1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сликање со младенците на врата во ресторанот

Дискусија во 'Свадба' започната од Macyyyyy, 20 ноември 2014.

  1. Macyyyyy

    Macyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Драги феминки!
    Оваа тема ја отварам со цел да слушнам ваши мислења дали вие го подржувате сликањето со младенците веднаш штом влезете во ресторанот...

    Мене искрено многу глупа работа ми е сликањето на врата во ресторантот,пред се тормозење за младенците и дополнителен трошок за гостите....
    Искрено идење на свадба денес е скапа работа,плус да ги изложиш гостите на трошок 150-200 ден за слика на врата да даваат....Значи доколку некој сака да се слика со младите тој ќе го направи во текот на славењето немора тие да го чекаат на врата со фотографот....
    А верувам дека луѓе и да немаат пари од срам да не ги навредат младите неможат да одбијат да се сликаат...

    Фотографите си го измислија тоа,си собираат парички гајле им е кога ќе ти донесат слика на маса дали ти имаш пари да платиш или не.....
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  2. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.324
    Mladite koga se dogovaraat so slikarite treba da im kazat da ne im dosagaat na gostite. Ako nekoj izrazi zelba, toga moze da slikaat. Bez prasanje ne bi trebalo, toa e privatna rabota. Mozebi nesakam nikoj da znae deka sum bila na taa svadba. Slikanje samo so dozvola na tie sto sakate da gi slikate.
     
    На Macyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    Не само сликањето, тук и воопшто целата таа церемонија ми е мене малку глупава. Замисли, го пушташ фотографот на твоја приватна журка да работи и плус за тоа му плаќаш, а немаш контрола што се ќе слика и каде се може да завршат тие слики, посебно ако се некои незгодни ситуации во прашање, а секако дека на секоја свадба има такви.
    Посебно ми е глупо она давање поклони, шлапање со сите по ред, потоа она одење по маси, за да ти тутнат 50 ден во рака, а фтографот да ве чкрапне и да си земе 150-200 ден.
    Зошто да тоа не биде нешто цивилизирано без многу формалности, без поклони.... едноставно да се прослави тоа официјализирање на врската.
    Знам дека многу тешко се искоренуваат некои застарени навиќи, но според мене, мислам дека е време конечно да ставиме крај на вакво сељачко славење на свадби.
     
    На frog, Sanjichka007, Annabel Lee и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.821
    http://forum.femina.mk/threads/Вашето-мислење-за-денешните-свадби.22256/

    Бах, еве ти линк од темата за свадбите и мислењето за нав, иако јас се сложувам со тебе.

    Сликањето на врата е ужасно, момчето и невестата саат - два стојат на врата и 300 луше идат да се сликаат. Па не може ли тоа време да се веселат, а фотографот да слика, па после да направат селекција од сликите и грдите да ги избришат. Подобро ке платам уште 100 евра отколку да си ги малтретирам гостите да плакаат 200 денари за слика која не ја ни барале.
     
    На mims-89 и Macyyyyy им се допаѓа ова.
  5. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.880
    Многу од гостите сакаат да се сликаат а ако се остави на тоа за во текот на веселбата можам да замислам како хаос ќе настане еден ќе ги одвчечка на сликање па ајде друг па трет ни оро ништо нема да видат младоженците, инаку обично на врата стојат родителите пречекуваат а сликањето не е на врата некаде во некој друг дел од ресторанот е па кој не сака не мора да се слика, имав јас такви гости на мојата свадба што не застанаа да се сликат, не ме навредија со тоа сепак тоа си е избор на гостинот. За одење по маси и други работи ајде, ама не знам што сељачко видовте во сликањето, па и на свадба кај што има најмалку 100 а често и многу повеќе луѓе некој дошол што не сака да биде виден од никој :D и некоја случајна слика ќе го издаде :bandit:
     
    На Macyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Овој дел од свадба е напорен - да. Но, кај нас е чудно ако се изостави. Еднаш сум била на свадба каде што не се фотографираа гостите со младите - гостиве - иако малку на број - беа презбунети. Коментарите беа, ко да не беше комплетна свадбата... Како и да е секој гостин сака да се фотографира со младите, секако ќе ве поздрават сите...

