Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. butterfly.mk

    butterfly.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    870
    Допаѓања:
    456
    мамички, да ве прашам кога почнавте да му ги чистите ушињата на бебушите и како :^)
     
  2. auroraa

    auroraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    563
    Јас после секое бањање и ги чистам со стапчиња со граничник но само надворешниот дел од школката.
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    1.278
    Мамички ај ве молам кажете како го правите чајот од ким...
    И ми треба совет..Моето бебе е на АД цело време...еднаш до два пати во денот цица..заприметив дека само еднаш во денот одвај со моја помош кака...:D дали треба да и давам водичка и по колку ..или можеби чајче(еве ќе помогни можеби и за грчевите и ќе и ја олесни столицата) ? :)
     
  4. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    5
    Мајка од лично искуство ти давам совет , значи штом сте на адаптирано мора водичка после секое цицанје или хранење со ад млеко. Немора по многу но барем 20 грама после секое јадење. Чајот од ким (јас користам на хипп) го приготвувам вака 1 кафена лажичка чај во 50 мл топла вода (иако пишува 1 л на 100 мл , пробав по упатството и чајот ама буквално на вода имаше вкус и се посоветував со педијатерката и таа ми кажа на 50 мл 1 л ,) а ке го даваш на бебето зависно од тоа колку месеци е
    0-1 3 пати по 20 мл , 1-3 3 пати по 30 мл , 3-6 3 пати по 50 мл значи на секој 3 месеци се зголемува дозата за 20 мл (мене така ме советуваше педијатерот). А какњето што е нередовно може да е од недоволно хранење. Совет за грчевите само топол чај од ким или анасон , колик бебе сируп кој чини околу 600 денара , и топла врекичка со трици или само во зегин има врекичка со гел која сама се загрева (на неа има како паричка ја стиснуваш таа се крши и вреќичката веднаш станува топла и трае околу 4 часа , потоа се става во студена вода паричката се собира и пофторно е подготвена за употреба) мене мн ми помогна , овде се и капките еспумисан мене не ми помогнаа ама пробај ги на секој исто не делува.


    Мајки од колку месеци дававте кашичка на бебето? Јас на моето му дадов прв пат на 7 месеци , но комшивкава бебето и е 3 месеци па во аптеки имало каши за над 3 месеци па дали некој има користено
     
    На gelkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Happy.Mama

    Happy.Mama Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    90
    Немој случајно да си му пикнала чепкалка во ушето. :!:
    Јас на малото прсте намотувам малку памук и му го чистам ушето, ама само надворешниот дел. Остави го додека потпорасне малце, барем 2-3 месеци, па тогаш пробај одвнатре да му го ивчистиш ;) Барем мене ми е страв, уште е мало па да не направам некој проблем. :)
     
  6. Mala-volsebnicka

    Mala-volsebnicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    27
    Кашичките се од 4+ месеци,толку сме сега и еве два дена мцкаме кашичка од јаболко,па потоа јаболко и морков,па банана.Ова ни е шема засега.Но предходно 2 недели пробувавме сокчиња од јаболко и од круша.
     
  7. V.e.r.o.n.a

    V.e.r.o.n.a Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    budgettime Воопшто не си згрешила што сте почнале со кашички на 7 месеци напротив до 6 месеци на бебето му е потребано само млеко,дигестивниот систем не е развиен за за било каква дохрана, компаниите што произведуваат бебешка храна само за да имаат профит би направиле и каши 0+ тоа не значи дека од тогаш треба да јадат нашите бебиња.Постојат и кашички што се 4+ а содржат јагода,капина и малина кои се високоалергени и сигурно не би ги дале на своето бебе на 4 месеци :)
     
    На budgettime и captivating им се допаѓа ова.
  8. bebe.Marta2

    bebe.Marta2 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    34
    Mамички ние сме 2 недели со синко, поради јаки грчеви ни дадоа чајче бекутан. Синко го обожава незз по колку е нормално на ден??/ позз и срекни празници
     
  9. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    898
    Допаѓања:
    1.663
    Нека си пие по малку во текот на денот, само не претерувар да не почне да му е убаво благичко па да намали на подој ако се доите или на ад. Ќесичка со трици затоплена помага, на меше да спие исто, или гел веќичка за микро затоплена, евентуално пелена со фен затопли и ставај му. Јас сум секогаш за што поприроден пристап, ако нема ефект тогаш чајче и капки би дала.
    Со среќа за малечкото и се најдобро.
     
