И јас како ова лето .Понекогаш ме совладува тага, и немам сила за ништо.Понекогаш пак ќе се случи мала радост и јас летам како птица.Ништо не може да ме запре и скрши. Она што ми лежеше на душа го изнапишав во неколку писма, го кажав на најблиските, и сега се надевам на подобро.Завршив со прашањата што ме мачеа.Собрав храброст и си одговорив на дел од нив. Ризикував, но барем сега знам дека се обидов.Колку ќе успеам да променам нешто, времето ќе каже. За среќа чувствувам дека овој пат конечно работите тргнаа позитивно. Остана само едно мало облаче,но ако.Кога сонцето ќе стане посилно ќе му здодее и само ќе си замине. Празнично сум расположена и ако утре сме на работа. Знам дека времето лета, па така и утрешниот ден,ќе летне времето за миг. Важно е само да сме дел од него ,да го чувствуваме,да го впиваме,а притоа да оставиме само едно мало делче од себе, за да се памети дека сме биле дел од него. Ако утре е ветре,нека сум семче. Ако е дождлив ден нека сум само капка дожд. Ако е сончев ден најмалиот зрак. Кога ги гледам ластовичќите , ме потсеќаат на мајќите.Истовремено е и тажно и радосно кога малите пролетуваат.Често ги гледам и и се восхитувам на упорноста ,трудот и верноста. Камо среќа и ние луѓето да бевме такви.
Сакам да го прашам Daleron дали апчињата му стоеа на маса додека се зачленуваше? Јас нареден пат ко ќе се зачленам негде Diazepamce ќе си се крстам
И да се крстиш Амин Сега ми текна, пред многу години јас во аптека и иде еден шок. Ој госпоѓо имаш онај лек сумтефатилздол Свашта жена раѓа Него мило ми е што те има си кажа Озбилна без да биде прашана
..Знаете дека тој е вистинскиот,тогаш кога посакувате еден ден,вашите деца да ги наследат сите негови особини.. Се гордеам што му припаѓам!
Прво, знаеш и самата што беше првично кажано во врска со тоа, не знам што воопшто ме цитираше, нешто ептен ме цитираш во последно време, има некаков проблем? Мене и не ми е за верување дека само ја погалил, без разлика на видеото.
Хахахахах многу вицкасти Друг пат ако ти побараат да му речиш немаме таков, имаме Мијацицал, антибиотик е И мене ми е мило шо ве најдов, јас чат пат се појавувам
Дојде време и јас да заминам на подолг одмор. Си заслужив богами Спакувани маичките,шорцевите и апостолките и шибам на сунчање Додуша и тренерки и патики си ставив,временцево не се координира со моите планови,како и секогаш. Имајте убав викенд, девојки и момци,па се читаме за две недели Нешто за по пат... http://www.youtube.com/watch?v=YAq1EUg15bk
Аууу не, сакаш развод да падне мирна си е Озбилна не прави беља. Мене не ми рече него на аптекарката, јас си слушав од страна Ако чат пат нека те има Озбилна да те чита. Ту бе ова смајлињава да не може човек да се изјасни.
^ ^ ^ Убаво знам што беше напишано прво, но ниту имаше слика дека фоката е нешто повредена, ниту пак некое видео, за да толку се верува на тоа што е напишано, и кој и да беше напишал само го постирав видеото за да види дека не е се така како што првично кажале. И каде тоа многу те цитирам во последно време? Па на форум сме
^ Мене па чудно ми е, ако чоекот стварно ја истепал зошто му дадоа казна од 1500 куни кога законот вели поинаку (minimum 7000)? Хммм... jaс верувам дека да ја истепал ќе се силеа со максималната казна. Како и да е, заштита на животните е нешто што треба да примениме кај нас, се согласувам. А има ли на самите плажи писмено предупредување дека е таа загрозен вид и смее само да се посматра?