    Во однос на спонтаните фотки - како ќе им се пратат на гостите кои се на нив? Ќе се стават на веб, ама па не секој, особено не постарите знае да се снајде и да ги преземе.


    Приемот и сликањето за 250 гости траеше нешто подолго од час. Битен е фотографот да ја забрзува работата, особено да не се замуабетуваат. Чудно ми беше, но не и невидено ама нашата свадба гостите бараа да се сликаат и дополнително на таа од приемот. За трошокот од 150 денари по фотографија не слушнав побуна, дури и малку фотографии останаат неподигнати од гостите (5).
     
    На Macyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Мене ми е убав тој момент од чиста причина што е убаво да имаш слика како спомен од свадбата. Драга ќе ти е ако ти се блиски, а ако не ти се, не знам што бараш на свадбата?!
    Бев на една свадба каде што трошоците за тие слики беа покриени од невестата и младоженецот, гостите само си ги добија и јас би го направила истото. Плус трошок точно, ама тоа е свадбата-трошок:D
     
    На cresa-jagoda, Barbie20 и Macyyyyy им се допаѓа ова.
  8. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    Ја знам темата за свадбите но ова го кажав во контекст на сликањето, дека целата таа церемонија на цел тој процес е погрешно поставена.
    Ок е да имаш неколку фотографии од свадата, но зошто ти се еден куп фотографии плус ДВД, што е за мене голема глупост. Само чекам ден кога ќе се отвори некоја телевизија која ќе емитува 24 часа снимки од свадби, сигурен сум со оглед на тоа каков менталитет имаме дека ќе биде нај гледана и ќе се поепаме носејки снимки од нашата свадба.
    Можеби сум глуп, но не ја разбирам потребата од толку фотографии, ДВД и што ли уште не. Тоа според мене е еден интимен чин и како што рече една членка погоре нарушување на приватноста е да сликаш некого во затворен простор а да тој за тоа не дал писмена согласност, можеби едноставно таа особа несака да биде видена дека била таму. Ти ја каниш таа особа да ти биде гост а не фото модел.
    Како да се чувствува таа особа пријатно кога си и бапнал и камера и фотоапарат... Едноставно повеќе ќе внимава како седи и дали шминката и е расипана отколку да се чувствува комотно и да се весели, што е и основната цел на свадбите според мене.
     
    На Sanjichka007, Macyyyyy и poenta им се допаѓа ова.
  9. Macyyyyy

    Macyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Јас од свадби што имам идено верувајте ме има на 20слики и повеќе....Значи влегуваш во ресторант на врата цмок цмок...фотографот лета со апаратот чкрап...Ајде влезени се сите гости,почнува свадбата танцот станеш танцуваш фотографот чкрап...Се фатиш на оро и фотографот чкрап....и уште безброј пати така чкрап....И ајде после цело играње изморен седнуваш да вечераш и ете ти ги фотографите од маса на маса како лешинари е еве всму те има,еее ете и ти си и овде даа...и ајде пари давање враќање кусур...мислиш на пазар си.....Незнам тотално сељачка работа....Значи 10е плаќаат стол младенците,за да идеш неможеш да идеш без помалку од 20е во плик...рачунај фамилија 4-ца по 20е се 80е,плус цвеќе неможеш со празни раце,на невестата на рака што се даваат пари....такси да платиш....рачунај како сакаш 100е не те оправуваат...и плус на се да те гонат фотографи на вечерата...мислам претеризам е....мене ми е грев на моите гости тоа да им го правам плус...
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    ^Никој не те тера да даваш пари за сликите и да ги земеш, не е обврзано.

