Себореа

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од SunFlower94, 16 јуни 2010.

  1. SunFlower94

    SunFlower94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    357
    Девојки имам еден проблем во пределот околу носот црвено ми е ме чеша понекогаш,односно ми се има појавено себореа и се имам пробано, неколку пати имам одено на кожно но без успех..дали има некој што знае како се лечи или имал ваков сличен проблем? Однапред благодарам и се извинувам ако има слична тема.
     
  2. julie77

    julie77 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.321
    Допаѓања:
    10.282
    Да си купиш крема од апотека РЕКОНАЗОЛ..Ќе ти помине и нема да имаш проблем после.
     
  3. SunFlower94

    SunFlower94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    357
    леле фала многу а отприлика да не знаеш колку е?
     
  4. julie77

    julie77 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.321
    Допаѓања:
    10.282
    не е скапа не знам точно околу сто нешто денари изгледа беше..татко ми ја користеше и за скоро една недела му се среди лицето и сега нема потреба од крема зашто му се изгуби себореата..и треба да пазиш на исхрана..не јади многу зачинета, лута храна..кечапи такви обработени сосови или храна избегавај, нормално цигари не, алкохол малку и кафе ако не пиеш уште подобро..е сега и да не се нервираш ама тоа е нели потешко али гледај да избегаваш стрес...тоа е
     
  5. moni24

    moni24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    99
    И јас имам себореа ауууу многу е гадно и нервозно :@ Мене ми беше распространето по цело лице многу гадно другаркиве уплав добиваа од мене :( бев кај др.А....... (да не биде како реклама или нешто сл.) и ми даде маст Кутерид, ми помина за 3 дена лицево стакло ми стана но сега повторно ми се појавува околу носот на челото аххх многу ме нервира , и ке се намачкам со маста и ке ми помина вака веќќе година дена се мачам :( Но на денешницава не се може без стрес ...
    Ке пробам со Реконзол па ке видиме
     
  6. moni24

    moni24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    99
    SunFlower94 Кажи ми дали ја нанесе маста ,дали ти помина и дали пак ти се враќа себореата???
     
  7. julie77

    julie77 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.321
    Допаѓања:
    10.282
    Реконазол купи и немај гајле.Ама пази на исхрана и на стрес.
     
    На moni24 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.916
    Допаѓања:
    633
    тие што патат од сабореа дали доволно внесуваат вода, млечни производи и месо?
     
  9. moni24

    moni24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    99
    Вода и млечни производи да но месе мн ретко зависи од финансии
    А зошто ?
     
  10. julie77

    julie77 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.321
    Допаѓања:
    10.282
    Не треба да јадат многу зачинета храна, мајонези, кечапи и сл., слатки, кафе...цигари и алкохол по можност да избегнуваат...а зеленчук и овошје како и млечни производи па и месо е дозволено. Стресот е најголем ризик фактор за појава на себореата. Е сега и надворешните промени и загадениот воздухот и сл. можат да влијаат на појавата.
     
  11. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.916
    Допаѓања:
    633
    епа се прашував да не е предизвикана сабореата од недостик на одредени прехрамбени производи, а најчесто овие производи луѓето ги изостануваат особено ако се на диета.
     
  12. moni24

    moni24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    99
    Јас кога бев кај Др.Анчески тој ме виде и ми рече да нејадам конзервирани продукти,кобасици , виршли,паштети...повеке на зеленчук и овошје,да немешам кафе со млеко итн.Сето тоа го избегавам можеби и затоа ми се намали појавувањето на себореата но од друга страна тука е стресот секојдневните проблеми со работа-без работа па ми рече секој ден од сабајле и навечер да пијам по едно бедоксинче-но кога-како.
     
  13. dunjucka

    dunjucka Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    6
    сакам да прашам дали знаеш нешто за себореа на кожата на главата ,јас не бев на доктор на своја рака купив Реконазол шампон едно време ми помогна а после пак се врати црвенило и чешање на кожата. Ако сменам друг шампон е уште полошо ако имаш некое искуство те молам кажи.
     
  14. julie77

    julie77 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.321
    Допаѓања:
    10.282
    Може да се јави себореата пак ... ете кај татко ми се појави малку. Пробај со маслиново на главата ... не знам што да ти кажам. Едноставно треба да се пази на стрес, на исхрана , ама ќе кажам тешко, плус воздухот е загаден така да затоа не може да исчезне тотално.
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    2.494
    Допаѓања:
    4.952
    Себореата е многу страшна работа, ја имав на главата, односно на скалпот. Ја лечев околу половина година со Фитовал, давав страшни пари за него и ми помина, неколку месеци немав и ете сега пак. Претпоставувам се појавува летно време кај мене од што ми се поти главата интензивно и ми се потхранува скалпот таму кај што е зафатен и на тој начин се раширува. Досадно е, ужасно досадно, ама ете пак наскоро ќе ја започнам битката, да го довршам моментално шампонот што го користам и почнувам јовонаново.
     
  16. Fema

    Fema Активен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    I jas imam problem so Seborea na skalpot. Inaku porano mi se pojavi na celoto telo ama toa se resi so dieta i rekonazol. Inaku primetiv deka dosta samponi mi smetaat, pa zatoa kosata ja mijam so samponite na kerka mi. Bebeski.
    [mod-kirilica:3w33c6xp][/mod-kirilica:3w33c6xp]
     
  17. dunjucka

    dunjucka Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    6
    повторно со фитовал ли ќе почнеш??? и јас го имам истиот проблем ми рекоа да земам Дукри -против првут чини 750 ден па се мислам да не имаш искуство со овој шампон писи те молам поз :) :)
     
  18. KidCudi

    KidCudi Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Дали некој имал досега искуство со користење на Avene колекција за лечење на себореа на лице?
     

Сподели ја оваа страница