1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Денеска сите дома се спасија од мене. Конечно си купив слушалки :D
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Дали мене така ми се чини, или навистина како што одминува времето, луѓето се` помалку уживаат во празниците, се` помалку како да се чувствува некаква еуфорија за било кој празник?
    Ретко да видиш некого со искрена, широка насмевка на лицето и позитивна енергија, па како што е редот да се поздрави со секој познаник којшто ќе го сретне и ќе си размени убави желби...
    Криво ми е кога луѓето не знаат да се радуваат на овие моменти, цело време се обидувам да ги расположам ама слабо некако...

    И да, и јас баш дојдов да пишувам за онаа претпразнична нервоза, паника меѓу луѓето.
    Ги гледаш сите растрчани, нервозни, брзаат некаде и ја пропуштаат вистинската суштина на ваквите денови, преокупирани со тоа дека се` треба да биде совршено. Не дека не е обврска за повозрасните, ама сепак празник е луѓе, треба таа обврска да претставува радост, задоволство, а не товар и нервоза. И всушност не е поентата да биде се совршено средено, или пак облеката што ќе ја носиме како на Нова година на пример, туку суштината на празниците е насмевките што ги делиме, искрените желби и моментите поминати со саканите.

    Времето сега е дежурни кривац, ама ако не знаеме сами да се расположиме и да се радуваме на убавите моменти, секогаш ќе има некое оправдување.
    Затоа cheer up бе луѓе, датумот станува вистински празник со насмевките, нашите и на луѓето околу нас. Направете го и вие празник за паметење, насмевнете се, делете радост, топлина и љубов... :sun:
     
    На SparkyAngel, Mahidevranfan, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    44.098
    Пол:
    Женски
    Не можам да сфатам зошто толку многу времево има влијание врз моево расположение...Само еден проклет сив облак да ти го расипе цел ден...Да те натера да се чувствуваш меланхолично,осамено,тажно...Постојано како да барам место каде би можела да побегнам од се' и се' да заборавам...Никакви проблеми,никакви кавги,без солзи...Да можев да побегнам на некое место каде е постојано сончево,место кое го знам само јас,каде нема идиоти и будали кои ти расипуваат се'...Зошто времиштево волку делува не мене? Зошто?! Во вакви моменти ме спасува само музиката и самотијата,да се оттргнам од овие мисли,од меланхолијата...
     
    На Anne15, QueenElena, natemila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки

    Кога сме кај фб,веќе стана навистина нешто одвратно.
    Секакви има по ова фејсбуков. :fubar:
    Повеќе соблечени девојки,него ли убаво дотерни,да си ставиш слика баш онака како што треба. :fubar:
    А не кога ќе ги видам од оваму ци*ката и изглегла,од друга страна се трти,па што е ова бре? :swear:
    Многу,многу ме иритира ова,наместо да покажеме дека ние сме понежниот пол,дека сме нежни,убави,дотерани,тие "сите" соблечени,а потоа се лутат,се нервираат зошто машиот род така реагира на нив,а вооедно и на повеќето од женската популација и зошто после сакаат само да не e*ат и сл.
    Па има толку многу девојки кои се безобразни,без никакво однесување и ни тронка срам да се немало.
    Каде отиде светот? Гледаат кој повеќе да се соблече и да покаже нешто.
    Не,не и не!Не е се во тоа бре луѓе!Утре треба да бидете нечиви мајки,на што ќе ги учите вашите деца,што ли ќе им кажувате,како се изе*авте со пола град или како имавте по не знам колку лајкови на вашите голи слики?
    Удрете ја таа ваша глава.
    Ах па и оние мали "ку*вичиња",од памерс веднаш во танга.Уште газот не знаат да си го избришат ама важно се пи*ки и пол,изглегуваат до сабајле и не знаат со кого и каде биле.
    И ете се отиде во пропаст.Денес е срамота да бидеш примерен,културен,прибрано облечен и сл.
    Ве исмееваат,ве прават глупави,неписмени и сл.Многу лоша работа,а кој е крив за тоа,навистина немам одговор.За жал,остана мал процент на такви примерни луѓе со кој ќе ти биде задоволство да разговараш и да го поминеш времето. ;(
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Лајтнинг.. Лајтнинг.. Ме повикуваат белите болнички простории.. Немам желба да се борам против нив. Ниту пак сила... Испразнета сум. Истоштена сум. Пред родителите се преправам дека не ми е ништо, ја голтам кашлицата, ја кријат. болката под ќебето. А всушност, не знам ни што правам, ниту каде води мојот животен пат.. Можеби доаѓам кон неговиот крај. Можеби доаѓа часот кога ќе ме покријат со бел чаршав.. Незнам. Но, знам дека не се чувствувам добро, и навистина ми требаат неколку инфузии и топло чајче. :(
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Ние жените сме многу чудни створења..
    Денес излегов да си купам пантолони и ја исшетав цела чаршија и ни едни не ми се бендисаја :D
    Побогу и на крајо си заминав дома со чанта, која патем немав ни потреба да ја купам, ама ептен ми се бендиса..
    Уште неможам да се изначудам...
    Знам дека не сум единствената шо е ваква, ама сепак :D
    На диета бев, али Велигден ми е омилениот празник, традиционално праење на благи, кифли, и воедно полни фрижидери. Јадам ама од се по малку, ја претерав по некој пат..
    Ви посакувам убави празнични денови :*
     
