Селско месо

Дискусија во 'Рецепти' започната од belieber, 26 јули 2011.

  1. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    627
    Ако знаете рецепт и подготовка за селско месо ве замолувам да ми го кажете.
    Благодарам однапред! :)
     
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    3.952
    Не знам дали ова е типичен рецепт за селско месо но јас си го правам вака:
    Сецкаш кромид (еден тон), се става многу али ти по вкус можеш колку сакаш, го ставаш на тивок оган да се пржи, да омекне, додаваш ситно сецкан морков, можеш и пиперки, домати,печурки, не е грешка но и без нив се може...На крај го ставаш месото, се пржи малку па се додава вода-колку да се налее сето, затвараш со капак и го оставаш скрос на тих оган околу 2 саати...Да не заборавиш зачини :!:
    На 15 мин. пред да го извадиш од оган му додаваш брашно кое претходно го разматуваш во топла вода (1 или 2 лаж. брашно во мала чаша топла вода)...На крај излегува ммммм...кај ме потсети ми се пријаде...поздрав!
     
    На belieber му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.795
    Допаѓања:
    1.479
    Абе секој си го прави на како што си знае :)
    Јас го правам вака: прво сецкам кромид и запржувам, го додавам месото исецкано на коцки и вода колку да облие и го оставам така да си крчка. Кога водата ќе изврие додавам свежи печрки, моркови сецкани на кругчиња и додавам томатео сос, зачинувам и оставам да крчка. Понекогаш ставам и брокула. Абе месото и печурките ти се главни намирници за селско месо и се друго по вкус можеш да си додадеш!
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.723
    Допаѓања:
    3.539
    Да не повторувам едно те исто ама освен печурки и свинско месо јас си ставам и телешко месо -исецкано на коцки и/или мали ќувтиња - плескавички. Зачини по желба, и не ставам запршка туку сето тоа се крчка и на крај пропржува или втора варијанта која ми е полесна - сето тоа го крчкам во крем супа од печурки за да на крај ставам во релна да се потпече малку. Одозгора обавезно ситно сецкан магданос и луто пиперче (сакам луто)
     
    На belieber му/ѝ се допаѓа ова.
  5. cvetce93

    cvetce93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    508
    Дефинитивно мое омилено јадење!
    Знам дека мама вака го прави, еднаш ја гледав: прво сецка кромид и го става да се пропржи, додава сецкан морков и сецкан патлиџан и се тоа заедно се пржи. Во друг сад го пржи месото, потоа го додава кромидот, додава сенф малку, зачини, вода така повеќе и става печурки ( јас го сакам со повеќепечурки поубаво ми е) и сето тоа така се прави околу 2-2ипол саати :)
     
  6. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    5.328
    Леле, еднаш мајка и на цимерката ни пушти Селско месо и не можевме да се донајадеме колку само вкусно ни беше! Преубаво јадење! :inlove:
     
  7. guardian

    guardian Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    не сум пробала но, дали ќе биде вкусно ако покрај споменатите состојки и покрај кечапот (или томателото) на крај ставиме павлака? Ако некој пробал нека каже сакам да пробам ама не и да утнам :D
     
  8. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    621
    Леле го обожавам ! Татичко мој го прави со винце и кисели краставички.. уф уф мераци :x
     
  9. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    8.297
    Мојот рецепт за селско месо е без кромид, но дефинитивно највкусен рецепт што некогаш го имам пробано.
    На ситно се сецка свинското месо и се става во тава за пржење. Откако ќе почне да се пропржува, се додаваат шампињоните и повторно заедно се впржуваат. Откако месото ќе ја промени бојата, се додава малку вода, а потоа зачините, вегета, бибер и една лажица сол-буковец. Штом водата почне да врие, се додава 1 голема лажица мајонез, 1 лажица црвен пипер и 2 лажици брашно, а кога ќе почне да се згуснува, се додава уште малку вода и смесата се истура во земјена тава или тавче за печење, се става во рерна и се крчка додека не фати коричка одозгора.
     
    На dushiche му/ѝ се допаѓа ова.
  10. stetoskop

    stetoskop Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.557
    Јас вака го правам-свинско месо се сече на помали парчиња,а по желба се додава и пилешко-стек.Го посолувам месото,а потоа сите парчиња ги провалкувам во брашно,а потоа ги ставам во врел зејтин -не се пржат целосно туку онака 5-7 мин.Потоа додавам печурки,сенф,вегета ,бело вино,оригано,бибер и малку водичка.Го оставам да прокрчка 15-20 мин,му додавам една чаша кисела павлака,а потоа го префрлувам во земјена тава и оди во рерна. 5 мин.пред крајот,додавам одозгора рендан посен кашкавал(не горчи кога е посен ,другите даваат горчлив вкус).Супер е ,овој рецепт со години е на маса кај мене за разни собирања со друштвото и досега е само фален. ;)
     
  11. Buterfly2576

    Buterfly2576 Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Јас го правам така што прво сечам кромид ( повеќе) ама многуу ситно сечкан дури како рендан,тоа го пропржувам и потоа додавам ситно сецкани моркови и печурки ама печурките не баш ситно тоа се пржи и по некое време малце да омекне го додавам предходно маалце поварено свинско месо на коцкички и на коцкички саламурен стек...тоа се пропржува ставам и вегета бибер и ловоров лист и кога убаво ќе се запржи го делам во земјени тавички мали и го ставам да се пече.Пред да биде готово околу 5 мин му ставам парчиња кашкавал(колку да се стопи) ии ее прекрасно прсти да излижеш....Кој и да го има пробано се има воодушевено. :D :D :D
     
  12. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    58
    Гледам сите прво сецкаат кромид па после се друго... Јас НИКАКО не ставам кромид во селско месо, ми дава вкус на манџа, затоа пржам само месо на коцки, свинско пилешко телешко (мешавина) и печурки и нешто сувомеснато за шмек (на пример врат, печеница или сланина на коцки). Се се пропржува заедно и на крај се префрла во земјена тава со една кесичка супа од печурки растворена во една чаша вода, тоа му доаѓа како сос. ВНИМАНИЕ: Бидејќи супата е концентрирана само во една чаша вода, немојте да го солите месото, може минимално да го посолите, во спротивно јадењето ке биде пресолено.
    Добар апетит!
     
    На Domakica му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели ја оваа страница