Луда сум по штикли. Си купив три пара плус летни сандали за до година. Мајками инфаркт ја фати,кога ги виде ми вели"Каде ма ти со тие штикли"?! Јас "мои бебиња моја ствар". Ау значи поголема и од момаков ќе сум си ама ако тој обожава јака штикла.
Скд змачено ми е од луѓе кои глумат. Ќе ги фатиш во лага и продолжуваат да лажат. Се перат,се перат ама за џабе.
Штиклите се љубов и нема шанси да ти го скршат срцето. Колку време планирам да си купам едни нови, не за некоја посебна пригода, туку за да си се почастам дека се справувам со мнооогу психички тортури. Штиклите се награда, љубов, живот ... Сакам снег, доста веќе со овај дождот. Викаат среќата е во малите нешта, затоа сакам да заврне за кога учам и се нервирам, да можам да погледнам низ прозорецот и да видам дека надвор има снег, моментално да си се осетам топло и спокојно. Ми фали таа еуфорија која ја имав како дете. Секогаш бев спремна за да помагам во украсувањето низ дома и да си купам честитки. Секој ден ми беше нова радост, зошто си отворав по едно чоколадо од новогодишното пакетче. Колку убави времиња, се би дала за да можам повторно да се чувствувам толку возбудено и среќно.
Кога е сончево некако секогаш сум расположена,кога ми е некако темно времето и кога нема сонце некако сум тажна.............
решив да прекинам со факултетот после овој семестар(воедно е и прв) и бидејки со мозок ништо не може да се постигне а за партиска поддршка треба частење по кафани, слави и сл партишка книшка (џабе ја имам, тоа фирмите каде што важи, или не постојат или се е наместено) здравје да помине семестаров решив да висам по спортски кладилници па да се посветам малку на својот живот и на своето тело едвај чекам да заврши факултетот
Денешниот ден многу ми значи иако половина од денов го поминав во болница, ништо не ме спречи да ја тргнам насмевката од моето лице. На денешен ден пред точно 5 години го запознав него од тој ден мојот живот се промени многу, тој со неговата љубов и огромното трпение ме научи да верувам во себе, да се сакам себе каква што сум.. Тој ми ја покажа убавата страна на животот, тој е мојот најдобар другар, мојот слушател, критичар и љубовта за која цел живот сонував. Денес во болницата стаса со чоколадото кое ми го подари тогаш, ја пушти песната на која танцувавме тој ден, овој пат немаше танц, бев врзана за инфузијата ама тоа не ме спречи да се смеам и да црвенеам од закачките на мед. сестри Пресреќна сум што имам таков човек крај себе, посакувам да биде дел од мојот живот уште многу долго. Го сакам и ме сака! Поважно од тоа нема нели?!
Колку е само жално што арогантни помлади и постари "дами" мислат дека се софистицирани. Sorry to disappoint you, но во софистицираноста нема место за ароганцијата.
Гледам почнале рекламите со Дедо Мраз Се осеќам како дете искрено, лудувам по сијаличките, украсите, топлото чоколадо во раце.. РАЈ за очи!
Сешто ќе слушнеш. И марихуаната да ти била лековита. Значи стварно сум запрепастена од размислувањата на некои луѓе и тоа стручни .
Сакам да кажам дека навистина сум лута. Најверојатно сама на себе оти сите овие изминати години си мислев дека имам другарки.Да, уште сум повредена.Некој само да ме искористи и да ме фрли како искористена палома. На крај па и мисли дечко ми дека него му се лутам, леле стој малце, не се врти цел свет околу тебе.Па дојде со цвеќе и ми вика еве, извини што и да имам направено и го гледам и ми се лоши.Чекој стој бе дете си викам во себе.Влезе кај мене.Му правам кафе и му кажав, не е тој центарот на свеотот, не ни мојата екс другарка ама едноставно кога ќе бидиш со некој така добар, така фин и одеднаш ти врти грб или ја вади маската чуствуваш колку боли. Мене една роденденска забава ништо нема да ми снеми во животот.Сум пијала, сум била пијана.Сум имала и на кавер слики со неа....само не знам што се курчи... Го сакам дечко ми и фала му што се грижи.Ете, сакав да однесам подарок важна па сега ми се најде за цвеќето.Значи мора да станов да имам цвеќе Ама моментално се што ми треба е да си легнам порано и да бидам сама со себе
Раскинавме. После 2,5години..сега сосем сама. Не знам како понатаму..се навикнав со него на се ..ах каква болка..
Еднаш некој ми кажа што побрзо се ослободиш од непотребните луѓе тоа подобро и имаше право животот е убав кога ги имаш вистинските пријатели покрај себе.
Како се наближуваат празниците, чувствувам дека ќе биде интересно. Можеби ќе треба да ја применам методата на Џои
Интуитивноста, способноста да прочиташ карактер од прва е дарба, ама пак доблест е да го прифатиш човек таков каков што е, со сите негови мани.
Многу луѓе не ја сакаат зимата, јас ја обожавам, сета таа еуфорија и топлина од празници, мирисот на дрвото и каминот кој непрестано пука и разгорува, сармата која крчка крај огнот, зимските плетени капи и шалови, капутите и џемперите, топлината која извира од топлото и меко ќебе, ладниот воздух и непрестаното тмурно време, светлината која продира од секоја куќа и чадот од секоја фамилијарна куќа.. Сево ова ми вродува посебен елан и живост во мене.. Уште снегот ни фали за да бидеме декемвриски комплетни!
Можам да направам се, да се снајдам во се, но нешто сосема друго е тоа што сакам да го правам. Иако не ги вклучува најблиските, оние што ги сакам, домот и топлината, мојот сон ќе биде остварен бидејќи без сонот ништо нема смисла.
Од зајадливост и љубомора ќе поцркате ..... До кога само ? Лице правање левел 9000 , а ваму колнење позади грб левел 200000 ..... ахх брее