    На Divinebutterfly и LittlePinky им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.572
    Имам зборувано за светоста и значењето на семејството, ама ова кое што ќе го кажам сега, се надевам дека правилно ќе ми биде разбрано.
    Од "браќа сте да си помагате (па дури кога ќе си имате свои семејства)" воспитувањето си патиме цела нација. И при тоа под тоа оди секакво материјално, емотивно, не знам веќе какво помагање, цицање, уништување и заборавање на себе си само зошто другиот е малку така неспособен.
    Почит и све, ама еден обавезно го јаде подебелиот крај на сметка на другиот, за жал и помалку способниот.
     
    На anuskaNESTLE, QueenElena, MiloMalo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Љубовта била болна работа.Ме прогонува и прогонува.Нема ден да не помислам на него, нема ноќ пред да заспијам да не помислам на него.Толку ме боли одвнатре при помислата дека неможам ни зборче да му прозборам, ни пак тој мене.Толку се молам да направи нешто за да го однејкам.Ама се е џабе..Викам онаков бил, таков бил, а кога ќе го погледнам срцето ми се стоплува и едноставно неможам да не го сакам.Штета што неможам да го гледам секојдневно, ама подобро, инаку ќе ми летне умот.Пред некој ден имав прилика да го видам, го гледам и си викам фраер голем е, може секоја да ја има, ама неможе секој него да го има..Целосно си го сменив однесувањето поради него, немам простор за други размислувања, само тој е во главата.На часовите не слушам предавања, мислите ми се некаде далеку, далекууу.Пред некое време и пишав реферат на една другарка, искрено мислење ама не успеав да го исполнам и тоа што го пишав.Зошто? Секако поради моето време, скопро никогаш немам време со друг да зборувам, а секогаш имам време да гледам слики од него и да мислам на него.Ај со лесно нека ми е натаму, толку мала а толку заљубена ххахах. :D
     
  9. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто, но...секогаш кога ќе го исклучам телефонот, пропуштам некој важен повик. Ќе излезам на кратко од работа-мора да ме побара директорот. Се опуштам ли-правам грешка. Нема да се нашминкам-ненајавено битна средба каде мора да остававиш впечаток. Облечам ли штикли-жалам што не сум облекла балетанки(и обратно). Ќе направам голем ручек-не се гладни, ќе решам да поминеме со нешто онака-доаѓаат мртви гладни. Дали ова само на мене ми се случува???
     
