Во автобус влегува една дама. Сос штиклици. Си мислиш баш фина госпожа. И само наеднаш навлезе во трите фази на чепкањето нос: рударство, вајарство и стрелаштво. Четири автобуски станици! А потоа си ги бутна прстите во уво и си ја протресе главата. Аман заман, дај зачувајте си ги тие „манири“ за по дома! Само уште фалеше и забите да си ги прочепка и туто комоплето ќе беше. Штета што се симна.
Од кога ја имам најдобрата четириножна пријателка покриена во густо виткано крзно, погледов ми е секојдневие и го обожавам: Не можам да живеам без таа компир фаца! (како што ја нарече љубоморната комшиика) Спојлер Кучето на сликата не е мое, туку од сопственик кој го има сликано искуството „Чување на Ердел Териер“.
Една од причините што „обожавам“ кога ќе ме фати дожд надвор од дома, е тоа што скоро да нема дождлив ден да влезам со чадор во двокатен и да се качам и симнам како нормален човек, без притоа да не направам некој урнебес со чадорот и да се избрукам. Вчера седнувам горе и тоа некаде на средина, доволно далеку и од предните и од задните скали. И се спремам јас да се симнам, со чантата на рамо (патем општопознато е дека иако редовно ги носам, никако да се навикнам на овие чанти и да немам цело време осечај дека во секој момент ќе ми се лизнат ) и со чадорот од кој се цеди вода во другата рака. Арно ама, пошто нели ич не сум несмасна, тргнав точно некој дел од секундата пред 360 степенска кривина. И кога сврте, па кога заринкав у онаа ложата 2 спроти 2 седишта, и ташната и чадорот јабана... Не знам за луѓево дали биле без чадор и уживале во времето, ама јас со мојов барем малце им го доловив оној сенс како да танцувале на дождот. Да не збориме за тоа дека за малце и во скут ќе им паднев. Бруки живи, еве не знам веќе кој пат ми е по ред да трчам по скалите доле и дим да ме њама, збирка можам да напишам со вакви ситуации. Иначе... можете да замислите левел на досада: разгледување учебници на почеток на учебна година? Ама озбилно луѓе, дали сум единствена што секоја година учебниците по одредени предмети ми се скоро 90% познати уште во првата декада од септември? Еве пак како традиција сум земала текстовите од англиски и француски во улога на слободна литература. Абе јас сум си за да аблам и парлам, сум утнала и школо и смер. Изгубена Германка, ви викам јас. И да, да не ви кршам кејф на новоформираниве autumnlovers, ама летово не го даваме уште! :evil: Не се сеуште лелеавите фустанчиња, балетанките и очилата за сонце за во архива. Денеска сонцево како ме расположи, а и дома па уште останало од озонерот со мирис на кокос, сум влегла во филм како на плажа... сакам циганско лето бе, и точка! Не знам дали сум ви кажала, ама уште од мала тешко се привикнувам на есенска облека. Од мајка ми еве до ден денес слушам прекори од типот, ќе смрзнеш детеее! Ама јас бе во септември треба прво да смрзнам за да облечам за прв пат во сезоната јакна. И не знам за вас, ама есен и дождливо време ми е убаво само за хибернација. Да седнеш и само да се стуткаш со книга, да го слушаш звукот на дождот и единствена обврска да ти е купување мека, пуфкаста есенска облека, утопија бе... а дебеливе учебници кажуваат нешто друго. Ама ај, ќе се тешам со помислата на ајварче. И така... ај поздрав.
