Сакам само да кажам дека ако приметивте замреа троловите во последно време, како и темата „Дали сум бремена“ и сличните на неа што ги полнеа со глупости и секако тролови. Ви реков јас досадно им е на децава на распуст, еве септември дојде и раат сме. Спојлер Ен Фа Пен прозорци раааатт сум, мајко рааат сум
И јасссс, сега за на факс, зашто најглупаво нешто ми е од фармерки да ми се гледа половината или да ми ѕирка задникот, поготово на место каде што највеќе не доликува.
Во последно ми идат во глава некои мисли убави некако ме нападнаја ,една од нив е дека сакам бебе,многу значи .
Ајвар а ла Ивкова слава. Три дена лупи пиперки, бркај, па и викенд шема баш, рацете на пиперки ти мирисаат и покрај миењето 23947493447839 пати со уште какви не течни сапуни, туширања и се по ред. Ова ајварот мој испадна баш како оној со Самерка цело лето што го бркаме, па и зимо, да да. Е денес паузирам од лупењево, рацете ми се одмирисаа, само ноктите пиперкосани ми се. Плус оваа настинкава ме докрајчува, другарка ми посилна ми прати, па шмркам, се прелевам со чаеви и лута супа. Абе се исплати ова лупењето, во петок тематска забава ем си правиш, Пиперка парти. Плус оној вкус на тукушто тргнат од оган ајвар не го менувам за ништо. Ни за тематскава забава. Не не, друштвото нека се жали и пали по ајварот мој, ама само рацете може да ми ги мириса! Ни А од ајвар за нив, еее така. Кај беа за лупење, не е фер вака, само јас ли да мирисам, бе ? Аааа, не, не. Туку, ајт адиос отидов јас на топло ајварче.
Американциве прават "spring cleaning", а јас правам "autumn cleaning". Ќе си ја исчистам собата, има да свети. Мајка ми кога ќе си дојде од работа, да не ја препознае. А не како сега, мислиш три атомски бомби паднале. Ќе го сменам и распоредот на мебелот, време е за промена, неколку години веќе стои така. Потоа, ќе одам до библиотека, па ќе ја повикам другарка ми, подолго време се немаме видено. Имајте убав ден!
Го следи ли некој од вас она шоуто на алфа телевизија? Немам поим како му е името, само знам дека пишува ''пинк'' што ми е доволен индикатор дека тука се работи за некоја виша сила јача од мене која ме трга од теве екраните по дома после 10 часот навечер. :geek: На прашањето каде отиде младината, еве ви одговор у прилог. https://www.youtube.com/watch?v=cbArZMKWIPI
Не се секирај,не сте само вие,има и други домаќинки тука без ајвар... btw Јас сакам да си купам оваа година ајвар,па ако некој знае некоја жена што продава,ќе ве молам контакт по пп
Понекогаш заборавам колку е убав животот,понекогаш заборавам да кажам благодарам на сите оние кои ги имам во животот,понекогаш заборавам да кажам благодарам за втората шанса за живот...не ми се допаѓа што имав период во животот кој ме направи крута во поглед на искажување на чувствата,а длабоко во себе сум голем емотивец...ретко се навраќам на тие моменти од мојот живот ама ете денес е еден од тие ретките денови,па само сакам да кажам благодарам мамо и тато за вашата сила и подршка во тие моменти,благодарам моја мила дадичке што ниту еднаш не се пожали во тие периоди за малото внимание што ти беше посветено...вие сте мое се во животот
Прво златно правило: Никогаш немој да правиш на другите нешто, што не сакаш другите да ти го напраат тебе!!! 2. Ако сакаш нешто да биде направено како ти што сакаш, ќе си го направиш сам/а! Симпли ес дет. 3. -За некои работи мораш да се избориш сам/а; -За некои работи колку и да се трудиш или да не се трудиш, ако сакаат да се десат ќе се десат и ако не сакаат да се десат нема да се десат, но медр уат! Па ти види сеа.. 4. Најтажната ствар кај изневерувањето е тоа што никогаш, НИКОГАШ не доаѓа од непријателите. Не се само за денеска, за цел живот се. Имајте убав ден људови. Не заборавајте да одвоите мал дел од Вашето време, за да напраите по некое малецко добро дело секој ден.
