Интересна личност сум. За една вечер може да прочитам книга од над 300 страни, ама никако не можам да запомнам неколку дефиниции по физика.
Љубов е кога ти дише во вратот кога целиот свет му се руши, а засукува ракави да изгради нов, нов од темел. Му викам, чекај малце и внимателно му ги засукувам на два пати и го предупредувам да не се зафлека катастрофално многу. Љубов е кога ти го сака лудилото на среќата и лудилото на тагата, да, кај мене амплитудата лудува од горе до доле, и кога стојам на глава и кога стојам на раце и пред се кога го љубам. Плачев, анализирав, чувствував, се преслушував, се посматрав...и тоа беше тоа... годинава... пак ќе плачам, повеќе ќе газам и уште повеќе ќе се смеам.... со еден збор, живеам.
Одам пеш до работа, сакам да ги гледам утрински поспаните луѓе по улици, да ја делам мојата хронична ненаспаност со нив или да им се восхитувам на оние веќе расонетите, кои по пат појадуваат, џвакаат ѓевречиња како цела ноќ да работеле, па се изморени и душата им бара уште едно слатко залче за да можат да го продолжат патот. Секое утро, во точно определено време, меѓу две улици ме одминува мајка со малечко девојче. Девојчето има некои 5-6 години, секогаш со некои интересни кики на главата кои додека оди и потскокнуваат и личи на девојче од кое Пиксар би влечел инспирација за лик од цртан филм. Мајката е мој сој, вечно ненаспана, речиси редовно без шминка, во широка јакна, но на поспаните образи може да се забележи дека откако ќе го испие првото кафе ќе се претвори во прекрасна жена, со убава насмевка и пријатен тон на гласот кој арогантните муштерии во некој бутик ќе прави да се чувствуваат како дел од кралско семејство. Денес, тргнав десетина минути подоцна. На две улици од дома, минувам покрај едно паркче. Во паркчето лулашки, на нив, тие. Девојчето насмеано ужива, а мајката и сама поднасмеана ужива во радоста на малечката. Не знам која е приказната, можам само да продолжам да погодувам, но знам дека за оние кои ги сакаме сме подготвени да бидеме и редовно ненаспани и уморни само да ги гледаме среќни.
Би сме расоложил и смирил сега само еден Виенски концерт, магла би фатила веднага , само уште да можев да си ги дозволам сите потребни финансии. Би му ги топлела рачичките на љубовта моја , ќе подзамижувам од среќа шетајќи по улиците на еден од најромантичните европски градови во овој период .
Не можам да опишам колку ми е тешко наутро да се разбудам, да станам. Ни Снузана ме буди, ниту пак нејзините 7 алармчиња, добро, не се нејзини. И секоја вечер си велам дека ќе си легнам порано, за утрото без проблем да станам, ама постојано си наоѓам некоја интересна работа што баш тогаш морам да ја направам и отиде саатот. Денов нека ви биде прекрасен, не дозволувајте нешто да ви го расипе, радувајте се на малите нешта и убаво да си го поминете викендот.
Злобааа, светов е полн со злоба, на сите страни злобни и завидливи љуѓе. Зарем не им е доста, место секој да си го погледне својот живот и да се позанимава што да смени за да биде срекен, тие гледаат некого да наклеветат, лажно да осудат, да навредат. На некој што си сакал да му ги отвориш очите ти копа гроб позади тебе,но за жал и такви мора да има. Но овој пат нема да дозволам да ме видат уништена, пропадната, овој пат ке се издигнам над повредите и ке живеам, затоа што имам за кого. А тие еднаш за секогаш ке бидат небитни за мене.
Добро утре драги фемининки форумџики. Еден месец немаме видено сонце асално. Почна да ми недостига. Едвај ги чекам новогодишните празници, радоста и еуфоријата. Насмеаните лица и детски џагори во утринските часови. Мислам дека морам да одам некаде. Имајте убав ден.
Вчера имав прекрасно танго во Универзална, неколку маестра и еден Шеф, ми ги разгалија чувствата со убави ноти, се потсетивме на него, богот на блузот, го поздравивме со аплауз од кој попушта целата акустика на Универзална. Многу беше убаво, прекрасно беше, но некои работи нема да научи нашиов народ никогаш. Нема да научи да доаѓа на време на концерт, нема да научи да седи на концерт на свое место наместо да излегува на секои 5 минути надвор ко корзото да е надвор, нема да научи да продаде карти колку што има место и да не направи фрка околу тоа, нема да научи да започне со концерт на време.... Е тоа е нашиот народ, не се научи на култура и уметност, ни новиот гипсен театар, ни новата ултрамодерна Универзална нема да ги научи. Туку како да се помине денов? Имав луда журка во 5 сабајле, комшиите(читај роднините) над нас остаиле телефон на под и тој сирот на 5 минути зрнкаше по 2 минути аларм, цела куќа пиштеше, и сето тоа во 5 посабајле, не можеше да биде журката поголема. Сеуште ме млати ниска температура, се надевам овој вирус нема да заврши за една недела и ќе заврши со симптоми 9 месеци заоблено меше
Happy birthday to me, happy birthday dear me... Драги мои, погодете кој денеска ќе дува свеќички во форма на единица и осмица, погодете кој на денешниов датум полни бројка на години што според прописи симболизира зрелост и почнува да се вбројува полнолетни граѓани на државава? Епа луѓенца, официјално пред полни 18 години и + неполн саат штркчето слетало со мене. Типично за мене е на ниеден празник расположението да не го оставам на ниво како на обичен ден, а уште од кога памтам за себе и откако си го знам датумот на мојот роденден, си го сметам за посебен ден кога никој и ништо не може да ми ја расипе еуфоријата и се радувам на секоја ситница. Па така оваа девојка за која е општо познато колку се радува на мали работи, и на денот на таканаречен влез во светот на возрасните - пак легна претходната ноќ со насмевка на лицето eдвај очекувајќи го утрото, се разбуди уште пред алармот за прва смена. И еве сега како мало дете со нетрпение го чека вечерното дување свеќички. А секојдневната поспаност и вообичаената подготвеност за дневните обврски, како и секоја година - на овој ден бива заменета со топлина која преку цел ден ја грее душата, предизвикана од првите прегратки и најубави желби од најблиските. Плус, по организација на највнимателните и најмили луѓенца со кои секогаш можам да бидам своја и да се потпрам на нив, оние кои секој ден ми го разубавуваат секојдневието - во училница ме чекаше најгласен хепи брдеј, многу прегратки, искрено посакани желби и една мини тортичка со свеќа. Цел ден со позитивна енергија, возбуда и радост за сите гестови на внимание и изненадувања кои не може да не те исполнат со среќа без разлика на возраста... а тука се и вашите прекрасни честитки кои неизбежно придонесуваат во сета таа атмосфера. Па да ве почестам и вас драги мои, со сите салтанати.