Па да, најсреќно дете сум во светот! Најпрво моите родители на мене и на брат ми ни даваат прекрасен пример што значи љубов, исто така во фамилијата опкружена сум со лица кои ме сакаат. Потоа во куќата ни владееа весела атмосфера. Зарем тоа не е доволно да си среќно дете? Опкружена сум со љубов, здрава, облечена, најадена, со покрив над глава Бидете ми поздравени, среќни и весели! точна е анкетата за најсреќни деца во светот Спојлер http://www.independent.mk/articles/8712/Report+Macedonian+Children+Are+Happiest,+Americans+among+Unhappiest+in+the+World
Деновиве ве читкам онака во лежечка позиција шетам по темите и мавам лајкчиња. Сакам да напишам по нешто ама премногу сум уморна. Еве ме денес по 12 проспиени часа се решив да шкртнам малку, синоќа си легнав во девет во кревет со кокошките. Не дека се жалам, убаво ми е стварно.. Кога конечно ќе земам здив на работа да погледнам колку е часот и оп гледаш веќе поминало работното време а ти се занел и во ниеден момент не си почуствувал досада. Па си велиш чекај уште ова и оп летнал уште некој саат а не си ни осетил. Може после дома конечно ќе се сетам дека сум уморна.. Ама да ова е работата што ја сакам, да работам нешто и да изгубам осет за време. А и да не бидам куса за муабетот со дождот. Зар има нешто поубаво од врнежливо утро и шоља топло кафе? Онака полна со енергија си ги облекувам чевличките, го грабнувам црвениот чадор и шлапам по вировите . Не знам како некој дождот може да го прави депресивен. Јас лето и сонце сакам само кога сум на море.
Не можам да ги разберам луѓето што се приврзуваат кон одредени предмети,ги чуваат со години и одбиваат да ги фрлат.Разбирам дека будат спомени,ама предизвикуваат огромен неред. Моите се такви уште од сојот на прадедовци и прабаби,си ги пренесуваат работите по генерација И не зборувам само за сентиментални предмети,туку за механики,стари документи,квака од врата... Дома ѓубре еден куп,па ќе ми речат дека ќе ни требало некогаш.Пфф,мижи да ти баам Кажете ми кога ќе ми затреба бурмашина што не работи,а има плус две нови после неа?! Можеби со тек на времето ќе проработи,не се знае. Инаку јас вака индиректно се фалам дека направив чистка на куќата и дворот, ама излегов незадоволна бидејќи се што планирав да фрлам,моите го вратија на место и сега пак е гужва Вака се осеќам! Не сме загрозени толку,ама ќе стигнеме кога и да е...
Сакам да е Зима. Да си лежам на креветот покриена со меко кебе до рамења и да гледам некој интересен новогодишен филм. Од кујната да се шири прекрасна миризба од вскусните колачиња на баба ми. Да си дојде брат ми од школо и како и обично да ја фрли ташната на земја и да тркне одма до неговата соба. Мајка ми пак да ги собира по него расфрланите ствари и да си збори “на ѕидовите“. Татко ми да си дојде од работа, и дедо ми конечно да се прибере дома од маалската продавница, што се заседнал со комшиите, пола саат повеќе од што му рекла баба. Да ја поставиме масата за јадење, и сите заедно како фамилија да седнеме да вечераме. Мислам дека многу сакам. Сакам, ама нема.
Не сум среќна. Не сум исполнета. Тешко ми е. Цел живот истото ми се случува. Многу работи ми недостигаат. Сакам само да ме нема. Да не чувствувам ништо повеќе.
Знаете што? Утре ќе си купам чадор. ТРАЛАЛАЛАЛАЛА! Чадор ќе си куупаам! ТРАЛАЛАЛАЛАЛА! Мака ви е? Абе ко кенгурче ќе сум со него бе, алоо! Најубав ќе е од сите чадори. Фаца ќе сум, ќе ми љубоморите bitcheeeezzzz!
''Малите работи го прават животот убав ,а убав живот не е мала работа...''- Дадар Преубаво кажано ,да уживаме и да му се радуваме на животот.Секој од нас заслужува најдобро. Да не дозволиме секојдневните проблемчиња и нервози да ни го уништуваат животот и убавите моменти кои треба да ги доживееме. Сакајте се,смејте се,радувајте се на туѓа среќа дупло се враќа оваа од искуство Имајте убаво ноќ
Мајка ми прееска, скокна женава, ја каснало нешто. И реакцијата: аууу бе, порано се знаеше кои бубачки касаа, сега се е измешано Пола саат со брат ми се цепевме од смеење
Ма немооој. Се знае кој го има најубавиот чадор. ЈАС! Ќе ми се праи она фаца, поарен чадор ќе си купела. Аха, на свети никад бе. Да те видам само да ми дојдиш на именденот со поубав чадор од мојот, па има да те исфрлам бе. Ќе те отпишам и од школо, само ако успееш. Ај да те видам сеа купи поубав чадор.
