Точно. Ама кој да сфати. Многу е комплицирано. Најбитно по секоја цена да се направи паметен некој и да долови поента.
.. Знаеме дека е. Сите сме грешни. Муабетот беше дека тешко е да се пости со зборови, дела и мисла. Џабе постам со храна и се праам Христијанин кога те вреѓам, ти потсмевам и ти посакувам се најлошо. Инаку, слободна волја, кој ако сака нека пости, кој не. Многу добро пишаа за муслиманите, претходно. И се согласувам, ние како народ се неќиме, па очекуваме др да не сакаат.
Ќе му готвиш, ќе ти готви, ќе го переш, ќе те пере, ќе се помагате, ќе уживате. Тоа е врска, тоа е брак. Не е овие новодвижечки прогресивни перачи на мозок што ве учат како требало туку како што се живеело векови наназад: хармонија, почит, љубов, прифаќање, мир, разбирање, толеранција. Сакам да кажам да не се земаат како за пример некои извртоперени "правила за живот". А да, и доматите и пиперките секогаш ќе бидат подобри од кокос и ананас.
Само за ова ќе кажам ,знам муслимани шо ,,постат" а пијат ракија под шанк додека се ,,во тоалет" преку ден ова...
СКД, познаник вадел, пази, ЛЕКАРСКО за МОТОР и ЗА ДА НЕ МУ ПРЕПИШАТ ОЧИЛА ( носи минимален диоптер од 0,5) си стаил леќи. И така си поминал без ништо... Бог да не чува.
Снаџи се па живи. Може па чоекот и ќе си ги носи тие леќи со диоптер, може му се погодени и не мора наочари да носи.
На кој му се пости нека пости, на кој не му се пости нека не пости, до толку не ми е гајле што пред некој ден дознав дека колективно и муслимани и православни постат. Ни верувам доволно, ни сметам дека е потребно да постам, така што, ју ду ју ај гес? Мене ми смета само кога некој ме замара, пример роденденот ми падна во "посен ден" и добив коментар оти храната и тортата не ми се посни, не требало така Исто ко со што било друго, пости, вера, адети.... прави што сакаш, не ме замарај. И да, имав порано колешка што постеше така "добро", што секако дека се сексаше и пушеше и на леб и грав живееше, што на крај заврши со клизма, се уби од оговарање на цела фамилија и карање со сите, сите криви и' беа. Мене таквите луѓе ми се луѓе без поента, не можам да се дружам со толку површен народ и тоа е тоа. Али научете нешто од ова, не е доволно само да е посно, имајте акл што јадете, дур бев во здравство знаев дека се пости пошто христијаните доаѓаа со запек, а муслиманите со преплет црева
Леќите ги носел коа имал преглед, женоооо и нишо не му рекле Носел за една употреба. А иначе си носи. Негова ствар.. Од тоа "се снашол" ни пропадна цела држава.
Јас отидов за лекарско со наочари. Ми го проверија видот со наочарите, па ми кажаа да ги извадам. Со диоптрија -1.5 не можев да ги прочитам ситните букви. Они ме прашаа дали сакам да ми напишат лекарско со наочари или без, затоа што видот не ми е страшен. Јас им кажав дека може со, бидејќи секогаш ги носам. Сфаќаш дека човек со 0.5 се гледа околу себе, само малку се напрега да види букви од далеку?