Е ако де знаеш, немам ништо против, знај си, ок си кажав што мислам, па дури и да не било така, да не ја повредил, тоа што го реков не важеше само за него, не знам зошто мислиш дека верував, само дадов мислење на она што кажаа, што е тука чудно, небаре нема луѓе што повредуваат животни.Во Америка, небаре лесно поминуваат тие што повредуваат животни, а ако тебе тоа ти изгледа како нешто добро, во ред, ете ја погалил, но не можам да верувам ни на тоа. Прашувам само, оти приметив, а и немало потреба цитирање.
Хахахаха абе знам јас дека е то некултурно и нема шанси да го речиме ама си заслужуваат Смајлињата стварно, да не можи човек да се изнасмее
Една слика, илјада зборови. И колку и да имам да кажам на оваа тема, сепак на крај имам само една воздишка и сваќам дека џабе ќе биде. Залудно ќе биде да си делиме памет кога пак ништо нема да смениме... Иднината на младите останувала, да, во друга земја. А сега за сега, иднината останува на пензионерите, толку. Спојлер Сликата е илустрирана од Антониј Караџоски, прилепски студент на дизајн и архитектура
^Ќе се надоврзам на муабетот. Сите викаат кај нас лошо се живее, ама кога ќе размислиш и не до толку. Џабе им е Европа, кога таму треба да работиш дупло за да земеш добра плата. И кога ќе отидеш што ќе работиш? Ќе береш грозје. И тоа од сабајле до вечер. Кај нас сеуште сите се излежуваат. Не е дека нема работа. Туку пуста мрза владее со народот. И се додека сите заминуваат, и им ги полнат касите на другите, нема да има подобар живот, а ни иднина. Кога сите би го загреале задникот, и те како ќе има работа. Ама во нашата државичка, каде се‘ се постигнува со врски и договори од корист, тешко дека такво нешто ќе се случи. И уште нешто. Да знаете дека ако продолжи вака, Македонците во своја земја малцинство ќе станат. Сами си ја продаваме татковината.
Е значи ептен ми се јаки македонциве од Аусралија ко ќе си дојдат и кога ќе ти објаснуваат како тие имаат направа шо ги лади работите шо ја викаат фриџ и дека телевизорите им се тако звани елцеде и се многу танки не вакви ко нашите. Се чудат ептен кога ќе им кажеш дека и ние знаеме за едно чудо наречено Скајп и дека постои такво едно малецко нешто наречено Јуесбе. Па потоа објаснуват како е добро да се возат со карот по стритот и дека тоа е мач најс и дека девојчето треба да си купи Најки за евридеј. Па се прави како не знае овде како беа бројките на чевлите па не знае да ти каже. И си зборуваат меѓусебно на англиски за да не ги разбереш, а потоа со тебе зборуваат на македонски. Само не знам дали некој собрал храброст да им каже дека се живи бруки или пак сите како другар ми си се ладат со нив правејќи се дека не ги знаат овие работи и изиграваат зачудени, демек стварно, лелее жити се. И на крај ти се шетаат со сандалки и чорапи и прашуваат каде има нужник. Орајт, толку имав да кажам, бај.
Животот е тоа што ни се случува додека живееме. Исполнет е со толку моменти, некои траат само секунда, а се паметат вечно. Совршенство само по себе, не постои.Совршените моменти не се чекаат, туку се создаваат. Среќни се луѓето кои имаат цел,знаат да направат нешто големо,нешто поинакво,поразлично од стереотипите и умеат да ги препознаат несекојдневните мигови... П.С. Можеби некој од нас, денес го живее тој момент.
Mене па најсмешно име на апче ми е она апче за ден потоа и норлево Ми звучат како да е крај на светот утре, и ќе дојде дедо Ное ,
Вчера си наполнив 43 години.Машала!Патем ви благодарам на сите за честитките. Иако имам толку години ,се уште имам желби.3 ми се најважни! -здравје за сите -децава да бидат среќни ,свои и исполнети -раката на маж ми да ме држи уште долго и да ме топли. Cheers!!!