1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слабеење со чај

Дискусија во 'Диети' започната од The-Queen, 13 февруари 2011.

  1. Oriental

    Oriental Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    252
    Дали знаете какви последици може да имате од пиење вакви чаеви драги мои девојки?
    Не доаѓам да солам памет, темата е сместена во категорија диети, па верувам секоја од вас сака да постигне витка линија, ама не смее по секоја цена.
    Лично, немам слушнато за ниту едно позитивно искуство со чаеви, вие имате?
    Може ќе ослабите, да изгубите вода од организмот, но, последиците како аритмија, тахикардија, болести на тироидната жлезда, бубрезите се далекосежни.
    Особено доколку чајот се конзумира неправилно или подолг временски период, на пример повеќе од два месеци.
    Јо-јо ефектот во 80% од случаите е загарантиран, па вие видете колку вреди да диетарите на ваков начин.
     
    Последна измена: 6 декември 2023
  2. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    1.269
    Не постој чај кој топи масти. Не постој супстанца на природен начин или кој може лесно да се најди без рецепта и кој ќе топи сало. Незнам зошто сеуште постој оваја тема....
     
    На Polyincognito и Oriental им се допаѓа ова.
  3. Alex.T

    Alex.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2018
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Машки
    https://www.slobodenpecat.mk/sholja...jeto-a-pridonesuva-i-za-zdravjeto-na-mozokot/
    Нова студија: Шолја од овој чај дневно ги „топи“ килограмите, а придонесува и за здравјето на мозокот

    Новата студија покажа дека редовното консумирање зелен чај може да обезбеди заштита од невродегенеративни болести, вклучувајќи Алцхајмерова и Паркинсонова болест. Антиоксидантите присутни во зелениот чај помагаат да се намали оксидативниот стрес и воспалението во мозокот, за кои е познато дека придонесуваат за овие состојби.

    Освен своите когнитивни придобивки, зелениот чај долго време е фален за неговата способност да помогне во слабеењето, според „Санктури лајф“ (Sanctuary Life). Новото истражување дополнително ги потврди овие тврдења, бидејќи покажа дека комбинацијата на катехини и кофеин може да го поттикне метаболизмот и да ја подобри оксидацијата на мастите. Со вклучување на зелениот чај во урамнотежена исхрана, поединците можат поефикасно да ги постигнат своите цели за слабеење.

    Иако зелениот чај нуди неверојатни придобивки, тој не треба да се смета за чудотворен лек. Наместо тоа, треба да се гледа како комплементарен додаток на здравиот начин на живот. Како и кај секој пијалак, умереноста е клучна и поединците треба да се консултираат со здравствен работник за да ја одредат соодветната количина врз основа на личните околности.

    Како заклучок, новата студија обезбедува убедливи докази дека зелениот чај може многу да помогне во когнитивното здравје, контролата на телесната тежина и потенцијално да нуди заштита од невродегенеративни болести.
     
  4. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    1.269
    Ако се слабееше со зелен чај досега сите манекени и манекенки ќе беа. Храната е главниот фактор а се од страна на суплементи е само пари и маркетинг.
     
    На Keiner, Mumoftwo30 и Polyincognito им се допаѓа ова.
  5. Alex.T

    Alex.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2018
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Машки
    https://lokalno.mk/ova-se-trite-najdobri-pijalaci-za-vitka-linija/

    1. Зелен чај
    Зелениот чај е еден од најздравите пијалаци, а според нутриционистот може да направи чуда за имунолошкиот систем, цревата и струкот. Таа ја припишува нејзината моќ на соединенијата познати како катехини. Овие моќни антиоксиданси не само што го намалуваат ризикот од болести, туку нудат и суптилен поттик на базалниот метаболизам.
    Тој, исто така, забележува дека полифенолите од зелениот чај во една студија покажале дека го намалуваат зголемувањето на телесната тежина, ги подобруваат промените во цревната микробиота и го ублажуваат воспалението на цревата кај луѓето со дебелина предизвикано од исхраната со висока содржина на масти. „Додадете малку сок од лимон или пијте го обичен“, изјави Ендрјус за SheFinds.