Mademoiselle5

    Mademoiselle5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2015
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Чаре нема,биди мирна,пишувај на час и замоли ја за повисока оценка.Обично на полугодие и на крај година попушта.
     
  17. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Mislis ako ja zamolam da mi stavi 3ka kje mi stavi?
     
  18. Mademoiselle5

    Mademoiselle5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2015
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Дa,aкo си финa сo неa имa шaнси дa ти стaви пoвисoкa oценкa,сепaк зaвиси oд претхoдните oценки.
     
    На Valencia му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    А Маја-англиски, секогаш дава иста група на сите ученици? (мислам на тоа дека не ги дели во групи) Или првиот тест што го правевме намерно направи така?
     
  20. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    После едно цело полугодие, ајде да шкртнам нешто околу школото, впечатоци, професори итн....

    Прво да си кажам дека Карев не е претерано строго, за да учиш цели ноќи дур задникот не те здоболе ама па и не е толку лесно. Што значи, си бараат сепак одговорност, редовност, дисциплина.

    Друштво- има деца од различни краеви на Скопјево, од Ченто, Аеродром, Лисиче па се до Чаир, Бутел... ги има секакви, а сигурно дека ќе се запознаеш со некој сличен на тебе. Ама ајде да ја кажам суровата вистина, има многуу (ставете акцент на ова многу, дури да ги ринеш со лопата) татини, мамини принцези, нафурани, нашминкани, дотерани, небаре на шетња идат, не на школо. А има и прибрани, нормално средени, секојдневно спастрени деца (ретки се, искрено). Повеќето доаѓаат во групи, што си се познаваат од предходно и нормално си се двојат. Па таков е цел мој клас, како со секира пресечени на неколку делови. Бат вејт а минат, си се запознаваш со еден, двајца, тројца, шириш круг на познанства, го забораваш старото друштво, така ти идат тие ствари.

    Кхмммм ајде малку за професорите, можете да наидете на професори на кои очигледно им се смачило да се расправаат со пубертетлии па гледаат колку да го поминат часот, ама има и такви кои се би направиле да го направат часот интересен, да се заинтересираш, да ти помогнат итн.

    Татјана Лаљек Кулишевска(македонски)- мојата класничка, преесрце жена е, со огромно разбирање, можеш да и се обратиш како кон пријател. Нималку строга, гледа на сите да им угоди, ама многумина ја злоупотребуваат нејзината добрина и и' се качуваат на глава. Околу тестовите, прелесни. Сфаќа дека не ви се читаат лектири, па ви дозволува да прочитнете колку-толку низ нет. Уште еднаш ќе кажам, мислам дека е меѓу најдобрите професори во гимназијава.

    Марица Шиндиловска(историја)- Многумина би ја нарекле хитлер, сталин... ама женава бре е авторитет, капацитет невиден. Свој многу цврст став, со големо разбирање кон учениците ама е строга. Не, не, не, строга за да ве измачува, да се изживува врз учениците, туку само си бара дисциплина и учење. Ја почитувам од дното на мојата душа, ќе ве натера да ја засакате историјата како никогаш досега. Па уште ако онака сте и мили на фаца (како мене на пр. :wasntme: :lol:) мислам дека многу ќе ве засака. Седнете меѓу првите клупи, само загледајте се во нејзе и цело време само вас ќе ве гледа и ќе ви раскажува. Секогаш кога и да ме кренеше да одговарам бев спремна, и жената виде дека се интересирам за нејзиниот предмет и без проблем, така оп-цуп 5ка и на тримесечие и на полугоди, што многумина би рекле дека е реткост кај нејзе петка. А и да напоменам дека секогаш ќе и станувате кога ќе влезе во училница. И не се плашете ама воопшто од неа. Предобра е професоркава (цел реферат напишав за неа, ама заслужува!)

    Јован Попоски(географија)- Човеков е ѕвер. Голеем шегобиец, ептен ќе ви биде забавно на часовите бидејќи постојано ќе зборува смешки, ама кога танува збор за учење, е тогаш се учи. Дава малку тешкички тестови, ама попушта. Не е воопшто строг. Мене ми е срцка професор. И постојано на тестови ни вели, од лопов-не се краде (сака да каже да не се обидуваме да препишуваме, пошто и он препишувал така да ги знае сите тие финти)

    Лилјана Лешниковска(француски)- многу добра, фина, мила професорка. Се труди да ве научи француски бидејќи е свесна дека ретко кој има добра основа од основно. Многу лесни тестови дава, се некои сликички, поврзувања исто така многу помага.