    На темата, и мене ме нервира ова сликањето на врата. Прво, стварно е заморно, напорно, дремеш саат и нешто, ги чекаш да дојдат сите, па со сите насмеан се поздравуваш, застануваш, напорно е.
    Ама пак, кога ќе се сликаш инаку? За време на вечерата? Имаше некои гости покасно што дојдоа, па се сликавме за време на вечерата, не можеш ни да каснеш, ни да седнеш. Не знам, нема некое решение.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    На последната свадба на која присуствував на поканата пишуваше дека свадбата ќе започне во 20часот. Наместо тогаш, кога музичарите почнаа да свират веќе минуваше и 21:30ч. Сето тоа беше поради сликањето на влезот од салата.

    Точно, тоа сликање мора да се спроведе, ама можеби е подобро на поканата да се напише дека 1 час пред почетокот на церемонијата ќе има сликање со младенците, па кој сака да се слика нека дојде порано и потоа се нека започне навреме.

    Вака е многу глупаво, свадбата почнува речиси во 22 часот, пред 00:00 почнува паузата за вечера, потоа има неколку брзи ора и толку.
    Недели, некогаш и месеци организација, не само од страна на младенците, туку и од страна на гостите (знаеме колку е напорно посебно за нас жените додека да одбереме облека, чевли, шминка, фризура, подарок, посебно ако станува збор за некоја блиска свадба) и на крај човек да се запраша дали вреди целиот тој труд за нецели 4 часа веселба?
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Жално е што свадбите се сведоа на општа математичка пресметка плик vs младенци. Јас одамна ги избегнувам овие помпезни случувања. Дали на две до три свадби имам отидено и искрено во иднина се надевам дека ќе се сведе на исто толку.
    Така ќе биде затоа што целината што треба да се заокружи се сведува на вакви глупи трач муабети, носење на бело на свадба, вакви поклони, онакви поклони, фотографии и разноразни јуфки а.к.а фризури како неизоставен моден детал на веселби. Преферирам да одам секогаш по свадбата и да се видам на раат со младенците. Среќата е неизмерна во тие периоди во животот, додека сликите и дренгулиите што се македонска мизерија се тотално небитна ствар.

    Ако лично ме прашувате дали сум платила за слика, не никогаш. Дали ќе платам?
    - Веројатно дека да ако не носам со себе мобилен или дигитален апарат.

    Дали ми е гајле што просечната раја ќе мисли за сликата што не е подигната?
    - Не.

    Ете, толку на темава од мој аспект.
     
  13. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Од страна на малденците може му е мачно се ама тоа е нивни ден ќе издржат за плус еден час стоење. А од страна на гостите јас би рекла подобро при влегување да се слика секој. Пресно дотерани, не после саат два испотени на маса со вечерата глупаво ептен.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.407
    Допаѓања:
    22.589
    Пол:
    Женски
    Еј да, сега се потсетив и јас.
    Пред две години бевме на свадба со дечко ми каде трошоците околу фотографиите беа целосно покриени од младенците. Немаше ниту картички за музика (не знам ова колку е пракса во другите градови), на музиката и беше платено и свиреа однапред одреден репертоар.
    Ама и не нè зачуди многу тоа, очекувано беше од младенците. Газда на позната приватна фирма. :lol:
    Инаку, за делот со сликањето однапред јас пак имав слушнато дека почнало да се практикува така од причина што на почеток сите биле тип-топ средени, шминка, фризура, неиспотени. :rofl:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Брат ми кај што беше девер му донесоа еден куп слики. Сликале без прашање сегде, па дадовме пари за жабе над 20 евра.
     
    На Macyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Малтретирање за младенците но дали потребно или непотребно тоа е релативно, кој како си сака. Мене пример ми значи што имам слика со сите гости кои ми дошле, и така беа пробрани само најблиски луѓе. А кој од гостите несака да земе слика, немора, никој не им става нож под грло. Гледам сите тоа го сфаќате пресериозно, грабеж правеле фото студијата, како некој да ви брцнал рака во џеб :^)
    На некои од гостите кои не беа во можност да земат слика им ги пратив преку e-mail.

    Исто така ми значи да си купам слика таму каде што одам на свадба за да си имам спомен со нив, и така одам само кај најблиски. Според мене фотографиите се сеќавања.