Некако ми премина во навика и традиција неколку години по ред да пишувам во темава за роденденот.Денес полнам деветнаесет години, деветнаесет.Не ми се верува, самиот факт дека полнам толку години веднаш ме тера да размислувам на сите одговорности што ги носам, и дека полека станувам возрасна личност.Убаво ми почна денот, со насмевка на лицето, со многу пораки и желби од најблиските личности, дури сум и пријатно изненадена од некои Се надевам и на пријатно попладне и вечер,и покрај многуте обврски кои ги имам.Сега се посветувам на правење кифлички, и дружење со баба ми И ветувам, дека засекогаш ќе си останам дете во душа. И да, не би било роденден без да ве почастам.Повелете на торта И честит именден на сите кои го носат ова име, како и на оние кој ја слават славата
Синоќа се собравме добар дел од фамилијава. Овој пат повеќе на број и многу јасно се гледаше колку годините не промениле и разговорите не можат да му се погодат секому. Ние сме од оние фамилии кои сакаат црн хумор и се смејат на своја сметка и на своја несреќа. Добар дел среден живот до пола, добар дел воопшто и дел кој се надева на најдоброто за себе и блиските во иднина. И нели тука се јавуваат оние напатените дека нема можност за добра иднина, затоа што тоа ни е во гените. Со моиве 25 не сум била поисплашена како понатаму. Ниту пак повеќе полна со недоверба. Ама убаво и сигурно се чувствував синоќа со моите. Како кога бев мала и ќе се стуткавме во село покрај оган во една соба 20 и нешто луѓе. Кафе со вујковците и по едно пивце. Наздравје!
Во овој период од годината секогаш ме фаќа носталгија за детството. Кога се радував на распустот и на снегот, кога единствена грижа ми беше да направам поубаво ангелче во снегот и која кеса да ја одберам за лизгање. Се враќав секогаш со чизми полни со снег и заруменети образи, а мајка ми ме чекаше со чаша топол чај. Мирисаше на нова година, на празници, а под елката ми стоеше пакетчето кое секогаш го отворав на први јануари. И се пишуваа честитки. Се сеќавам секогаш сакав скришно да ја ставам честитката на елката кога ќе одев на гости. Тоа беше среќа. Денес го нема ни снегот, ни ангелчињата, ни честитките. Надвор е сиво наместо бело, парковите се празни. И луѓето со своите лица се вклопуваат во сивилото. И зборовите во честитките се празни и излитени... ех, животе...
Мѐне ми се чини или како да не се ближи нова година? Во последниве години 31 декември ми е само обичен ден, ниту пак сум се замарала дали ќе идам некаде. Супер атмосфера си имам и дома, со музика и некое филмче. П.с оваа недела станувам во 6 саат сабајле скоро секој ден,а немам баш потреба да станам тогаш. И нормално ми се спие во 11.
за многу години Свети Никола до сите тие што го слават кога бев малечка одвај чекав да дојде овај празник гости, сарма и расол, нови мемории и топли срца
Најголемата заблуда е човек кога се надева дека може да промени друг човек. Дури и тажно ми делува кога девојки од 20ина години се залетуваат со глава во ѕид дека некој момак ќе искалапат според нивни стандарди и ќе се гордеат дека се променил поради нив. И потоа се повредуваат себе до исцрпување, стануваат непрепознатливи и доцна сфаќаат дека само себеси се изгубиле во тој бесцелен процес и најубавите години им минале во нервоза. Еве ја, запаѓа во депресија зашто потрошила 4 години на него, а сега се разделиле и таа уште не била мажена на 22...ќе била ли мајка што на 50 ќе одела на родителски со мајки од 30ина и нешто. И не да ми иде да се изнасмеам и да ја зашамарам, ама сум немоќна пошто веќе доволно ја боли. И е уште потрагично што правењето свадба, според некои, е најголемиот успех во животот. Макар било и со погрешни, битно да не се одело јалов(?!)
Случка 1: Влегува мајка ми во соба - "Идам до продавница, сакаш нешто?" - "Хмм, па шо знам, ај едно чоколадо купи ми." Се враќа жената после пола саат и ми остава чоколадо на маса. Случка 2: Влегува мајка ми во соба - "Идам до продавница, сакаш нешто?" - "Хмм, па шо знам, земи нешто благо." Се враќа после пола саат со полна кеса. Внатре од крем банани и бисквити, до чоколади и колачиња.