СДК ... Треба да пробате, да си давате шанси. Никогаш не се знае што ќе добиете, а сигурно е дека ништо нема да изгубите. Акција - реакција. Чекањето нема да ви даде нит може да ви помогне во било што. Ризикот е потребен. Сега, зашто да е едноставно кога може да е комплицирано? Ама пак, живеењето е во тоа, да видите до каде и колку сте издржливи во нешто што ви треба, го сакате, ве исполнува ... Дали ќе успеете до крај или ќе се откажете на пола пат. И да, јас добив ама си знам како ќе го живеам ризикот ... Сепак, моментите се убавина и уживање, моментите се животот.
СДК навистина сум ги запоставила сите тие кличиња за мотивација..знаете оние на YouTube...Success,Motivation,Inspiration,Successful people,Self-development...Следењето на успешните луѓе...видеа,цитати...навистина ми требаат а верувам и секому... Ми недостигаат моментите од младинска навистина...Колку само change the world mood Позитивни луѓе,соработка,мотвација,работа,забава,дружење Еве еден многу добар сајт: http://addicted2success.com/ Добра ноќ and today dream BIGGER than yesterday ! ya !
Да му кажам фала на новиот колега кој веќе две недели ми ја полни почетната на фб со музика,малку е досадно постојано него да го гледам на почетна ама така ги погаѓа човеков тоа песните ама баш по расположение Ааа да и сакав да кажам кога и да се разбудам со план пример тоа, тоа и тоа ќе завршам денес-никогаш не успевам . Сакав т.е. планирав да одам до град да си ја платам сметаката за телефон и не измислив милион причини за да не одтидам, реков дека ќе си го средам гардароберот се смени времево па да ги тргнам на страна ептен летните работи да ги закачам џемперите - и не не не ни тоа не го завршив, требаше да одам да си купам фарба за косава и не и тоа одложив.Значи дефинитивно веќе не правам планови од вечер
„Мазна кожа насекаде и во секое време. Погоден за мажи и жени на сите возрасти!“ - Вовед од реклама за салон за депилација е. Значи да повториме, за МАЖИ и жени! Јас или не сум од овде или се' отиде во бестрага преку ноќ. Мислам свесна сум дека се поголем број на мажи преферираат да бидат мазни и свилени негувани дами, ама па до толку дека стигнала работава и дека станаа толкава целна група, па да бидат први спомнувани и да не речам повикувани со вакви реклами за користење на козметички услуги, е тоа не знаев! Од друга страна па читам како се повеќе жени се откажуваат од секојдневната грижа за изгледот и преминуваат на некои радикални мерки како пуштање грива под мишка, за нозе и препони да не правиме па муабет, а има дури и група на натуралистки што оди до таму што и влошките ги одбиваат за користење. Да луѓе влошки менструални не користат и гаќи не носат затоа што госпожата доле им се гуши од такви безпотребни измислици на модерното време. Значи колку и да сака човек да биде либерален и да се обиде да сфати се и свашта, стварно некад иде тешко со секојдневниве инфомации што улетуваат пред очи. И навистина се обидувам што помалку да ме интересира туѓото гајле и почитувам дека секој треба да си биде среќен на начин како што замислил се додека не повредува луѓе наоколу, ама ете понекогаш ме замислуваат конкретно набројаниве примери и се прашувам што мака си имаат луѓево па што ги тера да прават секакви работи со цел да се чувствуваат поудобно во сопствената кожа. И не е дека не разбирам дека светов ја претера на велико со цела таа голотија и извртена перцепција за убавина и со сите оние поставени рамки во коишто мора да се движиме за да бидеме поблиску до совршенството, ама што се постигнува со таа револуција на небричена мишка, еве не знам.
Како што беше 2013 секогаш кога треба да напишеш датум некаде до март месец, така сега барем до октомври кога ќе треба да се потпишам со клас сеуште ќе бидам III a не IV година, шо не е јасно?