    На Sexybaby86, cresa-jagoda, mimiiiii и 5 други им се допаѓа ова.
  10. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Се губам во сопствени комплекси.
    Не се познавам.
    Се заборавам. Заборавам колку вредам.
    Заборавив како изгледа убавината на животот.
    Го заборавив мирисот на среќа.
    И само едно големо НИШТО ги спречува моите солзи.
    Апсолутна тишина.
    Се слушам себеси како молчам.

    Темнина во мене а очите ми светат.
    Бесчувствителна сум или што?

    Проклет дожд кој го вади ова од мене.
    Проклет студ кој ме потсеќа на душава.

    За момент си ги видов соништата и сфатив дека биле ставени на последно место.
    Што ми е?
     
    На kala21, Ketrin.Moon, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Desert.Rose

    Desert.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    189
    Чувството кога туку што си помислил дека некоја личност се променила, истата таа личност ти ја урива таа најмала надеж и повторно те разочарува... priceless :|
     
    На Silver.E, esperansa777, LittlePinky и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Како јас да сум напишала :D Да знаеш,во вакви ситуации дејствува господин Марфи,па не се замарај кога нешто оди наопаку и не по планот,едноставно така требало да биде :)
    Убавата страна е,кога најмалку очекуваш баш се ќе ти оди во прилог,и ручек и директор и штикли.
     
    На Peppermint и sofijanoka им се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    СДК... Некои желби се толку силни што молскавично посакуваме да се исполнат.
     
    На kala21, Ketrin.Moon, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.147
    Нема ден да не ми помине без нервози. Толку проблеми ми тежат на глава што мислам дека веќе ќе пукнам. Таман некоја работа ќе почне да се средува и оп, закочува. Испаѓаат уште милион мали проблеми. До кога вака?
     
  15. Emma4

    Emma4 Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    67
    Не знам за вас, ама за мене секој празник наместо одмор е замор. Обврски еден тон. Така е на секој празник. Единствено нешто што посакувам е да си легнам и како човек да се изнаспијам. Е тоа е за мене одмор.
     
    На Srckata28 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  16. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Христос Воскресе! :) :*
     
    На Ketrin.Moon, cresa-jagoda и Elennaa им се допаѓа ова.
  17. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    СДК дека сум сменета. Не знам дали на подобро, дали на полошо, зависи, кој како си сфаќа.
    Сега јас сум си на прво место, другите се после мене. За разлика од порано, толку многу се трудев да се прилагодам на се, на сите да им биде удобно и пријатно покрај мене, но сфатив дека е џабе.
    Дали да се загрижам за мојава промена, дали да си уживам, ќе видиме :D Во секој случај, вака сум некако посреќа и поисполнета. :)

    Денес конечно си купив штикли. Mајка ми беше пресреќна, се спаси жената после толку часови одење по продавници. :lol:

    И да ви кажам феминки, ме немаше некако на форумов во последно време, па ми фалеше некако и форумот и вие. Се надевам ќе бидам поактивна и пак ќе си се дружимееее! :wasntme: :f: :f:
     
  18. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Христос Воскресна! За многу години да ни е Велигден! Мир, здравје, среќа и бериќет , на сите христијани! :)
     
    На cresa-jagoda, Elennaa и Dog-lover им се допаѓа ова.
  19. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Се решив оваа година да не фарбам јајца. За мене тоа е ситница,ама маж ми направи скандал. :lol: Ме праша да не сум во некоја секта зачленета :D . И така, под притисок, фарбав јајца до пред 1 саат, излегоа катастрофа, ама ко за секташ :D арни се.
     
    На cresa-jagoda, LittlePinky и Madam-A им се допаѓа ова.
  20. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Ја заокружив 20 ката, на вака убав ден.
    Ме чека деценија позитивност, така одлучив. Исто решив ко за промена да славам род нден оваа година.

    Нарцисоидно ќе редактирам, колку да закачам нарцисоидна песна која по некоја случајност е објавена на денот на моето раѓање. Нарцисоидна случајност нели ? :D

    http://www.youtube.com/watch?v=BOJDVebh8Wg
     
    На ariela09, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Silver.E и 12 други им се допаѓа ова.