    А тие што не сакате да се сликате едноставно можете покасно да отидете, и така добро знаете дека сите свадби започнуваат вака и сликањето трае барем саат време...не ви треба посебно известување за ова.
     
    На darcy, cresa-jagoda и awl им се допаѓа ова.
  17. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допаѓа идејата за сликање со младенците затоа што сакам да си имам спомен од свадбата како еден убав свечен момент.Немам многу одено по свадби,но од сите три на коишто досега сум била ги чувам сликите со младенците.На првата свадба на којашто сум била било на една моја подалечна братучедка и со младенците се имам сликано на вечера,но сликата не е лоша,квалитетна е иако од тогаш има поминато повеќе од 15 години кога јас бев средношколка.Потоа се имам сликано со младенците на свадбата на мојата најдобра другарка што ми е како сестра и на свадбата на мојата прва братучедка пред неколку години и имам забележено дека кај нас во Куманово цената за една слика со младенците не е многу висока,само 60 денари за една слика и ми имаат сите кажано дека цената за сликањето со младенците кај сите фотографи во нашиот град е иста.Исто и на овие две свадби на коишто сум била не беше задолжително сликањето со младенците,можеше кој сака да се слика,а со камери се снимаше целата свадба по барање на младенците,значи никој не присилува никого да се слика со младенците освен ако некој самиот не изрази таква желба.Како и да е,сепак мене ми се допаѓа оваа идеја за сликање со младенците затоа што сакам да си имам спомен од свадбите на коишто сум била како еден убав свечен момент што долго се памети и секогаш останува во сеќавањето и на младенците и на гостите!:)8):makeup::l:
     
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.821
    Еј, се сетив, порано музика на правата пауза, одма после Пајдучко и Елено моме, викаше, ај кој сака да се слика со невестата и момечето. И сите запотени и црвени и задишани со разлетани коси, одат да се сликаат :)
    Оваа верзија секако е полоша од моменталната во која влегуваш 2 саати во сала поради наметнатото сликање.

    А ако се сликаш и не сакаш слика, фотографката (читај девојчето што дели слики) ке ти рече - па шо си се сликала ма??? И ти шо да праиш, кога уште на врата те наместиле да се сликаш и немало опција да избегаш освен јасно пред младите да речеш, не фала не сакам слика...

    Свадбата од забава стана грабеж. Баз за песни не наплаќаат веќе.
     
    На Macyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    Браво, многу реално и сликовито кажано. Се согласувам буквлно со секој збор. Секако дека имаш право да избор дали ќе се сликаш или не, едната варијанта е да се сликаш и да дадеш астрономски 200 денари ако имаш среќа да те те „уценуваат“ со една слика, ама ако те има на 3-4 отиде иљадарка. Една слика како да ја цртале а не да ја префрлиле на компјутер и испечатиле. А, другата варијанта е да кажеш не, и цела фамилија да каже, види ја/го колку е стиснат/а неќе ни да се слика.
     
    На Macyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Mене не ми е лоша идејата да се сликаат младенците со гостите.
    Ако сум отишла некаде на свадба значи дека мене тие луѓе ми се драги и блиски, па зошто не би сакала слика со нив?
    Е сеа нели има и такви што не сакаат да се сликаат или пак сметаат дека е наметливо тоа да ја купат сликата...до некаде го разбирам и тоа, но никој не мора да ја купи сликата крај краева. Да, ќе ти ја донесат на маса, ама моеш да ја одбиеш што е сосем е во ред и не бара никакво правдање, дури и во случај да осеќате потреба за објаснување може да кажете е ќе ве побарам после да ја земам и чао. Таа слика е и за младенците да си ја имаат за успомен и дуго сечање со гостите. Тоа дека е исто како да се сликаш во меѓудесјтвије уз тек на свадбата, не може баш да се каже дека е така. Слика во брзање, полузапотен и веројатно во селфи варијанта, не се мери со почетната слика каде патем и квалитетот на сигурно ќе биде далеку подобар.
     
    Последна измена: 21 ноември 2014
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.