Овој мојот Мечо стварно смешна фаца е,го гледам и се смеам Почесно место на темава мора да добие и женска му,е тоа ти се вика љубов без предрасуди,он колкав е,а она малецка
Ова е мојот Сречко, кој името го доби спонтано бидејки само тој остана жив од ланските мачиња . Моментално Сречко има уште 4 братчиња и сестричиња од пред некој ден и тука е и неговата мама така да се на се имам 6 . Ама Сречко ги има најдебелите живци на светот и е прилично толерантен на глупостите со ни истекнуваат на мене и мајка ми
Сонценце, какво е. Само, да не му давате благи или солени јадења, штетно е за кучињата. Ако толку многу сака, дајте му, ама барем еднаш во 2 години. Доволно ќе му се кучешки бисквити за замена.
Моето злато. Edit: сега jа видов сликава. )))))) : На моjата да и направам така има да ме изребе целата! Сега додека jа сликав, почна да мавта со опашот, незадоволна зошто jа тревожам. Лара, имате злато од мачор, буквално. Срце каков е, преубав.
Многу сум тажна Сречко ми го нема недела дена ... Кај ми го снема се прашувам кога не шеташе многу многу Се молам само да е жив,среќен и сит , барем да знаев дека некој ми го земал и е жив ...Ама тоа е малку веројатно немаше тек така да не заборави нас , ќе наминеше макар на кратко ... Многу ни е тешко на мене и мајка ми , ептен се поврзавме со него и деновите ни ги разубавуваше.Толку беше интересен,жив и мрзелив во исто време,колку пати само сме се гушкале со Сречко во кревет, си се топлевме еден со друг, за кратко време сите ги освои и им стана омилен, а сега не знам каде е и дали воопшто е жив
Знам , ептен е срце , што се не сме си пробале , машнички врзување, и друго сум го облекувала , а мајка му не можам да помислам да и направам така , куќата ќе ја дигне во воздух а сега ми го нема
Лара, јас имав ист проблем како твојот. Мислам дека причината е што сакал да се усамостои, или пак мајка му го избркала. Порано и јас имав машко мачотче, Том (братучедка ми ги обожаваше Том и Џери тогаш) и кога достигна 6 месеци си замина... после извесно време го најдовме отруен пред врата... Се надевам дека ќе го најдете или ќе ви се врати... знам како е да го изгубиш најсаканото маче... (извинете за оф топиков)