1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за изработка на семинарска работа

Дискусија во 'Образование' започната од WhiteAngel, 8 февруари 2011.

  1. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Било каков материјал од областа на економија и бизнис,елктронски книги,линкови,готови семинарски...да си вадам за во семинарска :)
     
  2. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Дајте линк за спуштање книги во пдф формат на англиски? Може и српски. Итно е :)
     
  3. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Не ми треба семинарска, ми треба препорака за литература за Кокино. Освен „Мојата чудесна земја“, се утепав барајќи и не можам ништо да најдам.

    Ако некоја од вас се сретнала со некое книжуле за Кокино би ја замолила да ме исконтактира. :)
     
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Теорија на одлучување? Кој има нека ми пише ЛП ако може :)
     
  5. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    нешто по полово ми треба да бидам појасна сто и да е за човечкото тело незз и нешто биологија ако има некој било што нека пише лп фала
     
  6. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    имам семинарски на овие теми :
    малолетничка деликвенција

    Модерна етика

    ТЕМА: “Мојот омилен филозоф Платон”

    ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

    СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

    Вовед во малиот бизнис - карактеристики, проблеми и неуспеси

    ЕРОЗИЈА НА ПОЧВАТА

    ако му треба на некој од овие теми слободно нека пиши лп
     
  7. Greenny

    Greenny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    39
    Ако има некоја феминка семинарска на тема ''Детето како жртва на семејно насилство'' нека ми пише во ЛП.
     
  8. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    3.204
    Пол:
    Женски
    Дечки кој од овде изработува семинарски? Ајде нека ми пише лп, ми треба за до петок :) Поздрав
     
  9. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Дали некоја има семинарска на тема „Ставот too big to fail мора да се поддржува„?
     
  10. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Да не има некој семинарска за даночен систем во Мк? :?:
     
  11. Mecheto1

    Mecheto1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    52
    Има ли некој да ми прати готов бизнис план?
    Не е за мене,ама да помогнам да бидам малку и ја од корист :)
    Благодарам.
     
  12. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.024
    Допаѓања:
    2.253
    Пол:
    Женски
    Треба да изработам семинарска по Македонски јазик. Моментално учиме за Словенска литература, па семинарска работа треба да биде поврзана со темава. Професорката ни дозволи самите да избериме за кого ќе пишуваме. Јас се одлучив за Црноризец Храбар. Материјал имам доволно, сега треба само се да вклопам заедно. Ни рече семинарската да ја пишуваме на минимум 5 страници, со наш ракопис.
    Прашањето ми е како треба сето тоа да изгледа?! Исто како и обично, насловот на посебна страна па потоа да почнам да пишувам за темата, или нешто различно е?!
     
  13. Extacy

    Extacy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    32
    ако има некоја феминка готов бизнис план да ми прати ќе и бидам многу многу благодарна :)
    Благодарам.
     
  14. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Да не има некој семинарска по сметководство? :)
     
  15. vikivlahovik

    vikivlahovik Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    0
    Помогнете ми да најдам материјал за
    Scabies
    Полицитемија
     
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Презентирање на семинарска

    Ај нешто повеќе за семинарска.
    На кои теми се прави односно тоа зависи од факултет до факултет, ама на кој начин се прави, што треба да содржи, колку страници, зборови, во која програма се прави итн.
     
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Презентирање на семинарска

    Зависи од факултетот, предметот, професорот. Ние на економски имавме дадени правила за секаква семинарска, односно општо правило за сите, да содржи ми се чини беше 20-25стр, буквите да се во мацц тајмс, 12ка, проред 1 (значи такви работи, сеа не ми текнува како беа точно :) )
    Ама, пошто има секакви професори, кај некои можеше да се пројде и со 14ка фонт и помалку страници, зашто баш и не им беше гајле.
    За темите може или професор да даде, или сам да си земеш од некоја лекција, тема. Ние имавме задолжителни семинарски што моравме да ги пријавиме на студентски на крајот на годината и тие беа по избор од кој сакаме предмет и било која тема.
    Семинарските ги прегледува или професорот или асистентот и ако има потреба ќе те упатат да направиш корекција или пак ќе ти ја прифатат и оценат. Ако ја уважува професорот може ти даде дополнителни поени со кои можеш да имаш повисока оценка, но ова кај нас не важеше ако полагаш на испит, тогаш семинарската ти пропаѓа.
    Во глобала содржината може да опфати една лекција од цела книга, но да содржи информации од други книги, професори, интернет, различни извори. Се базира најмногу теоретски, практични примери и слики обично идат за проекти. Може графикони, статистики, значи проверени факти.
    И мора да има фусноти на крајот на секоја страна или на крајот на семинарската.
    Уствари семинарска е најлесно да се напише ама и најдосадно, проектните задачи се поинтересни :)

    Во глобала иде вака по страници -Насловна, содржина, вовед, раскажување на темата низ сл. страници, заклучок и користена литература :)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Презентирање на семинарска

    А што се тие фусноти?
     
  19. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Презентирање на семинарска

    Да, зависи од факултет до факултет, ама најчесто се прави на тема поврзана со материјалот по предметот кој го учиш.
    Постојат некои правила за пишување семинарска. Како прво таа треба да се состои од неколку дела: содржина, вовед, главен дел, заклучок и користена литература. Обично треба да изнесува 15 страни, ама зависи, некогаш професорите нагласуваат колку отприлика страни треба да содржи. Семинарската се пишува во било која верзија на Word, со македонска подршка, во А4 формат.
    Насловната страна треба да ги содржи следниве податоци: Најгоре, се пишува името на универзитетот, потоа името на факултетот, и соодветниот институт, сите напишани едно под друго. Обично се прави со големина на фонт за две единици поголема од вообичаената (Ако пишуваш со големина на фонт 12, овие да бидат 14). Потоа на средина треба да стои насловот на семинарската која се обработува, со големина пр.16 и болдирано или подвлечено. Во долниот лев ќош, треба да стои името на професорот кај кого се слуша предметот, значи менторот, а во долниот десен, вашето име: Изработил... Најдолу во средина, треба да стои месецот и годината на изработка.
    Маргините треба да се 2 цм. проредот единечен. Сите страни, освен насловната треба да бидат нумерирани, содржината треба да содржи соодветен број за пристап на секој наведен дел.
    Користената литература треба да содржи:
    - За книга, треба да се напише авторот, и годината кога е издадена
    - За интернет страна, треба да стои линк од истата и датумот кога си пристапил на таа страна.
    Пожелно е „препишаното“ од користената литература да се видоизменува.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Презентирање на семинарска

    Имаш опција на ворд за да додаваш фусноти кај некоја реченица или текст. Тоа е оној моментот со * ѕвездичката :) сигурно ја имаш приметено низ читање, и води најдоле на истата страна каде има појаснување за тоа од каде е текстот. Значи си ставаш фуснота кај некој текст што ти е целосно ист копиран од друг автор/книга и најдоле под текстот запишуваш автор, наслов на книга, година на издавање, страница од која е копирано... :)
    Кај нас една професорка многу обожаваше фусноти па гледавме да има што е можно повеќе :D
    Ете и од анјфетфл појаснување :)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.