  10. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    411
    Мамички каков топломер користите?
    Јас имам од тој со жива, добар е тој?
    Има некој користено Mikrolife топломер за на чело? Каков е, задоволни ли сте?
     
  11. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    121
    и јас користам таков, под пазувите му го ставам, некако тие дигиталните не ми се за верување, може да се поремети ако му е батеријата пред крај
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    14.721
    Допаѓања:
    12.460
    Пол:
    Женски
    Се имам стравв дека детево е може недојадено...одприлика во ml колку јадат маливе до 1 месец?
    или во интервал колку време ги доите?
     
  13. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    411
    Мислам дека секоја мајка се сомнева во тоа дека бебето е недојадено. Сега мешето му е многу мало, и најверојатно доволно му.Ако го доиш овој период дај му секогаш кога сака. Претежно се препорачува да се почне со интервал од 2 часа и да се зголемува постепено, но некогаш некои бебчиња сакаат и порано така да види според бебето.
    Еве визуелно како изгледа мешето на бебе

    [​IMG]
     
    На Snow-Queen и l-a-d-y-di им се допаѓа ова.
  14. bebe.Marta2

    bebe.Marta2 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    34
    Синко мој цица на 2-3 саати, кога спие се буди сам за цицање а кога е буден малце пееме и сме мирни а после бараме пак да цицаме, и цицаме раце, се што ке ни дојде при рака, па затоа малце со цуцла лаж малце во релаксатор и така го држам исто 2 часа бидејки ако даваме да цицаат повеке ги болат мешињата. Јас претерував на почетокот бидејки плачеше ама си имав мака па со мешето после, вака е подобро:)))
     
  15. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    5
    Еве еден совет за сите мајки кој имаат проблем со нивните дечиња кој не какаат на време.(повеке од 1 ден) . На топломер ставете павличева маст и ставете го топломерот во газето . Павличевата ке предизвика бебето да се искака.
     
  16. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    855
    Многу многу е важно да не се ставаат страни тела во анусот на бебето.
    Каде пишува дека бебето мора да кака секој ден?
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    157
    Денес бев во Зегин и имаше еден човек пред мене бараше топломер. Кажа дека имал некој дигитален ама не покажувал точно. Три пати мереле температура кај бебето и три пати покажал различна температура, ама разлика од 1-2 степени, што не е малку. Аптекаров му рече - јас лично ти препорачувам да си побараш топломер со жива, најточни се. Кај нив има само две опции или работи или не работи.
     
  18. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    138
    Јас користам дигиталец на квико и едвај тој го додржуваме а треба само 5секунди просто не ми е јасно како додржувате дете со живин топломер 5 мин ? Јас буквално треба да ја врзам ни во раце ни никако не се додржува а ако заспие мерам со тој на чело
     
  19. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    855
    Или е цел или е скршен и опасен по здравјето бидејќи живата е екстремно токсична. Во голем број држави е сосема забранет живин термометар за мерење на телесна температура. Постојат замени за живата како на пример галиум кој не е отровен. Јас имам дигитален и сум многу задоволна, квалитетот се исплати затоа можеби треба да се купи некој поскап модел ама барем да биде точен.

    И каков ти е тој топломер што при 37 дава 39? Кажи ја марката за да не купуваат таков феминкиве.
     
  20. Mayyya

    Mayyya Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    1.714
    И мене не ми е јасно како некои ставаат топломер во газето на бебето, па уште и живин. :^)
    Језива ми е и самата помисла на тоа. Немојте, ве молам!
     
    На Li0ness и SimonaTino им се допаѓа ова.

Сподели ја оваа страница