Зошто ми кажа девојко??? Што да сторам сега јас? Да зборувам со него? Не, така ќе предизвикам катастрофа. Да зборувам со неа? Но, не ја ни познавам... Не можам така да ѝ се појавам и да ја испрашувам... Ми треба твојата помош. Ако не ми помогнеш, сите мои бродови ќе потонат. Ти се молам, кажи ми сѐ, сѐ што ти кажала. Западнав во агонија поради тебе. Не требаше да ми кажеш. Сега... Сега што ќе се случи? Ќе дознаеме сѐ што се случило, или остане да тлее ова во мене засекогаш? Не сакам да се сомневам... сомнежот ќе ме убие. Но, нема друго. Не сум ни тажна, ни бесна. Само се сомневам. Се сомневам в секој негов збор, секое негово ветување за сите. Што ќе се случи ако има нешто? Полна сум со прашања. Некој мора да ми ги одговори, инаку нема да можам да живеам нормално повеќе.
Вчера бев нокти да ставам,ноктиве мој кинеска работа. Влегов да направам appoitment за денес а тој кинезот ми вика сакаш сега?? Ја ко што знам у Македонија само со закажано идеш на маникир/педикир.И ајде седнав ми залепи некои нокти орлови,ги исече и сега става гел по самово име треба да е во состојба гел тој зеде прашакче бело и некоја течност и направи гел... ги направи некако ја па упорна му викам абе направи ги потенки види колку се дебели.. и тој аха .... ме излакира и ми вика иди таму под светлото а тој замина карти да си игра,за 20 мин ме среди парите у џеп и кој те шиша.ај Пријатно-Пријатно! Е тоа шо ме снајде мене...
Кога снема струја постојат два типа на луѓе. Првиот тип на луѓе постојано се жалат затоа што нема струја и како не можат да функционираат. Јас спаѓам во вториот тип на луѓе, кои (ако е ноќ) истрчуваат надвор за да ги гледаат ѕвездите. Небото исполнето се ѕвезди совршено се гледа без ниедна светилка со својата светлина да ги попречува ѕвездите да бидат приметени. Со главата во небото се губам во тој бесконечен простор. Имам толку прашања... И размислувам што се не би дала да можам да се најдам помеѓу тие прекрасни тела. Не сум била високо дури ни со авион, а размислувам за вселенско летало или ракета. Небото отсекогаш ме интересирало. Можеби еден ден ќе бидам астонаут Не се знае И секогаш успевам да ги најдам Големата Мечка, Малата Мечка, Северница, Бикот и Стрелецот и да приметам неколку вештачки сателити.
Собата ми е како нова. Сега одам до библиотека и на шопинг. Дали јас сум единствената будала која се ѕвери 5 минути во смајлињата, за да го најдам она кое го барам?
Не ми се допаѓаат луѓе што не разговараат отворено, кога има некаков проблем, што се кријат и истовремено обвинуваат други за истиот нивни проблем, а ниту преземаат некаква оговорност за решавање на проблемот.Премногу е очигледно и видливо дека штом се кријат, нешто има, човек ако си е чист пред себе, ќе може и пред другите да биде, ќе може отворено да разговара за проблемот.Почитувам кога некој отворено решава проблеми, оди на се или ништо (ама реков небаре за квизон зборам ), во споротивно, осеќам кога некој има некаква „мака“ па се прави небаре не е од тука.Проблем не се решава сам од себе. А да, и воопшто не ми се допаѓаат луѓе кои си играат играчки со некого, само за да видат како тој некој ќе изреагира во дадена ситуација, такви финти не поминуваат кај секого.
Вчера два пати по ред шофери во jсп не сакаа да ми наплатат за картичка и ме пуштиja така да се возам, денес се нешто излегуваа итни планови и се утепав од давање пари за такси. Универзумов значи не сака ништо да ми даде бесплатно И да, редно време е и да си купам кола Ете и тоа сакам да кажам.
Oстанувам без коментар кога ќе слушнам некого како одеднаш почнува да зборува се најнегативно за личност со која порано бил заедно 24/7, и тоа замислете ја причината - причината за ваквата промена за 360 степени е обичен трач, нешто што го наслушнал од други. Или пак извлекување заклучоци од слични муабети, за некого со кого збор не размениле. Мислење за човек се оформува само со лично искуство, а не со туѓи приказни. Ме иритираат и не им верувам на луѓе без свој цврст став. Посебно на луѓе чијшто впечаток за некоја личност може секој да им го дувне со едно „се шушка“.