    Маја Филиповска(англиски)- Професорката е многу добра. Како предмет обожувааам да го учам во основно одев по натпревари и сл. ама некако професорката не знае да предава. На пр. Учиме ''ново'' (веќе познато од основно училиште) ама не ни дава доволно вежби да вежбаме и слично. На пр. денес учиме некој текст и не стигнала да го допредаде, безразлика таа наредниот час испрашува за него иако не сме го обработиле доволно. Искрено тестовите и се опаки, дала 5 вежби од кои на првата страна имаш еден огромен текст и треба да го читаш и читаш и читаш па да поврзуваш што одзема доста време. Ама другите вежби се лесни (барем мене ми се)

    Јованка Смилеска(математика- добро познатата Јованка, па не знам што да кажам освен тоа дека жената како жена не е лоша, ама предавањата се бедни за предмет како што е математика. Сите деца што на тримесечие имале петка, на вториов тест добија 1 со нула бодови, Тестовите и се ужас, дава три задачи од кои две точни ако решиш имаш двојка (кои патем носат по 4-5 бодови за да нели имаш над 8 бодови и добиеш двојка) а третата ако ја решиш точно имаш петка и се разбира таа носи 17бодови.. така да тетовите ги прави за 1,2 и 5. Полугодишна оцена формира така што собира поените од двата теста и ги дели на два. Тоа е. Дава шанса за поправање, ама џабе. Ми стави 2, одговарав за 3ка, ми рече имаш можности за 3ка и оп гледам за полугодие 2. Ај нека и седи. Инаку ова е мое лично искуство, кое верувам дека повеќето Каревци го имале/имаат/ќе го имаат со нејзе. Од вкупно 280 души во генерација, над 150 кеца.. so freaking crazy.

    Гордана Арсова(физика)- Не ми е меѓу омилените предмети, така да што и да кажам може спротивно да испадне ако сакате физика. Можам да кажам дека не предава убаво, АМА можеби предава убаво ако некој има добра основа и сака да учи физика. Прашањата на тестот ги купа од учебник, што ти додека си учел сигурно си викаш дека сигурно нема да се падне тоа на тест. Доброто од нејзина страна е тоа што на вашиот меил на класот испраќа 20-30 задачи за да ги решите и од нив се паѓаат на тестот.

    Горица Илиоска(хемија)- искрено и хемијата не ја милувам многу и задоволна сум со 4ката. Професорката не е лоша. Мене искрено убаво ми предава, ви поврзува работи со секојдневниот живот за полесно да сфатите. Исто како и физика, на меилот ви праќа прашања и задачии, и сосема ама сосема истите прашања и задачи се паѓаат на тестот (се разбира не сите, неколку) и треба да бидеш стварно мрзелив да не ги научиш. Ама годинава оди во пензија. (барем така викаат) И сфаќа дека хемијата не е предмет што секој би можел да го разбере.

    Даница Митреска(биологија)- е овој ми е меѓу омилените предмети, ми стана омилен по ''вина'' на престрогата наставничка во основно, и од страв и трепет ти сакал-не сакал ќе научиш. Ама еве во средно ми се падна сосема спротивна професорка, и е предобра. Ама фактот дека е предобра, не значи дека не бара знање. Благодарејќи на основата што ја добив, на првиот тест добив 5ка без чепнато книга пошто првата тема онака скратено се што сме учеле основно. Додека пак втората тема беше pain in my ass. Се за растенија, еволуција, латински имиња и сл. И тоа што професорката тестот ни го направи со скоро сите латински имиња на растенијата, габи, праживотни, беше дополнителна тензија и многу ученици се бунеа. Само јас добив петка во класот, и само ми го дава тестот и вика е како може Валенција да и идат и англиски и француски и латински, можете и вие.

    Елеонора Симоска(информатика)- :rofl::rofl: професоркава е изгубена и во простор и во време. Нешто што предавала претходниот час, ако и кажете дека не го предавала повторно ќе го предава. На час никој не ја перцепцира, она сама си збори со себе, ниту да свика да ги смири ништо, напротив може да се испокара со ученици. А те фати неспремен, лета кецот во дневник. На тестови може да се препишува на велико, ама проблемот е што никој нитшо не знае :D. На час ги фаќа највисоките децибели :D самата помисла на женава ме тера на смеење.

    Александар Ордев(ликовно)- професоров е срцка човек, не го преовеличува предметот, и супер забавно е на негови часови. Ќе ни пушти музика, ние си цртаме. Нонстоп ме тераше да му го пишувам е-дневникот.

    Елизабета(физичко)- професорката ама воопшто не е строга. Баш е срцка. Ама ме нервира тоа што го преовеличува предметов. Па мајку му не секој е надарен за спорт и сл. Мисли ова фискултурно е. Сега ме оценуваше за одбојка и ми вика ова е за нула. Ват?:o Ми вика 3 ќе ти ставам... само и упатувам една ваква фаца :|:^) и она отвара дневник, гледа сите 5, и ми вика ај 4 ќе ти ставам, ми должиш. (facepalm)(facepalm)

    Емилија Ристановска(музичко)- супер професорка, знае да се нашали да се шегува. Ама првополугодие е се со учење за како настанала музиката дрн дрн јариња и доста бара. Бај д веј кој ќе извади на 3 теста 5ки ќе биде ослободен од четвртиот. Well две петки на тест one more to go :lol::lol:.

    Тони Николовски(иновации и претприемништво)- цар човек, голем шегобиец. Кога ви се работи работие, кога не- сите по ред го масирате по грб. :rofl: најозбилно ќе ве тера да го масирте

    Ехее, се изнапишав, се изнапишав... ама се надевам дека ќе има помогне барем колку толку на полуматурантите. Бидејќи и јас лани овој период бев цела во прашалници што, каде, како, зошто.. 8-|


    Ако се запишете во Карев, нема да згрешите! (fingers)
     
    Последна измена: 9 јануари 2016
    На macka5 му/ѝ се допаѓа ова.